Page 89 of 243

Иинструменти и контроли87
Турнете ја рачката нанапред.
Бришачот на задното стакло брише
во периодичен режим. Исклучете
го со туркање на рачката нанапред повторно.
Ако рачката се држи нанапред,
течноста за миење се прска врз
задното стакло.
Не употребувајте го ако задниот
прозорец е замрзнат.
Исклучете ги во перални за
автомобили.
Бришачот на задното стакло се
вклучува автоматски кога е вклучен бришачот на шофершајбната, а
менувачот е ставен во рикверц.Надворешна
температура
Падот во температурата се
прикажува веднаш, а
покачувањето на истата со
временско доцнење.
Ако надворешната температура
падне до 3 °C, симболот : се пали
на Triple-Info-Display или на
Board-Info-Display како
предупредување дека коловозот е
подмрзнат. : и понатаму свети
додека температурата не достигне
барем 5 °C.
Во возилата со
Graphic-Info-Display или Color-Info-Display, на екранот се
појавува предупредувачка порака
како предупредување дека
коловозот е подмрзнат. Нема
пораки под -5 °C.
9 Предупредување
Површината на патот може да
биде веќе подмрзната иако
екранот означува неколку
степени над 0 °C.
Page 90 of 243

88Иинструменти и контролиЧасовник
Датумот и времето се прикажуваат на Info-Display.
Board-Info-Display 3 102,
Graphic-Info-Display,
Color-Info-Display 3 105.
Местење на датумот и времето на Triple-Info-Display
Инфозабавниот систем треба да
биде исклучен. Активирајте го
режимот за поставување со
држење на копчето Ö притиснато
околу 2 секунди. Вредноста која
трепка се мести со употреба на
копчето ;. Копчето Ö се користи да
се вклучи следниот режим и да се
излезе од режимот за
поставување.
Автоматска синхронизација на
времето
Сигналот RDS од повеќето VHF
предаватели автоматски го местат
времето одреден од } на екранот.
Некои предаватели не испраќаат
точeн временски сигнал. Во
таквите случаи препорачуваме да
ја исклучите автоматската
синхронизација на времето.
Активирајте го режимот за
поставување и наместете го на
местење на годината. Држете го
копчето Ö притиснато околу
3 секунди додека не затрепка } на
екранот и не се појави „ RDS TIME“.
Функцијата се активира (RDS TIME
1) или деактивира (RDS TIME 0) со
копчето ;. Излезете од режимот за
поставки користејќи го копчето Ö.Штекери за напојување
Штекерите за напојување се
сместени во средишната конзола и во багажниот простор.
Page 91 of 243
Иинструменти и контроли89
Не оштетувајте ги штекерите со
користење на несоодветни
приклучоци. Приклучувањето на
електрични апарати додека
моторот е изгаснат ќе го испразни
акумулаторот. Не надминувајте ја
максималната потрошувачка на
струја од 120 вати. Не
приклучувајте апарати што
произведуваат електрична струја,
на пр. електрични уреди за
полнење или акумулатори.
Електричните апарати што се
приклучени треба да ги
исполнуваат барањата за
електромагнетската
компатибилност поставени во
DIN VDE 40 839.Запалка
Запалката е во средишната
конзола.
Притиснете ја запалката навнатре. Таа се исклучува автоматски кога
спиралата ќе се зажари. Извлечете ја запалката.
Пепелници
Внимание
Се користат само за пепел, а не за запално ѓубре.
Пепелник, преден
Отворете го пепелникот кај
процепот.
Page 92 of 243
90Иинструменти и контроли
За да се испразни пепелникот,
притиснете ја пружината, отворете
го пепелникот докрај и извадете го.
Пренослив пепелник
Преносливиот пепелник може да
се стави во држачите за чаши.
Предупредувачки
светла, мерачи и
индикатори
Група инструменти
Во некои модели стрелките на
инструментите накратко се вртат
до крајната положба кога палењето
ќе се вклучи.
Брзиномер
Ја покажува брзината на моторот.
Километража
Долната линија ја прикажува
забележаното растојание.
Дневна километража Горната линија ги прикажува
километрите сметани од
последното препоставување.
За да ја вратите на нула, држете го копчето за препоставување
притиснато неколку секунди кога
палењето е вклучено.
Page 93 of 243
Иинструменти и контроли91Вртежомер
Ја прикажува брзината на моторот.Возете со мал број вртежи на
моторот за секоја брзина колку е
можно подолго.
Внимание
Ако стрелката е во црвената предупредувачка зона,
надмината е максимално
дозволената брзина на моторот. Моторот е во опасност.
Мерач за гориво
Го прикажува нивото на горивото
или притисокот на гасот во
резервоарот зависно од режимот
во кој работи.
Контролната сијаличка Y се пали
ако нивото во резервоарот е ниско.
Наполнете гориво веднаш ако
трепка.
При работење на природен гас,
прекинувачот автоматски се
префрлува на работење на бензин 3 92.
Кога работи на природен гас,
пораката LoFuEL се прикажува ако
нивото во резервоарот за бензин е
ниско. Потврдете ја пораката со
притиснување на копчето за
препоставување 3 90.
Никогаш не дозволувајте
резервоарот да се испразни докрај.
Поради останатото гориво во
резервоарот, количината н
аполнењето може да биде помалку од назначената зафатнина.
Page 94 of 243

