Page 177 of 273

Возење и ракување175
Отклучете ја влечната кука вртејќи
го клучот во положбата e ( 2).
Извадете го клучот и затворете го
заштитното капаче.
Алка за кабелот за приврзување Закачете го кабелот за
приврзување за алката.
Проверете дали влечната кука е
правилно инсталирана
■ Зелената ознака на вртливото копче посочува кон белата
ознака на влечната кука
■ Не смее да има расцеп помеѓу вртливата рачка и шипката на
влечната кука
■ Влечната кука треба цврсто да се
заглави во отворот
■ Влечната кука треба да се заклучи и клучот да се извади9 Предупредување
Влечењето на приколка е
дозволена само ако влечната
кука е монтирана правилно. Ако влечната кука не е заглавена
правилно, побарајте помош од
автомехануичар.
Демонтирање на топчестата
влечна кука
Отворете ја заштитната вратичка,
свртете го клучот во положба c ( 1)
за да се отклучи шипката на
влечната кука.
Извлечете ја вртливата рачка и
свртете ја во правец на стрелките
на часовникот колку што може.
Извлечете ја шипката на влечната
кука удолу.
Вметнете го заптивниот клин во
отворот. Преклопете го
приклучокот.
Помош за стабилноста
на приколката Ако системот открие кривулести
движења, моќноста на моторот се
намалува и комбинацијата возила/
приколка се сопира селективно додека не престане кривулестото
движење.
Помошта за стабилноста на
приколката (TSA) е функција на
Електронската програма за
стабилност (ESP® Plus
) 3 163.
Page 178 of 273

176Нега на возилотоНега на возилотоОпшти информации.................176
Прверки на возилото ...............177
Замена на сијалиците ..............184
Електричен систем ..................199
Прирачен алат ......................... 207
Тркала и гуми ........................... 207
Палење со кабли ......................221
Влечење ................................... 223
Нега за изгледот ......................225Општи информации
Опреми и преиначувања
на возилото
Го препорачуваме користењето на
оригинални делови и опрема, и
делови одобрени од фабриката
специфично за Вашиот вид на
возило. Не можеме да оцениме или гарантираме сигурност за други
производи - дури и да имаат
регулативно или поинаку дадено
одобрение.
Не вршете преиначувања на
електричниот систем, на пр.
измени на електронските
контролни уреди (чип тјунинг).Внимание
При превезување на возилото
со воз или со возило за
влечење, калниците може да се
оштетат.
Чување на возилото
Складирање за долго времеСледново треба да се стори
доколку возилото има да се
складира повеќе месеци:
■ Измијте го и полирајте го возилото.
■ Нека Ви ја проверат заштитата со
восок во моторниот простор и
подвозје.
■ Исчистете ги и намачкајте ги гумените кедери.
■ Наполнете го резервоарот за гориво докрај.
■ Сменете го моторното масло.
■ Сад за течноста за миење на шофершајбната.
■ Проверете ја течноста за ладење.
■ Дотерајте го притисокот во гумите до вредноста определена
за полна натовареност.
Page 179 of 273

Нега на возилото177
■Паркирајте го возилото на суво и
добро проветрено место.
Ставете во прва брзина или
рикверц или лостот на менувачот во P. Спречете го возилото од
тркалење.
■ Не затегнувајте ја рачната сопирачка.
■ Отворете ја хаубата, затворете ги сите врати и заклучете го
возилото.
■ Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Внимавајте сите системи да
бидат исклучени, на пр. системот
за тревожење при кражба.
Враќање во работна состојба Следното треба да се стори ако
возилото има да се врати во
работа:
■ Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Активирајте ја електрониката на електричните прозорци.
■ Проверете го притисокот во гумите.■ Наполнете го садот за течностаза миење.
■ Проверете го нивото на моторното масло.
■ Проверете го новито на течноста
за ладење.
■ Ставете ја регистарската табличка ако е потребно.
Демонтирање на
возилото на крајот од
работниот век
Информациите за центрите за
демонтирање и рециклирање на
возилата што се на крајот од својот работен век се наоѓаат на нашата
веб страна. Доверете му ја оваа
работа само на овластен центар за
рециклирање.Прверки на возилото
Вршење работа9 Предупредување
Вршете проверки на моторниот
простор само кога е исклучено палењето.
Вентилаторот за ладење може
да проработи дури и ако е
исклучено палењето.
Page 180 of 273
178Нега на возилото9Опасност
Системот за палење и
ксенонските фарови користат
крајно висок напон. Не
допирајте ги.
За полесно препознавање,
капачињата за дотурање на
моторното масло, течноста за
ладење, течноста за миење и
прачката за мерење на нивото на
маслото се жолти.
Хауба
Отворање
Повлечете ја рачката за
ослободување и вратете ја во
првобитната положба.
Подигнете ја безбедносната спојка
угоре и отворете ја хаубата.
Довод на воздухот 3 146.
Прицврстете го потпирачот на
хаубата.
Затворање
Пред да ја затворите хаубата,
притиснете го потпирачот во
држачот.
Спуштете ја хаубата и оставете ја
да падне во патент бравата.
Проверете дали хаубата е
заглавена.
Page 181 of 273
Нега на возилото179Моторно маслоРедовно проверувајте го нивото намоторното масло рачно за да се
спречи оштетување на моторот.
Уверувајте се дека се користи
масло со правилната
спецификација. Препорачаните течности и средства за
подмачкување 3 231.
Проверувајте го со возилото на
рамна површина. Моторот треба
да биде на работна температура и
исклучен најмалку 5 минути.
Извлечете ја прачката, исчистете
ја со бришење, вметнете ја до
запирот на рачката, извлечете ја и
отчитајте го нивото на моторното
масло.
Вметнете ја прачката до запирот на
рачката и свртете ја за половина.
Различни прачки се употребуваат
зависно од верзијата на моторот.Кога нивото на моторното масло
паднало до ознаката MIN дотурете
моторно масло.
Page 182 of 273

