Page 33 of 273

Клучеви, врати и прозорци31
За да се отклучи капакот на
багажникот, држете го копчето x или копчето q на
далечинскиот управувач околу
2 секунди. Капакот на багажникот
ќе се отвори малку.
Кога вратите се централно
заклучени, капакот на багажникот
не може да се отклучи со копчето
x .
Затворање
Користете ја внатрешната рачка.
Не го притиснете копчето под
лентата додека ја затворате
бидејќи тоа ќе ја отклучи повторно.
Затворете го капакот на
багажникот. Затворениот капак на
багажникот секогаш е заклучен. За
заклучување на вратите
притиснете го копчето p на
далечинскиот управувач.
Безбедност на
возилото
Систем за заштита од
кражба9 Предупредување
Не користете го системот ако
има луѓе во возилото! Вратите
не може да се отклучат однатре.
Системот ги блокира сите врати.
Сите врати треба да се затворат,
инаку системот не може да се
активира.
Ако палењето беше вклучено,
возачката врата мора да се отвори и затвори еднаш за да се обезбеди
возилото.
Отклучувањето на возилото го
исклучува механичкиот систем за заштита од кражба. Тоа не е
возможно со копчето на
централната брава.
Page 34 of 273
32Клучеви, врати и прозорци
Активирање со далечинскиот
управувач
Притиснете го p двапати во рок од
15 секунди.
Активирање со електронскиот
клуч
Допрете го пределот на сензорите
во рачката на вратата двапати во рок од 15 секунди.
Електронскиот клуч мора да биде
надвор од возилото, во опсег од
околу 1 метар.
Систем за тревожење
при кражба
Системот за тревожење при
кражба го содржи системот за
заштита од кражба и работи
поврзано со него.
Ги надгледува: ■ Вратите, товарниот простор, хаубата,
■ Патничкиот простор,
■ Наклонетоста на возилото, на пр.
ако е кренато,
■ Палењето.
Отклучувањето на возилото
истовремено ги деактивира двата
система.
Забелешка
Промени на внатрешноста на
возилото, како на пример
употребата на навлаки за
седишта, може да го влошат
работењето на надгледувањето
на патничкиот простор.
Page 35 of 273

Клучеви, врати и прозорци33
Активирање без
надгледување на патничкиот
простор и наклонетоста на
возилото
Исклучете го надгледувањето на
патничкиот простор и наклонетоста на возилото, кога луѓе или животни се оставаат во возилото, поради
големиот обем на ултрасонични
сигнали и движењата што го
активираат алармот, и кога
возилото е на трајект или воз.
1. Затворете ги товарниот простор и хаубата.
2. Притиснете го копчето b.
Сијаличката во копчето m
трепка најмногу 10 секунди.
3. Затворете ги вратите.
4. Активирајте го системот за тревожење при кражба.
Сијаличката светнува. По околу 10 секунди системот е вклучен.
Сијаличката трепка додека не
се деактивира системот.
Кај Astra TwinTop (со Двоен кров)
надгледувањето на патничкиот
простор се деактивира ако
покривот е отворен за да се
спречат лажни тревожења.Светлосна диода (LED)
За време на првите 10 секунди по
вклучувањето на системот за
тревожење при кражба:
Сијаличката
светнува=Проверка,
задоцнување на
палењетоСијаличката
трепка брзо=Отворена врата,
багажен простор
или хауба, или
системски дефект
Page 36 of 273

