Page 145 of 273

Контрола на климатизацијата143
Вклучете го греењето на задното
стакло Ü.
Рачни поставки во изборникот
климатизација Поставките на системот за
контрола на климатизацијата може
да се менуваат преку средишното
тркалце, копчињата и изборниците
пројавени на екранот.
За повикување на изборникот
притиснете го средишното копче.
На екранот се појавува изборникот
Climate (Клима) .
Одделните изборни ставки се
означуваат со вртење на
средишното тркалце и се одбираат
со негово притискање.
За да се излезе од некој изборник,
завртете ја средишната контрола
додека не се појави Return
(Рикверц) или Main (Главно) и
одберете.Распределба на воздухот
Свртете го средишното копче.
Изборникот Air distribut. (Распред.
на воздухот) се активира,
покажувајќи ги можните поставки
за распределбата на воздухот:Горе=кон
шофершајбната и
прозорците на
предните врати.Кон
средината=кон патниците на
возилото.Долу=кон пределот на
нозете.
Изборникот Air distribut. (Распред.
на воздухот) може да се повика и
преку изборникот Climate (Клима).
Враќање на автоматската
распределба на воздухот:
Деактивирајте ја соодветната
поставка или притиснете го
копчето AUTO.
Ладење
Во изборникот Climate (Клима)
изберете ја изборната ставка AC и
активирајте го или деактивирајте го ладењето.
Системот за климатизација лади и
суши кога надворешната
температура е над определено
ниво. Затоа може да се формира
кондензација и да капи под
возилото.
Ако веќе не е потребно ладење или
сушење, исклучете го системот за ладење за да се заштеди гориво,
Eco (Еко) се појавува на екранот.
Page 146 of 273

144Контрола на климатизацијата
Регулирање на вентилаторот
во автоматскиот режим
Регулирањето на вентилаторот во
автоматскиот режим може да се
преиначува.
Одберете ја изборната ставка
Automatic blower (Автоматски
вентилатор) од изборникот Climate
(Клима) и одберете го саканото
регулирање на вентилаторот.
Рачен режим за кружење на
воздухот Режимот за кружење на воздухот
се управува со копчето 4.9Предупредување
Менувањето на свежиот воздух
е намалено во режимот за
кружење на воздухот. При
работа без ладење, влажноста
на воздухот се зголемува, па
прозорците може да се
замаглат. Квалитетот на
воздухот во патничката кабина
се влошува, што може да
предизвика дремливост кај
патниците.
Климатизација кога моторот
не работи
Кога палењето е исклучено,
преостанатата топлина или
ладење во системот може да се
употреби за контрола на климата
во патничкиот простор.
Притиснете го копчето AUTO кога
палењето е исклучено. На екранот накратко ќе се појави Residual air
conditioning on (Климатизација на
преостанатиот воздух е вклучена) .
Контролата на климатизацијата на
преостанатиот воздух може да
работи само за ограничено
времетраење. За откажување,
притиснете го копчето AUTO.
Дополнително греење
Грејач на воздухот
Брзото греење е дополнителен
електричен грејач кој го загрева
побргу патничкиот простор.
Грејач на течноста за ладење
Возилата со мотори на дизел
имаат дополнителен грејач кој
работи на гориво.
Page 147 of 273
Контрола на климатизацијата145Отвори за
проветрување
Приспособливи отвориза проветрување
Мора да биде отворен барем еден
отвор за проветрување додека е
вклучено ладењето за да се спречи испарувачот да замрзне поради
недвижење на воздухот.
За да се отвори отворот, свртете го
тркалцето за местење на B.
Насочете го протокот на воздухот
со навалување и вртење на
решетките.
За да се затвори отворот, свртете
го тркалцето за местење на 7.
9 Предупредување
Не закачувајте предмети за
решетките на отворите за
проветрување. Ризик од
оштетување и повреда во случај на сообраќајка.
Фиксни отвори за
проветрување Дополнителни отвори за
проветрување се наоѓаат под
шофершајбната и прозорците на
вратите и во пределите на нозете.
Page 148 of 273

146Контрола на климатизацијатаОдржување
Довод на воздухот
Процепите за довод на воздухот
пред шофершајбната во
моторниот простор мора да се
чуваат чисти за да се овозможи
доводот на воздухот. Извадете ги лисјата, нечистотијата или снегот.
Филтер за полен Филтерот за полен ги отстранува
правта, саѓите, поленот и спорите
од воздухот што влегува во
возилото преку доводот за воздух.
Обично работење на
кондиционерот
За да се обезбедат постојано
ефикасни перформанси, ладењето
мора да се вклучува неколку
минути еднаш месечно, без оглед
на времето и годишната доба. Не е возможно ракувањето со ладењето
кога надворешната температура е
прениска.
Сервис За оптимални перформанси на
ладењето, се препорачува ситемот
за контрола на климатизацијата да
се проверува годишно, почнувајќи три години по првата регистрацијана возилото, вклучувајќи ги
следните:
■ Тестирање на функционирањето и притисокот
■ Функционирање на греењето
■ Проверка да не капе
■ Проверка на погонските ремени■ Чистење на одводот на кондензаторот и испарувачот
■ Проверка на перформансите
Page 149 of 273