180Нега на возилото
Ја препорачуваме употребата на
моторно масло од иста класа со тоа коешто беше употребено при
последното менување.
Нивото на моторното масло не
смее да ја надмине ознаката MAX
на прачката.Внимание
Вишокот на моторното масло
треба да се исиса или да се
отстрани.
Зафатнини 3 250.
Наместете го капачето право и
затегнете го.
Течност во ладилникот
Течноста за ладење дава заштита
од замрзнување до околу -28 °C.
Внимание
Употребувајте само одобрен
антифриз.
Ниво на течноста за ладењеВнимание
Прениското ниво на течноста за ладење може да предизвика
оштетување на моторот.
Ако системот за ладење е студен,
нивото на течноста за ладење
треба да биде токму над ознаката
KALT/COLD . Дотурете ако нивото е
ниско.
9 Предупредување
Оставете моторот да се олади
пред да го отворите капачето. Внимателно отворајте го
капакот, ослободуваќи го вишок
притисокот полека.
Дотурете антифриз. Ако нема
антифриз на располагање,
користете чиста вода од чешма или дестилирана вода. Ставете го
капакот цврсто. Нека Ви ја провери концентрацијата на антифризот, и
нека Ви ја отстрани причината на
губење на течноста за ладење
автомеханичар.
Page 183 of 273

Нега на возилото181Течност за миење
Наполнете со чиста вода мешана
со соодветно количество течност
за миење на шофершајбната која
содржи антифриз.
Сопирачки Чкрипењето означува дека пакните
на сопирачките се изабени до
својата минимална дебелина.
Можно е да се продолжи со
возењето, но нека Ви ги заменат
пакните на сопирачките колку е
можно поскоро.
Штом се ставени нови пакните, не сопирајте непотребно силно при
првите неколку патувања.
Течност за сопирачките9 Предупредување
Течноста за сопирачките е
отровна и нагризува. Избегнете
контакт со очите, кожата,
текстил и бојадисани површини.
Течноста за сопирачките мора да
биде помеѓу ознаките MIN и MAX .
Кога дотурате, уверете се дека
течноста е сосема чиста бидејќи
загадената течност за сопирачките
може да доведе до неисправности
во системот на сопирачки. Нека Ви ја отстрани причината на губењето
на течноста за сопирачките
автомеханичар.
Користете течност за сопирачките
само со високи перформанси
одобрена за возилото. Течност за
сопирачките и за куплунгот 3 181.
Акумулатор Акумулаторот на возилото не се
сервисира под услов
карактеристиките на возењето да
овозможат доволно полнење на
акумулаторот. Возењето по кратки
растојанија и чести палења на
моторот можат да го испразнат
акумулаторот. Избегнувајте ја
употребата на непотребни
електрични потрошувачи.
Page 184 of 273

182Нега на возилото
Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
Паркирањето на возилото подолго од 4 недели може да доведе до
празнење на акумулаторот.
Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Уверете се дека палењето е
исклучено пред да го поврзете или
откачите акумулаторот на
возилото.
Заштита на акумулаторот од
празнење 3 136.
Етикета со предупредување
Значење на симболите:
■ Забранети се искри, отворен пламен и пушење.
■ Секогаш штитете ги очите. Експлозивните гасови може да
предизвикаат слепило или
повреди.
■ Чувајте го акумулаторот вон дофат на деца.
■ Акумулаторот содржи сулфурна киселина што може да
предизвика слепило или тешки
изгореници.
■ Видете во сопственичкиот прирачник за повеќе
информации.
■ Може да има експлозивен гас во близина на акумулаторот.
Цедење на системот за дизел гориво
Ако резервоарот се испразнил
докрај, системот за дизел гориво
треба да се исцеди. Вклучете го
палењето трипати по 15 секунди.
Потоа верглајте го моторот
најмногу 40 секунди. Повторете го
овој процес по не помалку од
5 секунди. Ако моторот не се пали,
побарајте помош од
автомеханичар.