Page 81 of 273
Складирање79
Откачете го потпирачот за грб
(едноделен или разделен)
користејќи ги копчињата за
ослободување, преклопете го
напред и заглавете го.
Преклопување на средишните потпирачи за грб надолу
Турнете го потпирачот за глава
надолу колку што може 3 51.
Откачете го потпирачот за грб
користејќи го лостот и преклопете
го врз седалото. Ако седалото е
кренато, преклопете го напред
додека не се заглави.
Пред да се врати потпирачот за грб
во исправена положба, водете го
безбедносниот ремен преку
шините на ременот за да се
заштити од оштетување.
Притиснете го копчето за
ослободување, исправете ги
потпирачите за грб на задните
седишта, уверувајќи се дека
механизмите за закочување се
заглавуваат чујно.
Page 82 of 273

80Складирање
Со кренато седало: вметнете ги
потпирачите за глава во
потпирачите за грб и наместете ги 3 51. Преклопете ги седалата
наназад, уверувајќи се дека
бравите на ремените се правилно
наместени.
Закачете ги куките на капакот на
товарниот простор за потпирачите
за глава 3 81.
Трикратно прицврстениот
безбедносен ремен за средишното задно седиште може да се извлече
од механизмот само ако
потпирачот за грб е правилно
заглавен.
Проширување на товарниот
простор, Двоен кров
Предел за товарење помеѓу
задните седишта
Извлечете го потпирачот за рака за
каишот.
Потпирачот за рака се држи на
своето место на потпирачот за грб
со каиш за држење. За да го
извадите потпирачот за рака
целосно, откачете ја рамката кај
каишот за држење.
Повлечете ја рачката и преклопете го капакот надолу.
Капакот зад потпирачот за рака
може да се закочи од товарниот
простор:
хоризонтална
положба=закоченовертикална положба=откочено
Складирање во товарниот
простор, Караван
Има складиштен простор на
десната страна од товарниот
простор.
Кутијата со осигурувачи е од
левата страна зад капакот во
страничнaтa плоча на товарниот
простор 3 203
Page 83 of 273

Складирање81
Товарна кутија 3 83.
Комплетот за поправање гуми е од десната страна зад капакот 3 214.
Капак на товарниот
простор
Лимузина со 3 врати / 5 врати
Вадење
Откачете ги каишевите за држење
од задната врата. Повлечете го
капакот од страничните шини.
Местење
Заглавете го капакот во
страничните шини и преклопете го
удолу. Закачете ги каишевите за држење за задната врата.
Караван
Не ставајте тешки или предмети со остри рабови врз капакот на
багажниот простор.
Отворање
Притиснете ја рачката на капакот
на товарниот простор наназад;
капакот автоматски се заглавува во својта крајна положба.
Затворање
Извадете го капакот на багажниот
простор од страничните рамки.
Автоматски се намотува.
Повлечете го капакот наназад
користејќи ја рачката и заглавете го
во држачите од страните.
За да се покрие меѓупросторот
помеѓу капакот на товарниот
простор и задните потпирачи за
грб, има капак на влошката.
Закачете ги двете куки на капакот
за шипките за водење на
потпирачот за глава. Ако е
Page 84 of 273

82Складирање
монтирана безбедносната мрежа,
протнете ги куките низ окото на
мрежата.
Вадење
Отворете го капакот на товарниот
простор и откачете ги куките од
потпирачите за глава.
Повлечете го лостот за
ослободување. Првин подигнете ја
десната страна на капакот, па
извлечете ја левата страна од
процепот.
Местење
Вметнете ја левата страна на
капакот на товарниот простор во процепот, повлечете го лостот за
ослободување, вметнете ја
десната страна на капакот на
товарниот простор и заглавате го.
Закачете ги куките за потпирачите
за глава.
Двоен кровОтворање
Ослободете ја ролетната на
товарниот простор од процепите
од левата и десната страна.
Ролетната автоматски се
намотува.
Затворање
Повлечете го капакот наназад
користејќи ја рачката и заглавете го
во држачите од страните.
Не ставајте предмети врз капакот
на товарниот простор.
Не смее да има предмети надвор
од капакот или врз него кога
покривот е отворен или е во процес
отворањето.
Со покривот може да се ракува
само кога ролетната е заглавена во процепот.
Page 85 of 273
Складирање83Шини и куки за товарење
Кај Караванот вметнете ги куките
во саканата положба во шините:
вметнете ја куката во горниот жлеб
на шината и притиснете ја во
долниот жлеб.
Алки за врзување
Алките за врзување се предвидени да обезбедат предмети од
лизгањето, на пр. со употребата на
каишеви за врзување, мрежа за
багаж или безбедносна мрежа.
Систем за ракување на
товарот
FlexOrganizer е флексибилен
систем за делење на товарниот
простор или за прицврстување
товари во Караван.
Системот се состои од
■ адаптери
■ променлива мрежа за преградување
■ мрежести џебови ■ куки
Компонентите се наместени во
двете шини на страничните панели
со употребата на адаптери и куки.
Мрежата за преградување исто
така може да се намести
непосредно пред задната врата.
Page 86 of 273