34Клучеви, врати и прозорци
По првите 10 секунди по
вклучувањето на системот за
тревожење при кражба:Сијаличката
трепка бавно=Системот е
активенСијаличката
свети околу
1 секунда=Исклучување на
функцијата
Побарајте помош од
автомеханичар во случај на
дефекти.
Аларм Кога се активира, алармот испушта
звучен сигнал (сирена) и визуелен
сигнал (предупредувачки
трепкачи). Количината и
времетраењето на аларамите се
утврдени со закон.
Сирената за тревожење може да се
стиши со притиснување на копчето на далечинскиот управувач или со
вклучување на палењето.
Системот за тревожење при
кражба се деактивира
истовремено.
Имобилизатор
Системот проверува дали е
дозволено да се запали возилото
кога се користи клучот. Ако
транспондерот во клучот се
препознае, моторот може да се
запали.
Електронскиот имобилизатор
автоматски сам се активира откако
клучот бил изваден од бравата за
палење или кога моторот е
изгаснат со притискање на копчето Start/Stop .
Контролна сијаличка A 3 108.
Забелешка
Имобилизаторот не ги заклучува
вратите. Секогаш морате да го
заклучувате возилото откако ќе го
напуштите и да го вклучувате
системот за тревожење при
кражба 3 26, 3 32.Странични
ретровизори
Конвексен облик Конвексниот страничен
ретровизор содржи асферичен дел
и ги намалува црните точки.
Обликот на ретровизорот
предизвикува предметите да
изгледаат помали, што ќе повлијае
врз способноста за проценување
на растојанијата.
Рачно дотерување
Page 37 of 273
Клучеви, врати и прозорци35
Дотерајте ги ретровизорите со
вртење на рачката во саканата насока.
Електрично местење
Прво изберете го соодветниот
страничен рертовизор, па завртете ја контролата за местење.
Преклопни прозорци
За безбедноста на пешаците,
страничните ретровизори ќе се
свртат и ќе испаднат од своите
вообичаени монтажни положби ако се удрат со доволна сила. Вратете
го ретровизорот на место со
применување благ притисок врз неговото куќиште.
Рачно свиткување
Страничните ретровизори може да се склопат со нежно притиснувањена надворешниот раб од
куќиштето.
Електрично свиткување
Притиснете го копчето n и двата
странични ретровизора ќе се
склопат.
Притиснете го копчето n повторно
- двата странични ретровизора се
враќаат во својата првобитна
положба.
Ако рачно се извлече некој
електрично свиткан ретровизор,
притиснувањето на копчето n
електрично ќе го извлече само
другиот ретровизор.
Page 38 of 273
36Клучеви, врати и прозорциРетровизори со греење
Со него се рекува со притиснување
на копчето Ü.
Греењето функционира кога
работи моторот и се исклучува
автоматски по кратко време.
Ретровизори
Рачна заштита од отсјај
За намалување на отсјајот,
дотерајте ја рачката од долната
страна на куќиштето на
ретровизорот.
Автоматско намалување
на отсјај
Отсјајот од возилата што доаѓаат
одзади ноќе автоматски се
намалува.
Page 39 of 273

Клучеви, врати и прозорци37ПрозорциШофершајбна
Шофершајбна што ја одбива
топлината
Шофершајбната што ја одбива
топлината има облога што го
одбива сончевото зрачење. Може
да се одбиваат и податочни
сигнали, на пр. од станици за
патарина.
Означните подрачја на
шофершајбната не се премачкани
со облогата. Уредите за снимање
електронски податоци и плаќање
мора да се стават во овие
подрачја. Инаку, може да се
појават дефекти во снимањето
податоци.
Налепници на
шофершајбната Не лепете налепници, на пр.
вињети за патарина или слично, на шофершајбната во подрачјето на
ретровизорот. Инаку, зоната за
откривање на сензорот и погледот на камерата во куќиштето на
ретровизорот може да бидат
ограничени.
Електрични прозорци9 Предупредување
Внимавајте кога ракувате со
електричните прозорци. Ризик
од повреда, особено за децата.
Ако има деца на задните
седишта, вклучете го системот
за безбедноста на деца за
електричните прозорци.
Внимавајте на прозорците кога
ги затворате. Уверете се дека
ништо не приклештат додека се
движат.
Со електричните прозорци може да се ракува
■ кога палењето е вклучено
■ во рок од 5 минути откако ќе се исклучи палењето
■ во рок од 5 минути откако ќе се стави клучот за палење во
положбата 1
По исклучувањето на палењето,
функцијата за подготвеност за
работа престанува кога ќе се
отвори возачката врата.
Page 40 of 273

38Клучеви, врати и прозорци
Ракувајте со управувањето за да сеотвори или затвори прозорецот.
Кај возилата со автоматска
функција повлечето го и
притиснете го прекинувачот
повторно за да се сопре
движењето на прозорецот.
Astra TwinTop: кога ќе се отвори
некоја врата, прозорецот се отвора
малку и се затвора автоматски кога
ќе се затвори вратата.
Безбедносна функција
Ако стаклото на прозорецот наиде
на отпор во горната половина на
прозорецот за време на
автоматското затворање, веднаш
застанува и повторно се отвора.
Во случај на тешкотии при
затворање поради мраз или
слично, ракувајте со прекинувачот
повеќе пати за да се затвори
прозорецот во етапи.
Централен прекинувач за
електричните прозорци, Astra TwinTopПритиснете го $ или " за да се
отворат или затворат сите
прозорци.
Систем за безбедноста на
деца за задните прозорци
Прекинувачот z може да се
користи за активирање или
деактивирање на прекинувачите
во задните врати.
Ракување со прозорците
однадвор Со прозорците може да се ракува
далечински надвор од возилото.