Page 28 of 243

26НакраткоСистем за откривање на
издишаноста на гумата
Ако некоја гума губи притисок, таа
се намалува. Таа тогаш се врти со друга брзина од другите гуми. Акосистемот открие разлика во
брзината, контролната сијаличка
w светнува црвено.
Систем за откривање на
издишаноста 3 195.
Систем за контрола на
притисокот во гумите
Во секое тркало има вграден
сензор за притисокот кој го
надгледува притисокот.
Додека возите, актуелните
притисоци во гумите се појавуваат
во изборникот Board Computer
(Автомобилски компјутер) .
Отстапување во притисокот на гумите се прикажува во обликот на
порака на Info-Display.
Систем за контрола на притисокот
во гумите 3 194.
Приспособливо предно
светло
Системот го подобрува
осветлувањето на кривините и го
зголемува опсегот на предните
фарови.
Снопот на светлото се врти врз
основа на положбата на воланот и
брзината на возилото.
При поголеми брзини и постојано
возење право, снопот на светло
автоматски се крева малку, притоа
зголемувајќи го опсегот на
фаровите.
Page 33 of 243

Клучеви, врати и прозорци31
обрнувајќи внимание на положбата
на инсталирањето. Затворете го
уредот и синхронизирајте го.
Клуч со фиксно тело на клучот
Батеријата нека Ви ја замени
автомеханичар.
Синхронизирање на
далечинскиот управувач По заменувањето на батеријата
отклучете ја вратата со клучот во
бравата на возачката врата.
Далечинскиот управувач ќе се
синхронизира кога ќе го вклучите
палењето.
Запамтени поставки
Кога и да се заклучува возилото,
последните поставки автоматски
се зачувуваат спесифично за
клучот кој се користи:
■ Електронски систем за контрола на климатизацијата,
■ Info-Display,■ Инфозабавен систем,
■ Осветлување на таблата со инструменти.
Зачуваните поставки автоматски
се користат следниот пат кога
истиот клуч ќе се користи за
отклучување.
Open&Start систем
Го овозможува работењето на
следниве без употреба на
механичкиот клуч
■ Систем на централната брава,
■ Системот за заштита од кражба,
■ Систем за тревожење при кражба,
■ Електрични прозорци,
■ Палење и стартер.
Електронскиот клуч просто треба да биде со возачот.
Притиснете го копчето Start/Stop.
Палењето е вклучено. Имобилизаторот и бравата на
воланот се деактивирани.
За да се запали моторот,
притиснете го и држете го копчето
Start/Stop додека ги нагазнувате и
педалот за сопирачките и
куплунгот.
Page 34 of 243

32Клучеви, врати и прозорци
Автоматски менувач: моторот
може да се запали само кога
рачката на менувачот е во P или N.
Моторот и палењето се исклучуваат со повторно
притискање на копчето Start/Stop.
Возилото мора да биде во
мирување. Истовремено се
активира имобилизаторот.
Ако палењето се исклучило и
возилото е во мирување, бравата
на воланот автоматски се активира
кога се отвора или затвора
возачката врата.
Контролна сијаличка 0 3 100.
Забелешка
Не го ставајте електронскиот клуч во товарниот простор или пред
Info-Display.
Околините на сензорите во
рачките на вратите треба да се
чуваат чисти за да се обезбеди
неограничена финкционалност.
Ако акумулаторот е испразнет,
возолото не смее да се влече, да
се пали со влечење однапред илисо туркање одзади бидејќи
бравата на воланот не може да се ослободи.
Далечински управувач
Електронскиот клуч слично има
функција за далечинско
управување.
Ракување во хаварии
Ако и далечинскиот управувач се
откаже, возачката врата може да
се заклучи или отклучи со клучот за
хаварии којшто е сместен во
електронскиот клуч: притиснете го
механизмот за заклучување и
извадете го капачето со вршење
благ притисок. Турнете го клучот за хаварии нанадвор преку спојката иизвадете го.
Page 35 of 243

