Page 145 of 243

Возење и ракување143
(освен ако не е вклучена
контролата на патувањето).
Sport режим 3 152.
Зимска програма T
Активирајте ја зимската програма
ако имате проблеми со поаѓањето
на лизгави површини на коловозот.
Активирање кај возалата без рачен
режим
Притиснете го копчето T со P, R , N ,
D или 3. Возилото поаѓа во трета
брзина.
Активирање кај возалата со рачен
режим
Во автоматскиот режим
притиснете го копчето T. Зависно
од површината на патот, возилото
поаѓа во 2-ра или 3-та брзина.
Деактивирање
Зимската програма се исклучува
со:
■ повторно притискање на копчето T,
■ рачно одбирање 2 или 1,
■ префрлување во рачниот режим,
■ исклучување на палењето,
■ или ако температурата на маслото за менувачот е
превисока.Збоднување
Ако педалот за гас е нагазнат преку отпорната точка, зависно од
брзината на моторот менувачот се
префрлува во помала брзина.
Дефект
Во случај на дефект, се пали A.
Менувачот веќе не менува
автоматски брзини. Непрекинато
патување е возможно со рачно менување.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Page 146 of 243

144Возење и ракување
Модел без рачен режим
Не може да се користи
втората брзина. Рачно менување:1=1-ва брзина2=3-та брзина3, D=4-та брзина
Модел со рачен режим
Може да се избере само
најголемата брзина. Зависно од
дефектот, и втората брзина може
да се користи во рачниот режим.
Прекин на напојувањето Во случај на прекин на
напојувањето рачката на
менувачот не може да се извади од положбата P или N.
Ако акумулаторот е испразнет,
запалете го возилото користејќи
кабли за палење 3 204.
Ако акумулаторот не е причина на
дефектот, ослободете ја рачката
на менувачот:
1. Применете ја сопирачката за паркирање.
2. Извадете го влогот напепелникот 3 89. Олабавете го
шрафот на металниот капак и
извадете ги двата дела.
Прирачен алат 3 190.
3. Откачете го држачот на пепелникот или капакот:
посегнете со раката во отворот
кај горниот раб, откачете го
држачот на пепелникот или
капакот и извадете го.4. Повлечете ја гајката и извадете
ја рачката на менувачот од P
или N. Ако P или N е одбрано
повторно, рачката на
менувачот ќе биде закочена во положбата повторно. Нека Ви ја елиминира причината на
прекинот на напојувањето
автомеханичар.
5. Ставете го држачот на пепелникот или капакот и
заглавете го.
6. Прицврстете го металниот капак со шрафот. Наместете го
влогот на пепелникот 3 89.
Page 147 of 243
Возење и ракување145Рачен менувач
За ставање во рикверц, кога
возилото е во мирување, почекајте 3 секунди откако ќе го ослободите
куплунгот и потоа притиснете го
копчето за ослободување на
рачката на менувачот и ставете во
рикверц.
Ако менувачот не влезе во
рикверц, ставете ја рачката во лер,
отпуштете го куплунгот и повторно
притиснете го; потоа повторете го
ставањето во рикверц.
Не нагазнувајте го куплунгот
непотребно.
Кога ракувате со него, притиснете го куплунгот целосно. Не одморајте ја ногата на педалот.Внимание
Не е препорачливо да се вози сораката легната на рачката наменувачот.
Автоматизиран рачен
менувач
Менувачот Изитроник овозможува
рачно (рачен режим) или
автоматско менување на брзините
(автоматски режим), и двете со
автоматска контрола на куплунгот.
Екран на менувачот
Ги покажува режимот и
моменталната брзина.
Page 148 of 243

