Page 225 of 273

Нега на возилото223
Палење на моторот:1. Запалете го моторот на возилото што дава струја.
2. По 5 минути, запалете го другиот мотор. Обидите за
палење не треба да траат
подолго од 15 секунди во
периоди од 1 минута.
3. Оставете ги двата мотора да работат в место околу
3 минути со поврзани кабли.
4. Вклучете ги елктричните поторшувачи (на пр. светла,
греењето на задното стакло) на
возилото кое го прима
палењето со кабли.
5. Кога ги отстранувате каблите, треба да се повтори точно
истото од горе наведенот само
по обратен редослед.Влечење
Влечење на возилото
Откачете го капакот одоздола и
извадете го удолу.
Алката за влечење се наоѓа заедно
со прирачните алати 3 207.
Зашрафете ја алката за влечење
обратно од правецот на срелките
на часовникот колку што може
додека не застане во хоризонтална
положба.
Закачете сајла за влечење - или, уште подобро е шипка за влечење
- за алката за влечење.
Алката за влечење треба да се
користи за влечење, а не за
ослобудвање на возилото.
Вклучете го палењето за да го
ослободите закочувањето на
воланот и за да го овозможите
Page 226 of 273

224Нега на возилото
работењето на стоп-светлата,
сирената и бришачот на
шофершајбната.
Open&Start систем 3 23.
Менувачот во лер.Внимание
Возете полека. Не возете со нагли движeња. Преголеми
влечни сили може да го оштетат возилото.
Кога моторот не работи, потребнае значително поголема сила за сопирање и за управување.
За да не влегуваат издувни гасови
од влечното возило, вклучете го
кружењето на воздухот и затворете
ги прозорците.
Возилата со автоматски менувач
треба да се влечат свртени
нанапред, не побрзо од 80 км/ч,
ниту подалеку од 100 км. Во сите
други случаи и кога менувачот е
дефектен, предната оска треба да
се крене од земјата.
Побарајте помош од
автомеханичар.
Автоматизиран рачен менувач
3 157.
По влечењето отштрафете ја
алката за влечење и вратете го капакот.
Влечење на друго возило
Откачете го капачето долу и
извадете го удолу.
Кај други модели откопчајте ги
јазичињата за закочување удолу и
извлечете го капакот угоре.
Алката за влечење се наоѓа заедно
со прирачните алати 3 207.
Page 227 of 273

Нега на возилото225
Зашрафете ја алката за влечење
обратно од правецот на срелките
на часовникот колку што може
додека не застане во хоризонтална
положба.
Алката за врзување во задниот дел под возилото никогаш не смее да
се употребува као алка за
влечење.
Закачете сајла за влечење - или,
уште подобро е шипка за влечење
- за алката за влечење.
Алката за влечење смее да се
користи само за влечење, а не за ослобудвање на возилото.
Внимание
Возете полека. Не возете сонагли движeња. Преголеми
влечни сили може да го оштетат возилото.
По влечењето отштрафете ја
алката за влечење и вратете го
капакот.
Модел со капак: монтирајте ја со
вметнување на долните дршки на
капакот во браникот, склопувајќи ги
и потоа притиснете ги дршките кај
горниот дел за да стигнат на место.
Нега за изгледот
Нега на надворешноста БравиБравите се подмачкуваат во
фабриката со употребата на
високо квалитетно мазиво за
цилиндрите на бравите. Средство
за одмрзнување употребувајте
само кога е апсолутно неопходно,
бидејќи тоа го вади мазивото и го
влошува функционирањето на
бравите. По употребата на
средство за одмрзнување, нека Ви
ги подмачка бравите повторно
автомеханичар.
Миење Бојата на Вашето возило е
изложена на влијанија од
околината. Мијте го и полирајте го
Вашето возило редовно. Кога
користите автоматски перални за
автомобили, одберете таква
програма којашто содржи
полирање.
Page 228 of 273

