Page 177 of 407

Инфозабавнен систем175Музика Bluetooth
Општи информации Дополнителните извори на звук со
овозможен Bluetooth (на пример,
музички мобилни телефони, МП3-
уреди со Bluetooth итн.) може да се
поврзат безжично со
Инфозабавниот систем.
Важни информации ● Инфозабавниот систем се поврзува само со уреди
Bluetooth што го поддржуваат
A2DP (Advanced Audio
Distribution Profile - Напреден
профил за дистрибуција на
звук). Може да се појават
проблеми со поврзувањето со
поранешните верзии.
● Уредот Bluetooth мора да поддржува AVRCP (Audio
Video Remote Control Profile - Профил за далечинско
управување со аудио-видео)
верзија 1,0 или понова. Ако
уредот не го поддржуваAVRCP, преку Инфозабавниот
систем може да се контролира
само гласноста.
● Пред да поврзете уред со Bluetooth со Инфозабавниот
систем, запознајте се со
инструкциите за работа за
функциите на Bluetooth.
Ракување
Предуслови Мора да се задоволат следнитепредуслови за да се контролира
аудио уред со активиран Bluetooth
преку Инфозабавниот систем:
● Функцијата Bluetooth на Инфозабавниот систем мора
да е активирана.
Видете во "Поврзување
Bluetooth" во делот "Телефон"
3 225.
● Функцијата Bluetooth на помошниот извор на звук соактивиран Bluetooth мора да е
активирана (видете ги
инструкциите за ракување со
аудио уреди).● Во зависност од изворот на звукот, можеби ќе треба да се
постави тој уред на
„visible“ (видлив) (видете ги
инструкциите за ракување со аудио уреди).
● Изворот на звукот со Bluetooth мора да биде спарен и поврзан
со Инфозабавниот систем.
Радио 15 USB
Поврзување Bluetooth
Мора да се постави врска меѓу
аудио уредот и Инфозабавниот
систем преку Bluetooth, т.е. уредот
мора да се спари со возилото пред да се користи.
Видете во "Поврзување Bluetooth"
во делот "Телефон" 3 225.
● Најмногу пет аудио уреди може
да се спарат и зачуваат восписокот на уреди, но само
еден може да се приклучи во
исто време.
Page 178 of 407

176Инфозабавнен систем●Ако уредот ги има и функциите
за аудио плеер и за телефон,
двете функции ќе се спарат.
Спарување на мобилен
телефон 3 223.
● Функциите на телефонот ќе останат активни додека се
користи аудио плеерот, а
репродукцијата на звукот ќе се
прекине во текот на
користењето на телефонот.
Спарување на помошен аудио
уред со Инфозабавниот систем
За да спарите аудио уред,
притиснете TEL и изберете Спари
уред со вртење и притискање на
OK . Се прикажува екранот
Подготвено за спарување .
Потоа, на аудио уредот, побарајте
опрема со Bluetooth во близина на
уредот.
Изберете My Radio (Мое радио)
(т.е. името на системот) од списокот на аудио уредот, а потоа,
ако има, на тастатурата на аудио
уредот внесете ја шифрата за
спарување прикажана на екранот
на Инфозабавниот систем.Забелешка
Ако аудио уредот нема екран,
внесете ја стандардната шифра
за спарување на уредот, а потоа
на Инфозабавниот систем.
Видете во упатството за употреба за стандардната шифра за
спарување на аудио уредот,
обично е 0000. Зависно од уредот,
шифрата за спарување може ќе
треба да се внесе по обратен
редослед, т.е. првин на
Инфозабавниот систем.
Ако спарувањето не успее,
системот се враќа на претходниот
изборник и се прикажува соодветна порака. Повторете ја постапката
ако тоа е неопходно.
Кога спарувањето ќе заврши, на
екранот на Инфозабавниот систем
се прикажува потврдна порака, а по
неа името на спарениот аудио
уред.
Забелешка
Кога е активно поврзување
Bluetooth, контролата на аудио
уредот преку Инфозабавниот
систем побрзо ќе ја испразни
батеријата на аудио уредот.Поврзување аудио уред
Аудио уредиет се поврзуваат
автоматски со Инфозабавниот
систем откако ќе заврши
постапката за спарување.
За да се поврзе аудио уред откако
е спарен или за да се поврзе
различен спарен аудио уред од
тековниот, притиснете TEL и
изберете го изборникот Избирање
уред . Списокот на уредите ги
покажува веќе спарените аудио
уреди.
Изберете го саканиот уред од
списокот и потврдете со
притискање OK. Порака на екранот
го потврдува поврзувањето.
Исклучување аудио уред
За да ја прекинете врската на
аудио уред со Инфозабавниот
систем, притиснете TEL (или
SETUP ) и изберете Bluetooth
connection (Bluetooth врска) .
Изберете го саканиот уред од
списокот, потоа изберете
Disconnect the device (откачување
на уредот) и потврдете со
Page 179 of 407