Возење и ракување147Возење и ракувањеПрактични совети за возење..147
Поаѓање и ракување ................ 147
Издувни гасови од моторот .....150
Автоматски менувач ................152
Рачен менувач ......................... 156
Автоматизиран рачен
менувач ..................................... 157
Сопирачки ................................. 161
Системи за контрола на
возењето ................................... 163
Контрола на патувањето .........165
Систем за препознавање на
предмети ................................... 167
Гориво ....................................... 168
Кука за приколки ......................171Практични совети за
возење
Контрола над возилото
Никогаш не оставајте го
возилото да оди на падини со
изгаснат мотор
Многу уреди нема да
функционираат во таква ситуација
(на пр. серво уредот на
сопирачките, електронското
управување). Таквото возење е
опасно за Вас и за други.
ПедалиЗа да се обезбеди непречен од на
педалите, не смее да има
подлошки во пределот на
педалите.Поаѓање и ракување
Разработување на
новото возило
Не кочете непотребно силно на
првите 200 км.
За време на првото возење може
да се јави чад поради
испарувањето на восокот и
маслото на системот за издувни
гасови. Паркирајте го возилото на
отворено место за извесно време
по првото возење за да не ги
вдишувате пареите.
Потрошувачката на горивото,
маслото за моторот е повисока од
нормалната за време на периодот
на разработување.
Page 150 of 273
148Возење и ракувањеПоложби на
прекинувачот за палење0=Исклучено палење1=Бравата на воланот е
ослободена, исклучено
палење2=Вклучено палење, за мотор на
дизел: предзагревање3=ПалењеПалење на моторот
Палење на моторот со
прекинувачот за палење
Притиснете ги куплунгот и
сопирачката, автоматскиот
менувач во P или N, не давајте гас;
кај мотори на дизел, завртете го
клучот во положбата 2 за
предзагревање додека
контролната сијаличка ! не се
изгасне; накратко свртете го клучот
во положбата 3 и отпуштете го кога
моторот ќе проработи.
Пред да го запалите повторно или
изгаснете моторот, вратете го
клучот во положбата 0.
Палење на моторот со
копчето Start/Stop
Електронскиот клуч мора да биде
внатре во возилото. Притиснете ги
куплунгот и сопирачката,
автоматскиот менувач во P или N,
не давајте гас; кај мотори на дизел, притиснете го копчето накратко за
да почне предзагревањето, малку
помрднете го воланот за да се ослободи бравата на воланот,
почекајте додека контролната
Page 151 of 273

Возење и ракување149
сијаличка ! не се изгасне и потоа
притискајте го копчето 1 секунда и отпуштете го кога моторот ќе
проработи.
За да ја повторите постапката за
палење или да го изгаснете
моторот, притиснете го копчето повторно.
Палење на моторот при ниски
температури
Палењето на моторот без
дополнителни грејачи е можно до
-25 °C за мотори на дизел и до
-30 °C за бензинските мотори.
Потребно е моторно масло со
правилна вискозност, правилно
гориво, редовно извршени сервиси и доволно полн акумулатор. При
температури под -30 °C, на
автоматскиот менувач и
автоматизираниот рачен менувач
им треба фаза на загревање од
околу 5 минути. Рачката на
менувачот мора да биде во
положбата P соодветно N.Исклучување на
пребрзувањето Доводот на гориво се затвора
автоматски за време на
пребрзувањето, т. е. кога возилото
се вози во некоја брзина но
педалот за гас е отпуштен.
Паркирање ■ Не паркирајте го возилото на лесно запалива површина.
Високата температура на
системот на ауспухот може да ја
запали површината.
■ Секогаш затегнувајте ја рачната сопирачка без да го притиснете
копчето за ослободување.
Затегнувајте ја колку што може
поцврсто на угорници или
падини. Притиснете ја ножната
сопирачка истовремено за да се
намалат работните сили.
■ Исклучете ги моторот и палењето. Свртете го воланот
дури не се заглави истиот.■ Ако возилото е на рамна површина или на угорница,
ставете во прва брзина или
наместете ја рачката на
менувачот во P пред да го
исклучите палењето. На
угорници свртете ги предните тркала настрана од работ на
тротоарот.
Ако возилото е на удолнина,
ставете во рикверц или
наместете ја рачката на
менувачот во P пред да го
исклуите палењето. Свртете ги
предните тркала кон работ на
тротоарот.
■ Заклучете го возилото и активирајте ги системот за
заштита од кражба и системот за тревожење при кражба.
Page 152 of 273

150Возење и ракувањеИздувни гасови од
моторот9 Опасност
Издувните гасови од моторот
содржат отровен јаглерод
моноксид, којшто е безбоен,
нема мирис и може да биде
смртоносен ако се вдишува.
Ако издувни гасови навлегуваат во внатрешноста на возилото,
отворете ги прозорците. Нека Ви ја елиминира причината на
дефектот автомеханичар.
Избегнувајте да возите со
отворен товарен простор, инаку
издувните гасови можат да
навлезат во возилото.
Филтер за дизелски
честички Системот на филтерот за дизелски честички ги филтрира штетните
честички на саѓи од издувните
гасови. Системот содржи функција
на самочистење која работи
автоматски за време на возењето.
Филтерот се чисти со изгорување
на честичките од саѓи на висока
температура. Овој процес се
одвива автоматски при
определени услови за возење и може да потрае до 25 минути. За
овој период потрошувчката на
гориво може да биде поголема.
Испуштањето на миризби и чад за
време на овој процес е нормално.
При извесни услови на возењето,
на пр. кратки растојанија, системот
не може сам да се исчисти
автоматски.
Ако на филтерот му е потребно
чистење, а претходните услови на
возењето не овозможија
автоматско чистење, контролната
сијаличка ! трепка. Продолжете
со возењето, одржувајќи ја
брзината на моторот над 2000
вртежи на минута. Сменете во
помала брзина ако е потребно.
Тогаш почнува чистењето на
филтерот за дизелски четички.
Прекинувањето на патувањето или
гаснењето на моторот за време на
чистењето не се препорачува.