Клучеви, врати и прозорци33
Клучот за хаварии може да ја
заклучи или отклучи само
возачката врата. Отклучување на
целото возило 3 34. Кај возилата
со систем за тревожење при
кражба алармот може да се
активира кога се отклучува
возилото. Деактивирање на
алармот со вклучување на
палењето.Држете го електронскиот клуч кај
означената положба и притиснете
го копчето Start/Stop.
За да го изгаснете моторот, држете го копчето Start/Stop притиснато
најмалку 2 секунди.
Заклучете ја возачката врата со
клучот за хаварии. Заклучување на
целото возило 3 34.
Оваа опција е наменета само за
хаварии. Побарајте помош од
автомеханичар.
Заменување на батеријата во
електронскиот кчуч
Заменете ја батеријата штом
системот веќе не работи правилно
или опсегот е намален. На
потребата од замена на батеријата
укажува InSP3 на сервисниот екран
или порака од контролната
проверка на Info-Display 3 109.
Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
Page 86 of 243
84Иинструменти и контролиИинструменти и
контролиКонтроли ..................................... 84
Предупредувачки светла,
мерачи и индикатори .................90
Информативни екрани ............. 102
Пораки за возилото .................. 109
Патен компјутер .......................111Контроли
Местење на воланот
Отклучете ја рачката, наместете го
воланот, па заглавете ја рачката и
уверете се дека истата е целосно
закочена.
Не го местете воланот освен ако
возилото е во мирување и бравата на воланот била ослободена.
Контроли на воланот
Со Инфозабавниот систем и
Info-Display може да се ракува
преку контролите на воланот.
Повеќе информации се достапни
во прирачникот на Инфозабавниот
систем.
Page 89 of 243

Иинструменти и контроли87
Турнете ја рачката нанапред.
Бришачот на задното стакло брише
во периодичен режим. Исклучете
го со туркање на рачката нанапред повторно.
Ако рачката се држи нанапред,
течноста за миење се прска врз
задното стакло.
Не употребувајте го ако задниот
прозорец е замрзнат.
Исклучете ги во перални за
автомобили.
Бришачот на задното стакло се
вклучува автоматски кога е вклучен бришачот на шофершајбната, а
менувачот е ставен во рикверц.Надворешна
температура
Падот во температурата се
прикажува веднаш, а
покачувањето на истата со
временско доцнење.
Ако надворешната температура
падне до 3 °C, симболот : се пали
на Triple-Info-Display или на
Board-Info-Display како
предупредување дека коловозот е
подмрзнат. : и понатаму свети
додека температурата не достигне
барем 5 °C.
Во возилата со
Graphic-Info-Display или Color-Info-Display, на екранот се
појавува предупредувачка порака
како предупредување дека
коловозот е подмрзнат. Нема
пораки под -5 °C.
9 Предупредување
Површината на патот може да
биде веќе подмрзната иако
екранот означува неколку
степени над 0 °C.
Page 90 of 243

88Иинструменти и контролиЧасовник
Датумот и времето се прикажуваат на Info-Display.
Board-Info-Display 3 102,
Graphic-Info-Display,
Color-Info-Display 3 105.
Местење на датумот и времето на Triple-Info-Display
Инфозабавниот систем треба да
биде исклучен. Активирајте го
режимот за поставување со
држење на копчето Ö притиснато
околу 2 секунди. Вредноста која
трепка се мести со употреба на
копчето ;. Копчето Ö се користи да
се вклучи следниот режим и да се
излезе од режимот за
поставување.
Автоматска синхронизација на
времето
Сигналот RDS од повеќето VHF
предаватели автоматски го местат
времето одреден од } на екранот.
Некои предаватели не испраќаат
точeн временски сигнал. Во
таквите случаи препорачуваме да
ја исклучите автоматската
синхронизација на времето.
Активирајте го режимот за
поставување и наместете го на
местење на годината. Држете го
копчето Ö притиснато околу
3 секунди додека не затрепка } на
екранот и не се појави „ RDS TIME“.
Функцијата се активира (RDS TIME
1) или деактивира (RDS TIME 0) со
копчето ;. Излезете од режимот за
поставки користејќи го копчето Ö.Штекери за напојување
Штекерите за напојување се
сместени во средишната конзола и во багажниот простор.
Page 107 of 243

Иинструменти и контроли105Сликовен информативен
екран, Информативен
екран во боја
Ги прикажува времето,
надворешната температура,
датумот или Инфозабавниот
систем (кога е вклучен) и системот за контрола на климатизацијата.
Color-Info-Display ја прикажува
информацијата во боја.
Видот на информациите и начинот
на нивното прикажување зависат
од опременоста на возилото и од
извршените поставки.
Oдбирање на функциите
Финкциите и поставките на
Инфозабавниот систем и системот за контрола на климатизација се
достапни преку екранот.
Изборите се вршат преку
изборниците и копчињата, копчето
за повеќе функции на
Инфозбавниот систем или левото
тркалце за местење на воланот.
Изберете со копчињата на
Инфозабавниот систем
Одбирајте ги изборните ставки
преку изборниците и користејќи ги
копчињата на Инфозабавниот
систем. ОК копчето се користи да
се избере означената ставка или
да се потврди некоја команда.
За да излезете од некој изборник,
притискајте го десното или левото
копче со стрелка додека Return
(Рикверц) или Main (Главно) не се
појави и одберете.
Избирање со контролата со повеќе
функции
Свртете го копчето за повеќе
функции за да ги облежите
изборните ставки или командите и
да изберете функциски области.