Page 297 of 407

Возење и ракување295
Системот се состои од четири
ултразвучни сензори за паркирање во задниот браник и, ако е
достапно, четири ултразвучни
сензори за паркирање во предниот браник.
Ултразвучните сензори за
паркирање може да се активираат
или деактивираат во изборникот за поставки во Инфо-екранот.
Забелешка
Додадените предмети во опсегот
на забележувањето
предизвикуваат неиспавности во
системот.
Активирање
Задната помош за паркирање сеактивира кога ќе се избере
рикверц. Предната помош за
паркирање се активира кога ќе се избере некој степен на пренос. На
подготвеноста за работа укажува
краток звучен сигнал.
Показател
Периодот помеѓу звучните сигнали
се скратува како што возилото се
приближува до пречката. Кога
растојанието е помало од 30 см,
звучниот сигнал е непрекинат.
Освен тоа, оддалеченоста до
пречките се прикажува со
променливи линии за
оддалеченост во Инфо-екранот.
Деактивирање
Системот може да се деактивира
со притискање на =. Кога ќе се
деактивира, светнува LED-
сијаличката во копчето. Во
зависност од верзијата, системот
може да се деактивира и во
изборникот за поставки во Инфо-
екранот.
Page 298 of 407

296Возење и ракувањеРачно деактивирање
Системот мора да се деактивира
пред влечење или ако сензорите се
оштетени.
Автоматско деактивирање
Системот автоматски ќе се
деактивира кога:
● брзината на возилото е над 10 км/ч
● лостот на менувачот во N
● во зависност од верзијата, кога
возилото стои во место
подолго од околу 5 секунди и ќе
се открие пречка
Дефект
Ако системот открие дефект во
работата, се слуша постојано
звучно предупредување околу
3 секунди. Посоветувајте се со
автомеханичар за да Ви ја
отстранат причината на дефектот.Внимание
Кога се вози во рикверц, во
околината не смее да има
пречки кои може да го удрат
долниот дел на возилото.
Ударот на задната оска, кој
можеби не е видлив, може да
доведе до некарактеристични
измени во управувањето со
возилото. Во случај на таков
удар, посоветувајте се со
автомеханичар.
Основни белешки за системот
за помош за паркирање
9 Предупредување
Во одредени услови, сјајните
површини на разни предмети
или на облека, како и
надворешните извори на
бучава, може да предизвикаат системот да не ги открие
пречките.
Треба да се обрне посебно
внимание на ниските пречки
што може да го оштетат долниот дел на браникот.Внимание
Перформансите на сензоритеможе да се намалат кога
сензорите се прекриени, на пр.
со мраз или снег.
Перформансите на системот за
помош при паркирање може да
се намалат поради голема
оптовареност.
Важат посебни услови ако се
работи за повисоки возила (на
пр. возила за неасфалтирани
патишта, комбија, камионети).
Идентификацијата на предмети
во горните делови од такви
возила не може да се гарантира.
Системот може да не открие
предмети со многу мала
површина за одразување, на пр. тесни предмети или меки
материјали.
Page 299 of 407

Возење и ракување297Системот за помош за
паркирање нема да открива
предмети кои се надвор од
опсегот за откривање на
сензорите.
Известување за
странична слепа точка
Системот за известување за
странична слепа точка открива и
пријавува предмети од двете
страни на возилото, во одредена
мртва зона. Системот прикажува
визуелно предупредување во секој
страничен ретровизор кога открива
објекти што може да не се видливи во внатрешниот и страничните
ретровизори.
Известувањето за странична слепа точка користи дел од сензорите за
помош за паркирање што се
наоѓаат на предниот и задниот браник од двете страни на
возилото.
9 Предупредување
Известувањето за странична
слепа точка не го заменува
видот на возачот.
Системот не открива:
● возила вон страничните слепи зони што може да сеприближуваат брзо
● пешаци, велосипедисти или животни
Пред менување лента, секогаш
проверувајте ги сите
ретровизори, погледнете преку
рамо и користете го трепкачот.
Активирање
Системот е активен кога брзината
на возилото е помеѓу 30 км/ч и
140 км/ч.
Деактивирање
За да го деактивирате системот,
притиснете . кога палењето е
вклучено. Кога ќе се деактивира, светнува LED-сијаличката во
копчето.
За повторно да го активирате
системот, повторно притиснете ..
LED-сијаличката во копчето се
исклучува.
Page 300 of 407

298Возење и ракувањеФункционалност
Кога системот ќе открие возило во
страничната слепа зона додека
возите напред, ќе светне LED-
сијаличка во соодветниот
страничен ретровизор.
LED-сијаличката се исклучува
веднаш по претекнувањето.
LED-сијаличката се вклучува по
кратко време кога бавно
претекнувате друго возило.
LED-сијаличката трепка кога
трепкачите се активирани и е
откриено возило.
Услови за работа
Следниве услови мора да бидат
исполнети за правилна работа:
● сите возила се движат во ист правец и во соседни ленти
● брзината на вашето возило е помеѓу 30 км/ч и 140 км/ч
● сообраќајот е нормален
● возење на прав пат или пат со мали кривини
● возилото не влече приколка
● сензорите не се покриени со кал, мраз или снег
● зоните за предупредување во страничните ретровизори или
зоните на откривање на
предниот и задниот браник не
се покриени
Нема да се даде предупредување
во следниве ситуации:
● во присуство на објекти што не
се движат, на пример,
паркирани возила, пречки,
улични сијалици, сообраќајни
знаци● со возила што се движат во спротивен правец
● при возење на пат со многу кривини или со остар агол
● кога претекнувате или ве претекнува многу долго
возило, на пример, камион,
шлепер, коешто во исто време
е откриено назад во аголот од
слепата точка и е присутно во
предното видно поле на
возачот
● во многу густ сообраќај, возилата откриени напред и
назад се мешаат со камион или објект што не се движи
● кога претекнувате многу брзо
Дефект
Во случај на дефект, во групата
инструменти ќе се прикаже
соодветна порака. Нека Ви ја
отстрани причината на дефектот
автомеханичар.
Page 301 of 407

