Page 217 of 247

Нега на возилото215Внимание
Секогаш користете средство за
чистење со pH вреднсот 4 до 9.
Не користете средства за
чистење на жешки површини.
Нека Ви ги подмачкува шарките на
вратите со мазиво автомеханичар.
Не го чистете моторниот простор
со компресорска млазница или
млазни чистачи со голем притисок.
Кога миете со млаз вода под
притисок, внимавајте на
минимално растојание од 30 см
кога работите околу задната врата
за да избегнете несакано
отклучување.
Целосно исушете го и избришете
го возилото. Често плакнете ја
еленската кожа. Употребувајте
посебни кожи за бојата и за
прозорците: остатоците од полир-
пастата на прозорците ќе ја
намалат видливоста.
Не користете тврди предмети за
вадење на флеки од катран.
Користете спреј за вадење на
катран на обоените површини.
Надворешни светла
Капаците на предните фарови и на другите светла се направени од
пластика. Не користете
нагризувачки средства или
киселини, не користете гребач за
мраз и не сушете ги.
Полирање и нанесување
восок
Редовно полирајте го возилото со
полир-паста (најдоцна кога веќе не
се формираат меури од водата).
Инаку бојата ќе се исуши.
Полирањето со средство за
полирање е неопходно само ако
бојата го изгубила сјајот или ако на неа се нафатиле цврсти наслојки.
Полирањето на бојата со силикон
обликува заштитен слој, правејќи
го полирањето со восок
непотребно.Пластичните делови на
каросеријата не смеат да се
намачкаат со восок или средства
за полирање.
Прозорци и четкички на
бришачите на
шофершајбната Употребувајте мека крпа без
влакненца или еленска кожа
заедно со средство за чистење
прозорци и средство за вадење
инсекти.
Кога го чистите задното стакло,
уверете се дека не е оштетена
грејалката внатре.
За механичко вадење на мраз,
употребувајте гребло на мраз со
остар раб. Притиснете го гребачот
цврсто на стаклото за да не
влегуваат нечистотии под него и
гребете го стаклото.
Чистете ги четкичките на
бришачите што замачкуваат со
мека крпа и средство за чистење на прозорци.
Page 218 of 247

216Нега на возилото
Подвижен покрив
Никогаш не чистете го со раствори или нагризувачки средства, горива,агресивни средства (на пр.
растворувачи на бои, раствори што
содржат ацетон итн.) киселини или многу алкални средства или
абразивни сунѓери. Не нанесувајте
восок или средства за полирање
врз подвижниот покрив.
Тркала и гуми Не користете компресорски
млазници за чистење.
Чистете ги бандажите со pH
неутрално средство за чистење на
тркалата.
Бандажите се бојосани и може да се чистат со истите средства како и
шасијата.
Оштетување на бојата Поправете ги помалите оштети на
бојата со апликатор пред да се
формира ‘рѓа. Поголемите оштети
или предели со ’рѓа нека Ви ги
поправи автомеханичар.Подвозје
Некои предели на подвозјето на
возилото имаат премаз од PVC
додека другите критични предели
имаат траен слој од заштитен
восок.
Откако подвозјето ќе се измие,
проверете го истото и нанесете
повеќе заштитен восок ако е
потребно.
Битуменски/гумени материјали
може да го оштетат слојот од PVC.
Нека Ви ја изведе работата на
подвозјето автомеханичар.
Пред и после зимата, измијте го
подвозјето и нека Ви го проверат
слојот на заштитниот восок.
Опрема за влечење Не ја чистете влечната кука со
компресорска млазница или
млазни чистачи со голем притисок.
Заден систем за превозување
Чистете го задниот систем за
превезување со млаз пареа или
компресор барем еднаш годишно.Ракувајте со задниот систем за
превезување повремено ако не се
користи редовно, особено зиме.
Нега на внатрешноста
Внатрешност и тапацир Чистете ја внатрешноста на
возилото, вклучувајќи ја и маската
и облогите на таблата со
инструменти, само со сува крпа или средство за чистење на
внатрешноста.
Чистете го кожениот тапацир со
вода и мека крпа. Доколку е многу
извалкан, користете средство за
чистење кожа.
Групата инструменти и екраните
треба да се чистат само со мека,
влажна крпа. Ако е потребно,
користете слаб раствор на
сапуница.
Текстилниот тапацир чистете го со
правосмукалка и четка. Флеките
вадете ги со средство за чистење
на тапацирот.
Page 219 of 247
Нега на возилото217
Ткаенината на преслеките може да
не е со трајни бои. Тоа може да
предизвика видливо
избледнување на бојата, особено
на тапацир со светли бои. Дамки и
избледена боја треба да се
исчистат што е можно поскоро.
Чистете ги безбедносните ремени
со млака вода или средство за
чистење на внатрешноста.Внимание
Затворајте ги Велкро патентите
бидејќи отворените Велкро
патенти на облеката може да го
оштетат тапацирот на
седиштата.
Истото се однесува и до облеки
со предмети со остри рабови,
како патенти или каишеви или
фармерки со нитни.
Пластични и гумени делови
Пластичните и гумените делови
може да се исчистат со истото
средство за чистење кое се
користи за чистење на
каросеријата. Употребете
средство за чистење на
внатрешноста ако е потребно. Не
користете други средства.
Избегнувајте ги растворувачите и
особено бензинот. Не користете
компресорски млазници за
чистење.
Page 220 of 247

