Page 17 of 273
Накратко15Системи за миење и
бришење
Бришач на шофершајбната&=брзо%=бавно$=тепмирано периодично бришење или автоматско
бришење со сензор за дожд§=исклучување
За единечно бришење кога
бришачот на шофершајбната е
исклучен, притиснете ја рачката
надолу.
Бришач на шофершајбната 3 96,
Замена на четкичката на бришачот
3 183.Системи за миење на
шофершајбната и на
предните фарови
Повлечете ја рачката.
Систем за миење на
шофершајбната и на предните
фарови 3 96, течност за миење
3 181.
Page 18 of 273
16Накратко
Системи за бришење и миењена задното стаклоВклучување
на бришачите=притиснете ја
рачкатаИсклучување
на бришачите=притиснете ја
рачката
повторноМиење=притиснете ја
рачката и
држете ја
Систем за бришење и миење на
задното стакло 3 98, замена на
четкичките на бришачите 3 183,
течност за миење 3 181.
Контрола на
климатизацијата
Греење на задното стакло,
греење на страничните
ретровизори
Со греењето се ракува со
притиснување на копчето Ü.
Греење на задното стакло 3 40.
Одмаглување и одмрзнување
на прозорците
Распределба на воздухот на l.
Наместете ја контролата на
температурата на најтопло ниво.
Наместете ја брзината на
вентилаторот на највисоко ниво
или на A.
Ладењето n е вклучено.
Притиснете го копчето V.
Систем за контрола на
климатизацијата 3 137.
Page 19 of 273
Накратко17МенувачРачен менувач
Рикверц: кога возилото е во
мирување, почекајте 3 секунди
откако ќе го притиснете куплунгот и потоа повлечете го копчето на
рачката на менувачот нагоре и
ставете во рикверц.
Ако менувачот не влезе во
рикверц, ставете ја рачката во лер,
отпуштете го куплунгот и повторно
притиснете го; потоа повторете го
ставањето во рикверц.
Рачен менувач 3 156
Автоматизиран рачен
менувачN=лерo=возење+=поголема брзина-=помала брзинаA =префрлување помеѓу
автоматскиот и рачниот
режимR=рикверц (со закочување на
рачката на менувачот)
Автоматизиран рачен менувач
3 157.
Автоматски менувачP=паркирањеR=рикверцN=лерD=возење
Рачката на менувачот може да се
помести од P или N само кога
палењето е вклучено и ножната
сопирачка е нагазната (закочување
на рачката на менувачот). За да
ставите во P или R, притиснете го
копчето на рачката на менувачот.
Автоматскиот менувач го има во
две верзии 3 152.
Page 20 of 273

18НакраткоПоаѓањеПроверете ги пред да појдете ■ Притисокот во гумите и нивната состојба 3 210, 3 251.
■ Нивоата на моторното масло и на течностите 3 179.
■ Сите прозорци, ретровизори, надворешни светла и
регистарски таблички, дали се
чисти, да нема снег и мраз на
нив, и дали функционираат.
■ Правилната положба на седиштата, безбедносните
ремени и ретровизорите 3 53,
3 59, 3 35.
■ Функционирањето на сопирачките при мала брзина,
особено ако сопирачките се
мокри.Палење на моторот со
прекинувачот за палење
Свртете го клучот во положбата 1.
Нежно помрднете го воланот за да
се ослободи бравата на воланот.
Притиснете ги куплунгот и
сопирачката, автоматскиот
менувач во P или N, не давајте гас;
кај мотори на дизел, свртете го
клучот во положбата 2 за
предзагревање и почекајте додека
контролната сијаличка ! не се
изгасне; свртете го клучот на
положба 3 и отпуштете го клучот
кога моторот ќе проработи.
Палење на моторот со
копчето Start/Stop
Електронскиот клуч мора да биде
внатре во возилото. Притиснете ги
куплунгот и сопирачката,
автоматскиот менувач во P или N,
не давајте гас; кај мотори на дизел, притиснете го копчето накратко за
да почне предзагревањето, малку
помрднете го воланот за да се ослободи бравата на воланот,
почекајте додека контролната
сијаличка ! не се изгасне и потоа
притискајте го копчето 1 секунда и
отпуштете го кога моторот ќе
проработи.
Page 21 of 273