Инфозабавнен систем177притискање OK. Порака на екранот
го потврдува прекинувањето на
врската.
Исклучувањето на аудио уредот
или деактивирањето на
функцијата Bluetooth на аудио
уредот исто така го исклучува
уредот од Инфозабавниот систем.
Исклучување на спарувањето на
помошен аудио уред од
Инфозабавниот систем
Ако списокот на спарените аудио
уреди е полн, нов уред може да се
спари само ако се исклучи
спарувањето со постоечки уред.
За да отспарите, т.е. за да
избришете аудио уред од
меморијата на системот,
притиснете TEL и изберете
Избриши уред . Изберете го
саканиот аудио уред од списокот и
притиснете OK за да го потврдите
бришењето кога ќе се побара.
Ракување преку Инфозабавниот
систем
При безжично спарување и
поврзување, репродукцијата на
звукот започнува автоматски.Со аудио уредот тогаш може да се
ракува преку функциските копчиња
на Инфозабавниот систем,
вртливите копчиња и изборниците
на екранот.
Опсегот на достапните функции со
кои може да се ракува преку
Инфозабавниот систем зависи од
типот на аудио плеерот.
NAVI 50 IntelliLink
Поврзување Bluetooth
Мора да се постави врска меѓу
аудио уредот и Инфозабавниот
систем преку Bluetooth, т.е. уредот
мора да се спари со возилото пред да се користи.
Видете во (NAVI 50 IntelliLink)
"Поврзување Bluetooth" во делот
"Телефон" 3 225.
● Најмногу пет аудио уреди може
да се спарат и зачуваат на
списокот на уреди, но само
еден може да се приклучи во
исто време (во зависност од
верзијата, може да се спарат
најмногу осум аудио уреди).● Ако уредот ги има и функциите
за аудио плеер и за телефон,
двете функции ќе се спарат.
Спарување на мобилен
телефон 3 223.
● Функциите на телефонот ќе останат активни додека се
користи аудио плеерот, а
репродукцијата на звукот ќе се
прекине во текот на
користењето на телефонот.
Спарување на помошен аудио
уред со Инфозабавниот систем
За да го спарите аудиоуредот,
допрете 7, па ÿПоставки .
Изберете Поврзување , па
Пребарување за уред со Bluetooth
или Овластување за надворешен
уред .
На аудио уредот, побарајте опрема
со Bluetooth во близина на уредот.
Изберете го името на
Инфозабавниот систем (на пр.
Media Nav Evolution ) од списокот на
аудио уреди, а потоа, (ако е
потребно) на тастатурата на аудио
Page 180 of 407

178Инфозабавнен системуредот внесете ја шифрата за
спарување прикажана на екранот
на Инфозабавниот систем.
Стандардната шифра за
спарување е 0000. За да ја
промените шифрата за спарување пред да започне постапката за
спарување, изберете Промена на
лозинка за ажурирање.
Забелешка
Ако аудио уредот нема екран,
внесете ја стандардната шифра
за спарување на уредот, а потоа
на Инфозабавниот систем.
Видете во упатството за употреба за стандардната шифра за
спарување на аудио уредот,
обично е 0000. Зависно од уредот,
шифрата за спарување може ќе
треба да се внесе по обратен
редослед, т.е. првин на
Инфозабавниот систем.
Ако спарувањето не успее,
повторете ја постапката ако тоа е
неопходно.Забелешка
Кога е активно поврзување
Bluetooth, контролата на аудио уредот преку Инфозабавниотсистем побрзо ќе ја испразни
батеријата на аудио уредот.
Поврзување аудио уред
Аудио уредиет се поврзуваат
автоматски со Инфозабавниот
систем откако ќе заврши
постапката за спарување.
За да го промените поврзаниот
аудио уред, допрете 7, па
ÿ Поставки .
Потоа изберете Поврзување, па
Приказ на списокот на уреди со
Bluetooth . Списокот на уредите ги
покажува веќе спарените аудио
уреди.
Изберете го саканиот аудио уред
од списокот и потврдете со
допирање ОК.
Исклучување аудио уред
Исклучувањето на аудио уредот
или деактивирањето на
функцијата Bluetooth на аудио
уредот го исклучува уредот од
Инфозабавниот систем.Исклучување на спарувањето на
помошен аудио уред од
Инфозабавниот систем
Ако списокот на спарените аудио
уреди е полн, нов уред може да се
спари само ако се исклучи
спарувањето со постоечки уред.
За да го раскинете спарувањето,
односно за да избришете аудио
уред од меморијата на системот,
допрете 7, па ÿПоставки .
Изберете Поврзување , па
Прикажување на списокот на уреди
со Bluetooth .
Изберете го саканиот аудио уред
од списокот, па допрете ë за да го
избришете уредот. Ако е потребно,
избришете ги сите уреди од
списокот со избирање Опции, а
потоа Избриши ги сите . Потврдете
со ОК .
Ракување преку Инфозабавниот
систем
При безжично спарување и
поврзување, репродукцијата на
звукот започнува автоматски.
Page 181 of 407

