Page 49 of 243
Седишта, потпирачи47Седишта, потпирачиПотпирачи за глава .................... 47
Предни седишта ......................... 49
Задни седишта ........................... 53
Безбедносни ремени .................58
Систем на воздушни перничиња .................................. 62
Системи за врзување на деца ..66Потпирачи за глава
Положба9 Предупредување
Возете само кога потпирачот за
глава е наместен во правилната
положба.
Горниот раб од потпирачот за
глава треба да биде на нивото на
горниот дел од главата. Ако тоа не
е возможно за особено високи луѓе, наместете го во највисоката
положба, а за пониски луѓе
наместете го во најниската
положба.
Местење Потпирачи за глава со копче за
ослободување
Притиснете го копчето за
ослободување, наместете ја
височината и заглавете го.
Page 50 of 243
48Седишта, потпирачи
Потпирачи за глава без копче за
ослободување
Повлечете го потпирачот за глава
угоре или притиснете ја патент бравата за да се ослободи и
притиснете го потпирачот удолу.
Вадење
Притиснете ги патент бравите и
повлечете го потпирачот за глава нагоре.
Активни потпирачи за
глава
Во случај на судир одзади,
активните потпирачи за глава се
навалуваат малку нанапред.
Главата поефикасно е поткрепена, така ризикот од повреда на вратот
е намален.
Активните потпирачи за глава се
познаваат по натписот ACTIVE на
отворите на лежиштата на потпирачите за глава.
Page 51 of 243

Седишта, потпирачи49
Забелешка
Само одобрени додатоци може да се закачат за потпирачот за главана совозачкото седиште, ако
седиштето не е во употреба.Предни седишта
Положба на седиштата9 Предупредување
Возете само со правилно
наместено седиште.
■ Седете така да задникот да биде
колку е можно поназад до
потпирачот за грб. Наместете го
растојанието помеѓу седиштето
и педалите така што нозете ќе
бидат малку свиткани кога ги
притиснувате педалите. Лизнете
го совозачкото седиште колку е
можно поназад.
■ Седете така што рамениците ќе бидат колку е можно поназад до
потпирачот за грб. Наместете ја
накосеноста на потпирачот за
грб така што ќе може лесно да се дофати воланот со благо
свиткани лакти. Гледајте да има
контакт помеѓу рамениците и
потпирачот за грб кога го вртите
воланот. Не го навалувајте
потпирачот за грб премногу
назад. Препорачуваме
максимална накосеност од околу
25°.
■ Местење на воланот 3 84.
■ Наместете ја височината на седиштето доволно високо да
имате добра видливост од сите
страни и на сите инструменти на
екранот. Би требало да има
слободен простор од најмалку
една рака помеѓу главата и
рамката на покривот. Колковите
Page 52 of 243
50Седишта, потпирачи
би требало да лежат лесно врз
седиштето без да го притискаат
него.
■ Наместете го потпирачот за глава 3 47.
■ Наместете ја височината на безбедносниот ремен 3 59.
■ Намастете го потпирачот за колковите така што ќе има
простор со ширина од околу два прста помеѓу работ на седиштето и шуплината на коленото.
■ Наместете го потпирачот за половината така што ќе го
поткрепува природниот облик
на ’рбетот.
Местење на седиштата9 Опасност
Не седете поблиску од 25 см до
воланот за да се овозможи
безбедно отворање на
воздушното перниче.
9 Предупредување
Никогаш не ги местете
седиштата додека возите
бидејќи тие може да се движат
неконтролирано.
Местење на положбата на
седиштето
Повлечете ја рачката, слизнете го
седиштето, отпуштете ја рачката.
Наслони на седиштата
Свртете го тркалцето. Не
навалувајте се на потпирачот за грб кога го местите.
Page 53 of 243
Седишта, потпирачи51
Височина на седиштето
Пумпање со рачката
угоре=повисокоудолу=понискоНавалување на седиштата
Полечете го лостот, наместете ја
наваленоста со движење на
тежината на телото. Отпуштете го
лостот и чујно заглавете го
седиштето во положбата.
Потпирач за половината
Свртете го тркалцето. Не
навалувајте се на потпирачот за грб кога го местите.
Page 54 of 243
52Седишта, потпирачи
Приспособлив потпирач заколковите
Притиснете го копчето и слизнете
го потпирачот колковите.
Преклопување на
седиштето
Притиснете го потпирачот за глава надолу.
Лизнете го седиштето назад.
Кренете го лостот за
ослободување, преклопете го
потпирачот за грб напред и
заглавете го.
За да се врати во исправената
положба, кренете го лостот за
ослободување и чујно заглавете го
потпирачот за грб.
Потпирач за рака
Турнете го кренатиот потпирач за
рака наназад до отпорот и
преклопете го надолу.
Потпирачот за рака може да се
помести во разни положби
постепено со дигање.
Page 55 of 243
Седишта, потпирачи53Греење
Дотерајте го греењето во саканата
поставка со притискање на копчето
ß за седиштето еднаш или повеќе
пати при вклучено палење.
Контролната сијаличка во копчето
ја покажува поставката.
Долготрајната употреба на
највисоката поставка не се
препорачува за луѓе со
чувствителна кожа.
Греењето на седиштата
функционира кога работи моторот.
Задни седишта
Втор ред на седиштата9 Предупредување
Кога се мести редот на
седиштата или потпирачите за грб, држете ги рацете далеку од пределот на шарките.
Движење на редот на
седиштата
Пристиснете го лостот за
ослободување нанапред и
слизнете го редот на седиштата.
Ослободете го лостот и чујно
заглавете ги седиштата.
Преклопување на редот наседиштата и лизгање
нанапред
Извадете го капакот на багажниот
простор по потреба 3 74.
Клизнете ги потпирачите за глава
надолу 3 47.
Ставете ги патент бравите на
безбедносниот ремен во џебовите
на седиштето.
Page 56 of 243

54Седишта, потпирачи
Притиснете го лостот за
ослободување 1 надолу и завртете
го седиштето угоре додека не се
заглави.
Притиснете го лостот за
ослободување 2 надолу на двете
страни, ставете го потпирачот за
грб во исправената положба и
заглавете го.
Повлечете ја рачката на задната страна од средишниот потпирач за
грб, исправете го потпирачот за грб и заглавете го.
Притиснете го лостот за
ослободување 3, слизнете го
широкото седиште во најпредната положба и заглавете го.
За враќање, притиснете го лостот
за ослободување 3 и лизнете го
широкото седиште во саканата
положба. Наместете го
потпиртачот за грб и користете го
лостот за ослободување 1 за да се
сврти седиштето удолу. Сите
положби треба да се заглават
чујно.
Дотерајте ги потпирачите за
грб на надворешните седиштаПритиснете го лостот за
ослободување надолу, изберете
еден од двете навалености,
ослободете го лостот и заглавете
го потпирачот за грб.9 Предупредување
Патниците смеат да патуваат
само на такво седиште чијшто потпирач за грб е правилно
заглавен во наназад
преклопената положба.
9 Предупредување
Возете го возилото само ако
потпирачите за грб се цврсто
закочени во положбата. Инаку
има ризик од лична повреда или оштетување на товарот или на
возилото во случај на силно
сопирање или судир.