Page 65 of 243

Седишта, потпирачи63
на средишната конзола. Неставајте никакви магнетни
предмети во тој предел.
Не прицврстувајте никакви
предмети на капаците на
воздушните перничиња и не
прекривајте ги со други
материјали.
Секое воздушно перниче се
активира само еднаш.
Активираните воздушни
перничиња нека Ви ги замени автомеханичар. Освен тоа, може
да биде неопходно да се заменат
воланот, таблата со инструменти, делови на облогата, кедерите на
вратите, кваките и седиштата.
Не вршете никакви промени на
системот на воздушни перничиња
бидејќи тоа ќе ја поништи
сообраќајната дозвола на
возилото.
Кога се надуваат воздушните
перничиња, жешките гасови кои
излегуваат може да предизвикаат
изгореници.
Сијаличка v за системите на
воздушни перничиња 3 95.Системи за врзување деца на
предното совозачко седиште
со системи на воздушни
перничиња Предупредување според
ECE R94.02:
НИКОГАШ не користете детско
седиште свртено наназад на
седиште заштитено со АКТИВНО ВОЗДУШНО ПЕРНИЧЕ пред него;
може да дојде до СМРТ или ТЕШКИ
ПОВРЕДИ на ДЕТЕТО.
Покрај предупредувањето
потребно според ECE R94.02, од
безбедносни причини, никогаш не
користете детско седиште свртено
нанапред на совозачкото седиште
кога е активно предното воздушно
перниче.9 Опасност
Не користете систем за
врзување деца на совозачкото
седиште со активно предно
воздушно перниче.
Систем на предни
воздушни перничиња
Page 66 of 243

64Седишта, потпирачи
Системот на предните воздушниперичиња се состои од едно
воздушно перниче во воланот и
едно во таблата со инструменти.
Тие може да се препознаат по
зборот AIRBAG .
Покрај тоа,има предупредувачка
етикета и на страната на таблата
со инструменти што се гледа кога е отворена совозачката врата, или
на штитникот за сонце на
совозачот.
Системот на предни воздушни
перничиња се активира во случај
на сообаќајка со извесна тежина.
Палењето треба да биде вклучено.
Движењето на патниците од
предните седишта нанапред се
забава и со тоа значајно се
намалува ризикот од повреда на
горниот дел од телото и на главата.
9 Предупредување
Оптимална заштита се дава
само кога седиштето е во
правилната положба 3 49.
Чувајте го пределот во којшто се
надува воздушното перниче
слободен од препреки.
Наместете го безбедносниот
ремен правилно и заглавете го
безбедно. Дури тогаш може
воздушното перниче да Ве
заштити.
Систем на странични
воздушни перничиња
Системот на страничните
воздушни перничиња се состои од воздушно перниче во потпирачот
за грб на секое предно седиште.
Тоа може да се препознае по
зборот AIRBAG .
Page 67 of 243

Седишта, потпирачи65
Системот на странични воздушни
перничиња се активира во случај
на сообаќајка со извесна тежина.
Палењето треба да биде вклучено.
Ризикот од повреда на горниот дел
од телото и на карлицата во случај
на страничен судир е значително
намален.
9 Предупредување
Чувајте го пределот во којшто се
надува воздушното перниче
слободен од препреки.
Забелешка
Уупотребувајте само такви
заштитни навлаки за седишта кои
биле одобрени за возилото.
Внимавајте да не ги прекриете
воздушните перничиња.
Систем на завесни
воздушни перничиња
Системот на завесни воздушни
перничиња се состои од воздушно
перниче во рамката на покривот на секоја страна. Тоа можат да се
препознае по зборот AIRBAG на
столбот на покривот.
Системот на завесни воздушни
перничиња се активира во случај
на сообаќајка со извесна тежина.
Палењето треба да биде вклучено.
Ризикот од повреди на главата во
случај на страничен судир е
значително намален.
Системот на завесните воздушни перничиња не ги заштитува
седиштата на третиот ред.
Page 68 of 243

