Вовед3Податоци што се
специфични за возилото Ве молиме да ги внесете
податоците на Вашето возило на
претходната страница за да се
чуваат лесно достапни. Тие
информации се наоѓаат во
поглавјата „Сервис и одржување“ и
„Технички податоци“, како и на
идентификациската табличка.
Вовед Вашето возило е планирана
комбинација на напредната
технологија, безбедноста,
екологијата и економичноста.
Овој Сопственички прирачник Ви ги дава сите потребни информации
за да можете да го возите Вашето
возило безбедно и ефикасно.
Уверете се дека Вашите патници
се свесни за можните ризици од
несреќи и повреди што може да
произлезат од неправилната
употреба на возилото.Секогаш морате да ги исполнувате
специфичните закони и прописи на земјата во којашто се наоѓате.
Закониве може да бидат поинакви
од информациите во овој
Сопственички прирачник.
Кога Прирачников споменува
посета кај автомеханичар, го
препорачуваме Вашиот Партнер
на Opel Service.
Сите Партнери на Opel Service пружаат првокласни услуги по
пристапни цени. Искусните
механичари обучени од Opel
работат според посебни упатства
од Opel.
Пакетот со литературата за
купувачот секогаш треба да се чува
при рака во касетата на возилото.
Користење на
прирачников ■ Овој прирачник ги опишува сите опции и својства достапни за овој
модел. Извесни описи,
вклучувајќи ги оние за функциите на екранот и изборниците, може
да не важат за Вашето возилопоради верзијата на моделот,
спецификациите на земјата,
специјалните опреми или
додатоци.
■ Поглавјето „Накратко“ ќе Ви даде
првичен преглед.
■ Содржината на почетокот на прирачников и во секое поглавје
покажува каде се наоѓа
информацијата.
■ Индексот ќе Ви овозможи да пребарувате специфични
информации.
■ Жолтите стрелки на илустрациите служат како
референтни точки или, пак,
покажуваат дека треба да се
изврши некоја дејност.
■ Црните стрелки на илустрациите укажуваат на реакција или на
втора дејност што треба да се
изврши.
■ Овој Сопственички прирачник прикажува возила со воланот одлевата страна. Ракувањето со
возилата со воланот од десната
страна е слично.