Инфозабавнен систем179Аудио уредот потоа може да се
ракува преку опциите на екранот на
Инфозабавниот систем.
Опсегот на достапните функции со
кои може да се ракува преку
Инфозабавниот систем зависи од
типот на аудио плеерот.
Ракувањето со аудио уредот кога е поврзан безжично е слично со
ракувањата со репродукција на
меморираните аудио датотеки
преку USB приклучок. Видете во
(NAVI 50 IntelliLink) „Репродукција
на музика преку USB приклучок" во
делот "USB приклучок" 3 172.
NAVI 80 IntelliLink
Поврзување Bluetooth
Мора да се постави врска меѓу
аудио уредот и Инфозабавниот
систем преку Bluetooth, т.е. уредот
мора да се спари со возилото пред да се користи.
● Постои најголем број на аудио уреди кои може да се спарат и
зачуваат на списокот на
уредите, но само еден може да
се приклучи одеднаш.● Ако уредот ги има и функциите
за аудио плеер и за телефон,
двете функции ќе се спарат.
Спарување на мобилен
телефон 3 223.
● Функциите на телефонот ќе останат активни додека се
користи аудио плеерот, а
репродукцијата на звукот ќе се
прекине во текот на
користењето на телефонот.
Спарување на помошен аудио
уред со Инфозабавниот систем
На почетната страница, допрете ИЗБОРНИК , потоа Мултимедија ,
па Поставки .
Изберете Медиуми за да
пристапите на изборникот за
поставки на медиуми, потоа
изберете ја опцијата „Управување
со уреди Bluetooth“/„Конфигурирај поврзување Bluetooth“.
Постапката на спарување е слична
со спарување на мобилен
телефон. Видете во
(NAVI 80 IntelliLink) "Поврзување
Bluetooth" во делот "Телефон"
3 225.Поврзување аудио уред
Аудио уредиет се поврзуваат
автоматски со Инфозабавниот
систем откако ќе заврши
постапката за спарување.
Во секое време, променете го
аудио изворот во Bluetooth начин
за репродуцирање датотеки од поврзан уред со Bluetooth.
На почетната страница, изберете
ИЗБОРНИК , потоа Мултимедија ,
па Медиуми .
Во зависност од верзијата, допрете < (за да отворите појавен
изборник). Изберете Bluetooth/
Поврзување Bluetooth за да го
смените звучниот извор во
Bluetooth.
Исклучување аудио уред
Исклучувањето на аудио уредот
или деактивирањето на
функцијата Bluetooth на аудио
уредот го исклучува уредот од
Инфозабавниот систем.
Page 182 of 407

180Инфозабавнен системИсклучување на спарувањето напомошен аудио уред од
Инфозабавниот систем
За да отспарите, т.е. за да
избришете уред од меморијата на
системот:
На почетната страница, допрете
ИЗБОРНИК , потоа Мултимедија ,
па Поставки .
Изберете Медиуми за да
пристапите на изборникот за
поставки на медиуми, потоа
изберете ја опцијата „Управување со уреди Bluetooth“/„Конфигурирај
поврзување Bluetooth“.
Притиснете < за да отворите
појавен изборник. Следните опции
се достапни:
● Исклучи Bluetooth : Изберете за
да ја деактивирате функцијата
Bluetooth на Инфозабавниот
систем.
● Поставете го TomTom видлив :
Изберете да го направите
Инфозабавниот систем
„видлив“ за други уреди
Bluetooth, овозможувајќи им
спарување со системот.● Исклучете ги сите уреди :
Изберете за да ги исклучите
сите моментално поврзани уреди од Инфозабавниот
систем без нивно бришење/
отпарување.
● Избриши уред(и) : Изберете
отпарување на уред од
Инфозабавниот систем.
Постапката на отпарување е
слична со отпарување на мобилен
телефон. Видете во
(NAVI 80 IntelliLink) "Поврзување
Bluetooth" во делот "Телефон"
3 225.
Ракување преку Инфозабавниот
систем
При безжично спарување и
поврзување, репродукцијата на
звукот може да започне
автоматски.
Аудио уредот потоа може да се
ракува преку опциите на екранот на Инфозабавниот систем.
Опсегот на достапните функции со
кои може да се ракува преку
Инфозабавниот систем зависи од
типот на аудио плеерот.Ракувањето со аудио уредот кога е поврзан безжично е слично со
ракувањата со репродукција на
меморираните аудио датотеки
преку USB приклучок. Видете во
(NAVI 80 IntelliLink) „Репродукција
на музика преку USB приклучок" во
делот "USB приклучок" 3 172.
Page 183 of 407