218Сервисирање и одржувањеСервисирање и
одржувањеОпшти информации .................218
Препорачани течности,
средства за подмачкување и
делови ....................................... 219Општи информации
Сервисни информации За да се гарантира економичното ибезбедното работење на возилото
и да се одржи вредноста на Вашето
возило, мошне битно е сето
одржување да се изведува во
соодветните периоди, како што е определено.
Деталниот, актуелен сервисен
распоред за возилото е достапен
кај автомеханичарот.
Екран за сервисирање 3 90.
Европски сервисни периоди
Голем сервис
Постои потреба од одржување на
Вашето возило на 30000 км или по
1 година, кое и да настапи прво,
освен да не е поинаку означено на
екранот за сервисирање.
Европските сервисни периоди
важат за следниве држави:Андора, Австрија, Белгија, Кипар,
Чешка, Данска, Естонија, Финска,
Франција, Германија, Грција,
Гренланд, Унгарија, Исланд,
Ирска, Италија, Латвија,
Литванија, Луксембург, Малта,
Холандија, Норвешка, Полска,
Португалија, Србија, Словачка,
Словенија, Шпанија, Шведска,
Швајцарија, Обединето Кралство.
Екран за сервисирање 3 90.
Меѓународни сервисни
периоди
Голем сервис
Постои потреба од одржување на
Вашето возило на 15000 км или по 1 година, кое и да настапи прво,
освен да не е поинаку означено на
екранот за сервисирање.
Меѓународните сервисни периоди
важат за државите кои не се
наброени под „Европските
сервисни периоди“.
Екран за сервисирање 3 90.
Page 221 of 247

