Page 73 of 247

Складирање71
Наместете ги процепите за
тркалата така да велосипедот да биде горе-долу хоризонтален.
Тука, растојанието помеѓу
педалите и задната врата треба да
биде најмалку 5 см.
Двете гуми на велосипедот треба
да бидат во процепите за тркалата.Внимание
Внимавајте да ги извлечете
процепите за тркала колку што е потребно за да се стават двете
тркала на велосипедот во
отворите. Инаку не е можно
хоризонтилно закачување на
велосипедот. Непостапувањето
според упатствата може да
доведе до оштетување на
тркалата на велосипедот
поради врелите издувни гасови.
Дотерајте го велосипедот во
надолжната насока на возилото:
Малку олабавете ја монтажната
дршка на педалот.
Ставете го велосипедот во
исправена положба корстејќи го
вртливиот лост на процепот за
рачката на педалот.
Ако двата велосипеда им пречат
еден на друг, релативните положби на велосипедите може да се
приспособат со дотерување на процепите за тркалата и со
вртливиот лост на процепот за
рачката на педалот додека
велосипедите веќе не се допираат
еден со друг. Уверете се дека има доволно слободен простор од
возилото.
Затегнете ја завртката за
закачување за монтажната дршка
на лежиштето на педалата до
максималната точка рачно.
Прицврстете ги двете тркала на
велосипедот за процепите за
тркалата користејќи ги ремените за
држење.
Проверете го велосипедот за да се уверите дека е безбедно
прицврстен.
Page 74 of 247
72СкладирањеВнимание
Внимавајте процепот меѓу
велосипедот и возилото да е
барем 5 см. Ако е потребно,
олабавете го управувачот и
свртете го странично.
Поставките за процепите за
тркалата и на вртливиот лост на
процепот за рачката на педалот
треба да се забележат и зачуваат
за секој еден велосипед.
Правилното претходно
поставување ќе го олесни
одновото местење на
велосипедот.
Забелешка
Се препорачува да закачите знак
за предупредување на
последниот велосипед одзади за да биде видливоста поголема.
Вадење на велосипед од
задниот систем за
превозување
Разврзете ги каишевите за држење
на двете гуми на велосипедот.
Зафатете го велосипедот,
олабавете го шрафот за
закачување за монтажната дршка
на лежиштето на педалот, па
подигнете ја монтажната дршка на
лежиштето на педалот за да се
извади.
Page 75 of 247
Складирање73
Вовлекување на задниот
систем за превозување
Притиснете ги точките за
монтирање на педалата во
отворите за педалата како што е
прикажано на илустрацијата.
Вметнете го каишот за држење и
повлечете го цврсто удолу колку
што може.
Притиснете го лостот за
ослободување и лизнете ги
навнатре процепите за тркалата,
се докрај колку што е можно.
Ослободете го лостот за
закочување на дијагоналниот
потпирач и преклопете ги двата
процепа за рачките на педалите
надолу.
9 Предупредување
Ризик од приклештување.
Page 76 of 247
74Складирање
Завртете го прво десниот лост за
прицврстување ( 1) нанапред, а
потоа левиот лост за
прицврстување ( 2) додека тие не
може да се заглават во своите
соодветни процепи.Притиснете го лостот за
прицврстување надолу и
извлечете ги двата потпирача на
ламбите од процепите.
Склопете ги држачите на
сијалиците навнатре на задните
страни од задните ламби.
Првин ставете ја предната ( 1), па
задната задна ламба ( 2) во
процепите и притиснете ја колку
што може докрај. Притиснете ги
каблите се докрај во сите шини за
да се спречи оштетувањето.
Повлечете го држачот на
табличката нагоре и преклопете ја
надолу во хоризонтална положба.
Page 77 of 247
Складирање75
Отворете ја задната врата.
Кренете го лостот за отпуштање и
држете го. Кренете го системот малку и притиснете го во браникот
додека не се закочи.
Лостот за ослободување треба да
се врати во првобитната положба.
9 Предупредување
Ако системот не може да се
заглави правилно, Ве молиме
да побарате помош од
автомеханичар.
Товарен простор
Прегради за складирање во
товарниот простор
Се наоѓаат од двете страни на
подот на товарниот простор.
Капак на товарниот
простор Не ставајте предмети врз капакот.
Затворање на капакот
Повлечете го капакот на товарниот простор кон задниот дел на
возилото со рачката и вметнете ги
држачите во преградите од двете страни на товарниот простор.
Отворање на капакот
Извадете го капакот на багажниот
простор од страничните рамки. Капакот се собира автоматски.
Page 78 of 247
76Складирање
Вадење на капакот
Отворете го капакот на товарниот
простор. Повлечете ги
приклучоците од двете страни на
капакот кон средината на возилото,
подигнете го и извадете го капакот од страничните шини.
Наместете го по обратен редослед.
Капак на задната
преграда за складирање
под подот
За да пристапите до задната
преграда за складирање под
подот, повлечете ја рачката на
капакот на подот нагоре.
Зависно од верзијата, за да дојдете до задната преграда за
складирање под подот, притиснете ги двата лоста на капакот на подот
кон рачката и повлечете го капакот за рачката.
Page 79 of 247
Складирање77
Кога има, закачете ја куката за
горниот дел на отворот на задната
врата.
Внимание
Користете ја куката само за
закачување на капакот на
задниот под и на капакот со
дотерување на височината.
Внимание
Не дозволувајте предмети да штрчат над врвот на заедната
подна преграда за складирање,
за да избегнете оштетување на
просторот за складирање и на
подот на товарниот простор.
Дигалка и алатки за возилото
3 195.
Комплет за поправање гуми 3 202.
Привремено резервно тркало
3 208.
Алки за врзување
Алките за врзување се предвидени
за обезбедување на предметипротив лизгање, на пр. со
користење на ремени за врзување или багажна подна мрежа.
Пред задните седишта има уште
две дополнителни алки за
врзување.
Конструирана само за
превезување мали, лесни
предмети, багажната подна мрежа
помага да не се поместува товарот
при остри вртења или брзи
поаѓања или сопирања.
Page 80 of 247

78Складирање
Местење: закачете ги четирите
куки на мрежата за алките за
врзување монтирани на подот на
товарниот простор.
Предупредувачки
триаголник
Чувајте го триаголникот под
капакот на подот во товарниот
простор.
Прибор за прва помош
Чувајте го приборот за прва помош под капакот на подот во товарниот
простор.
Противпожарен апарат
Ставете го противпожарниот
апарат безбедно во товарниот
простор.Систем на багажници
за на покрив
Багажник за на покрив
Поради безбедносни причини и да
се избегне оштетувањето на
пчокривот се препорачуваат
системи на багажници одобрени за возилото. За повеќе информации,
контактирајте со сервис.
Прицврстете го багажникот за на
покрив за шините на покривот
следејќи ги упатствата приложени
со системот, внимавајќи товарот на
покривот да е рамномерно
распореден врз страничните или
попречнитеи шини.
Не смее да се става товар на
површината на покривот. За да
спречите оштетување или губење,
често проверувајте дали товарите
на покривот се добро прицврстени.
Возењето со товар на покривот го
поместува тежиштето на возилото;
возете внимателно на ветровито
време и не возете многу брзо.Извадете го багажникот за на
покрив кога не се користи.