226Нега на возилото
Изметот од птиците, мртвите
инсекти, смолата, поленот и
сличното треба веднаш да се
исчистат, бидејќи тие содржат
агресивни состојки кои можат да
предизвикаат оштетување на
бојата.
Ако користите перална за
автомобили, спроведете ги
соодветните напатствија на
производителот на пералната.
Бришачите на шофершајбната и бришачот на задното стакло мора
да бидат исклучени. Извадете ги
антената и надворешните
додатоци, како на пример
багажниците за на покрив, итн.
Ако го миете возилото рачно,
погрижете се темелно да ја
исплакнете и внатрешната страна
на крилата.
Исчистете ги рабовите и
преклопите на отворените врати и
хаубата, како и пределите што ги
покриваат.Внимание
Секогаш користете средство за
чистење со pH вреднсот 4 до 9.
Не користете средства за
чистење на жешки површини.
Не го чистете моторниот простор
со компресорска млазница или
млазни чистачи со голем притисок.
Целосно исушете го и избришете
го возилото. Често плакнете ја
еленската кожа. Употребувајте
посебни кожи за бојата и за
прозорците: остатоците од полир-
пастата на прозорците ќе ја влошат
видливоста.
Не користете тврди предмети за
вадење на флеки од катран.
Користете спреј за вадење на
катран на обоените површини.
Надворешни светла
Капаците на предните фарови и на
другите светла се направени од
пластика. Не користете
нагризувачки средства или
киселини, не користете гребач за мраз и не сушете ги.
Полирање и нанесувањевосок
Редовно полирајте го возилото со
полир-паста (најдоцна кога веќе не
се формираат меури од водата).
Инаку бојата ќе се исуши.
Полирањето со средство за
полирање е неопходно само ако
бојата го изгубила сјајот или ако на неа се нафатиле цврсти наслојки.
Полирањето на бојата со силикон
обликува заштитен слој, правејќи
го полирањето со восок
непотребно.
Пластичните делови на
каросеријата не смеат да се
намачкаат со восок или средства
за полирање.
Page 229 of 273

Нега на возилото227
Прозорци и четкички на
бришачите на
шофершајбната Употребувајте мека крпа без
влакненца или еленска кожа
заедно со средство за чистење
прозорци и средство за вадење
инсекти.
Кога го чистите задниот прозорец
однатре, секогаш бришете
паралелно со грејачот за да
спречите оштетување.
За механичко вадење на мраз,
употребувајте гребло на мраз со
остар раб. Притиснете го гребачот
цврсто на стаклото за да не
влегуваат нечистотии под него и
гребете го стаклото.
Чистете ги четкичките на
бришачите што замачкуваат со
мека крпа и средство за чистење на прозорци.Подвижен покрив
Никогаш не чистете го со раствори
или нагризувачки средства, горива, агресивни средства (на пр.
растворувачи на бои, раствори што
содржат ацетон итн.) киселини или многу алкални средства или
абразивни сунѓери. Не ставајте
восок или средства за полирање на
средниот дел од подвижниот
покрив.
Тркала и гуми Не користете компресорски
млазници за чистење.
Чистете ги бандажите со pH
неутрално средство за чистење на
тркалата.
Бандажите се бојосани и може да
се чистат со истите средства како и
шасијата.
Оштетување на бојата Поправете ги помалите оштети на
бојата со апликатор пред да се
формира ‘рѓа. Поголемите оштети
или предели со ’рѓа нека Ви ги
поправи автомеханичар.Подвозје
Некои предели на подвозјето навозилото имаат премаз од PVC
додека другите критични предели
имаат траен слој од заштитен
восок.
Откако подвозјето ќе се измие,
проверете го истото и нанесете
восок ако е потребно.
Битуменски/гумени материјали
може да го оштетат премазот од
PVC. Нека Ви ја изведе работата на
подвозјето автомеханичар.
Пред и после зимата, измијте го
подвозјето и нека Ви го проверат
слојот на заштитниот восок.
Моторен простор
Пределите на моторниот простор
кои се бојосани со иста боја како и
возилото мора да се негуваат како
што сите други обоени површини.
Препорачливо е да се измие
моторниот простор пред и по
зимата и да се заштити со восок.
Заштитете ги алтернаторот и
Page 230 of 273