84Складирање
Променлива мрежа за
преградување
Вметнете адаптер во секоја шина:
отворете ја плочката на рачката со
преклопување, вметнете го
адаптерот во горниот и долниот
жлеб на шината и поместете го во
саканата положба. Свртете ја
плочката на рачката угоре за да се
закочи адаптерот. Шипките на
мрежата треба да се извлечат пред да се вметнат во адаптерите:
извлечете ги сите крајни парчиња и
заглавете ги со вртење ги во
правец на стрелките на
часовникот.
За инсталирање, притиснете ги
малку шипките заедно и вметнете
ги во соодветните отвори во
адаптерите. Подолгата шипка
мора да се вметне во горниот
адаптер.
За вадење притиснете ги заедно
шипките и извадете ги од
адаптерите. Отворете ја плочката
на рачката на адаптерот со
преклопување, извадете ја од
долниот жлеб и потоа од горниот
жлеб.
Куки и мрежест џебЏебот на мрежата може да се
закачи за куките за багаж.
Товарна кутија
Преклопна кутија под капакот на
подот која се користи за делење на товарниот простор.
Товарната кутија може да се
натовари само кога потпирачите за
грб се заглавени во исправена
положба.
За вадење на капакот на подот на
товарната кутија извадете ја првин
десната половина, па левата
половина. Кај моделите со опрема
за влечење, првин ослободете го
Page 87 of 273

Складирање85
каишот за прицврстување на
топчестата влечна кука и протнете
го низ алката.
Наместете го по обратен редослед.
Помош за товарење
Кај Двојниот кров: Помагалото за
товарење „Easy Load“ овозможува
удобно товарење на товарниот
простор кога покривот е отворен.
Притиснувањето на копчето за
помагалото за товарење ќе го
крене покривот склопен во
товарниот простор за 25 см. Тоа го
зголемува отворот за товарење на
товарниот простор.
■ Отворете го капакот на багажникот
■ Откачете ја ролетната на товарниот простор и закачете ја
за рамката на задниот прозорец
со држачот
■ Накратко притиснете го копчето на помагалото за товарање:
Склопениот покрив се крева.
Покривот останува во крајнава
положба околу 9 минути
■ Придржувајте се кон обележаната максимална
височина за товарење
■ Откачете ја ролетната на товарниот простор од рамката назадниот прозорец и заглавете ја
во процепите. Ролетната за
товарниот простор треба да биде
израмнета; предметите под неа
не смеат да ја притискаат угоре
Page 88 of 273

86Складирање
■ Накратко притиснете го копчетона помагалото за товарање:
Склопениот покрив се спушта
■ Затворете го капакот на багажникот само по
огласувањето на сигналот за
потврдување. Инаку покривот
може да се оштети9 Предупредување
Внимавајте кога ракувате со
помагалото за товарење. Ризик од повреда.
Уверете се дека ништо не може
да се заглави.
Уверете се дека нема никого во
зоната на активирањето за
време на ракувањето. Ризик од
повреда.
Тоа е особено важно за децата.
Известете ги патниците
соодветно.
Белешка
■ Не ставајте предмети врз ролетната на товарниот простор
или близу до неа
■ Склопениот покрив може да се спушти само кога ролетната е
затворена. Инаку ќе се огласи
предупредувачки звучен сигнал
трипати
■ Движењето на навалениот покрив може да се запре со
притиснување на копчето на
помагалото за товарење, а
друго, подолго притиснување ја
менува насоката на движењето
■ Во крајната горна или долна положба на покривот се слушазвучен сигнал за потврдување
кога се навалува покривот
■ Затворете ја задната врата само штом ќе се огласи сигналот за
потврдување да означи дека
помагалото за товарење е во
својата долна крајна положба
■ Ако помагалото за товарење не е
во долната крајна положба кога
капакот на багажникот ќе се
затвори, се огласува
предупредувачки тон или
задната врата механички се
блокира 3 43■ Не ги допирајте подвижните
делови
■ Една минута пред крајот на времето за задржување за
кренатото помагало за товарење
ќе се огласи предупредувачки
звучен сигнал за да Ве потсети
да го спуштите покривот
■ Со помагалото за товарење може да се работи само кога
возилото е отклучено
■ Честото ракување со помагалото
за товарење при изгаснат мотор
го празни акумулаторот
■ Повеќекратното ракување со помагалото за товарење може да
предизвика неисправности
Безбедносна мрежа Безбедносната мрежа ја има на
располагање кај Караванот и може
да се монтира зад задните седишта
или, ако потпирачите за грб на
задните седишта се преклопени и
седалата се кренати, зад предните седишта.