Page 161 of 273

Возење и ракување159
Паркирање
Применете ја сопирачката за
паркирање. Останува најпоследно
избраната брзина (видете на
екранот на менувачот) активирана. Со N, не е ставено во ниедна
брзина.
Кога палењето е исклучено,
менувачот веќе не реагира на
движењата на рачката на
менувачот.
Рачен режим
Ако се одбере поголема брзина
кога брзината на моторот е
премала, или помала брзина на
менувачот кога брзината на
возилото е преголема, не се
извршува менувањето на брзини.
Тоа го спречува моторот да работи
со премала или преголема брзина
на моторот.
Ако брзината на моторот е
премала, менувачот автоматски се менува во помала брзина.Ако брзината на моторот е
преголема, менувачот се
префрлува во поголема брзина
само преку збоднувањето.
Кога + или - се избере во
автоматскиот режим, менувачот се префрлува во рачен режим и
менува брзини соодветно.
Електронски програми за
возење ■ По ладно палење, програмата за
работна температура ја
зголемува брзината на моторот
за брзо да го доведе
катализаторот до потребната
температура.
■ Приспособливата програма автоматски го приспособува
менувањето на брзини кон
условите за возење, на пр.
поголема оптовареност или
стрмнини.
■ Кога е вклучен режимот Sport, времето за менување брзини е
скратено и менувачот ги менува
брзините при поголеми брзинина моторот (освен ако не е
вклучена контролата на
патувањето). Sport режим 3 164.
Зимска програма T
Активирајте ја зимската програма
ако имате проблеми со поаѓањето
на лизгави површини на коловозот.
Активирање
Притиснете го копчето T.
Менувачот се префрлува во
автоматски режим. Возилото поаѓа во втора брзина. Режимот Sport се
деактивира.
Page 162 of 273

160Возење и ракување
Деактивирање
Зимската програма се исклучува
со:
■ повторно притискање на копчето T
■ исклучување на палењето
■ префрлување во рачен режим (кога се префрлува пак во
автоматскиот режим, зимската
програма е повторно активна)
■ кога температурата на куплунгот е превисока
ЗбоднувањеАко педалот за гас е притиснат
преку отпорната точка, менувачот
се префрлува во помала брзина
зависно од брзината на моторот.
За време на збоднувањето не е возможно рачното менување на
брзините.
Дефект
За да се спречи оштетувањето на
автоматизираниот рачен менувач,
куплунгот автоматски се затвора
при високи температури на истиот.
Во случај на дефект, се пали A.
Може да се продолжи со возењето.
Рачниот режим не може да се
користи за префрлување.
Ако F се појави на екранот на
менувачот, не може да се
продолжи со возењето.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.Прекин на напојувањето
Куплунгот не се ослободува ако
има прекин на напојувањето кога се става во брзина. Возилото не
може да се помрдне.
Ако акумулаторот е испразнет,
запалете го возилото користејќи
кабли за палење 3 221.
Ако причината за прекинот на
напојувањето не е испразнет
акумулатор, побарајте помош од автомеханичар.
Page 163 of 273

Возење и ракување161
Ако возилото треба да се истави одтекот на сообраќајот, притиснете го
куплунгот на следниот начин (само
кај возилата со автоматизиран рачен менувач со 5 брзини):
1. Затегнете ја рачната сопирачка
и исклучете го палењето.
2. Отворете ја хаубата 3 178.
3. Исчистете го менувачот околу капачето за да не навлезенечистотија во отворот кога се
вади капачето.
4. Свртете го капачето за да го олабавите и извадете со
дигање угоре.
5. Користејќи шрафцигер со рамна главица, свртете го
шрафот за дотерување под
капачето во правец на
стрелките на часовникот
додека не се почувствува јак
отпор. Сега куплунгот е
ослободен.
6. Вратете го исчистеното капаче.
Капачето мора да биде целосно
легнато на куќиштето.Кај возилата со автоматизиран
рачен менувач со 6 брзини,
куплунгот не може да се отпушти;
ако возилото треба да се
придвижи, кренете го возилото кај
предницита за да се влече.Внимание
Не го завртете преку отпорот бидејќи тоа може да го оштети
менувачот.
Внимание
Не е дозволено влечење на
возилото, и палење на моторот
кога куплунгот е ослободен на
овој начин, иако возилото може
да се движи извесно растојение.
Побарајте помош веднаш од
автомеханичар.
Сопирачки
Системот на сопирачки се состои од две посебни кола за сопирање.
Ако откаже едно коло за сопирање, возилото се уште може да се сопре со употреба на другото коло за
сопирање. Сепак сопирањето
може да се постигне само ако
педалот се нагази цврсто.
Значително поголема сила треба
за тоа. Растојанието за сопирање
се зголемува. Пред да продолжете
со патувањето побарајте помош од
автомеханичар.
Кога моторот не работи,
поддршката на серво уредот за
сопирачките ја снемува откако
педалот ќе се притисне еднаш или
двапати. Дејството на сопирањето
не е намалено, но за сопирање е
потребна значајно поголема сила. Тоа е особено важно да се има на
ум кога се влече.
Контролна сијаличка R 3 108.
Page 164 of 273