Инфозабавнен систем181Надворешни уреди
Прикажување слики
NAVI 80 IntelliLink
За да пристапите до изборникот
„Слики“ од почетната страница,
допрете ИЗБОРНИК , потоа
Мултимедија , па Слики .
Забелешка
Репродукцијата е можна само кога возилото е во мирување.
Изберете го поврзаниот изворен
уред (на пример, USB) за
пристапување до поединечни
фотографии или претставување
како презентација на сите слики на
тој уред.
Екранот ги содржи следните опции: ● N или O: Одете на претходната/
следната фотографија.
● Сликички : Променете помеѓу
цел екран и намален поглед.● Нов избор : Изберете друга
фотографија од приклучениот
изворен уред.
● <: Отварање појавен
изборник; Променување на
изворниот уред или
пристапување до поставки за
слика.
Кога се гледа слика/
презентација, појавниот
изборник дозволува
поставување на нивото на
зголемување и приказ на сите
фотографии во форма на
сликички.
Поставки на слики - Видете во
(NAVI 80 IntelliLink) "Системски
поставки" 3 154.
Репродукција на филмови NAVI 50 IntelliLink
За да пристапите до изборникот
„Видео“ од почетната страница,
допрете Медиуми , па Видео .
Забелешка
Репродукцијата е можна само кога
возилото е во мирување.Достапни се следниве три
картички:
● Репродуктор : го прикажува
екранот за видео.
● Список : прикажува список на
сите достапни видеа.
● Опции : ги прикажува
поставките за репродуцирање
и детални информации за
видеото.
Екранот за видео ги содржи
следниве опции:
● Лизгачка лента за изминато време: Движење низ видеа.
● %: репродуцирајте го видеото
од почеток / репродуцирајте го
претходното видео / брзо
назад.
● & : Паузирај видео.
● /: репродуцирајте го
следното видео / брзо напред.
Page 184 of 407

182Инфозабавнен систем●(: приспособете ја
осветленоста. За да го
продолжите репродуцирањето
на видеото, допрете го
екранот.
● ): гледајте го видеото на цел
екран.
NAVI 80 IntelliLink За да пристапите до изборникот
„Видеа“ од почетната страница,
допрете ИЗБОРНИК , потоа
Мултимедија , па Видео .
Забелешка
Репродукцијата е можна само кога
возилото е во мирување.
Изберете го поврзаниот уред за
извор (USB) за да пристапите до
поединечни или до сите
компатибилни видеа на уредот.
Екранот ги содржи следните опции: ● t или v: Премини на
претходно/следно видео.
● =: Паузирај видео.
● Лизгачка лента за изминато време: Движење низ видеа.●Нов избор : Изберете друго
видео од поврзаниот изворен
уред.
● Цел екран : Променете на
прикажување на цел екран.
● r: Врати се на претходниот
приказ.
● <: Отворете појавен изборник;
За да го промените уредот на
извори или да пристапите на
поставките на видеото.
При репродуцирањето видео,
појавниот изборник ви
овозможува да се вратите на
списокот на видеа.
Поставки на видео - Видете во
(NAVI 80 IntelliLink) "Системски
поставки" 3 154.
Користење апликации за паметни телефони
Апликациите за проекција на
телефонот, Apple CarPlay™ и
Android™, прикажуваат избрани
апликации од паметниот телефонна екранот и овозможуваат да се
управуваат директно преку
контролите за инфозабава.
Проверете кај производителот на
уредот дали оваа функција е
компатибилна со вашиот паметен
телефон и дали оваа апликација е
достапна во земјата во која се
наоѓате.
Android Auto е достапна за
NAVI 50 IntelliLink и
NAVI 80 IntelliLink. Apple CarPlay е
достапна за NAVI 50 IntelliLink.
Забелешка
Додека користите апликации за
навигација и музика преку
проекцијата на телефонот,
сличните апликации кои се
интегрирани во Инфозабавниот
систем ќе бидат заменети.
NAVI 50 IntelliLink
Подготвување на паметниот
телефон
Телефон со Android: Преземете ја
апликацијата Android Auto на
паметниот телефон од Google
Play™ Store.