Page 209 of 407

Инфозабавнен систем207Допрете < (за да отворите појавен
изборник), па Додај во зачувани
локации , дадете име на
дестинацијата преку тастатурата,
па допрете Следно.
Се прикажува порака со прашање дали зачуваната адреса треба да
се постави како домашна адреса. Изберете Да или Не. Се прикажува
порака за потврдување дека
адресата е зачувана.Додавање миленик
На почетната страница, допрете
f за да го отворите изборникот на
омилени и изберете Навигација.
За да поставите некоја зачувана
дестинација како омилена, допрете
< (за да се отвори појавен
изборник), а потоа Додај омилена.
Изберете од прикажаниот список
за додавање зачувана дестинација во омилени.
За дополнителни информации,
видете во (NAVI 80 IntelliLink)
"Омилени" во делот "Вовед" 3 141.Избришете миленик
На почетната страница, допрете
f за да го отворите изборникот на
омилени и изберете Навигација.
Допрете < и изберете Отстрани ги
сите омилени или изберете
омилена од прикажаниот список и
изберете Отстрани омилена . Се
прикажува порака за потврда.
Допрете Избриши за да потврдите.
За дополнителни информации,
видете во (NAVI 80 IntelliLink)
"Омилени" во делот "Вовед" 3 141.
Водење Информации за маршрутата
NAVI 50 IntelliLink
За да ја видите маршрутата пред
да започне водењето, допрете 7,
потоа yNAVI / ýNav , па Маршрута
откако ќе се внесе дестинација.
За различните начини на
внесување дестинација, видете во
(NAVI 50 IntelliLink) "Внесување
дестинација" 3 201.Следните опции се достапни:
● Направи маршрута /Уреди
маршрута
Видете во (NAVI 50 IntelliLink)
"Уредување на план за
патување" подолу.
● Одбегнувања
Видете во (NAVI 50 IntelliLink)
"Уредување на план за
патување" подолу.
● Преглед
Видете подолу.
● Откажување маршрута
Видете во (NAVI 50 IntelliLink)
"Деактивирање на водењето"
подолу.
● Алтернативни маршрути
Видете во (NAVI 50 IntelliLink)
"Уредување на план за
патување" подолу.
● План за патување
Видете во (NAVI 50 IntelliLink)
"Уредување на план за
патување" подолу.
Page 210 of 407

208Инфозабавнен системПреглед
Кога екранот Маршрута е исклучен,
допрете Преглед за да добиете
детален план за тековната
маршрута и птичји поглед на
маршрутата на мапата.
Оваа опција на изборникот ги
содржи следните информации:
● име и/или адреса на дестинацијата
● вкупно време на маршрутата
● вкупно растојание на маршрутата
● посебни точки и делници на маршрутата (на пр. патарини,
автопати, итн.)
● алтернативни маршрути (на пр. Кратки, Брзи, Економични)Кога е прикажан екранот Преглед,
допрете Опции за да пристапите до
следните подизборници:
● Алтернативни маршрути
Видете во (NAVI 50 IntelliLink)
"Уредување на план за
патување" подолу.
● План за патување
Видете во (NAVI 50 IntelliLink)
"Уредување на план за
патување" подолу.
● Поставки за маршрутата
Видете во (NAVI 50 IntelliLink)
„Поставување на системот за
навигација“ 3 187.
● Симулирање навигација
Видете подолу.
Забелешка
До овие опции може да се
пристапи и во текот на водењето
на маршрутата со допирање на
областа „Информации за
патувањето“, (на пример,
проценето време на пристигање,
вкупно преостанато растојание)
на екранот за прикажување.Погледнете во
(NAVI 50 IntelliLink) "Информации
на екранот" во делот
„Користење“ 3 187.Симулирање навигација
Оваа функција ви овозможува да
видите брз преглед на
предложената маршрута.
Следните опции се достапни:r:Започни или паузирај
симулација на
маршрутатаf:Премини на
претходниот маневарe:Премини на следниот
маневар1x / 4x / 8x:Зголеми ја брзината
на симулацијата на
маршрутатаr / q:Врати се на
претходниот приказ
NAVI 80 IntelliLink
За да ја погледнете маршрутата пред да започне водењето,
допрете < (за да отворите појавен
изборник), а потоа изберете
Детали за маршрутата откако ќе се
внесе дестинација.
Page 211 of 407