66Седишта, потпирачи9Предупредување
Чувајте го пределот во којшто се
надува воздушното перниче
слободен од препреки.
Куките на рачките во рамката на покривот се погодни само за
бесење на полесни облеки без
закачалки. Не чувајте никакви
предмети во тие облеки.
Системи за врзување
на деца
Го препорачуваме системот за
врзување на деца на Opel кој е
прилагоден специфично за
возилото.
Кога се користи систем за
врзување на деца, обрнете
внимание на следните упатства за
употреба и инсталација, и на оние приложени со системот за
врзување на деца.
Секогаш исполнувајте ги
локалните или државните прописи.
Во некои држави, употребата на
системите за врзување на деца е
забранета на некои седишта.
Избор на правилниот систем
Задните седишта се најпогодно
место за прицврстување систем за
врзување деца.
Децата треба да патуваат свртени наназад во возилото колку е можно
подолго. Тоа обезбедува ’рбетотна детето, којшто е уште многу
слаб, да е под помал притисок во случај на незгода.
Погодни се системи за врзување
што се според стандардите
ECE 44-03 или ECE 44-04. Видете
ги локалните закони и правила за
задолжителното користење
системи за врзување деца.
Никогаш не го држете детето
додека се возите во возилото.
Детето ќе стане претешко за
држење в раце во случај на судир.
Кога возите деца, користете систем за врзување деца соодветен на
тежината на детето.
Уверете се дека системот за
врзување на деца што има да се
инсталира е компатибилен со
моделот на возилото.
Уверете се дека местото за
монтирање на системот за
врзување на деца во возилото е
правилно.
Page 69 of 243
Седишта, потпирачи67
Дозволувајте им на деца да
влегуваат во возилото и да
излегуваат од него само од таа
страна на којашто нема сообраќај.
Кога системот за врзување на деца
не е во употреба, прицврстете го
седиштето со безбедносен ремен
или извадете го од возилото.
Забелешка
Не прицврстувајте ништо на
системите за врзување на деца и
не покривајте ги со други
материјали.
Таквиот систем за врзување на
деца кој бил изложен на притисок
при сообраќајка треба да се
замени.
Page 70 of 243

68Седишта, потпирачиМеста за монтирање на системот за врзување на децаДозволени можности за монтирање на систем за врзување на деца
Тежина и возраст 1)
На совозачкото
седиштеНа страничните
седишта во
вториот редНа средишното
седиште во
вториот редНа седиштата
во третиот
редГрупа 0: до 10 кг или приближно 10 месеци
Група 0+: до 13 кг или приближно 2 годиниXU, +UXГрупа I: 9 до 18 кг или околу
8 месеци до 4 годиниXU, +, ++UUFГрупа II: 15 до 25 кг или околу 3 до 7 години
Група III: 22 до 36 кг или околу 6 до 12 годиниXUUUFU=Универзална погодност во врска со трикратно прицврстениот безбедносен ремен.UF=Може да се користи универзално со системи за врзување на деца со поглед напред во комбинација со
трикратно прицврстен безбедносен ремен.+=Седиште на возилото со можност за додатоци за ISOFIX. Кога се закачува ISOFIX, само системите за
врзување на деца ISOFIX дозволени за возилото смеат да се користат.++=Седиште на возилото со можност за додатоци за ISOFIX. Кога се закачуваат ISOFIX и Top-tether, смеат да се користат универзално дозволени системи за врзување на деца ISOFIX.X=Во оваа класа по тежина не се дозволува систем за врзување на деца.1) Ја препорачуваме употребата на секој систем додека детето не го достигне горното ограничување за тежината.
Page 71 of 243
Седишта, потпирачи69
Дозволени можности за монтирање на систем за врзување на деца ISOFIX
Класа по тежинаКласа по
големинаВграден
елементНа совозачкото
седиштеНа страничните
седишта во
вториот редНа средишното
седиште во
вториот редНа седиштата
во третиот редГрупа 0: до 10 кгEISO/R1XILXXГрупа 0+: до 13 кгEISO/R1XILXXDISO/R2XILXXCISO/R3XILXXГрупа I: 9 до 18 кгDISO/R2XILXXCISO/R3XILXXBISO/F2XIL, IUFXXB1ISO/F2XXIL, IUFXXAISO/F3XIL, IUFXXIL=Одговара на посебни системи за врзување на деца ISOFIX од категориите „специфично за возило“,
„ограничено“ или „полу-универзално“. ISOFIX Системот за врзување на деца мора да биде одобрен за
конкретниот модел на возило.IUF=Одговара на ISOFIX системи за врзување на деца со поглед напред, од универзалната категорија одобрени
за употреба во оваа класа по тежина.X=Во оваа класа по тежина нема одобрен ISOFIX систем за врзување на деца.
Page 72 of 243
70Седишта, потпирачи
Kласа ISOFIX по големина и уред за седиштетоA - ISO/F3=Систем за врзување на децата со поглед напред за деца со максимална големина во класата по
тежина од 9 до 18 кг.B - ISO/F2=Систем за врзување на деца со поглед напред за помали деца во класата по тежина од 9 до 18 кг.B1 - ISO/F2X=Систем за врзување на деца со поглед напред за помали деца во класата по тежина од9 до 18 кг.C - ISO/R3=Систем за врзување на деца со поглед назад за деца со максимална големина во класата потежина до 18 кг.D - ISO/R2=Систем за врзување на деца со поглед назад за помали деца во класата по тежина до 18 кг.E - ISO/R1=Систем за врзување на деца со поглед назад за мали деца во класата по тежина до 13 кг.