146Возење и ракување
Екранот трепка неколку секунди
кога A, M или R е избрано додека
работи мотор, а ножната сопирачка
не е нагазната.
Ако е активирана зимската
програма, се пали T.
Палење на моторот Нагазнете ја ножната сопирачка
кога го палите моторот. Ако
ножната сопирачка не е
притисната j се пали во
инструментот, трепка „N“ на
екранот на менувачот и моторот не може да се запали.
Палењето не е возможно ако сите
светла за сопирачката се
дефектни.
Кога ножната сопрачка е
нагазната, менувачот автоматски
се префрлува во N при палењето.
Можее да настапи кратко
задоцнување.Рачка на менувачот
Секогаш придвижувајте ја рачката
на менувачот во соодветната
насока до каде што може да оди.
По пуштањето, автоматски се
враќа во средишната положба.
N=Лер.A=Префрлување меѓу
автоматскиот и рачниот
режим. Екранот на менувачот
покажува A или M.R=Рикверц. Ставајте во рикверц
само кога возилото е во
мирување.+=Менување во поголема
брзина.-=Менување во помала брзина.
Поаѓање
Притиснете ја ножната сопирачка и
ставете ја рачката на менувачот во A , + или -. Менувачот е во
автоматски режим и се става во прва брзина. Ако се избере R, се
активира рикверцот.
Возилото почнува да лази штом ќе
се отпушти сопирачката.
За поаѓање без да се нагазне
ножната сопирачка, давајте гас
веднаш по ставањето во брзина.
Ако ни педалот за гас ни ножната
сопирачка не е нагазната, не се
става во ниедна брзина, и за кратко време трепка A или R на екранот.
Застанување на возилото
Во A, првата брзина е ставена и
куплунгот е отпуштен кога
возилото застанува. Во R,
рикверцот останува активен.
Page 149 of 243

Возење и ракување147
Моторно кочење
Автоматски режим
Кога се вози по удолнини,
автоматскиот менувач не се
префрлува во поголеми брзини
додека не се достигне релативно
голема брзина на моторот.
Благовремено се префрлува во
помала брзина кога се сопира.
Рачен режим
За да се искористи дејството на моторното сопирање, одберете
помала брзина навреме кога
возите по удолнини.
Нишање на возилото
Нишањето на автомобилот е
дозволено само ако возилото е
заглавено во песок, кал, снег или
јама. Местете ја рачката на
менувачот помеѓу R и A повеќе
пати. Не турирајте го моторот и избегнувајте нагли забрзувања.Паркирање
Применете ја сопирачката за
паркирање. Останува најпоследно
избраната брзина (видете на
екранот на менувачот) активирана.
Со N, не е ставено во ниедна
брзина.
Кога палењето е исклучено,
менувачот веќе не реагира на
движењата на рачката на
менувачот.
Рачен режим
Ако се одбере поголема брзина
кога брзината на возилото е
премала, или помала брзина кога
брзината на возилото е преголема, не се извршува менувањето на
брзина. Тоа го спречува моторот да работи со премногу или премалку
вртежи.
Ако брзината на моторот е
премала, менувачот автоматски се менува во помала брзина.Ако брзината на моторот е
преголема, менувачот се
префрлува во поголема брзина
само преку збоднувањето.
Кога + или - е избрано во
автоматскиот режим, менувачот се
префрлува во рачен режим и
менува брзини соодветно.
Електронски програми за
возење ■ По ладно палење, програмата за
работна температура ја
зголемува брзината на моторот
за брзо да го доведе
катализаторот до потребната
температура.
■ Приспособливата програма автоматски го приспособува
менувањето на брзини кон
условите за возење, на пр.
поголема оптовареност или
стрмнини.
■ Кога е вклучен режимот Sport, времето за менување брзини е
скратено и менувачот ги менува
брзините при поголеми брзини
Page 150 of 243

