Page 209 of 247

Нега на возилото207
4.Пред да ја поставите дигалката,
поставете ја потребната
височина вртејќи ја со рака.
Наместете ја дигалката во
точка за дигање сместена
најблизу до соодветното тркало така што клештите на дигалката
ќе ја опфаќаат вертикалната
основа. Уверете се дека дигалката е наместена
правилно.
Основата на дигалката треба
да биде на тлото непосредно
под точката за дигање на тој
начин што ќе се спречи
лизгањето.5. Закачете го клучот за тркала во
алката на прачката со навои и
вртете го клучот надесно за да го кренете возилото.
Ако не сте успеале, внимателно
спуштете го возилото веднаш и
повторно наместете ја
дигалката. Кренете го возилото
се додека тркалото токму не ја
допира земјата.
6. Одвртете ги навртките на тркалото целосно и исчистете
ги со крпа.
Не подмачкувајте ги навоите.
Ставете ги навртките на
тркалото некаде каде што
навоите нема да се извалкаат.
7. Сменете го тркалото. Забелешки за резервното
тркало 3 208.
8. Завртете ги навртките на тркалото и затегнете ги малку
со рака вртејќи ги надесно
додека тркалото не се
прицврсти на држачот.
9. Вртете го клучот налево и спуштете го возилото на тлото.
10. Ставете го клучот за тркалата проверувајќи дали е наместен
безбедно и стегнете ја секоја
навртка по вкрстен редослед.
Затезниот момент е 140 Nm.
11. Складирајте ги заменетото тркало 3 208 и прирачните
алати 3 195.
12. Проверете го притисокот во ставената гума што е можно
поскоро.
Поправете ја оштетената гума и
заменете го привременото
резервно тркало со правилно
тркало без одложување.
Page 210 of 247

208Нега на возилото
Положба за дигање за
дигалката со платформа за дигање
Положбата за задната рачка на
платформата за дигање е
средишно под жлебот на прагот.
Положбата за предната рачка на
платформата за дигање е
средишно под жлебот на прагот.
Резервно тркало
Привремено резервно тркало Некои возила се опремени со
комплет за поправање гуми
наместо резервно тркало.
Привременото резервно тркало е
конструирано за користење само
со вашето возило.
Кога монтирате резервно тркало
кое се разликува од другите
тркала, тоа може да се смета за
привремено тркало за кое важат
соодветните ограничувања на
брзината, иако ова не е наведено
на ниедна етикета. Побарајте
помош во сервис за да проверите
колкаво е ограничувањето на
брзината.
Користењето на привременото
резервно тркало може да влијае на
управливоста, особено ако
користите зимски гуми. Поправете
ја дефектната гума што е можно
поскоро и избалансирајте го
тркалото и вратете го на возилото.Внимание
Употребата на резервно тркало
кое е помало од другите тркала
или во комбинација со зимски
гуми може да повлијае врз
возната состојба. Заменете ја
неисправната гума колку е
можно поскоро.
Page 211 of 247

Нега на возилото209
Привременото резервно тркало се
наоѓа во товарниот простор, под
подниот капак, и прицврстено е со
држач со завртка.
Притиснете ги двата лоста на
капакот на подот кон рачката и
повлечете го капакот за рачката.
Закачете ја куката за горниот дел на отворот на задната врата.
Прирачен алат 3 195.
Извадете го држачот вртејќи го
налево и извадете го
привременото резервно тркало од
неговиот отвор.
Монтирајте само едно привремено
резервно тркало. Не возете побрзо
од 80 км/ч. Фаќајте ги свиоците
полека. Не го користете за подолг
период.
Кога ќе се стави привременото
резервно тркало, не носете го
возилото на автоматски четки за
миење со шини водилки.
Привременото резервно тркало
може да се фати во шините, што ќе ги оштети гумата, тркалото и другиделови на возилото.
Употребата на синџири за гуми не
се дозволува на привременото
резервно тркало.
Синџири за гуми 3 201.
Еднонасочни гуми Монтирајте еднонасочни гуми, така
што тие ќе се вртат во насоката на
патувањето. Правецот на
тркалањето е означен со симбол
(на пр. стрелка) од страната на
гумата.Следново се однесува до гумите
монтирани наспроти насоката на
вртењето:
■ Возната состојба може да се смени. Поправете ја дефектнатагума што е можно поскоро и
избалансирајте го тркалото и
вратете го на возилото.
■ Не возете побрзо од 80 км/ч.
■ Возете особено претпазливо на влажни и снежни патишта.9 Предупредување
Складирањето на дигалка,
тркало или дурга опрема во
товарниот простор може да
предизвика повреда ако не се
прицврстени соодветно. При
ненадејно сопирање или судар,
неприцврстената опрема може
да предизвика лични повреди
или оштетување на возилото.
Секогаш оставајте ги дигалката
и прирачнито алат во нивните
прегради за складирање и
прицврстете ги добро.
Page 212 of 247

