Page 169 of 273

Возење и ракување167Систем за
препознавање на
предмети
Помош за паркирање
Помошта за паркирање го
олеснува паркирањето со мерење
на растојанието помеѓу возилото и
пречките. Меѓутоа, возачот носи
целосна одговорност за
паркирањето.
Системот се состои од четири ултрасонични сензори за
паркирање во секој од предните и
задните браници.
Контролна сијаличка r 3 109.
Забелешка
Додадените предмети во опсегот
на забележувањето
предизвикуваат неиспавности во
системот.
Активирање
Кога се става во рикверц, системот
автоматски сам се вклучува.
Системот исто може да се активира
при ниска брзина на возилото со
притиснување на копчето r.
Пречката се назначува со звучен
сигнал. Периодот помеѓу
сигналите се скратува додека
возилото стигнува поблизу до
пречката. Кога е растојанието
помало од 30 см, звучниот сигнал е непрекинат.9 Предупредување
Во одредени услови, сјајните
површини на разни предмети
или на облека, како и
надворешните извори на
бучава, може да предизвикаат системот да не ги открие
пречките.
Деактивирање
Деактивирање на системот со
притиснување на копчето r.
Системот автоматски се
деактивира кога ќе се смени
брзината од рикверц.
Page 170 of 273

168Возење и ракување
Опрема за влечењеСистемот автоматски ја приметува
фабрично монтираната опрема за
влечење.
Кога се влече, приклучувањето на
кабелот на приколката во штекерот
автоматски ја исклучува помошта
за паркирање.Гориво
Гориво за бензински
мотори
Користете само безоловно гориво
усогласено со европскиот
стандард EN 228 или
E DIN 51626-1 или сличен.
Вашиот мотор може да работи со
гориво E10 што ги исполнува овие
стандарди. Горивото E10 содржи
до 10 % биоетанол.
Користете гориво со
препорачаниот октански број
3 240. Употребата на горива со
пренизок октански број може да ја
намали моќноста на моторот и
вртливиот момент и малку ја
зголемува потрошувачката на
гориво.Внимание
Не користете гориво или адитиви за гориво што содржат
метални состојки како адитиви
врз основа на манган. Тоа може
да предизвика оштетување на
моторот.Внимание
Користењето гориво што не е во
согласност со EN 228 или E DIN
51626-1 или слично може да
доведе до таложења или
оштетување на моторот и да
влијае врз гаранцијата.
Внимание
Употребата на горива со
пренизок октански број може да
доведе до неконтролирано
согорување и оштета на
моторот.
Гориво за мотори на
дизел
Користете само дизел гориво
сообразено со EN 590.
Page 171 of 273

Возење и ракување169
Во земјите надвор од Европската
унија, користете дизел гориво со
концентрација на сулфур под
50 ppm.Внимание
Користењето гориво што не е во
согласност со EN 590 или
слично може да доведе до
губење на моќноста на
возилото, зголемено абење или
оштетување на моторот и може
да влијае врз гаранцијата.
Не користете бродски дизел масла,
масла за греење, Аквазол и слични емулзии на дизел и вода. Дизел
горивата не смеат да се разредат
со горива за бензински мотори.
Полнење гориво9 Опасност
Исклучете ги сите мобилни
телефони.
Следете ги упатствата за
ракување и безбедноста на
бензинската пумпа кога полните
гориво.
9 Опасност
Горивото е запаливо и
експлозивно. Пушењето е
забрането! Забранети се гол
пламен и искри.
Ако намирисате гориво во возилото, нека Ви ја отстрани причината веднаш
автомеханичар.
Внимание
Во случај на погрешно ставено
гориво, не вклучувајте го
палењето.
Вратичката на резервоарот за
гориво се наоѓа на задната десна
страна од возилото.
Вратичката на резервоарот за
гориво може да се отвори само ако возилото е отклучено. Повлечете ја
вратичката за вдлабнатинката и отворете ја.
За да го отворите, свртете го
капачето полека налево
Page 172 of 273

170Возење и ракување
Вратичката на резервоарот за
гориво се заглавува во конзолата
на истата.
За полнење гориво, целосно
вметнете ја цевката на пумпата и вклучете ја.
По автоматското исклучување,
може да се дополни со најмногу
две дози гориво.
Внимание
Веднаш избришете го горивото
што претекло.
За да го затворите, свртете го
капачето на резервоарот надесно
додека да кликне.
Затворете ја вратичката и оставете
да се заглави.
Капаче на резервоарот за
гориво Само оригинално Опелово капаче
на резервоарот обезбедува
целосна функционалност.
Возилата со мотори на дизел
имаат специјални капачиња на
резервоарот.
Потрошувачка на
гориво - CO 2-испуштање
Потрошувачката на гориво
(комбинирана) на моделот Opel
Astra е во опсег од
7,3 до 5,0 л/100 км.
Испуштањето CO 2 е во опсег од
172 до 132 г/км.Општи информации
За вредностите за вашето возило,
видете го Сертификатот за
сообразност на ЕК доставен со
вашето возило или другите
национални документи за
регистрација.
Одредувањето на потрошувачката
на гориво е пропишана со
директивата R (EK) бр. 715/2007
(во последната важечка верзија).
Спецификациите за
испуштањето на CO 2 исто така се
составен дел од директивата.
Дадените цифри не смеат да се
земаат како гаранција за
фактичката потрошувачка на
гориво на некое возило. Понатаму
потрошувачката на гориво зависи
од личниот стил на возењето, како
и од условите на коловозот и
сообраќајот.
Сите вредности се засновани врз
ЕУ основниот модел со стандардна опрема.
Page 173 of 273

