Page 177 of 247

Нега на возилото175
Течноста за сопирачките треба да
биде помеѓу ознаките MIN и MAX .
Кога дотурате, уверете се дека течноста е сосема чиста бидејќи
загадената течност за сопирачките
може да доведе до неисправности
во системот на сопирачки.
Поправете ја причината за губење
на течноста за сопирачките кај
автомеханичар.
Внимание
Користете само течност за
сопирачките со високи
перформанси за возилото.
Течност за сопирачките 3 219.
Контролна сијаличка R за
течноста на сопирачките 3 94.
Течност за куплунгот
9 Предупредување
Течноста за куплунгот е отровна
и корозивна. Избегнувајте
контакт со очите, кожата,
ткаенини и обоени површини.
Ако течноста во резервоарот падне под ознаката MIN, побарајте
помош од сервис.
Течност за куплунгот 3 219.
Акумулатор
Возилата без систем за сопирање-
поаѓање се опремени со оловно- киселински акумулатор. Возилата
со систем за сопирање-поаѓање се опремени со акумулатор AGM,
којшто не е оловно-киселински.
Акумулаторот на возилото не се
сервисира под услов
карактеристиките на возењето да
Page 178 of 247

176Нега на возилото
овозможат доволно полнење на
акумулаторот. Возењето по кратки
растојанија и чести палења на
моторот можат да го испразнат
акумулаторот. Избегнувајте ја
употребата на непотребни
електрични потрошувачи.
Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
Паркирањето на возилото за
подолго од 6 недели може да
доведе до празнење на
акумулаторот. Откачете го
негативниот пол од акумулаторот
на возилото.
Уверете се дека палењето е
исклучено пред да го поврзете или
откачите акумулаторот на
возилото.
Дополнителните електронски или
електрични додатоци може да
бидат дополнителен товар за
акумулаторот или да го испразнат. Побарајте помош од сервис во
врска со техничките можности, како
ставање посилен акумулатор.
Уверете се дека палењето е
исклучено пред повторно да го
поврзете акумулаторот на
возилото. Потоа извршете го
следново:
1. Наместете ги датумот и времето на информативниот
екран 3 85.
2. Ако е потребно, активирајте ги електричните прозорци и
подвижниот покрив 3 33, 3 36.
За да спречите празнење на
акумулаторот на возилото, некои
потрошувачи, како што е
внатрешното светло, автоматски
се исклучуваат по одредено време.
Откачен акумулатор треба да се
полни секои 6 недели.
Заштита на акумулаторот од
празнење 3 125.Замена на акумулаторот
Забелешка
Непочитувањето на упатствата
дадени во овој пасус може да
доведе до привремено
исклучување на системот за
сопирање-поаѓање.
Кога се заменува акумулаторот,
проверете да нема отворени дупки за проветрување во близина на
позитивната клема. Ако некоја
дупка за проветрување е отворена
во тој предел, треба да се затвори
со нешто што личи на капаче, а
проветрувањето во близина на
негативната клема треба да се
отвори.
Користете само акумулатори над
коишто може да се монтира кутија
со осигурувачи.
Кај возилата со систем за
сопирање-поаѓање, внимавајте
повторно да го замените
акумулаторот со AGM
(Апсорпциска стаклена подлога) со
акумулатор AGM.
Page 179 of 247
Нега на возилото177
Акумулаторот AGM може да се
препознае по етикетата на
акумулаторот. Препорачуваме
користење на оригинален
акумулатор на Opel.
Забелешка
Користење акумулатор AGM
различен од оригиналниот
акумулатор Opel може да
предизвика послаби
перформанси на системот за
сопирање-поаѓање.
Препорачуваме акумулаторот да
Ви го замени автомеханичар.
Систем за сопирање-поаѓање
3 137.
Полнење на акумулаторот9 Предупредување
Кај возилата со систем за
сопирање-поаѓање, внимавајте потенцијалот за полнење да не
надмине 14,6 волти кога
користите полнач на
акумулатори. Инаку,
акумулаторот може да се
оштети.
Палење со кабли 3 210.
Етикета за предупредување
Значење на симболите:
■ Забранети се искри, отворен пламен или пушење.
■ Секогаш штитете ги очите. Експлозивните гасови може да
предизвикаат слепило или
повреда.
■ Чувајте го акумулаторот вон дофат на деца.
■ Акумулаторот содржи сулфурна киселина што може да
предизвика слепило или тешки
изгореници.
Page 180 of 247

178Нега на возилото
■ Видете во Сопственичкиотприрачник за повеќе
информации.
■ Во близина на акумулаторот може да има експлозивен гас.
Филтер за дизел гориво
Исцедете ја наталожената вода од
филтерот за дизел гориво при
секое менување на моторното масло.
Ставете сад под куќиштето на
филтерот. Свртете го приклучокот
за празнење налево со соодветна
одвртка за да ја испуштите водата.
Филтерот е исцеден штом ќе почне
да тече дизел гориво од отворот.
Затегнете го приклучокот за
празнење вртејќи го надесно.
Со исклучен мотор, свртете го
клучот за палење на ON, почекајте
околу 5 секунди, па свртете го
клучот на LOCK за да го извршите
полнењето. Вршете го ова 3 пати
или повеќе со исклучен мотор за да не влезе воздух во доводот за
гориво.
Проверувајте го филтерот за дизел гориво почесто ако возилото е
изложено на екстремни работни
услови.
Ако има вода во филтерот за дизел
гориво, контролната сијаличка U
свети во групата инструменти 3 100. Исцете ја водата веднаш.Цедење на системот со
дизел гориво Ако резервоарот за горави се
остави целосно да се испразни,
системот за дизел гориво треба да се исцеди. Вклучете го палењето
трипати по 15 секунди. Потоа
верглајте го моторот најмногу
40 секунди. Ако моторот не пали,
почекајте барем 10 секунди пред повторно да се обидете. Ако
моторот не се пали, побарајте
помош од автомеханичар.
Page 181 of 247