210Нега на возилотоСекогаш ставајте го оштетеното
тркало во товарниот простор,
прицврстено во отворот на
резервното тркало со држачот
со навртка.Палење со кабли
Не палете со полнач за
акумулатори.
Возило со испразнет акумулатор
може да се запали со употреба на кабли за палење и акумулатор од
друго возило.9 Предупредување
Внимавајте многу кога палите
со кабли за палење. Кое било отстапување од следниве
напатствија може да доведе до
повреди или оштета
предизвикана од експлозија на
акумулаторот или оштетување
на електричните системи на
двете возила.
9 Предупредување
Избегнувајте контакт на
акумулаторот со очите, кожата,
ткаенини и обоени површини.
Течноста содржи сулфурна
киселина што може да
предизвика повреди и
оштетувања во случај на
директен допир.
■ Не изложувајте го акумулаторот на гол пламен или на искри.
■ Испразнетиот акумулатор може да замрзне при температура од
0 °C. Одмрзнете го смрзнатиот
акумулатор пред поврзувањето
на каблите за палење.
■ Носете заштитни очила и заштитна облека кога работите
со акумулатор.
■ Користете помошен акумулатор со ист напон (12 волти). Неговиот
капацитет (Ач) не смее да биде
значително помал од оној на испразнетиот акумулатор.
■ Користете кабли за палење со изолирани клеми и пресек од
најмалку 16 мм 2
(25 мм 2
за
мотори на дизел).
■ Не откачувајте го испразнетиот акумулатор од возилото.
Page 213 of 247

Нега на возилото211
■ Исклучете ги сите непотребниелектрични потрошувачи.
Инфозабавниот систем може да
се оштети ако е вклучен кога се
пали со кабли.
■ Не се наведнувајте над акумулаторот за време на
палењето со кабли за палење.
■ Не дозволувајте клемите од едниот кабел да ги допрат оние
на другиот кабел.
■ Возилата не смеат да дојдат во контакт еден со друг за време напроцесот на палењето со кабли.
■ Вклучете ја електричната рачна сопирачка 3 152, ставете го
менувачот во лер, автоматскиот менувач во P.
■ Отворете ги заштитните капачиња на позитивната клема
на двата акумулатори.
Редослед на спојувањето на
каблите:
1. Спојте го црвениот кабел со позитивниот пол 1 на
помошниот акумулатор.
2. Спојте го другиот крај на црвениот кабел со позитивниот
пол 2 на испразнетиот
акумулатор.
3. Спојте го црниот кабел со негативниот пол 3 на
помошниот акумулатор.
4. Спојте го другиот крај на црниот
кабел со некоја точка за
вземјување на возилото, како
блокот на моторот 4 или некоја
завртка за монтирање на
моторот. Спојте го колку е
можно подалеку, а најмалку
60 см од испразнетиот
акумулатор.
Спроведете ги каблите така што да не можат да се закачат за
вртливите делови во моторниот простор.
Палење на моторот: 1. Запалете го моторот на возилото што помага при
палењето.
2. По 5 минути, запалете го другиот мотор. Обидите за
палење не треба да траат
подолго од 15 секунди во
периоди од 1 минута.
3. Оставете ги двата мотора да работат в место околу
3 минути со поврзани кабли.
4. Вклучете електрични потрошувачи (на пр. светла,
греење на задното стакло) на
возилото на коешто му се
помага при палењето.
Page 214 of 247
212Нега на возилото
5. Работете со испразнетотовозило околу 20 минути за да сенаполни акумулаторот.
6. Постапете по точно обратен редослед од горе наведениот
кога ги отстранувате каблите.Влечење
Влечење на возилото
Отстранете го лип спојлерот од
предната лева страна на возилото
така што ќе ги одвртите
шестте шрафови што се наоѓаат на подвозието на возилото. Потоа
прикачете ја алката за влечење.
Алката за влечење се наоѓа заедно
со прирачните алати 3 195.
Зашрафете ја алката за влечење
обратно од правецот на срелките
на часовникот колку што може
додека не застане во хоризонтална
положба.
Закачете сајла за влечење - или, уште подобро, шипка за влечење -за предната алка за влечење, а
никогаш не за браникот или за
предните амортизери.
Не влечете го возилото одзади.
Предната алка за влечење смее да се користи само за влечење, а не
за ослобудвање на возилото.
Page 215 of 247

