Page 129 of 247

Контрола на климатизацијата127
Брзина на вентилаторотРегулирајте го протокот на
воздухот со вклучување на
вентилаторот на саканата јачина.x=исклучување1=најмала брзина4=најголема брзина
Одмаглување и одмрзнување
■ Поставете го прекинувачот за распределба на воздухот на l
или J
■ Наместете ја контролата на температурата на најтопло ниво
■ Поставете го вентилаторот на најбрзо
■ Затворете ги средишните отвори
за проветрување
■ Отворете ги страничните отвори за проветрување и насочете ги
кон прозорците на вратите
Греење на задното стакло Ü 3 35.
Систем за климатизација
Освен системот за греење и
проветрување, системот за
климатизација има и контроли за:n=ладење4=кружење на воздухотÜ=одмаглување и
одмрзнување
Греење на седиштата ß 3 44.
Ладење n
Притиснете го копчето n за да го
вклучите ладењето. Активирањето
се означува со сијаличката во
копчето. Ладењето функционира
само кога работи моторот и е
вклучена контролата на
климатизацијата.
Притиснете го копчето n повторно
за да го исклучите ладењето.
Системот за климатизација лади и
суши штом надворешната
температура е малку над точката
на смрзнување. Затоа може да се
формира кондензација и да капи
под возилото.
Ако веќе не е потребно ладење или
сушење, исклучете го системот за
климатизација за да заштедите
гориво. Активираното ладење
може да го попречи автоматското
сопирање.
Систем за кружење на
воздухот 4
Притиснете го копчето 4 за да го
вклучите кружењето на воздухот.
Активирањето се означува со
сијаличката во копчето.
Притиснете го копчето 4
повторно за да го исклучите
кружењето на воздухот.
Page 130 of 247

128Контрола на климатизацијата9Предупредување
Менувањето на свежиот воздух
е намалено во режимот за
кружење на воздухот. При
работа без ладење, влажноста
на воздухот се зголемува, па
прозорците може одвнатре да
се замаглат. Квалитетот на
воздухот во патничката кабина
се влошува, што може да
предизвика дремливост кај
патниците.
При топол и многу влажен воздух
на околината, шофершајбната
може да се замагли однадвор кога
кон неа е насочен студен воздух.
Ако шофершајбната се замагли
однадвор, вклучете го бришачот и
исклучете гo l.
Максимално ладење
Накратко отворете ги прозорците и подвижниот покрив за да излезе
топлиот воздух брзо.
■ Притиснете го копчето n за да
вклучите климатизација.
■ Притиснете го копчето 4 за да
вклучите кружење на воздухот.
■ Ставете го прекинувачот за распределба на воздухот на M.
■ Наместете ја контролата на температурата на најстудено
ниво.
■ Поставете го вентилаторот на најбрзо.
■ Отворете ги сите отвори.
Одмаглување и одмрзнување■ Ставете го прекинувачот за распределба на воздухот на l
или J.
■ Наместете ја контролата на температурата на најтопло ниво.
■ Поставете го вентилаторот на најбрзо.
■ Затворете ги средишните отвори
за проветрување.
■ Отворете ги страничните отвори за проветрување и насочете ги
кон прозорците на вратите.
■ Вклучете го греењето на задното
стакло Ü 3 35.
Климатизациајта n и кружењето на
воздухот 4 се вклучуваат
автоматски за да се подобри
одмрзнувањето кога е избрана
положбата l или J.
Page 131 of 247

Контрола на климатизацијата129Електронски систем за
контрола на
климатизацијата
Контролата на климатизацијата со
двојна зона овозможува различни
температури на климатизацијата
за страната возачот и совозачот.
Контроли за:
■ Температурата на страната на возачот
■ Распределба на воздухот
■ Брзина на вентилаторот
■ Температурата на страната на совозачотAUTO=Автоматски режимt=Автоматско кружење на
воздухотV=Одмаглување и
одмрзнување
Ладење A/C, Кружење на воздухот
4 3 127.
Забелешка
Не прекривајте го сензорот за
внатрешна температура (се наоѓа
до прекинувачот за вентилаторот) или сензорот за сончева светлина(се наоѓа пред отворите за
одмрзнување на шофершајбните) зашто тоа може да предизвика
неисправна работа на системот.
Греење на задното стакло RÜ
3 35, Греење на седиштата ß
3 44.
Автоматски режим AUTO Основна поставка за максимална
удобност:
■ Притиснете го копчето AUTO,
ладењето A/C се вклучува и
распределбата на воздухот и
брзината на вентилаторот се
регулираат автоматски.
■ Отворете ги сите отвори за проветрување.
■ Поставете ги претходно одбраните температури за
возачот и совозачот користејќи
ги вртливите копчиња лево и
десно.
Page 132 of 247

