Page 137 of 247

Возење и ракување135Возење и ракувањеПрактични совети за возење..135
Поаѓање и ракување ................ 136
Издувни гасови од моторот .....141
Автоматски менувач ................143
Рачен менувач ......................... 148
Системи за возење ..................148
Сопирачки ................................. 151
Системи за контрола на
возењето ................................... 154
Системи за помош на возачот 157
Гориво ....................................... 160
Кука за приколка ......................164Практични совети за
возење
Контрола над возилото
Не возете со изгаснат мотор
(освен за време на Autostop) Многу системи нема да
функционираат во оваа ситуација
(на пр. серво уредот на
сопирачките, серво
управувањето). Таквото возење е
опасно за Вас и за други. Сите
системи функционираат за време
на Autostop, но силата на серво
управувањето ќе биде
контролирано намалена, како и
брзината на возилото.
Систем за сопирање-поаѓање
3 137.
Педали За да се обезбеди непречен од на
педалите, не смее да има
подлошки во пределот на
педалите.Серво управување
Никогаш не го оставајте воланот
целосно свртен кога возилото е во
мирување бидејќи тоа може да ја
оштети хидрауличната пумпа.
Контролна сијаличка 2 3 96.
Page 138 of 247

136Возење и ракувањеПоаѓање и ракувањеРазработување на
новото возило Не сопирајте непотребно силно
првите неколку патувања.
За време на првото возење може
да се јави чад поради
испарувањето на восокот и
маслото на системот за издувни
гасови. Паркирајте го возилото на
отворено место за извесно време
по првото возење за да не ги
вдишувате пареите.
За време на периодот на
разработувањето потрошувачката
на гориво и на моторно масло може
да биде поголема и процесот на
чистењето на филтерот за
дизелски честички може да се
одвива почесто. Autostop може да
биде попречено за да се овозможи
полнење на акумулаторот.
Филтер за дизелски честички
3 141.Положби на
прекинувачот за палењеLOCK=Исклучено палењеACC=Бравата на воланот е
ослободена, исклучено
палењеON=Вклучено палење, за
мотор на дизел:
предзагревањеSTART=ПалењеПалење на моторот
Рачен менувач: нагазнете ги
педалите на куплунгот и
сопирачките.
Автоматски менувач: нагазнете ја
педалата на сопирачката и ставете
ја рачката на менувачот во P или
N .
Не нагазнувајте ја педалата за гас.
Мотори на дизел: свртете го клучот во положба ON за предзагревање
додека контролната сијаличка !
не се изгасне 3 98.
Page 139 of 247

Возење и ракување137
Свртете го клучот накратко во
положбата START и отпуштете го.
Клучот се враќа автоматски во
положбата ON.
Пред да палите повторно или да го
изгасите моторот, вратете го
клучот во положбата LOCK.
Обидите за палење не смеат да
траат подолго од 15 секунди. Ако
моторот не се пали, почекајте
10 секунди пред да ја повторите
постапката за палење.
Зголемената брзина на моторот
автоматкси се враќа на
нормалната брзина во лер додека
зголемува температурата на
моторот. Возете со умерена
брзина, особено при ниски
температури, додека не се
достигне нормална работна
температура на моторот.
За време на Autostop, моторот
може да се запали со притискање
на педалата на кумплунгот.
Систем за сопирање-поаѓање
3 137.Палење на моторот при ниски
температури При крајно ниски температури,
на пр. под -20 °С, може да биде
неопходно да се вергла моторот до
30 секунди за да запали.
Свртете го клучот во положба
START и држете го така додека не
запали моторот. Обидите за
палење не смеат да траат подолго
од 30 секунди. Ако моторот не се
пали, почекајте 10 секунди пред да
ја повторите постапката за палење.
Внимавајте моторното масло да е
со правилна вискозност, да се
користи правилно гориво, редовно
да се вршат сервисите на возилото и акумулаторот да е доволно
наполнет.
Исклучување на
пребрзувањето
Доводот за гориво се затвора
автоматски за време на
пребрзување, на пр. кога возилото се вози во некоја брзина без
давање гас.Систем за сопирање-
поаѓање
Системот за сопирање-поаѓање
помага да се заштеди гориво и да се намали испуштањето издувни
гасови. Кога дозволуваат условите, го исклучува моторот штом
возилото е во мала брзина или е
сопрено, на пр. на семафор или во
сообраќаен метеж. Го пали
моторот автоматски штом ќе се
отпушти куплунгот. Сензорот за
акумулаторот обезбедува Autostop
да се врши само ако акумулаторот е доволно полн за повторно
палење.
Активирање
Системот за сопирање-поаѓање е
достапен штом ќе се запали
моторот, возилото ќе појде и
условите како што се опишани
подолу во овој дел се исполнети.
Page 140 of 247