Возење и ракување299Ретровизорска камера
Ретровизорската камера му помага на возачот кога вози наназад такашто прикажува поглед на областа
зад возилото или во ретровизорот
или на Инфо-екранот.9 Предупредување
Ретровизорската камера не го
заменува видот на возачот.
Имајте предвид дека предмети
што се надвор од полето на
видливоста на камерата, на пр.
под браникот или под возилото,
не се прикажуваат.
Не возете наназад со возилото
гледајќи само во екранот и
проверете го подрачјето одзади и околу возилото пред да возите
наназад.
Камерата е обично инсталирана на
задните врати, под украсите на
регистарската табличка.
Подрачјето што го прикажува
камерата е ограничено.
Оддалеченоста на сликата што се
појавува на екранот се разликува
од фактичката оддалеченост.
Екран за заден приказ 3 44.
Забелешка
За постигање на оптимална
видливост, ретровизорската
камера не смее да биде
попречувана со нечистотија, снег
или лед.
Активирање
Приказ на ретровизорот
Приказот на ретровизорот се
активира автоматски кога возилото ќе се стави во рикверц. Звучен
сигнал го потврдува активирањето.
Page 302 of 407

300Возење и ракувањеИнфо-екран
Кај возила без приказ на
ретровизорот, екранот на
ретровизорската камера се
прикажува на Инфо-екранот.
Приказ на слика на лентата на
траекторијата (1)
Во зависност од верзијата,
патеката на движење (1) на
возилото се прикажува со сина боја на Инфо-екранот. Ја прикажува
патеката на возилото во
согласност со аголот на
управување.
Приказ на слика на фиксната лента (2)
Приказот на права лента (2) ја
покажува патеката на возилото ако
тркалата се држат право.Линиите водилки (3, 4, 5) се
користат заедно со приказот на
права лента (2) и укажуваат на растојанието зад возилото.
Интервалите на линиите водилки
се следниве:3 (црвено):30 см4 (жолто):70 см5 (зелено):150 смПоставки
Поставките, на пр. осветленоста,
можат да се постават преку
Инфозабавниот систем. Видете во Прирачникот на инфозабавниот
систем за повеќе информации.
Деактивирање
Камерата се исклучува по извесно
време ако не е ставено во рикверц.
Дефект
Ретровизорската камера може да не работи правилно кога:
● наоколу е темно
● сонце или фарови светат директно во објективот на
камерата
Page 303 of 407

Возење и ракување301●мраз, снег, кал или нешто друго
го прекрива објективот на
камерата. Исчистете го
објективот, исплакнете го со
вода и избришете го со мека
крпа
● задните врати не се затворени правилно
● возилото се судрило од задната страна
● има екстремни промени на температурата
Предупредување за напуштање лента
Системот за предупредување за
напуштање лента користи предна
камера за набљудување на
ознаките за ленти помеѓу кои
возилото вози. Системот ги
детектира менувања на лентата и
го предупредува возачот во случај
на ненамерно менување на
лентата со визуелни и звучни
сигнали.Критериуми за откривање на
ненамерното менување на лента се:
● неработење на трепкачите
● немање активното управување
со воланот
Ако возачот ги врши овие
активности, нема да се издаде
никакво предупредување.
Активирање
Системот за предупредување за
напуштање лента се активира со
притискање на Q во централната
конзола. Во Информативниот
центар за возачот ќе се појави
соодветна порака за да покаже
дека системот е вклучен.
Кога Q 3 111 свети во
Информативниот центар за
возачот, системот е подготвен за
работа 3 115.
Q се исклучува кога системот не е
подготвен да го предупреди
возачот.
Со системот може да се работи
само при брзини на возилото
приближно над 60 км/ч и ако
лентите за обележување постојат и се откриени.
Page 304 of 407

302Возење и ракувањеАко трепкачите не се вклучат при
менувањето ленти, односно се
открие ненамерно менување на лентата, контролната сијаличка Q
светнува заедно со мелодија за
предупредување за да го
предупреди возачот.
Деактивирање Системот се деактивира со
притискање на Q. Во
Информативниот центар за
возачот ќе се појави соодветна
порака за да покаже дека системот
е исклучен.
При брзини под 60 км/ч со системот
не може да се работи.
Совети за ракување
Системот за предупредување за
напуштање на лента може да не
работи правилно кога:
● Шофершајбната не е чиста.
● Има неповолни услови од околината како јак дожд, снег,
директна сончева светлина
или сенки.● Напуштањето на лентата е многу брзо.
● Забрзувањето е многу големо.
● Линиите се тесни.
● Постојано се вози на линија.
Системот не може да работи кога
не е откриена ознака за линија.
Дефект
Во случај на дефект во системот,
во Информативниот центар за
возачот се појавува
предупредувачка порака (можно е
да биде во комбинација со
контролната сијаличка j).
Побарајте помош од
автомеханичар.
Информативен центар за возачот
3 115.Гориво
Гориво за мотори на дизел
Дизел моторите се компатибилни
со биогорива кои ги исполнуваат
тековните и идните европски
стандарди и можат да се добијат од
бензински станици:
Дизел гориво што го исполнува
стандардот EN590 помешано со
биогориво што го исполнува
стандардот EN14214 (може да
содржи до 7% метил естер на
масни киселини).