Page 33 of 243

Клучеви, врати и прозорци31
обрнувајќи внимание на положбата
на инсталирањето. Затворете го
уредот и синхронизирајте го.
Клуч со фиксно тело на клучот
Батеријата нека Ви ја замени
автомеханичар.
Синхронизирање на
далечинскиот управувач По заменувањето на батеријата
отклучете ја вратата со клучот во
бравата на возачката врата.
Далечинскиот управувач ќе се
синхронизира кога ќе го вклучите
палењето.
Запамтени поставки
Кога и да се заклучува возилото,
последните поставки автоматски
се зачувуваат спесифично за
клучот кој се користи:
■ Електронски систем за контрола на климатизацијата,
■ Info-Display,■ Инфозабавен систем,
■ Осветлување на таблата со инструменти.
Зачуваните поставки автоматски
се користат следниот пат кога
истиот клуч ќе се користи за
отклучување.
Open&Start систем
Го овозможува работењето на
следниве без употреба на
механичкиот клуч
■ Систем на централната брава,
■ Системот за заштита од кражба,
■ Систем за тревожење при кражба,
■ Електрични прозорци,
■ Палење и стартер.
Електронскиот клуч просто треба да биде со возачот.
Притиснете го копчето Start/Stop.
Палењето е вклучено. Имобилизаторот и бравата на
воланот се деактивирани.
За да се запали моторот,
притиснете го и држете го копчето
Start/Stop додека ги нагазнувате и
педалот за сопирачките и
куплунгот.
Page 34 of 243

32Клучеви, врати и прозорци
Автоматски менувач: моторот
може да се запали само кога
рачката на менувачот е во P или N.
Моторот и палењето се исклучуваат со повторно
притискање на копчето Start/Stop.
Возилото мора да биде во
мирување. Истовремено се
активира имобилизаторот.
Ако палењето се исклучило и
возилото е во мирување, бравата
на воланот автоматски се активира
кога се отвора или затвора
возачката врата.
Контролна сијаличка 0 3 100.
Забелешка
Не го ставајте електронскиот клуч во товарниот простор или пред
Info-Display.
Околините на сензорите во
рачките на вратите треба да се
чуваат чисти за да се обезбеди
неограничена финкционалност.
Ако акумулаторот е испразнет,
возолото не смее да се влече, да
се пали со влечење однапред илисо туркање одзади бидејќи
бравата на воланот не може да се ослободи.
Далечински управувач
Електронскиот клуч слично има
функција за далечинско
управување.
Ракување во хаварии
Ако и далечинскиот управувач се
откаже, возачката врата може да
се заклучи или отклучи со клучот за
хаварии којшто е сместен во
електронскиот клуч: притиснете го
механизмот за заклучување и
извадете го капачето со вршење
благ притисок. Турнете го клучот за хаварии нанадвор преку спојката иизвадете го.
Page 35 of 243

Клучеви, врати и прозорци33
Клучот за хаварии може да ја
заклучи или отклучи само
возачката врата. Отклучување на
целото возило 3 34. Кај возилата
со систем за тревожење при
кражба алармот може да се
активира кога се отклучува
возилото. Деактивирање на
алармот со вклучување на
палењето.Држете го електронскиот клуч кај
означената положба и притиснете
го копчето Start/Stop.
За да го изгаснете моторот, држете го копчето Start/Stop притиснато
најмалку 2 секунди.
Заклучете ја возачката врата со
клучот за хаварии. Заклучување на
целото возило 3 34.
Оваа опција е наменета само за
хаварии. Побарајте помош од
автомеханичар.
Заменување на батеријата во
електронскиот кчуч
Заменете ја батеријата штом
системот веќе не работи правилно
или опсегот е намален. На
потребата од замена на батеријата
укажува InSP3 на сервисниот екран
или порака од контролната
проверка на Info-Display 3 109.
Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
Page 36 of 243

