Иинструменти и контроли107
Местење на датумот и на времето
Одберете ја изборната ставка
Time, Date (Време, датум) од
изборникот Settings (Поставки) .
Изберете ја саканата изборна
ставка и извршете го
поставувањето.
Менувањето на часовникот ќе го
смени часовникот и на
навигацискиот систем.
Автоматска синхронизација на
времето
Сигналот RDS од најмногу VHF
предаватели автоматски го местат
времето.
Некои предаватели не испраќаат
точeн временски сигнал. Во
таквите случаи препорачуваме да
ја исклучите автоматската
синхронизација на времето.
Функцијата се активира со
штиклирање на полето пред
Synchron. clock automatical.
(Синхронизиран автоматски
часовник.) во изборникот Time,
Date (Време, датум) .
Одбирање на јазикот
Јазикот на екранот може да се
избере за некои функции.
Одберете ја изборната ставка
Language (Јазик) од изборникот
Settings (Поставки) .
Одберете го саканиот јазик.
Изборите се означени со 6 пред
изборната ставка.
Во системите со звучен аутпут,
кога ќе се смени јазичната поставка на екранот, системот ќе праша
дали треба да се смени и јазикот на
соопштенијата - видете во
прирачникот за Инфозабавниот
систем.