92Иинструменти и контролиСелектор на гориво
Со притиснувањето на копчето Y се
префрлува меѓу употребите на
бензин или природен гас. Не е
можно префрлување при големи
оптоварувања (на пр. при големо
забрзување или возење под полн
гас). Состојбата на сијаличката го
покажува тековниот режим на
работа.
Работење
со природен
гас=Сијаличката е
изгасната.Работење
со бензин=Сијаличката
светнува.Откако резервоарите за природен
гас се празни, работењето со
бензин автоматски се вклучува додека не се исклучи палењето.
Ако резервоарите за природен гас
не се наполнети, системот треба
рачно да се префрли на
работењето со бензин, пред да се
запали моторот повторно. Тоа ќе го
спречи оштетувањето на
катализаторот (прегрејување
предизвикано од нередовното
снабдување со гориво).
Ако прекинувачот за одбирање се
користи повеќе пати за кратко
време, се активира функцијата за
блокирање на префрлувањето.
Моторот останува во актуелниот
работен режим. Блокирањето
останува активно додека не се
исклучи палењето.
Благо намалување на моќноста и
на вртежниот момент може да се
очекува при работење со бензин.
Затоа морате да ги приспособите
Вашиот стил на возење (на пр. за
време на маневри занадминување) и оптовареноста на
возилото (на пр. влечење товар) во склад со тоа.
Секои шест месеци испразнете го
резервоарот додека контролната
сијаличка Y не се запали и тогаш
наполнете. Тоа е потребно за да се
одржи квалитетот на горивото, како
и функционирањето на системот,
потребно за работење на бензин.
Редовно полнете го резервоарот
целосно за да се избегне
формирањето на корозија во
резервоарот.
Екран за сервисирање
Page 95 of 243
Иинструменти и контроли93
Пораката InSP се појавува кога е
време за сервисирање. Повеќе
информации 3 212.
Контролни сијалички Контролните сијалички што се
опишани ги нема во сите возила.
Описите важат за сите верзии на
инструментите. Кога палењето се
вклучува повеќето контролни
индикатори ќе се запалат за кратко време како тест за
функционирањето.
Боите на контролната сијаличка
значат:Црвена=Опасност, важен
потсетник,Жолта=Предупредување,
информација, дефект,Зелена=Потврдување на
активирањето,Сина=Потврдување на
активирањето.
Page 96 of 243
94Иинструменти и контроли