Инфозабавнен систем209Следните опции се достапни:● Прикажување насоки :
Го прикажува планот на
маршрутата.
Прикажани се следните
детали:
● стрелки за менување на насоката
● видови на патишта
● имиња на улици
● оддалеченост пред разгранување на патот (км/
милји)
● Прикажување карта на
маршрутата :
Погледнување на картата на
маршрутата.
● Прикажување демо на
маршрутата :
Покажува демонстрација на
маршрутата.
● Краток преглед на маршрута :
Врати се на претходниот
приказ.
Прикажани се деталите за
времето на патувањето,растојанието и видот на
маршрутата. Видете во
(NAVI 80 IntelliLink)
"IQ routes™" во делот
"Внесување дестинација"
3 201.
● Прикажување дестинација :
Покажува промени во насока
како слики.
● Прикажување на сообраќајот
по маршрутата :
Прикажува преглед на сите
сообраќајно незгоди кои може да влијаат врз тековното
патување, со детално
погледување незгода по
незгода.
Со претплатување на услугата
ВО ЖИВО, табулаторот "Во
живо" обезбедува подетален
преглед на патувањето (на пр.
доцнењата поради
сообраќајот, статични и
подвижни камери за брзина).
За дополнителни информации,
видете во (NAVI 80 IntelliLink)
"Услуги ВО ЖИВО" во делот
"Употреба" 3 187.Уредување на план за
патување
NAVI 50 IntelliLink
Функцијата овозможува да се
погледне и промени планот на
маршрутата до внесената
дестинација.
За да пристапите во секое време,
допрете 7, потоа yNAVI / ýNav , па
Маршрута . Изберете План за
патување .
Ќе се појават следните
информации:
● стрелки за менување на насоката
● број на улица
● растојание пред промена на насоката
Допрете Опции за да ги менувате и
подредите деталите на
маршрутата.
Следните опции се достапни: ● Краток преглед
Ја покажува секоја точка на
патот и дестинацијата,
вклучувајќи го и растојанието
Page 212 of 407

210Инфозабавнен системна точката на патот,
преостанато време до
следната точка на патот и
времето на пристигнувањето.
● Нормално
Го покажува секој маневар, со
називи на улици или места,
растојание и броеви на
делници на маршрутата.
Оваа опција покажува и
информации за патокази,
ограничувања за пристап и
маневар, предупредувања и информации за претпочитани
поставки на системот.
● Список на улици
Ги покажува само главните
делници на маршрутата со
користење на имиња/броеви
на улиците.
Оваа опција ја покажува и
должината на секоја делница,
преостанато време до следна
делница, времето на
пристигнување и просечната
насока.Исто така, овие опции на планот за патување/маршрутата може да се
променат со допирање на
картичката „Насоката и
растојанието до следното
менување на насоката“ на екранот
во текот на водењето на
маршрутата. Изберете Опции за да
ги менувате и подредите деталите на маршрутата.
Погледнете во (NAVI 50 IntelliLink)
"Информации на екранот",
"Прикажување мапа" во делот
Користење 3 187.Уредување маршрута
За да ја уредите маршрутата со
промена на списокот на точки на
патот, допрете 7, потоа yNAVI /
ý Nav , Маршрута , па Уредување
маршрута на екранот за
прикажување.
Следните опции се достапни:Горен дел <:Додавање точка на
патотДолен
дел <:Додавање нова
дестинацијаë:Бришење дестинацијаy:Промена на адресата
на поаѓање на
маршрутата
(достапно во
зависност од
верзијата)
За да го промените редоследот на
точките на патот на списокот,
допрете Опции, потоа
Прераспореди , па поместете ги
точките на патот нагоре/надолу.
За различните начини на
внесување дестинација, видете во
(NAVI 50 IntelliLink) "Внесување
дестинација" 3 201.
Одбегнувања
За да ја уредите маршрутата со
одбегнување на одредени
делници, допрете 7, потоа yNAVI /
ý Nav , Маршрута , па Одбегнувања .
Изберете делница од списокот на
екранот за прикажување која
сакате да ја одбегнете.
Одбегнатата делница се означува
со црвено.
Потврдете ја новата маршрута со
допирање OK.
Page 213 of 407

