Page 209 of 273
Нега на возилото207Прирачен алат
Алати Возила со комплет за
поправање гуми Прирачниот алат и комплетот за
поправање гуми се во преграда за
складирање под капакот на подот
во товарниот простор.
Возила со резервно тркалоДигалката и прирачниот алат се во
преграда за складирање во
багажникот под резервното тркало. Резервно тркало 3 220
Двоен кров
Алатите за работење во хаварии со
тврдиот кров што се преиначува се
складираат во касетата.Тркала и гуми
Состојба на гумите, состојба
на тркалата
Преку рабови возете полека и под
прав агол ако е возможно.
Возењето преку остри рабови
може да предизвика оштетувања
на гумите и на тркалата. Не ги
заглавувајте гумите на работ од
тротоарот кога паркирате.
Редовно проверувајте ги тркалата
да не се оштетени. Побарајте
помош од автомеханичар во случај на оштетување или необично
абење.
Гуми Гумите со големината 225/45 R 17
се дозволени само ако возилото е
опремено со електронска програма
за стабилност.
Page 210 of 273

208Нега на возилото
Астра ОПЦ „Нирбургриншкоиздание“ (Nürburgring Edition)со гумите 225/40 ZR 18
Овој модел е фабрично монтиран
со спортски гуми со високи
перформанси, од големината
225/40 ZR 18. Тие гуми се одобрени за употреба на јавни патишта, но
имаат типични тркачки
карактеристики и соодветно плитка шара. Гумите им пружаат на
спортски ориентираните и
искусните возачи подобри
перформанси при поголеми брзини
на сув коловоз но може да
предизвикаат возилото да бега без
предупредување ако таа граница
се пречекори. Не усвојувајте
ризичен стил на возењето заради
подобрениве перформанси. Во
влажни условни приспособувајте
го Вашиот стил на возењето и
брзината според плитките шари.Зимски гуми
Зимските гуми ја подобруваат
безбедноста на возењето при
температури под 7 °C и затоа треба да се ставаат на сите тркала.
Гумите со големина 185/65 R 15,
195/60 R 15, 195/65 R 15 и
205/55 R 16 може да се
употребуваат како зимски гуми.
Гумите со големина 205/50 R17
треба да се користат само како
зимски гуми.
Гумите со големина 215/45 R 17, 225/45 R 17, 225/40 R 18 1)
,
225/40 ZR18 и 235/35 R 19 не смеат
да се употребуваат како зимски
гуми.
Лимузина, Караван, Комбе: гумите
со големината 215/45 R 17 се
одобрени само како зимски гуми
ако возилото е фабрички опремено со тркала од 18 инчи.
Зимски гуми може да се користат
само со Астрата ОПЦ на
специјални лесни бандажи
одобрени од Opel.Гумите кои функционираат и
издишани смеат да се
употербуваат само на лесни
бандажи одобрени од фабриката.
Во согласност со прописите
спесифични за државата, залепете ја налепницата за брзина во
видното поле на возачот.
Гуми кои функционираати издишани
Гумите кои функционираат и
издишани имаат зајакнати цврсти
страни кои обезбедуваат гумите
секогаш да имаат до некој степен
можност да се вози со нив, дури без притисок во нив.
Гумите кои функционираат и
издишани се дозволени само кај
возилата со електронски систем за
стабилност, и систем за контрола
на притисокот во гумите или
систем за откривање на
издишаноста.1) Астра OPC: Се дозволуваат како зимски гуми без синџири за гуми.
Page 211 of 273