162Возење и ракувањеСистем за деблокирање
на сопирачките
Системот за деблокирање на
сопирачките (ABS) ги спречува
тркалата да се блокираат.
ABS почнува да го регулира
притисокот на сопирачките штом
некое тркало покажува тенденција
да се блокира. Возилото останува
управливо, дури при јако
сопирање.
Контролата на ABS станува очигледна преку пулсирање во
педалот на сопирачките и звукот на процесот за регулирање.
За оптимално сопирање, држете го
педалот за сопирачките целосно
притиснат за време на целиот
процес на сопирањето, иако
педалот ќе пулсира. Не
намалувајте го притисокот врз педалот.
По палењето, системот врши
самоиспитување што може да биде
бучно.
Контролна сијаличка u 3 108.Приспособливо стоп-светло
При целосно сопирање сите три
стоп-светла трепкаат за
времетраењето на контролата од
ABS.
Дефект9 Предупредување
Ако има дефект во ABS,
тркалата може да бидат склони
да се блокираат поради такво
кочење што е посилно од
обичното. Предностите на ABS
веќе не функционираат. При
силно сопирање, со возилото не може веќе да се управува и
може да скршне.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Рачна сопирачка
Секогаш затегнувајте ја рачната
сопирачка цврсто без да ракувате
со копчето за ослободување, и на
удолнини или угорнини затегнете
ја истата колку е можно поцврсто.
За да ја отпуштите рачната
сопирачка, малку повлечете ја
рачката нагоре, притиснете го
копчето за ослободување и
спуштете ја рачката целосно.
За да се намалат работните сили
на рачната сопирачка,
истовремено притискајте ја
ножната сопирачка.
Контролна сијаличка R 3 108.
Серво кочење
Ако педалот за сопирачките се
нагазне брзо и силно,
максималната сила на сопирањето автоматски се применува (целосно сопирање).
Одржувајте постојан притисок врз
педалот на сопирачката се додека
постои потреба од целосно
Page 165 of 273

Возење и ракување163
сопирање. Максималната сила на
сопирањето автоматски се
намалува кога се отпушта педалот
за сопирачките.
Помош при поаѓање на
угорници
Системот помага да се спречи
ненамерно движење при поаѓање
на нагорнини.
Кога ја отпуштата ножната
сопирачка, по сопирање на
нагорнина, сопирачките
остануваат активни уште
две секунди. Сопирачките се
отпуштаат автоматски штом
возилото ќе почне да забрзува.Системи за контрола
на возењето
Електронска програма за
стабилност
Електронска програма за
стабилност ( ESP®Plus
) ја подобрува
стабилноста на возењето кога е
потребно, независно од видот на
површината на патот или
прилепувањето на гумите. Го
спречува и шлајфувањето на
погонските тркала.
Штом возилото почне да занесува
(недоволно вртење/нагло
свртување), излезната сила на
моторот се намалува и тркалата се закочуваат посебно. Тоа
значително ја подобрува
стабилноста при возење на
возилото на лизгави површини на
коловозот.
ESP® Plus
работи штом контролната
сијаличка v ќе се изгасне.
Кога се активира ESP® Plus
, трепка
v .9 Предупредување
Не дозволувајте ова посебно
безбедносно својство да Ве
наведе да ризикувате за време
на возењето.
Приспособете ја брзината кон
условите на патот.
Контролна сијаличка v 3 109.
Деактивирање
ESP® Plus
може да се деактивира
кога режимот Sport е вклучен за
возење со високи перформанси:
Page 166 of 273