130Контрола на климатизацијата
Забелешка
Сите отвори за проветрување се
активираат автоматски во
автоматскиот режим. Затоа,
отворите за проветрување треба
секогаш да се отворени.
Претходно одбирање на
температурата Препорачана удобна поставка е
22 °C. Можни се и меѓупоставки.
Притиснете го копчето SYNC за
автоматско прилагодување на
температурата од совозачката
страна според температурата од
возачката страна. Активирањето
се означува со сијаличката во
копчето.
Ако поставките за температурата
се различни меѓу возачката и
совозачката страна, светлото во
SYNC се гаси.Рачни поставки
Поставките на системот за
контрола на климата може да се
менуваат со притискање на
копчето A/C или со прилагодување
на брзината на вентилаторот или
прекинувачот за распределба на
воздухот. Менување поставка го
деактивира автоматскиот режим.
За да се вратите во автоматскиот
режим: Притиснете го копчето
AUTO .
Ладење A/C 3 127.
Брзина на вентилаторот x
За да го деактивирате
автоматскиот режим, сменете ја
брзината на вентилаторот рачно
или исклучете го вентилаторот x.
За да се вратите во автоматскиот
режим: Вклучете го вентилаторот и
притиснете го копчето AUTO.
Распределба на воздухот
Притиснете го соодветното копче
за саканото прилагодување.
Активирањето се означува со
сијаличката во копчето.
Page 133 of 247

Контрола на климатизацијата131
M=кон пределот на главата
преку подвижните отвори за
проветрувањеL=кон пределот на главата
преку прилагодливите
отвори за проветрување и
кон пределите на нозетеK=кон пределите на нозетеJ=кон шофершајбната,
прозорците на предните
врати и пределите на нозетеV=кон шофершајбната,
прозорците на предните
врати и просторот на
главата преку
приспособливите отвори за
проветрување
Сите комбинации се возможни.
За да се вратите во автоматскиот
режим: Притиснете го копчето
AUTO .
Автоматско кружење на
воздухот t
Системот за автоматско кружење на воздухот има сензор за квалитет на воздухот што се вклучува
автоматски ако се откријат штетни
гасови.
Со нив се ракува со копчето t
.
Активирањето се означува со
сијаличката во копчето.
Системот за автоматско кружење
на воздухот работи само ако
работи моторот.
Одмаглување и одмрзнување
■ Притиснете го копчето V.
Активирањето се означува со сијаличката во копчето.
■ Ставете го вентилаторот на саканата брзина.
Режимот за кружење на воздухот
4 се исклучува автоматски. Се
вклучува ладењето A/C.
■ Вклучете го греењето на задното
стакло RÜ .
За да го исклучите одмаглувањето
и одмрзнувањето на прозорците,
повторно притиснете го копчето
V , притиснете го копчето AUTO,
Page 134 of 247
132Контрола на климатизацијата
прилагодете ја брзината на
вентилаторот или прекинувачот за распределба на воздухот.Отвори за
проветрување
Приспособливи отвори
за проветрување
Барем еден отвор за
проветрување треба да биде
отворен додека е вклучено
ладењето A/C.
За да се отворат и затворат
отворите, свртете го
хоризонталното тркалце налево
или надесно.
Отворете ги отворите за
проветрување кога прекинувачот
за распределба на воздухот е на
M или L.
Доводот на воздух се зголемува со
вклучување на вентилаторот.
Контролирајте ја температурата на страничните отвори за воздух со
прилагодување на прекинувачот за
контрола на температурата.
Насочете го протокот на воздухот
со навалување и вртење на
решетките.
Page 135 of 247

Контрола на климатизацијата1339Предупредување
Не закачувајте предмети за
решетките на отворите за
проветрување. Ризик од
оштетување и повреда во случај на сообраќајка.
Фиксни отвори за
проветрување Дополнителни отвори за
проветрување се наоѓаат под
шофершајбната, прозорците на
вратите и во предните и задните
предели на нозете.
Просторот под предните седишта
треба да биде слободен за да може
да струи воздух до пределот на
нозете на задните патници.
Одржување
Довод на воздухот
Процепите за довод на воздухот
пред шофершајбната во
моторниот простор мора да се
чуваат чисти за да се овозможи
доводот на воздухот. Извадете ги лисјата, нечистотијата или снегот.
Филтер за полен
Филтрирање на воздухот во
кабината
Кабината ја чисти филтер за
честички од прав, саѓи, полен и
спори.
Филтер со активен јаглен
Освен филтерот за честички,
филтерот со активен јаглен
намалува миризби.
Обично работење на
кондиционерот За да се обезбедат постојано
ефикасни перформанси, ладењето мора да се вклучува неколку
минути еднаш неделно, без оглед
на времето и годишното време. Не
е возможно ракувањето со
ладењето кога надворешната
температура е прениска.
Page 136 of 247
134Контрола на климатизацијатаСервисЗа оптимални перформанси на
ладењето, се препорачува
системот за контрола на
климатизацијата да се проверува
годишно, почнувајќи 3 години по
првата регистрација на возилото,
вклучувајќи ги следните:
■ Тестирање на функционирањето и притисокот
■ Функционирање на греењето
■ Проверка да не капе
■ Проверка на погонските ремени ■ Чистење на одводот на кондензаторот и испарувачот
■ Проверка на перформансите