Нега на возилото209Внимание
Редовно проверувајте го
притисокот во гумите дури ако
имате гуми кои функционираат
и издишани.
Зависно од производителот на
гумата, гумите кои функционираат
и издишани се познаваат по
обележување на страната на
гумата. На пр.
ROF=RunonFlat for Goodyear
(функционирање и
издишано за Goodyear)
илиSSR=Self Supporting Runflat Tyre
for Continental (самостојна
гума која функционира и
издишана за Continental)
Употребата на гуми кои
функционираат и издишани се
дозволува само во комбинација со лесни бандажи одобрени од
фабриката.
Не употребувајте комплет за
поправање гуми.
ECO притисокот во гумите не смее
да се користи.
Гумите кои функционираат и
издишани не смеат да се
комбинираат со стандардни гуми.
Ако префрлите на стандардни
гуми, земете во обѕир дека
возилото не е опремено со
резервно тркало или комплет за
поправање гуми.
Возење со оштетена гума
Губењето на притисокот во гумата го означува системот за контрола
на притисокот во гумите или
системот за откривање на
издишаноста.
Ако нема притисок во гумата, може да се продолжи со возењето
■ со брзина од најмногу 80 км/ч
■ до растојание од 80 км9 Предупредување
Возилото ќе може да се
управува и ракува потешко.
Растојанието на сопирањето ќе биде подолго.
Адаптирајте соодветен стил и
брзина на возењето кон
изменетите условите.
Ознаки на гумите
На пр. 195/65 R 15 91 H
195=Широчина на гумата во мм65=Профил (однос на
височината со широчината
на гумата) во %R=Вид на ременот: РадијаленRF=Вид: RunFlat
(функционираат и
издишани)15=Пречник на тркалото во инч91=Индекс на оптовареноста,
на пр. 91 одговара на
618 кгH=Буква на шифрата за
брзината
Page 212 of 273

210Нега на возилото
Буква на шифрата за брзината:Q=до 160 км/чS=до 180 км/чT=до 190 км/чH=до 210 км/чV=до 240 км/чW=до 270 км/ч
Притисок на гумитеПроверувајте го притисокот во
гумите кога се студени, најмалку на 14 дена и пред секое подолго
патување. Не заборавајте го
резервното тркало. Тоа важи и за
возилата со контрола на
притисокот во гумите.
Извадете го клучот за капачето на
вентилот од вратичката на
резервоарот и користете го за
отшрафување на капачето на
вентилот.
Кај возилата со ситем за контрола
на притисокот во гумите,
зашрафете го адаптерот врз
вентилот.
Притисок во гумите 3 251 и на
етикетата на внатрешната страна
од вратичката на резервоарот.
Податоците за притисоци во
гумите се однесуваат на ладни
гуми. Тоа важи за летни и зимски
гуми.
Резервното тркало секогаш
пумпајте го до притисокот
определен за целосна
оптовареност.
ECO притисокот на гумите служи да се постигне најмалата можна
потрошувачка на гориво. Не смее
да се користи со гуми кои
функционираат и издишани.
Неправилниот притисок во гумите
ќе ја влоши безбедноста,
управувањето на возилото,
удобноста и економичноста на
потрошувачката на гориво, и ќе го
зголеми абењето на гумите.
Притисоците на гумите се
разликуваат, зависно од опциите.
За правилна вредност на
притисокот на гумите, следете ја
постапката опишана подолу:
Page 213 of 273

Нега на возилото211
1. Идентификувајте ги погонскатаоска и стилот на каросеријата.
2. Идентификувајте ја идентификациската шифра намоторот. Податоци за моторот
3 240.
3. Идентификувајте ја гумата.
Табелите за притисок на гумите ги
покажуваат сите можни
комбинации на гуми 3 251.
За гумите одобрени за Вашето
возило, видете го Сертификатот за сообразност на ЕК доставен со
Вашето возило или другите
национални документи за
регистрација.
Возачот е одговорен за правилно
прилагодување на притисокот во
гумите.9 Предупредување
Ако притисокот е пренизок,
гумите може премногу да се
загреат и да се оштетат
однатре, што може да
предизвика цепење на шарите,
па дури и експлозија на гумите
при големи брзини.
Систем за следење на
притисокот на гумите
Систем за контрола на притисокот
во гумите постојано ги проверува
притисоците на сите четири тркала
кога брзината на возилото ќе
надмине определена граница.
Сите четири тркала треба да се опремат со сензори за притисокот
во гумите, и гумите треба да го
имаат пропишаниот притисок.
Инаку притисокот во гумите ќе се
надгледува од страна на системот
за откривање на издишаноста
3 212.
Забелешка
Во земјите каде што системот за
следење на притисокот на гумите е законска обврска, користењето
тркала без сензори за притисокот
ќе го обезважи одобрението за
типот на возилото.
Актуелните притисоци во гумите
може да се покажат на Info-Display
3 128.
Пораки за возилото, притисок во
гумите 3 123.
Контролна сијаличка w 3 110.
Ако е монтиран цел комплет на тркала без сензори (на пр. четири
зимски гуми), нема да се прикаже
порака за грешка. Системот за
контрола на притисокот во гумите
не функционира. Отпослежното
монтирање на сензори е возможно.
Употребата на течните комплети запоправање на гуми што се
достапни во трговијата може да го
влоши функционирањето на
системот. Може да се користат
фабрички одобрени системи.
Надворешни радио опреми со
голема моќност може да му пречат на системот за контрола на
притисокот во гумите.
Page 214 of 273