Накратко19
„Отвори и појди“ систем 3 23.Паркирање
■ Секогаш затегнувајте ја рачната сопирачка без да го притиснете
копчето за ослободување.
Затегнувајте ја колку е можно
поцврсто на удолници или
угорници. Притиснете ја ножната сопирачка истовремено за да се
намалат работните сили.
■ Изгаснете го моторот. Свртете го
клучот за палење во положба 0 и
извадете го или, кога возилото е во мирување, притиснете го
копчето Старт/стоп и отворете ја
возачката врата. Завртете го
воланот додека не се
почувствува дека бравата на
воланот се закочила.
Кај возилата со автоматски
менувач, клучот може да се
извади само кога рачката на
менувачот е во положбата P. Ако
не е ставено во P или не е
затегната рачната сопирачка,
„P“ трепка неколку секунди на
екранот на менувачот.
■ Ако возилото е на рамна површина или на угорница,ставете во прва брзина или
наместете ја рачката на
менувачот во P пред да го
исклучите палењето. Ако
возилото е на угорница, свртете ги предните тркала од работ на
тротоарот.
Ако возилото е на удолнина,
ставете во рикверц или
наместете ја рачката на
менувачот во P пред да го
исклучите палењето. Свртете ги
предните тркала кон работ на
тротоарот.
■ Заклучете го возилото со копчето
p на далечинскиот управувач
или со сензорот во рачката на некоја предна врата.
За да се активираат системот за
заштита од кражба и системот за тревожење при кражба,
притискајте го копчето p
двапати или допрете го сензорот
во рачката на некоја предна
врата двапати.
Page 22 of 273
20Накратко
■ Не паркирајте го возилото налесно запалива површина.
Високата температура на
системот на ауспухот може да ја
запали површината.
■ Кај возилата со автоматизиран рачен менувач, контролната
сијаличка R трепка неколку
секунди откако ќе се исклучи
палењето ако рачната сопирачка не е затегната 3 120.
■ Затворете ги прозорците и подвижниот покрив или Двојниот
кров.
■ Вентилаторите на ладилникот може да работат и по гаснењето
на моторот 3 177.
■ По возење со голема брзина на моторот или при големо
оптоварување на моторот,
оставете го моторот кратко
време да работи со мало
оптоварување или во лер околу 30 секунди пред да го изгаснете
за да го заштитите
турбополначот.Клучеви, зклучување 3 21,
Оставање на возилото да стои
подолго време 3 176, Ракување со
Двојниот кров 3 43.
Page 23 of 273

Клучеви, врати и прозорци21Клучеви, врати и
прозорциКлучеви, заклучување ...............21
Врати ........................................... 30
Безбедност на возилото ............31
Странични ретровизори ............34
Ретровизори ............................... 36
Прозорци .................................... 37
Покрив ......................................... 41Клучеви, заклучување
Клучеви Резервни клучеви
Бројот на клучот е наведен во
Картичката на автомобилот или на
етикета што се откачува.
Бројот на клучот треба да се
наведе кога се нарачуваат
резервни клучеви бидејќи тој е
компонента на системот на
имобилизаторот.
Брави 3 225, Отвори и појди
систем, електронски клуч 3 23.Клуч со дел што се
преклопува
Притиснете го копчето за да се
извлече. За да се преклопи клучот,
прво притиснете го копчето.
Картичка на автомобилот
Картичката на автомобилот
содржи податоци за возилото
поврзани со безбедноста и затоа
теба да се чува на сигурно место.
Кога атомобилот се носи кај
автомеханичар, тие податоци на
возилото се потребни за да се
извршат извесни постапки.
Page 24 of 273

22Клучеви, врати и прозорциДалечински управувач
Се користи за ракување со:■ Централна брава
■ Систем за заштита од кражба
■ Систем за тревожење при кражба
■ Електрични прозорци
■ Електричен покрив кај Astra TwinTop
Далечинскиот управувач има
приближен опсег до 5 метри. Врз
овој опсег може да делуваат
надворешни влијанија.
Предупредувачките трепкачи го
потврдуваат работењето.
Ракувајте со него внимателно,
штитете го од влага и високи
температури и избегнувајте
непотребно ангажирање.
Дефект
Ако со централната брава не може да се работи со далечинскиот
управувач, причината може да
биде следното:
■ Опсегот е пречекорен■ Напонот во батеријата е пренизок
■ Често, повеќекратно работење со далечинскиот управувач
додека не е во опсегот, што ќе
побара повтроно
синхронизирање■ Преоптоварување на системот на централната брава поради
често ангажирање, тогаш
напојувањето се прекинува
накратко
■ Пречки од посилни радио бранови од други извори
Отклучување 3 26.
Замена на батеријата на
далечинскиот управувач
Заменете ја батеријата штом се
намалува опсегот.
Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.