Page 169 of 247

Возење и ракување167
Проверете дали ознаката на
рачката е црвена.
Вметнување на влечната кука
Вметнете ја влечната кука во
спојното куќиште и цврсто
притиснете надолу додека
влечната кука не се заглави чујно. Ако не се заглави, повторете го
монтирањето.
Не нишајте ја влечната кука лево-
десно или нагоре-надолу за да не
го попречите правилното
монтирање.
Заклучете ја влечната кука вртејќи
го приложениот клуч во бравата на
куката. Извадете го клучот.
Проверете дали влечната кука е
правилно закачена:
■ На рачката треба да биде видлива зелена ознака.
■ Влечната кука мора да е сместена цврсто во куќиштето наспојката.
Влечната кука мора да е заклучена,
а клучот мора да е изваден.9 Предупредување
Влечењето на приколка е
дозволено само кога влечната
кука е монтирана правилно. Ако влечната кука не може правилно да се закачи, побарајте помош
од сервис.
Алка за кабелот за приврзување
Во случај на приколки со
сопирачки, закачете го кабелот за
спречување на откачувањето за
алката, не за влечната кука.
Page 170 of 247
168Возење и ракување
Демонтирање на топчестата
влечна кука
Отклучете ја влечната кука и
извадете го клучот. Притиснете ја
рачката налево, кон влечната кука, и свртете ја надолу. Извлечете ја
влечната кука од куќиштето на
спојката.
Отстранете ги евентуалните
нечистотии и прав од подрачјето
околу куќиштето на спојката и
врската за влечната кука пред да го
вметнете заптивниот приклучок во
дупката.
Ставете ја влечната кука во
нејзината торбичка, врзете ја со
ремен и складирајте ја под подниот капак во товарниот простор.
Не користете парни чистачи или
други чистачи со висок притисок за чистење на влечната кука.
Помош за стабилноста
на приколката Ако системот открие занесувања,моќноста на моторот се намалува и
комбинацијата возила/приколка се
кочи селективно додека не
престане занесувањето. Додека
системот работи, држете го
воланот колку што може помирно.
Помошта за стабилноста на
приколката (TSA) е функција на
електронската контрола на
стабилноста 3 154.
Page 171 of 247

Нега на возилото169Нега на возилотоОпшти информации.................169
Прверки на возилото ...............170
Замена на сијалиците ..............179
Електричен систем ..................186
Прирачен алат ......................... 195
Тркала и гуми ........................... 197
Палење со кабли ......................210
Влечење ................................... 212
Нега за изгледот ......................214Општи информации
Додатоци и
модификации на
возилото
Препорачуваме користење
оригинални делови и опрема и
фабрички одобрени делови за
Вашиот вид возило. Не можеме да
ја процениме или гарантираме
сигурноста на други производи -
дури и ако имаат регулативно или
друго одобрение.
Не вршете преиначувања на
електричниот систем, на пр.
измени на електронските
контролни уреди (чип тјунинг).Внимание
При превезување на возилото
со воз или со возило за
влечење, калниците може да се
оштетат.
Чување на возилото
Складирање за долго времеАко возилото има да се складира за
повеќе месеци:
■ Измијте го и полирајте го возилото.
■ Нека Ви ја проверат заштитата со
восок во моторниот простор и
подвозје.
■ Исчистете ги и намачкајте ги гумените кедери.
■ Сменете го моторното масло.
■ Исцедете го садот за течноста за
миење.
■ Проверете ги течноста за ладење, антифризот и
заштитата од корозија.
■ Дотерајте го притисокот во гумите до вредноста определена
за полна натовареност.
■ Паркирајте го возилото на суво, добро проветрено место.
Ставете во прва брзина или
рикверц или поместете ја
Page 172 of 247

170Нега на возилото
рачката на менувачот во P.
Спречете го возилото да се
тркала.
■ Не применувајте ја електричната
паркирна сопирачка.
■ Отворете ја хаубата, затворете ги сите врати и заклучете го
возилото.
■ Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Внимавајте сите системи да
бидат исклучени, на пр. системот
за тревожење при кражба.
Враќање во работна состојба
Кога возилото има да се врати в
работа:
■ Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Активирајте ја електрониката на
електричните прозорци.
■ Проверете го притисокот во гумите.
■ Наполнете го садот за течноста за миење.
■ Проверете го нивото на моторното масло.■Проверете го новито на течноста
за ладење.
■ Ставете ја регистарската табличка ако е потребно.
Демонтирање на
возилото на крајот на
работниот век Информациите за центрите за
демонтирање и рециклирање на
возилата што се на крајот на
работниот век се наоѓаат на
нашата страница на интернет, каде
што се бара со закон. Доверете му
ја оваа работа само на овластен
центар за рециклирање.Прверки на возилото
Вршење работа9 Предупредување
Вршете проверки на моторниот
простор само кога е исклучено палењето.
Вентилаторот за ладење може
да проработи дури и ако е
исклучено палењето.
9 Опасност
Системот за палење и
ксенонските фарови користат
крајно висок напон. Не
допирајте ги.
Page 173 of 247
Нега на возилото171ХаубаОтворање
Повлечете ја рачката за
ослободување и вратете ја во
својата оригинална положба.
Најдете ја безбедносната брава,
која е малку лево од средината на
долната страна на хаубата,
притиснете ја бравата нагоре и
кренете ја хаубата нежно.
Хаубата автоматтски се држи
отворена.
Ако багажникот е отворен за време
на Autostop, моторот ќе се запали
повторно автоматски поради
безбедноста.
Довод на воздухот 3 133.
Затворање
Спуштете ја хаубата и оставете да
падне на резето од мала висина
(20-25 см). Проверете дали
хаубата е заглавена.Внимание
Не притискајте ја хаубата на
резето за да избегнете
вдлабнувања.
Моторно масло
Редовно проверувајте го нивото на моторното масло рачно за да се
спречи оштетување на моторот.
Уверувајте се дека се користи
масло со правилната
спецификација. Препорачаните
течности и средства за
подмачкување 3 219.
Проверувајте го со возилото на
рамна површина. Моторот треба
да биде на работна температура и
исклучен најмалку 5 минути.
Page 174 of 247