148Возење и ракување
на моторот (освен ако не е
вклучена контролата на
патувањето). Sport режим 3 152.
Зимска програма T
Активирајте ја зимската програма
ако имате проблеми со поаѓањето
на лизгави површини на коловозот.
Активирање
Притиснете го копчето T.
Менувачот се префрлува во
автоматски режим. Возилото поаѓа во втора брзина. Режимот Sport се
деактивира.
Деактивирање
Зимската програма се исклучува
со:
■ повторно притискање на копчето T
■ исклучување на палењето
■ префрлување во рачен режим (кога се префрлува пак во
автоматскиот режим, зимската
програма е повторно активна)
■ кога температурата на куплунгот е превисока
ЗбоднувањеАко педалот за гас е притиснат
преку отпорната точка, менувачот
се префрлува во помала брзина
зависно од брзината на моторот.
Дефект
За да се спречи оштетувањето на
автоматизираниот рачен менувач,
куплунгот автоматски се затвора при високи температури на истиот.
Во случај на дефект, се пали A.
Може да се продолжи со возењето.
Рачниот режим не може да се
користи за префрлување.
Ако F се појави на екранот на
менувачот, не може да се
продолжи со возењето.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Прекин на напојувањетоКуплунгот не се ослободува ако
има прекин на напојувањето кога
се става во брзина. Возилото не
може да се помрдне.
Page 151 of 243

Возење и ракување149
Ако акумулаторот е испразнет,
запалете го возилото користејќи
кабли за палење 3 204.
Ако причината за прекинот на
напојувањето не е испразнет
акумулатор, побарајте помош од
автомеханичар.
Ако возилото треба да се истави од сообраќајот, ослободете го
куплунгот на следниот начин:
1. Затегнете ја рачната сопирачка
и исклучете го палењето.
2. Отворете ја хаубата 3 169.
3. Исчистете го менувачот околу
капачето за да не навлезе
нечистотија во отворот кога се
вади капачето.
4. Свртете го капачето за да го олабавите и извадете со
дигање угоре.
5. Користејќи шрафцигер со рамна главица, свртете го
шрафот за дотерување под
капачето во правец на
стрелките на часовникот
додека не се почувствува јак
отпор. Сега куплунгот е ослободен.
6. Вратете го исчистеното капаче.
Капачето мора да биде целосно
легнато на куќиштето.Внимание
Не го завртете преку отпорот бидејќи тоа може да го оштети
менувачот.
Внимание
Не е дозволено влечење на
возилото, и палење на моторот кога куплунгот е ослободен на
овој начин, иако возилото може
да се движи извесно растојение.
Побарајте помош веднаш од
автомеханичар.
Page 152 of 243

150Возење и ракувањеСопирачки
Системот на сопирачките се состои од две независни кола за
сопирање.
Ако откаже едно коло за сопирање, возилото се уште може да се сопре
со употреба на другото коло за
сопирање. Меѓутоа, дејството на
сопирањето се постигнува само
кога ќе го притиснете педалот за
сопирачките цврсто. Значително
повеќе сила треба да користите за
тоа. Растојанието за сопирање се
зголемува. Побарајте помош од автомеханичар пред да
продолжите со патувањето.
Кога моторот не работи,
поддршката на серво уредот за
сопирачките ја снемува штом
педалот за сопирачките ќе се
притисне еднаш или двапати.
Дејството на сопирањето не е
намалено, но за сопирање е
потребна значајно поголема сила.
Тоа е особено важно да се има на
ум кога се влече.
Контролна сијаличка R 3 96.Систем за деблокирање
на сопирачките Antilock Brake System -от (ABS)
(Систем за деблокирање на
сопирачките) не дозволу тркалата
да се блокираат.
ABS почнува да го регулира
притисокот на сопирачките штом
некое тркало покажува тенденција
да се блокира. Возилото останува
управливо, дури при јако
сопирање.
Контролата на ABS станува
очигледна преку пулсирање на
педалот за сопирачките и звукот на процесот за регулирање.
За оптимално сопирање, држете го
педалот за сопирање докрај
притиснат за време на целиот
процес на сопирањето, иако
педалот ќе пулсира. Не
намалувајте го притисокот врз
педалот.
По палењето, системот изведува самоиспитување што може да биде
бучно.
Контролна сијаличка u 3 97.Приспособливо стоп-светло
При целосно кочење сите три
светла за сопирачките трепкаат за
време на примената на
контролата ABS.
Дефект9 Предупредување
Ако има дефект во ABS,
тркалата може да бидат склони
да се блокираат поради такво
кочење што е посилно од
обичното. Предностите на ABS
веќе не функционираат. При
силно сопирање, со возилото не може веќе да се управува и
може да скршне.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.