Сервисирање и одржување219
ПотврдувањаПотврдите на сервисирањето се
евидентира во Сервисната и
гаранцијската книшка. Датумот и
километражата се дополнува со
печат и подпис на работилницата
на сервисирањето.
Проверете дека Сервисната и
гаранцијската книшка е дополнета
исправно пошто постојаното
заверување на сервисирањето е
суштинско ако било каква
рекламација или добронамерно
барање треба да се исполни, и исто
така е корисно при продавање на
возилото.
Период за сервисирање со
преостанатото времетраење
на работниот век на
моторното масло Сервисниот период е заснован врз
повеќе параметри зависно од
употребата.
Екранот за сервисирање Ви дава
на знаење кога да го смените
моторното масло.
Екран за сервисирање 3 90.Препорачани
течности, средства за подмачкување и
делови
Препорачаните течности
и средства за
подмачкување
Користете само производи кои ги
задоволуваат препорачаните
спецификации. Штетата што ќе
настане како резултат на
употребата на производи кои не се во склад со овие спецификации
нема да биде покриена со
гаранцијата.9 Предупредување
Работните материјали се
опасни и можат да бидат
отровни. Ракувајте со нив
внимателно. Обрнете внимание
на информациите дадени на
упаковката.
Моторно масло
Моторното масло се познава по
својот квалитет и вискозитет.
Квалитетот е поважен од
вискозитетот кога избирате кое
моторно масло ќе користите.
Квалитетот на маслото ја
обезбедува на пр. чистотата на моторот, заштитата од абење и
контролата на стареење на
маслото, додека степенот на
вискозност дава информација за густината на маслото над некој
опсег на температури.
Dexos е најновиот квалитет на моторните масла што овозможува
оптимална заштита за бензинските
и дизел моторите. Ако не е
достапно, мора да се користат
моторни масла од другите
наброени квалитети. Препораките
за бензинските мотори важат и за
моторите на Етанол (E85).
Изберете соодветно моторно
масло според неговиот квалитет и
минималната надворешна
температура 3 225.
Page 222 of 247

220Сервисирање и одржување
Дотурање моторно масло
Моторните масла од други
производители и марки можат да
се мешаат доколку тие го
исполнуваат бараниот квалитет и
вискозитет за моторни масла.
Употребата на моторни масла
само со квалитет ACEA A1/B1 или
A5/B5 е забрането, бидејќи тие
може да предизвикаат долгорочни
оштетувања на моторот во
одредени работни услови.
Изберете соодветно моторно
масло според неговиот квалитет и
минималната надворешна
температура 3 225.
Дополнителни адитиви за
моторното масло
Употребата на дополнителни
адитиви за моторното масло може
да предизвика оштетувања и да ја
поништи гаранцијата.
Вискозитет на моторното масло
SAE класата по вискозитет дава
информација за густината на
маслото.Повеќестепеното масло е
означено со две цифри, на пр.
ЅАЕ 5W-30. Првата цифра следена
од W ја означува вискозноста на
ниска температура, додека втората
вискозноста на висока
температура.
Изберете ја соодветната класа по
вискозитет зависно од
минималната надворешна
температура 3 225.
Сите препорачани класи
вискозност се погодни за високи
температури на околината.
Течност за ладење и
антифриз
Употребувајте само антифриз без
силикати и долговечни (LLC).
Посоветувајте се со
автомеханичар.
Системот е фабрички наполнет со
средство за ладење конструирано за одлична заштита од корозија и
од смрзнување до -28 °C. Во
северните земји со многу ниски
температури фабрички
наполнетото средство за ладењеовозможува заштита од
смрзнување до околу -37 °C. Оваа
концентрација треба да се одржува
во текот на целата година.
Употребата на дополнителни
адитиви за течноста за ладење кои се предвидени да дадат
дополнителна заштита од корозија
или изолација против помали
протекувања може да
предизвикаат функциски
проблеми. Одговорноста за
последиците кои произлегуваат од употребата на дополнителни
адитиви за течноста за ладење ќе
биде одбиена.
Течност за сопирачките и за
куплунгот
Користете само течност за
сопирачките со високи
перформанси DOT4+ одобрена за
возилото. Посоветувајте се со
автомеханичар.
Со времето течноста за
сопирачките ќе апсорбира влага и
ќе се намали нејзината
Page 223 of 247
Сервисирање и одржување221
ефективност. Затоа течноста за
сопирање треба д асе замени во
предвидените временски периоди.
Секогаш чувајте ја течноста за
сопирачките во затворен сад за да
се избегне впивањето на водата.
Внимавајте течноста за сопирање
да се загади.
Page 224 of 247
222Технички податоциТехнички податоциИдентификација на возилото..222
Податоци за возилото .............225Идентификација на
возилото
Идентификациски број
на возилото
Идентификацискиот број на
возилото се гледа преку
шофершајбната.
Идентификацискиот број на
возилото е врежан и од горната
десна страна на моторната глава,
близу до средината на ѕидот на
моторот.