Возење и ракување171
Пресметувањето на
потрошувачката ја зема предвид максималната тежина на возилото,
утврдена во согласност со
прописите. Опционалните опреми
може да резултираат со нешто
поголеми нивоа на потрошувачка
на гориво и испуштање на CO 2 и со
помала максимална брзина.Кука за приколки
Општи информации Употребувајте само опрема за
влечење која била одобрена за Вашето возило. Доверете му го
отпослежното монтирање на
опремата за влечење на
автомеханичар. Може да биде
потребно да се извршат измени кои делуваат врз системот за ладење,
топлоотпорните обвивки или друга
опрема.
Не монтирајте опрема за влечење
на возилата со моторот Z 20 LEH.
Монтирањето на опрема за
влечење може да го прекрие
отворот на алката за влечење. Ако
е така, користете ја влечната кука
за влечењето. Секогаш чувајте ја
влечната кука во возилото.
Димензии за инсталирање на
фабрично монтираната опрема за
влечење 3 259.Возни карактеристики,
совети за влечење
Пред да закачите приколка,
подмачкајте ја влечната топка со
мазиво. Меѓутоа, не ја
подмачкувајте ако за намалување
на кривулести движења се
употребува стабилизатор, којшто
делува врз влечната топка.
За приколки со помала стабилност
при возење и приколки со
дозволена бруто тежина на
возилото од повеќе од 1300 кг
(Лимузина)/1200 кг (Караван) не
смее да се надмине брзината од
80 км ; употребата на стабилизатор
се препорачува.
Ако приколката почне да се извива,
возете пополека, не обидувајте се
да го исправите управувањето и
сопирајте нагло ако е потребно.
Кога возите по удолнина, возете во иста брзина како да возевте по
угорница и возете со слична
брзина на возилото.
Page 174 of 273

172Возење и ракување
Дотерајте го притисокот во гумите
до вредноста определена за полна
натовареност 3 251.
Влечење на приколка Товарење на приколката Дозволената оптовареност на
приколките се максималните
вредности кои зависат од возилото
и од моторот и не смеат да се
пречекоруваат. Фактичната
оптовареност на приколката е
разликата помеѓу бруто тежината
на приколката и актуелната
оптовареност на влечната спојка
кога е приклучена приколката.
Дозволената оптовареност за
товарот на приколките е
определена во документите на
возилото. Воопшто, тие важат за
стрмнини до најмногу 12 %.
Дозволената оптовареност на
приколката важи до определената
стрмнина и до надморска височина
од 1000 метри. Бидејќи моќноста на моторот се намалува со
зголемување на надморскатависочина поради разретчување на
воздухот, со што се намалува и
способноста за искачување,
дозволената тежина за влечење
исто така се намалува за 10 % на
секои 1000 метри дополнителна надморска височина. Бруто
влечната тежина не мора да се
намалува кога се вози по патишта
со мали стрмнини (помали од 8 %,
на пр. автопатишта).
Не смее да се пречекори
дозволената бруто тежина на
оските. Оваа тежина е забележана
на идентификациската табличка
3 235.
Вертикална оптовареност на влечната спојка
Вертикалната оптовареност на
влечната спојка е оптовареноста
со којашто приколката ја
оптоварува влечната кука. Може да
се менува со менување на
распоредот на тежината кога се
товари приколката.Максималната дозволена
вертикална оптовареност на
влечната спојка (75 кг) е наведена
на идентификациската табличка на
влечната опрема и во документите
на возилото. Секогаш одете на
максимална оптовареност,
особено ако се работи за тешка
приколка. Вертикалната
оптовареност на влечната спојка
никогаш не смее да падне под
25 кг.
Page 175 of 273

Возење и ракување173
Натоварување на заднатаоска Кога е прикачена приколка, а
влечното возило е целосно
натоварено, дозволената
оптовареност на задната оска
(видете ја идентификациската
табличка или документите на
возилото) може да се надмине за
65 кг, а дозволената бруто тежина
на возилото за 45 кг кај Лимузина.
Кај Караванот, дозволената
оптовареност на задната оска
може да се надмине за 60 кг, а
дозволената бруто тежина на
возилото за 30 кг. Ако се надмине
дозволената оптовареност на
задната оска, максималната
брзина е 100 км/ч.
Опрема за влечењеВнимание
При работење без приколкаизвадете ја влечната кука со
топка.
Чување на влечната кука
Во лимузините, топчестата влечна
кука е во вреќичка прицврстена во товарната кутија на товарниотпростор со каиш. Во Караваните,
влечната кука е врзана со каиш во
преграда во шуплината за
резервното тркало во товарниот
простор.
Монтирање на топчестата
влечна кука
Преклопете го приклучокот надолу. Извадете ја заптивната приклучка
од дупката за влечната кука и
ставете ја во товарниот простор.
Page 176 of 273
174Возење и ракување
Проверка на затегнатоста на
влечната кука
■ Црвената ознака на вртливото
копче посочува кон белата
ознака на влечната кука.
■ Меѓупросторот помеѓу вртливото
копче и влечната кука треба да
биде околу 4 милиметри.
■ Клучот треба да биде во положбата c ( 1).
Инаку влечната кука треба да се
затегне пред да се вметне:
■ Отклучете ја влечната кука вртејќи го клучот во
положбата c ( 1).
■ Извлечете го вртливото копче и
свртете го во правец на
стрелките на часовникот колку што може.
Вметнување на влечната кука
Вметнете ја затегнатата шипка на
влечната кука во отворот и турнете
ја цврсто угоре додека не се
заглави чујно.
Вртливата рачка скокнува назад во
основната положба, потпирајќи се
на влечната кука без расцеп.
9 Предупредување
Не ја допирајте вртливата рачка
за време на вметнувањето.