Page 313 of 407

Нега на возилото311Враќање во работна состојба
Кога возилото има да се врати в
работа:
● Поврзете ја клемата со негативниот пол на
акумулаторот од возилото. Активирајте ги електричните
прозорци 3 45.
● Проверете го притисокот во гумите.
● Наполнете го садот за течноста за миење.
● Проверете го нивото на моторното масло.
● Проверете го новито на течноста за ладење.
● Ставете ја регистарската табличка ако е потребно.Демонтирање на возилото
на крајот на работниот век
Информациите за центрите за
демонтирање и рециклирање на
возилата што се на крајот од својот
работен век се наоѓаат на нашата
веб страница, каде што се бара со
закон. Доверете му ја работава
само на овластен центар за
рециклирање.Прверки на возилото
Вршење работа9 Предупредување
Вршете проверки на моторниот
простор само кога е исклучено палењето. Возилото не смее да
биде во Autostop 3 263.
Вентилаторот за ладење може
да проработи дури и ако е
исклучено палењето.
9 Опасност
Системот за палење генерира
крајно високи волтажи. Не
допирајте ги.
За полесно препознавање,
капачињата за дотурање на
моторното масло, течноста за
ладење, течноста за миење и
рачката од прачката за мерење на
нивото на маслото се жолти.
Page 314 of 407
312Нега на возилотоХаубаОтворање
Повлечете ја рачката за
ослободување и вратете ја во
првобитната положба.
Турнете ја безбедносната рачка
странично и отворете ја хаубата.
Во зависност од верзијата,
повлечете ја безбедносната рачка
што се наоѓа покрај средината и
отворете ја хаубата.Извлечете ја шипката од држачот,
па прицврстете ја на куката од
внатрешната страна на хаубата.
Ако багажникот е отворен за време
на Autostop, моторот автоматски ќе
се запали повторно поради
безбедноста.
Систем за сопирање-поаѓање
3 263.
Внимание
Проверете дали бришачот на
шофершајбната е исклучен
пред да ја отворите хаубата
3 95.
Page 315 of 407

Нега на возилото313Затворање
Пред да ја затворите хаубата,
притиснете го потпирачот во
држачот.
Спуштете ја хаубата и оставете да
падне на бравата од мала висина
(20-25 см). Проверете дали
хаубата е заглавена.Внимание
Не притискајте ја хаубата на
резето, за да избегнете
вдлабнувања.
9 Предупредување
Дури и во случај на мал челен
судар, безбедносното резе за
хаубата треба да го провери
автомеханичар.
Моторно масло
Редовно проверувајте го нивото на
моторното масло рачно за да се
спречи оштетување на моторот.
Проверете дали се користи
моторно масло со правилната
спецификација.
Препорачани течности и средства
за подмачкување 3 361.
Максималната потрошувачка на
моторното масло е 0,6 л на
1000 км.
Проверувајте го со возилото на
рамна површина. Моторот треба
да биде со работна температура и
изгаснат за најмалку 10 минути.
Извлечете ја прачката, избришете
ја, ставете ја повторно целосно,
извлечете ја и прочитате го нивото на моторното масло.
Кога нивото на моторното масло
паднало до ознаката MIN, дотурете
моторно масло.Внимание
Не дозволувајте нивото на
масло во моторот да се спушти
под минималното ниво!
Ја препорачуваме употребата на
моторно масло од ист вид коешто
беше употребено при последното
менување.
Помеѓу MIN и MAX , може да се
дополни количество од околу
1,5 - 2,0 литри.
Page 316 of 407

314Нега на возилотоНивото на моторното масло не
смее да ја надмине ознаката за
максимум MAX на прачката.Внимание
Вишокот на моторното масло
треба да се исиса или да се
отстрани. Ако маслото е над
максималното ниво, не
стартувајте го возилото и
контактирајте со
автомеханичар.
За да спречите истурање кога го
обновувате моторното масло,
препорачуваме користење инка.
Внимавајте инката да е добро
наместена на цевката за полнење.
Потрошувачката на моторното
масло нема да се стабилизира
додека возилото не помине повеќе
од неколку илјади километри. Дури
тогаш може да се утврди
фактичката мера на
потрошувачката.
Ако потрошувачката надминува
повеќе од 0,6 литри на 1000 км по
периодот на разработувањето,
консултирајте се со
автомеханичар.
Наместете го капачето право и
затегнете го.
Ладилник Фабрички наполнетата течност за
ладење обезбедува заштита од
замрзнување до околу -28 °C.Внимание
Употребувајте само одобрен
антифриз.
Ниво на течноста за ладење
Внимание
Прениското ниво на течноста за ладење може да предизвика
оштетување на моторот.
Ако системот за ладење е студен,
нивото на течноста за ладење
треба да биде токму над ознаката
MINI . Дотурете ако нивото е ниско.
9Предупредување
Оставете моторот да се олади
пред да го отворите капачето. Внимателно отворајте го
капакот, ослободуваќи го вишок
притисокот полека.
Дотурете антифриз. Ако нема
антифриз на располагање,
користете чиста вода од чешма или дестилирана вода. Ставете го
Page 317 of 407

