Page 161 of 243

Возење и ракување159
За полнење гориво, целосно
вметнете ја цевката на пумпата и вклучете ја.
По автоматското исклучување,
може да се дополни со најмногу
две дози гориво.Внимание
Веднаш избришете го горивото
што претекло.
За да го затворите, свртете го
капачето на резервоарот надесно
додека да кликне.
Затворете ја вратичката и оставете
да се заглави.
Полнење на природен гас
Кога полните природен гас,
извадете го заштитното капаче од
грлото за полнење.
9 Предупредување
Полнете само со максимален
излезен притисок од 250 бари.
Користете само станици за
полнење каде што има
компенсирање на
температурата.
Постапката за полнење треба да
биде завршена, т.е. грлото з
полнење треба да биде
испразнето. Вратете го заштитното капаче.
Капацитетот на резервоарот за
природен гас зависи од
надворешната температура,
притисокот на полнењето и видот
на системот за полнење.
Термини за „возила со природен
гас“ во странство:ГерманскиErdgasfahrzeugeАнглискиNGVs = Natural Gas
VehiclesФранцускиVéhicules au gaz
naturel – or –
Véhicules GNVИталијанскиMetano auto
Термини за „природен гас“ во
странство:
Page 162 of 243

160Возење и ракување
ГерманскиErdgasАнглискиCNG = Compressed
Natural GasФранцускиGNV = Gaz Naturel
(pour) Véhicules - или
-
CGN = carburantgaz
naturelИталијанскиMetano (per auto)
Капаче за полнење гориво
Користете само оригинални
капачиња за полнење гориво.
Возилата со мотори на дизел
имаат специјални капачиња за
полнење гориво.
Потрошувачка на
гориво - CO 2-испуштање
Бензински и мотори на дизел
Потрошувачката на гориво
(комбинирана) на моделот Opel
Zafira е во опсег од 7,2 до
5,1 л/100 км.
Испуштањето CO
2 (комбинирано) е
во опсег од 177 до 149 г/км.
За вредностите за вашето возило,
видете го Сертификатот за
сообразност на ЕК доставен со
вашето возило или другите
национални документи за
регистрација.
Природен гас
Потрошувачката на гас
(комбинирана) на моделот Opel
Zafira е 6,0 кг/100 км.
Испуштањето CO
2 (комбинирано) е
139 г/км.За вредностите за вашето возило,
видете го Сертификатот за
сообразност на ЕК доставен со
вашето возило или другите
национални документи за
регистрација.
Општи информации
Наведените бројки за
официјалната потрошувачка на
гориво и испуштањето CO 2
emission се однесуваат на
основниот модел за ЕУ со
стандардна опрема.
Податоците за потрошувачка на
гориво и испуштање CO 2 се
одредуваат според прописот
R (EC) бр. 715/2007 (во последната важечка верзија), со земање
предвид на тежината на возилото
кога работи, како што е одредено
со прописот.
Бројките се дадени само за
споредба меѓу различните
варијанти на возилото и не треба
да се земаат како гаранција за
фактичката потрошувачка на
гориво на одредено возило.
Page 163 of 243

Возење и ракување161
Дополнителната опрема може да
предизвика малку повисоки
вредности на наведената
потрошувачка и испуштање CO 2.
Понатаму потрошувачката на
гориво зависи од личниот стил на
возењето, како и од условите на
коловозот и сообраќајот.
Природен гас
Информацијата за потрошувачката на горивото е добиена со употреба
на референтно гориво G20 (однос на метан 99 - 100 мол%) под
пропишаните услови за возење.
Кога се користи природен гас со
помал однос на метан,
потрошувачката на гориво може да биде поинаква од определените
вредности.Кука за приколка
Општи информации Употребувајте само опрема за
влечење одобрена за Вашето
возило. Доверете му го
отпослежното монтирање на
опремата за влечење на
автомеханичар. Може да биде
потребно да се извршат измени кои делуваат врз системот за ладење,
топлоотпорните обвивки или друга
опрема.
Монтирањето на опрема за
влечење може да го прекрие
отворот на алката за влечење. Ако
е така, користете ја влечната кука.
Секогаш чувајте ја влечната кука
во возилото.
Димензии за инсталирање на
фабрично монтираната опрема за
влечење 3 231.Возни карактеристики и
совети за влечење
Пред да закачите приколка,
подмачкајте ја влечната топка со
мазиво. Меѓутоа, не ја
подмачкувајте ако за намалување
на кривулести движења се
употребува стабилизатор, којшто делува врз влечната топка.
За приколки со помала стабилност
при возење и приколки, со
дозволена бруто тежина на
возилото од повеќе од 1300 кг не смее да се надмине брзината од
80км/ч; употребата на
стабилизатор се препорачува.
Ако приколката почне да се извива,
возете пополека, не обидувајте се
да го исправите управувањето и
сопирајте нагло ако е потребно.
Кога возите по удолнина, возете во иста брзина како да возевте по
угорница и возете со слична
брзина на возилото.
Дотерајте го притисокот во гумите
до вредноста определена за полна
натовареност 3 229.
Page 164 of 243