Инфозабавнен систем211Алтернативни маршрути
За да го промените начинот на
планирање на маршрутата,
допрете 7, потоа yNAVI / ýNav ,
Маршрута , па Алтернативни
маршрути .
Достапни се следните опции,
секоја со растојание и предвидено
време:
● брза
● кратка
● економична
Изберете една од опциите и
потврдете ја новата маршрута со
допирање r.
За дополнителни информации,
видете во (NAVI 50 IntelliLink)
"Поставување на системот за
навигација" во делот "Употреба"
3 187.
NAVI 80 IntelliLink
Патувањата може да се планираат
однапред со избирање на
почетната точка и дестинацијата.
На почетната страница, допрете
ИЗБОРНИК , потоа Навигација , па
Планови за патување .Изберете точка на поаѓање на
истиот начин како што внесувате
дестинација. Видете во
(NAVI 80 IntelliLink) "Внесување
дестинација" 3 201. Потоа
изберете дестинација, изберете го
видот на маршрутата и потврдете.
Системот ја планира маршрутата и Ви овозможува да ги погледнете
деталите.Менување маршрута
За да ја промените маршрутата во
текот на активното водење на
маршрута, од почетната страница допрете ИЗБОРНИК , потоа
Навигација , па Менување
маршрута .
Следните опции се достапни: ● Пресметување алтернатива
● Откажување маршрута
● Патување преку
● Одбегнување блокирање на
патот
● Одбегнување на дел од
маршрутата
● Намалување на минимум на
доцнењатаПресметување алтернатива
Изберете за да пресметате
алтернативна маршрута на
дестинацијата.Откажување маршрута
Изберете за да го прекинете
тековното водење по маршрутата.
За да го стартувате водењето,
допрете Вози до... , па Последни
дестинации и повторно изберете ја
маршрутата.Патување преку (точки на патот)
Изберете за да ја промените
пресметаната маршрута на
Вашата дестинација за да вклучите одредена локација (точки на
патот).
Местоположбата што ќе ја
вклучите се внесува на истиот
начин како и внесувањето
дестинација.
Изберете од истиот список на
опции, на пр. "Адреса", "Зачувани
локации", "Точка на интерес",
"Точка на мапа".
Видете во (NAVI 80 IntelliLink)
"Внесување дестинација" 3 201.
Page 214 of 407

212Инфозабавнен системОдбегнување блокирање на патот
Изберете ја оваа опција доколку
блокирањето не е во моментот
назначено од сервисот за
Сообраќајни информации.
Видете во (NAVI 80 IntelliLink)
"Сообраќајни информации"
подолу.
Изберете го растојанието (во
метри) од маршрутата која треба
да се избегне, на пр. "100м", "500м",
"2000м", "5000м".
Маршрутата повторно се
пресметува со одбегнување на
делницата на маршрутата за
одбраното растојание.Одбегнување на дел од
маршрутата
Изберете за да одбегнете дел од
маршрутата. Одберете ја таа
улица која ќе се одбегне од листата на улиците во должина на
маршрутата.Намалување на минимум на
доцнењата
Изберете за да ја планирате
маршрутата врз основа на
најпоследните сообраќајни
информации.
Деактивирање на водењето
NAVI 50 IntelliLink
За да го запрете водењето на
маршрутата кога тоа е во тек,
допрете 7, потоа yNAVI / ýNav ,
Маршрута , па Откажи маршрута .
NAVI 80 IntelliLink
За да го запрете водењето на
маршрутата кога тоа е во тек,
допрете <, па Избриши ја
маршрутата .
Прегледување на картата
NAVI 50 IntelliLink
За да пристапите до екранот за
карти во секое време, допрете 7,
па sКАРТА .Допрете некаде на картата.
Курсорот ја покажува моментално
избраната позиција. За да се
движите во картата, повлечете го
курсорот во посакуваната насока.
За дополнителни ракувања со
контроли, видете во
(NAVI 50 IntelliLink) "Прикажување
на картата" во делот "Употреба"
3 187.Изборник на опции
Кога е прикажан екранот за карти,
допрете Опции за да се прикаже
следното:
● Поставки за маршрутата :
Видете во (NAVI 50 IntelliLink)
"Поставување на системот за
навигација" во делот
"Употреба" 3 187.
● Поставки на картата :
Видете во (NAVI 50 IntelliLink)
"Поставување на системот за
навигација" во делот
"Употреба" 3 187.
● Каде сум? :
Видете во (NAVI 50 IntelliLink) "ПОМОШ!" подолу.
Page 215 of 407