172Нега на возилото
Извлечете ја прачката, исчистете
ја со бришење, вметнете ја до
запирот на рачката, извлечете ја и
отчитајте го нивото на моторното
масло.
Вметнете ја прачката докрај на
рачката и свртете ја за пола
вртење.
Различни прачки се употребуваат
зависно од верзијата на моторот.
Кога нивото на моторното масло
паднало до ознаката MIN дотурете
моторно масло.
Препорачуваме користење
моторно масло од иста класа како
она што било употребено при
последното менување.
Нивото на моторното масло не смее да ја надмине ознаката MAX
на прачката.
Внимание
Вишокот на моторното масло
треба да се исиса или да се
отстрани.
Зафатнини 3 233, Квалитет/
вискозитет на моторното масло
3 219.
Наместете го капачето право и
затегнете го.
Контролни сијалички за притисокот на моторното масло I 3 98, ниско
ниво на маслото S 3 99 и траење
на моторното масло C 3 99.
Штом ќе се смени моторното
масло, следењето на работниот
век на моторното масло треба да
се ресетира. Побарајте помош од
автомеханичар.
Ладилник Средството за ладење овозможувазаштита од мрзнење до околу
-28 °C. Во северните земји со многу
ниски температури фабрички
наполнетото средство за ладење
овозможува заштита од мрзнење
до околу -37 °C.
Page 175 of 247

Нега на возилото173Внимание
Употребувајте само одобрен
антифриз.
Ниво на течноста за ладење
Внимание
Прениското ниво на течноста за ладење може да предизвика
оштетување на моторот.
Ако системот за ладење е студен,
течноста за ладење треба да биде
меѓу ознаките MIN и MAX . Дотурете
ако нивото е ниско.9 Предупредување
Оставете моторот да се олади
пред да го отворите капачето. Внимателно отворајте го
капакот, ослободуваќи го вишок
притисокот полека.
За дотурање користете мешавина
1:1 од концентрат на течност за
ладење мешан со чиста вода од
чешма. Ако не е достапен
концентрат од течност за ладење,
користете чиста вода од чешмата.
Ставете го капакот цврсто. Нека Ви ја провери концентрацијата на
течноста за ладење и нека Ви ја
отстрани причината на губење на
течноста за ладење
автомеханичар.
Контролна сијаличка W за
температурата на течноста за
ладење на моторот 3 97.
Течност за серво
управувањеВнимание
Многу мали загадувања може да предизвикат оштетување на
системот за управување и
неправилна работа. Не
дозволувајте загадувачи да
дојдат во допир со делот што
доаѓа во допир со течноста на
капачето на резервоарот/
прачката за мерење или да
навлезат во резервоарот.
Page 176 of 247

174Нега на возилото
Отворете го капачето и извадете
го. Избришете ја прачката и
завртете го капачето на садот.
Отворето го капачето повторно и
видете колкаво е нивото на
течноста за серво управување.
Течноста за серво управување
треба да биде меѓу ознаките MIN/
COLD и MAX /HOT .
Ако нивото на течноста е многу
ниско, побарајте помош од
автомеханичар.
Течност за миењеНаполнете со чиста вода мешана
со соодветно количество течност
за миење која содржи антифриз. За
правилниот однос на мешањето
видете на садот со течноста за
миење.Внимание
Само течностите за миење со
доволна концентрација на
антифриз даваат заштита при
ниски температури или нагол
пад во температурата.
Не прскајте течност за мирење на
шофершајбната при ниски
температури за да не се создаде
мраз што ќе пречи на
прегледноста.
При ниски температури, не полнете
го резервоарот со течност за
миење повеќе од три четвртини за
да остане доволно место за
ширење ако се смрзне течноста и
за да не се оштети резервоарот.
Сопирачки
Во случај на минимална дебелина
на плочките за сопирање, за време на сопирањето се слуша цвичење.
Можно е да се продолжи
патувањето но нека Ви ги заменат
пакните на сопирачките што
побргу.
Штом се ставени нови пакните, не сопирајте непотребно силно на
првите неколку патувања.
Течност за сопирачките9 Предупредување
Течноста за сопирачките е
отровна и нагризува. Избегнете
контакт со очите, кожата,
текстил и бојадисани површини.