162Возење и ракувањеВлечење на приколка
Товарење на приколката Дозволената оптовареност на
приколките се максималните
вредности кои зависат од возилото
и од моторот и не смеат да се
пречекоруваат. Фактичната
оптовареност на приколката е
разликата помеѓу бруто тежината
на приколката и актуелната
оптовареност на влечната спојка
кога е приклучена приколката.
Дозволената оптовареност за
товарот на приколките е
определена во документите на
возилото. Општо земено, тие
важат за стрмнини до најмногу
12 %
Дозволената оптовареност на
приколката важи до определената
стрмнина и до надморска височина од 1000 метри. Бидејќи моќноста на
моторот се намалува со
зголемување на надморската
височина поради разретчување на
воздухот, со што се намалува и
способноста за искачување,дозволената тежина за влечење
исто така се намалува за 10 % на
секои 1000 метри дополнителна
надморска височина. Бруто
влечната тежина не мора да се
намалува кога се вози по патишта
со мали стрмнини (помали од 8 %,
на пр. автопатишта).
Не смее да се пречекори
дозволената бруто тежина на
оските. Оваа тежина е забележана на идентификациската табличка
3 217.
Вертикална оптовареност на
влечната спојка
Вертикалната оптовареност на
влечната спојка е оптовареноста
со којашто приколката ја
оптоварува влечната кука. Може да
се менува со менување на
распоредот на тежината кога се
товари приколката.
Максималната дозволена
вертикална оптовареност на
влечната спојка (75 кг) е наведена
на идентификациската табличка на
влечната опрема и во документитена возилото. Секогаш одете на
максимална оптовареност,
особено ако се работи за тешка
приколка. Вертикалната
оптовареност на влечната спојка
никогаш не смее да падне под 25 кг.
Натоварување на задната
оска Кога е прикачена приколка, а
влечното возило е докрај
натоварено, дозволената
оптовареност на задната оска
(видете ја идентификациската
табличка или документите на
возилото) може да се надмине за
90 кг, а дозволената бруто тежина
на возилото за 75 кг. Ако се
надмине дозволената
оптовареност на задната оска,
максималната брзина е 100 км/ч.
Page 165 of 243
Возење и ракување163Опрема за влечењеВнимание
При работење без приколкаизвадете ја влечната кука со
топка.
Чување на влечната кука
За да се отвори покривот кренете
го теписонот. Подигнете ја, свртете
ја и кренете го прстенот.
Вреќичката со влечната кука се
чува на своето место со еластичен каиш.
Кога ја монтирате, проверете дали
вртливата рачка на влечната кука
стои угоре.
Монтирање на топчестата
влечна кука
Одоздола кај процепите повлечете
го капакот во браникот наназад под
мал агол.Откачете го и преклопете го
приклучникот. Извадете го
заптивниот клин од дупката за
влечната кука и складирајте го.
Page 166 of 243
164Возење и ракување
Проверка на затегнатоста на
влечната кука
■ Црвената ознака на вртливото
копче посочува кон белата
ознака на влечната кука.
■ Меѓупросторот помеѓу вртливото
копче и влечната кука треба да
биде околу 6 милиметри.
■ Клучот треба да биде во положбата c ( 1).
Инаку влечната кука треба да се
затегне пред да се вметне:
■ Отклучете ја влечната кука вртејќи го клучот во
положбата c ( 1)
■ Извлечете го вртливото копче и
свртете го во правец на
стрелките на часовникот колку што може.
Вметнување на влечната кука
Вметнете ја затегнатата шипка на
влечната кука во отворот и турнете
ја цврсто угоре додека не се
заглави чујно.
Вртливата рачка скокнува назад во
основната положба, потпирајќи се
на влечната кука без расцеп.
9 Предупредување
Не ја допирајте вртливата рачка
за време на вметнувањето.
Page 167 of 243

Возење и ракување165
Отклучете ја влечната кука вртејќи
го клучот во положбата e ( 2).
Извадете го клучот и затворете го
заштитното капаче.
Алка за кабелот за приврзување Закачете го кабелот кој спречува
да се откачи приколката, за алката.
Проверете дали влечната кука е
правилно инсталирана
■ Зелената ознака на вртливото копче посочува кон белата
ознака на влечната кука
■ Не смее да има расцеп помеѓу вртливата рачка и шипката на
влечната кука
■ Влечната кука треба цврсто да се
заглави во отворот
■ Влечната кука треба да се заклучи и клучот да се извади9 Предупредување
Влечењето на приколка е
дозволена само ако влечната
кука е монтирана правилно. Ако влечната кука не е заглавена
правилно, побарајте помош од
автомехануичар.
Демонтирање на топчестата
влечна кука
Отворете ја заштитната вратичка,
свртете го клучот во положба c
( 1 )за да се отклучи шипката на
влечната кука.
Извлечете ја вртливата рачка и
свртете ја во правец на стрелките
на часовникот колку што може.
Извлечете ја шипката на влечната
кука удолу.
Вметнете го заптивниот клин во
отворот. Преклопете го
приклучокот.
Вметнете го капакот во браникот:
Вметнете ги шините на капакот во
браникот, прво напред и потоа назад, и заглавете го. Притискајте
го капакот во малку свиткана
положба додека го правите тоа.
Помош за стабилноста
на приколката Ако системот открие занесувања,
моќноста на моторот се намалува и комбинацијата возила/приколка се
кочи селективно додека не
престане занесувањето.
Page 168 of 243
166Возење и ракување
Trailer stability assistant (TSA)
(помош за стабилноста на
приколката) е функција на
Електронската програма за
стабилност (ESP® Plus
) 3 151.