Инфозабавнен систем213NAVI 80 IntelliLink
За да пристапите до екранот за
карти без навигација, на почетната
страница допрете ИЗБОРНИК,
потоа Навигација , па Погледни
карта .
Допрете некаде на картата.
Курсорот ја покажува моментално
избраната позиција. За да се
движите во картата, повлечете го
курсорот во посакуваната насока.
Кога е прикажан екранот на
картата, допрете < за да отворите
појавен изборник кој ги содржи
следните опции:
● Користете ја оваа локација за...
● Пронајди
● Промени ги деталите на
картата
● Додади во зачувани локацииКористете ја оваа локација за...
Изберете ја оваа опција за да
изведете некое од следните
дејствија:
● сосредоточување на картата на местоположбата на
возилото
● навигирање до некоја точка на картата
● пребарување на некоја точка на картата
● додавање на некоја точка на картата до омилените
● додавање на некоја точка на картата до списокот на POI
● поправање на местоположбата на Вашето
возилоПронајди
Изберете ја оваа опција за сосредоточување на картата на:
● зачуваната домашна адреса
● зачувана адреса
● некоја адреса
● некоја скорешна дестинација
● локално пребарување● некоја точка од интерес
● моментална позиција на возилото
● координирање (географска ширина / должина)Промени ги деталите на картата
Изберете ја оваа опција за да ги
вклучите/исклучите следните
поставки на картата:
● сообраќај
● имиња
● точки од интерес (POI)
● позадина со карта на сателитски слики
● GPS координатиДодади во зачувани локации
Изберете ја оваа опција за да ја
додадете моменталната
местоположба на картата како зачувана дестинација. Користете ја
тастатурата за да внесете име или
да го потврдите предложеното
име.
За ракување со тастатурата,
видете во (NAVI 80 IntelliLink) "
Ракување со тастатури на екранот "
во делот " Употреба" 3 187.
Page 216 of 407

214Инфозабавнен системПомош!
NAVI 50 IntelliLink
Кога ќе се прикаже екранот на
картата, допрете Опции, па Where
am I? (каде сум?) за да проверите
за корисни информации за
моменталната локација и да
пребарате за точки од интерес
(POI) во близина.
За да пристапите до екранот за
карти во секое време, допрете 7,
па sКАРТА .Where am I? (каде сум?)
Оваа опција на изборникот ги
содржи следните информации:
● моментална местоположба (адреса)
● географска ширина
● географска должина
● надморска висина
● GPS статус
Допрете Опции за да се прикажат
следните опции:
● Додади во омилени
Видете во (NAVI 50 IntelliLink)
"Внесување дестинација","Додавање и зачувување
омилени" за дополнителни
информации 3 201.
● Информации за државата :
Видете во "Информации за
државата" подолу.Информации за државата
Оваа функција Ви овозможува да
ги проверите информациите за
државата и законодавството за
моменталната местоположба.
Кога ќе се прикаже екранот Where
am I? (каде сум?) , допрете Опции,
па Информации за државата .
Оваа опција на изборникот ги
содржи следните информации:
● ограничувања на брзината
● телефонска шифра на државата (Меѓународен
повикувачки код на пр. +49)
● број за итен повик (на пр. 112)
● правни ограничувања, на пр.: ● услови за опрема за возилото, на пр.
предупредувачки
триаголник, прибор за првапомош, противпожарен
апарат, резервни сијалици,
флуоресцентно палто итн.
● закон за предни фарови
● максимално ниво на алкохол во крвта
● закон за ланци за снег
● закон за зимски гумиПомош во непосредна близина
Оваа функција ви овозможува да
побарате помош во близина на
моменталната локација.
Кога ќе се прикаже екранот Where
am I? (каде сум?) , допрете Помош
во близина .
Оваа опција на изборникот ги
содржи следните информации:
● Поправање автомобили во
близина (Услуги за поправање
возила)
● Здравство во близина
(Медицински и итни услуги)
● Полиција во близина
(Полициски станици)
● Бензинска станица во близина
(Бензински станици)