228Нега на возилото
резервоарот за течноста за
сопирачките со мушами пред
миењето на моторот.
Кога го миете моторот со
компресорска млазница, не
насочувајте го млазот кон
деловите на системот за
деблокирање на сопирачките,
системот за климатизација или
погонскиот ремен и неговите
делови.
По миењето на моторот, нека Ви ги заштитат сите компоненти на
моторниот простор кај
автомеханичар со употреба на
заштитен восок.
Не користете компресорски
млазници за чистење.
Двоен кров Чистете ги сите кедери со влажна,
мека крпа без влакна. Оставете ги
да се исушат целосно. Третирајте
ги сите кедери, на пр. на рамката на покривот и на шофершајбната, со
специјалниот комплет за
одржување (достапен од Вашиот сервисен партнер на Opel)одвреме навреме. Добриот контакт
помеѓу нежните гумени рабови и
површините за изолација спречува протекување и ја намалува силата
на залепувањето.
Средна положба на покривот за
чистење 3 43.
Не користете компресорски
млазници за чистење.
Опрема за влечење Не ја чистете влечната кука со
компресорска млазница или
млазни чистачи со голем притисок.
Нега на внатрешноста
Внатрешност и тапацир Чистете ја внатрешноста на
возилото, вклучувајќи ја и маската
и облогите на таблата со
инструменти, само со сува крпа или средство за чистење на
внатрешноста.
Чистете го кожениот тапацир со
вода и мека крпа. Доколку е многу
извалкан, користете средство за
чистење кожа.Групата инструменти и екраните
треба да се чистат само со мека,
влажна крпа. Ако е потребно,
користете слаб раствор на
сапуница.
Текстилниот тапацир чистете го со
правосмукалка и четка. Флеките
вадете ги со средство за чистење на тапацирот.
Ткаенината на преслеките може да
не е со трајни бои. Тоа може да
предизвика видливо
избледнување на бојата, особено
на тапацир со светли бои. Дамки и
избледена боја треба да се
исчистат што е можно поскоро.
Чистете ги безбедносните ремени
со млака вода или средство за
чистење на внатрешноста.
Page 231 of 273
Нега на возилото229Внимание
Затворете ги Велкро патентите
бидејќи отворени Велкро
патенти на облеката може да го
оштетат тапацирот на
седиштата.
Истото се однесува и на
облеката со предмети со остри
рабови, на пр. патенти, каиши
или фармерки со нитни.
Пластични и гумени делови
Пластичните и гумените делови
може да се исчистат со истото
средство за чистење кое се
користи за чистење на
каросеријата. Употребете
средство за чистење на
внатрешноста ако е потребно. Не
користете други средства.
Избегнувајте ги растворувачите и
особено бензинот. Не користете
компресорски млазници за
чистење.
Page 232 of 273

230Сервисирање и одржувањеСервисирање и
одржувањеОпшти информации .................230
Препорачани течности,
средства за подмачкување и
делови ....................................... 231Општи информации
Сервисни информации За да се гарантира економичното ибезбедното работење на возилото
и да се одржи вредноста на Вашето
возило, мошне битно е сето
одржување да се изведува во
соодветните периоди, како што е определено.
Деталниот, актуелен сервисен
распоред за Вашето возило е
достапен кај автомеханичарот.
Екран за сервисирање 3 103.
Европски сервисни периоди
Сервисот е актуелен е на секои
30.000 км или 1 година, што и да е
прво.
Европскиот распоред важи за
следните држави:
Андора, Австрија, Белгија, Босна и
Херцеговина, Бугарија, Хрватска,
Кипар, Чешка, Данска, Естонија,
Финска, Франција, Германија,
Грција, Гренланд, Унгарија,
Исланд, Ирска, Израел, Италија,Латвија, Литванија, Луксембург,
Македонија, Малта, Црна Гора,
Холандија, Норвешка, Полска,
Португалија, Романија, Словачка,
Словенија, Шпанија, Шведска,
Швајцарија, Обединето кралство.
Екран за сервисирање 3 103.
Меѓународни сервисни
периоди
Сервисот е актуелен е на секои
15.000 км или 1 година, што и да е
прво.
Меѓународните сервисни периоди важат за државите кои не се
наброени кај европските сервисни
периоди.
Екран за сервисирање 3 103.
Потврдувања
Потврдите на сервисирањето се
евидентира во Сервисната и
гаранцијската книшка. Датумот и
километражата се дополнува со
печат и подпис на работилницата
на сервисирањето.