212Нега на возилото
Иницијализирање на
системот
По менување на тркало, системот
треба да се инцијализира:
напумпајте ги гумите до
пропишаниот притисок, вклучете го
палењето, па држете го копчето
DDS притиснато околу 4 секунди,
контролната сијаличка w трепнува
трипати.
Систем за откривање на
издишаноста на гумата
Систем за откривање на
издишаноста на гумата постојано
ја проверува брзината на вртењето од сите четири тркала.
Ако некоја гума губи притисок
контролната сијаличка w се пали
црвена. Застанете веднаш и
проверете го притисокот во гумата.
Контролна сијаличка w 3 110.
Иницијализирање на
системотПо коригирање на притисокот во
гумата или менувањето на тркало,
системот треба да се
иницијализира: Вклучете го
палењето, држете го копчето DDS
притиснато околу 4 секунди,
контролната сијаличка w трепнува
трипати.
Длабочина на шарите Редовно проверувајте ја
длабочината на шарите.
Гумите треба да се заменат од
безбедносни причини при
длабочина на шарите од 2-3 мм
(4 мм за зимски гуми).
Page 215 of 273

Нега на возилото213
Законски дозволената минимална
длабочина на шарата (1,6 мм) е
достигната кога шарата е изабена
до една од ознаките за изабеност
( TWI). Нивната положба е означена
со обележувања од страните на
гумата.
Ако има поголемо абење напред отколку назад, повремено
заменувајте ги предните тркала со задните.
Гумите стареат, дури ако не се употребуваат. Препорачуваме
замена на гумите на 6 години.
Менување на гумите и
големина на тркалата
Ако се употербуваат гуми со
поинаква големина од оние
монтирани во фабриката, може да
биде потребно да се програмира
брзиномерот одново и да се
извршат други преиначувања на
возилото.
По префрлувањето на гуми со друга големина, нека Ви ја заменат
етикетата со притисоци за гумите.9 Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или тркала може да доведе
до незгоди и ќе го анулира
одобрението на видот на
возилото.
Раткапни
Раткапните и гумите што се
одобрени од фабриката за
соодветното возило и ги
исполнуваат сите соодветни
барања за комбинирање на
тркалата и гумите, можат да се
користат.
Ако раткапните и гумите кои се
користат не се фабрично
одобрени, гумите не смеат да
имаат заштитно ребро на работ.
Раткапните не смеат да му пречат
на ладењето на сопирачките.
Извадете ги раткапните ако има да се монтираат синџири за гуми.9 Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или раткапни може да
доведува до нагло губење на
притисок и притоа несреќи.
Page 216 of 273

214Нега на возилотоСинџири за гуми
Синџири за гуми се дозволуваат
само на предните тркала.
Секогаш употребувајте синџири со
ситни алки што не додаваат повеќе од 10 мм до шарата и внатрешните
страни на гумата (вклучувајќи ја и
бравата на синџирот).
9 Предупредување
Оштетувањата може да
доведат до пукање на гумата.
Синџири за гуми се дозволени за гумите со големина 185/65 R 15,
195/60 R 15, 195/65 R15,
205/55 R 16 и 205/50 R17.
Синџири за гуми не се дозволени
за гумите со големина 225/45 R 17 ,
225/40 R 18, 225/40 ZR18 и
235/35 R 19 2)
.
Лимузина, Караван, Комбе:
синџири за гуми се одобрени само
на гуми од големината
215/45 R 17 ако возилото е
фабрички опремено со тркала од
18 инчи.
Употребата на синџири за гуми не
се дозволува на привременото
резервно тркало.
Комплет за поправање
на гумите Помалите оштетувања на шаратана гумата може да се поправат со
комплетот за поправање гуми.
Не ги вадете туѓите предмети од
гумите.Оштетувањата што надминуваат
4 мм или што се близу до работ не
може да се поправат со комплетот
за поправање гуми.9 Предупредување
Не возете побрзо од 80 км/ч.
Не го користете за подолг
период.
Управувањето со воланот и
ракувањето може да станат
поинакви.
Ако имате издишна гума:
Затегнете ја рачната сопирачка и ставете во прва брзина, рикверц
или P.
2)
Дозволени само со ограничен агол на управување.