Нега на возилото213
Вклучете го палењето за да го
ослободите закочувањето на
воланот и за да го овозможите
работењето на стоп-светлата,
сирената и бришачот на
шофершајбната.
Менувачот во лер.
Свртете го клучот во положба
ACC и отпуштете ја електричната
паркирна сопирачка пред да го
влечете возилото.Внимание
Возете полека. Не возете со нагли движeња. Преголеми
влечни сили може да го оштетат возилото.
Кога моторот не работи, потребнае значително поголема сила за сопирање и за управување.
Сајлата за влечење треба да биде
подалеку од предниот браник и
внимавајте да е цврсто закачена за
алката од двата краја. Повлечете ја
сајлата за да проверите.
За да не влегуваат издувни гасови
од влечното возило, вклучете го
системот за кружење на воздухот
3 127 и затворете ги прозорците.
Возила со рачен менувач:
Возилото мора да се влече со
поглед нанапред. Максималната
брзина е 88 км/ч. Во сите други
случаи и кога менувачот е
дефектен, предната оска треба да
се крене од тлото.
Возила со автоматски менувач: Не
влечете го возилото со алката за
влечење. Влечењето со сајла може да предизвика тешко оштетување
на преносот. За влечење возило со автоматски менувач користете
возило за влечење со рамен под
или опрема за кревање.
Побарајте помош од
автомеханичар.
По влечењето, одвртете ја алката за влечење и вратете го лип
спојлерот. Вратете ја алката за
влечење во преградата под
капакот на подот во товарниот
простор.
Прирачен алат 3 195.Влечење на друго возило
Извадете го капачето што се наоѓа
на задниот браник притискајќи го
долниот дел на капачето.
Задната алка за влечење се ноаѓа
под подниот капак во товарниот
простор.
Навртете го приклучокот за
задната алка за влечење налево со
соодветна одвртка додека не биде
цврсто на место и застанува во
хоризонтална положба.
Закачете сајла за влечење - или,
уште подобро е шипка за влечење
- за задната алка за влечење.
Page 216 of 247

214Нега на возилото
Алката за влечење треба да се
користи за влечење, а не за
ослобудвање на возилото.Внимание
Возете полека. Не возете со нагли движeња. Преголеми
влечни сили може да го оштетат возилото.
За да спречите оштетувања, не
затегнувајте ја сајлата пребрзо.
По влечењето, одвртете го
приклучокот за задната алка за
влечење надесно за да ја извадите
и ставете го капачето.
Нега за изгледот
Нега на надворешноста
Брави Бравите се подмачкуваат во
фабриката со употребата на
високо квалитетно мазиво за
цилиндрите на бравите. Средство
за одмрзнување употребувајте
само каде што е апсолутно
неопходно, бидејќи тоа го вади
мазивото и го влошува
функционирањето на бравите. По
употреба на средство за
одмрзнување, нека Ви ги подмачка бравите повторно автомеханичар.
Миење Бојата на Вашето возило е
изложена на влијанија од
околината. Мијте го и полирајте го
Вашето возило редовно. Кога
користите автоматски перални за автомобили, одберете таква
програма којашто содржи
полирање.Изметот од птиците, мртвите
инсекти, смолата, поленот и
сличното треба веднаш да се
исчистат, бидејќи содржат
агресивни состојки што може да ја
оштетат бојата.
Ако користите перална за
автомобили, спроведете ги
соодветните напатствија на
производителот на пералната.
Бришачите на шофершајбната и на
задното стакло мора да бидат
исклучени. Извадете ги антената и
надворешните додатоци, како на
пример багажниците за на покрив,
итн.
Ако го миете возилото рачно,
погрижете се темелно да ја
исплакнете и внатрешната страна
на крилата.
Исчистете ги рабовите и
преклопите на отворените врати и
хаубата, како и пределите што ги
покриваат.