Page 49 of 273

Клучеви, врати и прозорци47
Тие исто така се активираат заедносо системите на предните и
страничните воздушни перничиња.
Системот се активира при отворен
или затворен покрив.
Не смее да се ракува со покривот
што се преиначува ако шипките
против превртувањето биле
активирани. Ќе се огласи
продолжително предупредување
ако се активира прекинувачот.
Контролната сијаличка за
воздушните перничиња v се пали
ако шипките против
превртувањето биле активирани.
Забелешка
Не ставајте предмети на капаците
на шипките за заштита од
превртување зад потпирачите за
глава.
Извлечените шипки против
превртувањето може да се
вовлечат (на пр. за да се затвори
покривот по судир).
Притиснете го лостот помеѓу
стаповите на некоја шипка против
превртувањето да се отклучисистемот. Турнете ја шипката
против превртувањето надолу
докрај додека не се заглави.
Ставете го капакот.
Повторете ја постапката на другата
шипка против превртувањето.
Контролната сијаличка v ќе остане
запалена и шипките против
превртувањето нема да се
активираат во случај на друг судир.
Побарајте помош од
автомеханичар.9 Предупредување
Покривот не може да се затвори
или отвори ако шипките за
заштита од превртување се
извлечени. Шипките за заштита
од превртување треба да се
вовлечат први.
По активирањето на шипката за
заштита од превртување, нека
Ви го поправи системот
автомеханичар веднаш.
Рачно вовлечените шипки за
заштита од превртување нема
да се активираат во случај на
судир.
Товарен простор
Покривот може да се отвори само
ако товарот во товарниот простор
не ја надминува височината на
ролетната на товарниот простор и
не штрчи настрана. Не смее да се
пречекори височината на товарот.
Ролетната на товарниот простор
треба да биде плоска; предметите
Page 50 of 273
48Клучеви, врати и прозорци
под неа не смеат да ја притискаат
угоре. Инаку покривот и товарот
може да се оштетат.
Блокирање на капакот на
багажникот
За да се избегне оштетувањето на
отворениот покрив, капакот на
багажникот или товарот, капакот на
багажникот може да се затвори
само ако електричното помагало за товарење е во долната крајна
положба 3 85.
Дефект на електричниот погон
Турнете ја рачката за закочување
напред.
Дефлектор за ветар
Задните седишта не може да бидат
зафатени кога дефлекторот за
ветар работи.
Не ставајте предмети на
дефлекторот за ветар.
Со комплет за поправање гуми,
дефлекторот за ветар се склопува
надолу во преграда за складирање во товарниот простор под капакот
на подот за товарење.
Кај моделите со резервно тркало дефлекторот за ветар се склопува
настрана во товарниот простор.
Местење
Извлечете го склопениот
дефлектор за ветар.
Page 51 of 273
Клучеви, врати и прозорци49
Спојте ги непреклопените краеви
на дефлекторот за ветар:
Притиснете ја игличката кај
лизгачот, поминете ја шарката
преку игличката и ослободете го
лизгачот така што игличката се
заглавува во шарката.Вметнете ги штипките за водење
на дефлекторот за ветар во
процепите на безбедносниот
ремен помеѓу задните потпирачи
за глава.Повлечете го копчето во форма на
стапче на десната и левата игличка
за закочување и свртете ги за да се закочат. Исправете го
дефлекторот за ветар, свртете го
копчето во форма на стапче назад и заглавете ја игличката за
закочување во процепот во
страничниот тапацир.
Page 52 of 273
50Клучеви, врати и прозорци
Дефлекторот за ветар може да се
склопи назад кога не е во употреба.
Ако дефлекторот за ветар е
склопен и задните седишта се
незафатени, дефлекторот за ветар
може да остане монтиран во
возилото кога покривот е затворен.
Вадење
Извадете го по обратен редослед.
Дефлекторот за ветар целосно се
склопува во товарниот простор:
■ за комплетот за поправање гуми во преградата под капакот на
подот за товарење
■ кај моделите со резервно тркало,
ставете го во товарниот простор
Дефлекторот за ветар не смее
никогаш да штрчи угоре или
настрана над дозволената висина
за товарење.