34Клучеви, врати и прозорци
За замена на батериите
притиснете го механизмот за
заклучување и извадете го
капачето со вршење благ притисок. Притиснете го капачето од другата
страна нанадвор.
Заменете ја батеријата (вид на
батеријата CR 2032), обрнувајќи
внимание на положбата на
инсталирањето. Заглавете ги
капачињата.
Синхронизирање на
далечинскиот управувач Далечинскиот управувач сам се
синхронизира автоматски за време на секоја постапка за палење.
Дефект Ако со централната брава не може
да се работи или моторот не може
да се запали, причината може да
биде следното:
■ Дефект на далечинскиот управувач 3 30,
■ електронскиот клуч е надвор од опсегот на приемот.
За да се отстрани причината на
дефектот, сменете ја положбата на
електронскиот клуч.
Централна браваГи отклучува и заклучува вратите,
товарниот простор и капачето на
резервоарот.
Повлекувањето на внатрешната рачка од некоја врата го отклучува
целото возило и ја отвора вратата.Забелешка
Во случај на несреќа од извесна
тежина возилото автоматски се
отклучува.
Отклучување
Далечински управувач
Притиснете го копчето q.
Page 37 of 243
Клучеви, врати и прозорци35
Електронски клуч
Повлечете ја рачката од некоја
врата или притиснете го копчето
под лентата на задната врата.
Електронскиот клуч мора да биде
надвор од возилото, во опсег од
околу 1 метар.
Заклучување
Затворете ги вратите, товарниот
простор и вратичката на
резервоарот. Ако возачката врата
не е правилно затворена, системот на централната брава нема да
работи.
Далечински управувач
Притиснете го копчето p.
Електронски клуч
Допрете ја околината на сензорот
во рачката на некоја предна врата.
Електронскиот клуч мора да биде
надвор од возилото, во опсег од
околу 1 метар. Другиот
електронски клуч не смее да биде
внатре во возилото.
Треба да поминат 2 секунди пред
да може да се отклучи возилото. За
тоа време, може да се провери
дали е заклучено возилото.
Забелешка
Возилото не се заклучува
автоматски.
Копче за централната брава
Page 38 of 243

36Клучеви, врати и прозорци
Притиснете го копчето m: вратите
се заклучуваат или отклучуваат.
Сијаличката во копчето m свети
околу 2 минути по заклучувањето
со далечинскиот управувач.
Ако вратите се заклучат однатре за време на возењето, сијаличката
останува запалена.
Дефект во далечинскиот
управувач или електронскиот клуч
ОтклучувањеСвртете го клучот или клучот за
хаварии 3 31 во бравата на
возачката врата се докрај. Целото
возило се отклучува кога возачката
врата ќе се отвори.
Заклучување
Затворете ја возачката врата,
отворете ја совозачката врата,
притиснете го копчето на
централната брава m. Возилото е
заклучено. Затворете ја
совозачката врата.
Дефект во централната брава Отклучување
Свртете го клучот или клучот за
хаварии 3 31 во бравата на
возачката врата се докрај. Другите врати може да се отворат со
користење на внатрешната рачка
(освен ако не е активен системот за
заштита од кражба). Товарниот
простор и вратичката на
резервоарот за гориво остануваат
заклучени. За да го деактивирате
системот за заштита од кражба,
вклучете го палењето 3 39.Заклучување
Вметнете го клучот или клучот за
хаварии 3 31 во отворот над
бравата од внатрешната страна на
вратата и работете со бравата со
притиснување додека не кликне.
Потоа затворете ја вратата.
Постапката треба да се изведе за
секоја врата. Возачката врата
може исто така да се заклучи
однадвор со клучот. Вратичката на резервоарот за гориво и задната
врата не можат да се заклучат.
Page 39 of 243
Клучеви, врати и прозорци37Брави за деца9Предупредување
Користете ги детските брави
кога и да седат деца на задните
седишта.
Користејќи клуч или соодветен
шрафцигер, свртете го копчето на
бравата на задната врата во
хоризонталната положба. Вратата
не може да се отвори однатре.
Врати
Товарен простор
Отворање
Притиснете го копчето под
лентата.
9 Опасност
Не возете со отворена или
подотворена задна врата,
на пр. кога превозувате кабасти
предмети, бидејќи во возилото
може да навлезат отровни
издувни гасови што не можат да
се видат или намирисаат. Тоа
може да предизвика несвест и
дури смрт.
Забелешка
Инсталирањето на определени
тешки додатоци врз задната
врата може да повлијае врз
нејзината способност да остане
отворена.
Затворање
Користете ја внатрешната рачка.
Page 40 of 243
38Клучеви, врати и прозорци
Не притискајте копчето под
лентата на задната врата додека ја
затворате бидејќи тоа ќе ја отклучи повторно.Безбедност на
возилото
Систем за заштита од
кражба9 Предупредување
Не користете го системот ако
има луѓе во возилото! Вратите
не може да се отклучат однатре.
Системот ги блокира сите врати.
Сите врати треба да се затворат,
инаку системот не може да се
активира.
Ако палењето беше вклучено,
возачката врата мора да се отвори и затвори еднаш за да се обезбеди
возилото.
Отклучувањето на возилото го
исклучува механичкиот систем за заштита од кражба. Тоа не е
возможно со копчето на
централната брава.
Активирање со далечинскиот
управувач
Притиснете го p двапати во рок од
15 секунди.