114Иинструменти и контроли
Range (досег)
Досегот се пресметува според
моменталната содржина на
резервоарот за гориво и тековната потрошувачка. Екранот прикажува
просечни вредности.
По дотурањето гориво, возилото
автоматски го пресметува досегот
по кратка пауза.
Кога нивото на горивото во
резервоарот е ниско, пораката
Range (Опсег) се појавува на
екранот.
Кога резервоарот за гориво е скоро
празен, пораката Please refuel!
(Наполнете гориво!) се појавува на
екранот.
Системот за навигација ќе Ве
поддржи во наоѓањето на
најблиската бензинска пумпа.
Видете во Прирачникот на
инфозабавниот систем за повеќе
информации.
Instantaneous consumption
(Моментална потрошувачка) Екран на моменталната
потрошувачка. При мали брзини се прикажува потрошувачката на час.
Distance (растојание)
Го прикажува поминатото
растојание. Мерењето може да се препостави во кое било време.
Average speed (просечна
брзина)
Ја прикажува просечната брзина. Мерењето може да се препостави
во кое било време.