Page 53 of 273
Седишта, потпирачи51Седишта, потпирачиПотпирачи за глава .................... 51
Предни седишта ......................... 53
Задни седишта ........................... 57
Безбедносни ремени .................58
Систем на воздушни перничиња .................................. 62
Системи за врзување на деца ..66Потпирачи за глава
Положба9 Предупредување
Возете само кога потпирачот за
глава е наместен во правилната
положба.
Горниот раб од потпирачот за
глава треба да биде на нивото на
горниот дел од главата. Ако тоа не
е возможно за особено високи луѓе, наместете го во највисоката
положба, а за пониски луѓе
наместете го во најниската
положба.
Местење Предни и задни бочни потпирачи за
глава
Притиснете го копчето за
ослободување, наместете ја
височината и заглавете го.
Page 54 of 273
52Седишта, потпирачи
Заден средиштен потпирач за
глава
Повлечете го потпирачот за глава
угоре или притиснете ја патент бравата за да се ослободи и
притиснете го потпирачот удолу.
Местење на задните потпирачи за глава, Astra TwinTop
Повлечете го потпирачот за глава
угоре или притиснете ги двете резиња за да се ослободи, а потоа
притиснете го потпирачот удолу.
Не ставајте никакви предмети на
капакот зад потпирачите за глава
или помеѓу потпирачите за глава и
шипките против превртувањето.
Вадење
Притиснете ги патент бравите и
повлечете го потпирачот за глава нагоре.
Активни потпирачи за
глава Во случај на судир одзади,
активните потпирачи за глава се
навалуваат малку нанапред.
Главата поефикасно е поткрепена,
така ризикот од повреда на вратот
е намален.
Page 55 of 273

Седишта, потпирачи53
Активните потпирачи за глава се
познаваат по натписот ACTIVE на
отворите на лежиштата на
потпирачите за глава.
Забелешка
Само одобрени додатоци може да се закачат за потпирачот за главана совозачкото седиште, ако
седиштето не е во употреба.Предни седишта
Положба на седиштата9 Предупредување
Возете само со правилно
наместено седиште.
■ Седете така да задникот да биде
колку е можно поназад до
потпирачот за грб. Наместете го
растојанието помеѓу седиштето
и педалите така што нозете ќе
бидат малку свиткани кога ги
притиснувате педалите. Лизнете
го совозачкото седиште колку е
можно поназад.
■ Седете така што рамениците ќе бидат колку е можно поназад до
потпирачот за грб. Наместете ја
накосеноста на потпирачот за
грб така што ќе може лесно да се дофати воланот со благо
свиткани лакти. Гледајте да има
контакт помеѓу рамениците и
потпирачот за грб кога го вртите
воланот. Не го навалувајте
потпирачот за грб премногу
назад. Препорачуваме
максимална накосеност од околу
25°.
■ Местење на воланот 3 95.
■ Наместете ја височината на седиштето доволно високо да
имате добра видливост од сите
страни и на сите инструменти на
екранот. Би требало да има
слободен простор од најмалку
една рака помеѓу главата и
рамката на покривот. Колковите
Page 56 of 273
54Седишта, потпирачи
би требало да лежат леко врз
седиштето без да го притискаат
него.
■ Наместете го потпирачот за глава 3 51.
■ Наместете ја височината на безбедносниот ремен 3 59.
■ Намастете го потпирачот за колковите така што ќе има
простор со ширина од околу два прста помеѓу работ на седиштето и шуплината на коленото.
■ Наместете го потпирачот за половината така што ќе го
поткрепува природниот облик
на ’рбетот.
Местење на седиштата9 Опасност
Не седете поблиску од 25 см до
воланот за да се овозможи
безбедно отворање на
воздушното перниче.
9 Предупредување
Никогаш не ги местете
седиштата додека возите
бидејќи тие може да се движат
неконтролирано.
Местење на положбата на
седиштето
Повлечете ја рачката, слизнете го
седиштето, отпуштете ја рачката.
Потпирачи за грб на
седиштата
Свртете го тркалцето. Не
навалувајте се на потпирачот за грб кога го местите.