164Возење и ракување
Држете го копчето SPORT
притиснато околу 4 секунди.
Контролната сијаличка v свети.
ESPoff исто така се појавува на
сервисниот екран.9 Предупредување
Не го деактивирајте ESP® Plus
ако некоја гума која
функционира и издашана
изгубила притисок.
ESP® Plus
одново се активира со
притиснување на копчето SPORT.
ESPon се појавува на сервисниот
екран. ESP® Plus
исто така се
активира одново следниот пат кога
ќе се вклучи палењето.
Sport режим 3 164.
Интерактивен систем за
возење Интерактивниот систем за возење(IDS Plus
) ја спојува електронската
програма за стабилност (ESP® Plus
)
со системот за деблокирање на
сопирачките (ABS) и постојаната
контрола на амортизацијата (CDC)
за да се подобрат динамиката на
возењето и безбедноста на
возилото.
Спортски режим
Амортизацијата и управувањето
стануваат подиректни и
обезбедуваат подобар контакт со
површината на патот. Моторот
реагира побрзо на движењата на
педалот за гас.
Автоматското менување на
брзините исто така е
почувствително.
Контролна сијаличка IDS+ 3 111.Активирање
Притиснете го копчето SPORT.
Контролна сијаличка 1 3 109.
Активирњето на зимската
програма не е возможно.
Деактивирање Накратко притиснете го копчетоSPORT . Режимот Sport се
деактивира следниот пат кога ќе се
вклучи палењето или ако зимската
програма е активирана.
Page 167 of 273

Возење и ракување165Постојана контрола на
амортизацијата
Постојаната контрола на
амортизацијата (CDC) ја менува
амортизацијата со
приспособување на
придушувањето на секој
амортизер според ситуацијата на
возењето и патните услови.
Кога е вклучен режимот Sport,
контролата на амортизацијата се
приспособува кон поспортски стил на возење.
Контролна сијаличка IDS+ 3 111.
Автоматска контрола на
нивоата Задното ниво на возилото
автоматски се дотерува според
условите на товарењето за време
на возењето. Амортизацијата и
слободниот простор од земјата се
зголемуваат, што ги подобрува
условите на возењето.Автоматската контрола на нивоата
се активира откако возилото било
возено по некое растојание,
зависно од оптовареноста на
возилото и патните услови.
Во случај на дефект не го товарете возилото целосно. Нека Ви ја
отстрани причината на дефектот
автомеханичар.Контрола на
патувањето
Контролата на патувањето може
да сними и да одржи брзини од
околу 30 до 200 км/ч. Отстапувања
од снимените брзини може да се
појават кога се вози по угорници
или удолнини.
Од безбедносни причини,
контролата на возењето не може
да се активира додека не се
користи ножната сопирачка еднаш.
Page 168 of 273

166Возење и ракување
Не ја користите контролата на
патувањето ако не е препорачливо да се одржи постајана брзина.
Со автоматскиот менувач или
автоматизираниот рачен менувач,
активирајте ја контролата на
патувањето само во автоматскиот режим.
Контролна сијаличка m 3 113.
Активирање
Накратко притиснете го копчето m:
моменталната брзина се снима и
се одржува.
Брзината на возилото може да се
зголеми со нагазување на
педалата за гас. Кога ќе се отпушти педалот за гас, се продолжува со
претходно зачуваната брзина.
Брзината се снима кога ќе се
исклучи палењето.
За да се врати на снимената
брзина, накратко притиснете го
копчето g при брзини над 30 км/ч.Зголемување на брзината
Кога е активна контролата на
патувањето, држете го копчето m
или накратко притискајте го повеќе
пати: брзината се зголемува
постојано или постепено.
Кога ќе се отпушти копчето m
моменталната брзина се снима и
се задржува.
Намалување на брзината Кога е активна контролата на
патувањето, држете го копчето g
или накратко притискајте го повеќе пати: брзината се зголемува
постојано или постепено.
Кога ќе се отпушти копчето g
моменталната брзина се снима и
се задржува.
Деактивирање
Накратко притиснете го копчето §:
контролата на патувањето се
деактивира.Автоматско деактивирање:
■ Брзината на возилото е под околу 30 км/ч
■ Педалата за сопирачките е нагазната
■ Куплунгот е притиснат
■ Рачката на менувачот е во N.