152Возење и ракувањеСистем за деблокирање
на сопирачките
Antilock Brake System -от (ABS)
(Систем за деблокирање на
сопирачките) не дозволу тркалата
да се блокираат.
ABS почнува да го регулира
притисокот на сопирачките штом некое тркало покажува тенденција
да се блокира. Возилото останува
управливо, дури при јако
сопирање.
Контролата на ABS станува
очигледна преку пулсирање во
педалот на сопирачките и звукот на процесот за регулирање.
За оптимално сопирање, држете го
педалот за сопирање докрај
притиснат за време на целиот
процес на сопирањето, иако
педалот ќе пулсира. Не
намалувајте го притисокот врз педалот.
По палењето, системот врши
самоиспитување што може да биде
чујно.
Контролна сијаличка u 3 95.Дефект9 Предупредување
Ако има дефект во ABS,
тркалата може да бидат склони
да се блокираат поради такво
кочење што е посилно од
обичното. Предностите на ABS
веќе не функционираат. При
силно сопирање, со возилото не може веќе да се управува и
може да скршне.
Може да продолжите да возите,
под услов да возите внимателно и
претпазливо. Нека Ви ја отстрани
причината на дефектот
автомеханичар.
Рачна сопирачка
Електрична сопирачка за
паркирање
Се применува кога возилото е во
мирување
Повлечете го прекинувачот m,
електричната сопирачка за
паркирање работи автоматски со
доволна сила. За максимална
сила, на пр. паркирање со приколка
или на стрмнини, повлечете го
прекинувачот m двапати.