Нега на возилото179Замена на четкичките на
бришачите
Четкички на бришачите на
шофершајбната
Кренете ја четичката на бришачот,
притиснете го и држете ја спојката
и откачете ја четкичката.
Прицврстете ја четкичката на
бришачот под мал агол во однос на рачката на бришачот и притиснете
ја се додека не се заглави.
Спуштајте ја рачката на бришачот
внимателно.
Замена на сијалиците
Исклучете го палењето и исклучете
го соодветниот прекинувач или
затворете ги вратите.
Држете ги новите сијалици само кај базата! Не допирајте го стаклото на
сијалицата со голи раце.
Користете само ист вид сијаличка
за замена.
Заменете ги сијалиците на фаровите од внатрешноста на
моторниот простор.
Проверка на ламбите
По замена на ламба, вклучете го
палењето, вклучете ги и проверете ги светлата.
Предни фарови Вадење светла За замена на ламба, неопходно е
првин да се извади комплетот
светла.
1. Исклучете ги палењето и прекинувачот за фаровите.
2. Отворете ја хаубата, ослободете ги 11-те држачи и
извадете го капакот на
ладилникот.
3. Извадете 3 навртки и повлечете
го светлото.
4. Притиснете ги држачите на снопот и откачете ги жиците на
светлото.
5. Извадете го комплетот светла.
Page 182 of 247
180Нега на возилото
Враќањето на светлото е обратно
од вадењето - проверете дали
клинот се порамнува со
приклучокот. Не презатегнувајте ги навртките или држачите.
Халогенски предни
фарови
Халогенските фарови А се
разликуваат од ксенонските
фарови В по различниот распоред
на леќите.
Средно и долго светло
Халогенските фарови имаат
посебни системи за долго светло
1 (внатрешни ламби) и средно
светло 2 (надворешни ламби).
1. Извадете го комплетот светла 3 179.
2. Извадете го капакот на светлата.
3. Отпуштете ја пружината што ја држи ламбата и извадете ја
ламбата од куќиштето на
фарот.
4. Кога ставате нова ламба, проверете дали клиновите се
правилно заглавени во
процепите на фарот.
5. Заглавете ја пружината што ја држи ламбата и вратете го
капачето на светлата.
6. Вратете го комплетот светла.
Предни трепкачи
1. Извадете го комплетот светла 3 179.
2. Свртете го држачот на ламбата
налево и извлечете го држачот
од комплетот светла.
Page 183 of 247
Нега на возилото181
3. Притиснете ја и свртете јаламбата налево за да ја
извадите од држачот.
4. Ставете нова ламба во држачот
притискајќи ја и вртејќи ја
надесно.
5. Вратете го држачот во комплетот светла вртејќи го
надесно.
6. Вратете го комплетот светла.
Странични светла
1. Извадете го комплетот светла 3 179.
2. Извадете го капачето на
светлото и повлечете го
држачот на ламбата (се наоѓа
веднаш до ламбата за долго
светло) од комплетот светла.
3. Извадете ја ламбата од држачот повлекувајќи ја право.
4. Ставете нова ламба користејќи крпа без влакненца за држење
на ламбата.
5. Вратете го држачот во комплетот светла и вратете го
капачето на светлото.
6. Вратете го комплетот светла.Ксенонски предни
фарови
Ксенонските фарови В се
разликуваат од халогенските
фарови А по различниот распоред
на леќите.
Page 184 of 247
182Нега на возилото
Средно и долго светло9Опасност
Ксенонските фарови работат
под крајно висок електричен
напон. Не допирајте ги.
Сијалиците нека Ви ги менува
автомеханичар.
Предни трепкачи
1. Извадете го комплетот светла 3 179.
2. Свртете го држачот на ламбата
налево и извлечете го држачот
од комплетот светла.
3. Притиснете ја и свртете ја ламбата налево за да ја
извадите од држачот.
4. Ставете нова ламба во држачот
притискајќи ја и вртејќи ја
надесно.
5. Вратете го држачот во комплетот светла вртејќи го
надесно.
6. Вратете го комплетот светла.Странични светла
1. Извадете го комплетот светла 3 179.
2. Свртете го држачот на ламбата
налево и извлечете го држачот
од комплетот светла.
3. Извадете ја ламбата од држачот повлекувајќи ја право.
4. Ставете нова ламба користејќи крпа без влакненца за држење
на ламбата.
5. Вратете го држачот во комплетот светла вртејќи го
надесно.
6. Вратете го комплетот светла.