Нега на возилото315капакот цврсто. Нека Ви ја провериконцентрацијата на антифризот, и
нека Ви ја отстрани причината на
губење на течноста за ладење
автомеханичар.
Ако е потребно значтелно
количество на течност за ладење,
ќе треба да се исцеди заглавениот воздух од системот за ладење.
Побарајте помош од
автомеханичар.
Течност за серво
управување
Во случај на невообичаен звук при
управувањето или ако серво
управувањето реагира
невообичаено, побарајте помош во
сервис.
Резервоарот на течноста за серво
управување се наоѓа под сводот на левото предното тркало, под
плочата на облогата. Може да
пристапи само автомеханичар.Течност за миење
Наполнете со чиста вода мешана
со соодветно количество течност
за миење на шофершајбната која
содржи антифриз.
Внимание
Само течностите за миење со
доволна концентрација на
антифриз даваат заштита при
ниски температури или нагол
пад во температурата.
Користењето течност за миење
што содржи изопропанол може
да ги оштети надворешните
ламби.
Сопирачки
Во случај на минимална дебелина
на плочките за сопирање, за време на сопирањето се слуша цвичење.
Можно е да се продолжи со
возењето, но нека Ви ги заменат
пакните на сопирачките колку е
можно поскоро.
Штом се ставени нови пакните, не
сопирајте непотребно силно на
првите неколку патувања.
Течност за сопирачките
9 Предупредување
Течноста за сопирачките е
отровна и нагризува. Избегнете
контакт со очите, кожата,
текстил и бојадисани површини.
Page 318 of 407

316Нега на возилото
Нивото на течноста за сопирачките
мора да биде помеѓу ознаките MIN
и MAX .
Кога дотурате, уверете се дека
течноста е сосема чиста бидејќи
загадената течност за сопирачките може да доведе до неисправностиво системот на сопирачки. Нека Ви
ја отстрани причината на губењето
на течноста а сопирачките
автомеханичар.
Користете само такви течности за
сопирачките кои се одобрени за
Вашето возило.
Течност за сопирачките и за
куплунгот 3 361.
Акумулатор
Клемата за палење со кабли се
наоѓа во просторот за моторот.
Палење со кабли 3 351.
Акумулаторот на возилото не се
сервисира под услов
карактеристиките на возењето да
овозможат доволно полнење на акумулаторот. Возењето по краткирастојанија и чести палења на
моторот можат да го испразнат
акумулаторот. Избегнувајте ја
употребата на непотребни
електрични потрошувачи.
Контролната сијаличка p
светнува ако има дефект на
системот за полнење. Запрете,
исклучете го моторот и побарајте
помош од автомеханичар.
Систем за полнење 3 109.Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
Паркирање на возилото подолго од четири седмици може да доведе до
празнење на акумулаторот.
Откачете го негативниот пол од
акумулаторот на возилото.9 Опасност
Уверете се дека палењето е
целосно исклучено (возилото не смее да биде во Autostop), пред
да го поврзете или исклучите акумулаторот.
Систем за сопирање-поаѓање
3 263.
Заштита на акумулаторот од
празнење 3 129.
Page 319 of 407

Нега на возилото317Пристап до акумулаторот
Акумулаторот се наоѓа, зад плоча
во прагот на предната лева врата.
Извадете ја плочата за пристап кон акумулаторот.
Замена на акумулаторот Акумулаторот секогаш треба да се
заменува со акумулатор од ист тип.
Побарајте помош од
автомеханичар за да ви го заменат
акумулаторот.
Систем за сопирање-поаѓање
3 263.
Полнење на акумулаторот9 Предупредување
Кај возила со систем за
сопирање-поаѓање, уверете се
дека потенцијалот на
полнењето не надминува
14,6 V кога се користи полнач за батерија. Во спротивно, може да
се оштети батеријата на
возилото.
9 Опасност
Обезбедете соодветно
проветрување кога го полните акумулаторот. Постои ризик одексплозија ако гасовите што се
произведуваат за време на
полнењето се остават да се
насоберат!
Палење со кабли 3 351.
Етикета за предупредување
Значење на симболите:
● Забранети се искри, отворен пламен или пушење.
● Секогаш штитете ги очите. Експлозивните гасови може дапредизвикаат слепило или
повреда.
● Чувајте го акумулаторот вон дофат на деца.
● Акумулаторот содржи сулфурна киселина што може
да предизвика слепило или
тешки изгореници.
Page 320 of 407

318Нега на возилото● Видете во Сопственичкиотприрачник за повеќе
информации.
● Во близина на акумулаторот може да има експлозивен гас.
Дополнителен акумулатор
Во зависност од помошната
опрема на возилото, одредени
модели може да имаат
дополнителен акумулатор
монтиран под десното предно
седиште.
Забелешка
Дополнителниот акумулатор
автоматски се поврзува со
главниот акумулатор на возилото
само кога моторот работи. Нема
потреба рачно да го исклучувате
пред да го исклучите главниот
акумулатор на возилото или пред
да го палите возилото со кабли.
Терминалите се направени за
дополнителни електрични
потрошувачи до максимум 50 A.
Палење со кабли 3 351.
Цедење на системот со дизел гориво
Ако резервоарот за гориво се
испразнил докрај, ќе треба да се
проветри или исцеди системот за
дизел гориво.
Наполнете го резервоарот со
гориво и постапете на следниот
начин:Внимание
Не вртете го клучот за палење
во положба 3 пред да почне
постапката за цедење.
Положби на прекинувачот за
палење 3 260.
1. Свртете го клучот во положба
2 и почекајте неколку минути.
2. Свртете го клучот во положба 1 и почекајте 3 секунди.
3. C вртете го клучот во положбата
3 .
Ако моторот не може да се запали по повеќе обиди за цедење на
системот за дизел гориво,
побарајте помош од
автомеханичар.