138Возење и ракување
Деактивирање
Исклучете го системот за
сопирање-поаѓање со притискање на копчето eco. Исклучувањето е
прикажано со гасење на
сијаличката во копчето.
Autostop
Ако возилото оди со мала брзина
или е сопрено, вклучете го Autostop на следниов начин:
■ Притиснете ја педалата за куплунг
■ Ставете ја рачката во лер
■ Отпуштете ја педалата за куплунг
Моторот ќе се изгасне, а палењето
останува вклучено.
Autostop е покажано на
вртежомерот со иглата во положба AUTOSTOP .
За време на Autostop, греењето,
серво управувањето и сопирачките
функционираат.
Системот за климатизација може
да го попречува системот за
сопирање-поаѓање, зависно од
ладењето.Внимание
Серво управувањето може да се намали за време на Autostop.
Услови за Autostop
Системот за сопирање-поаѓање проверува дали се исполнети ситеуслови.
■ Системот за сопирање-поаѓање не е исклучен рачно
■ багажникот е целосно затворен
■ возачката врата е затворена или
безбедносниот ремен на возачот е прицврстен
■ акумулаторот е доволно наполнет и е во добра состојба
■ моторот е загреан
Page 141 of 247

Возење и ракување139
■ температурата на течноста заладење на моторот не е
превисока или прениска
■ температурата на издувните гасови од моторот не е
превисока, на пр. по возење со
големо оптоварување на
моторот
■ околната температура не е прениска
■ функцијата за одмрзнување не е вклучена
■ системот за контрола на климатизацијата не попречува
сопирање на моторот
■ вакуумот на сопирачката е доволен
■ функцијата за самочистење на филтерот за дизелски честички
не е вклучен
■ возилото е поместено од последното Autostop
Инаку, Autostop е попречено.
Одредени поставки на системот за
контрола на климатизацијата може
да го попречат Autostop. Видете вопоглавјето Контрола на
климатизацијата за повеќе детали
3 129.
Веднаш по возење по автопат,
Autostop може да биде попречено.
Разработување на новото возило
3 136.
Заштита на акумулаторот од
празнење
За да обезбедите сигурно палење
на моторот, вградени се неколку
функции за заштита од празнење
на акумулаторот како дел од
системот за сопирање-поаѓање.
Повторно палење на моторотод страна на возачот
Притиснете ја педалата на
куплунгот за повторно палење на
моторот.
Палењето на моторот е прикажано
од иглата на вртежомерот во
положба за лер.
Ако рачката на менувачот е
поместена од лер пред да се
притисне педалата на куплунгот,
свети контролната сијаличка -.Контролна сијаличка - 3 100.
Повторно палење на моторот
од страна на системот за
сопирање-поаѓање Рачката на менувачот треба да
биде во лер за да се овозможи
автоматско повторно палење.
Ако еден од следниве услови се
појави за време на Autostop,
моторот ќе се запали повторно
автоматски од страна на системот
за сопирање-поаѓање.
■ Системот за сопирање-поаѓање е исклучен рачно
■ багажникот е отворен
■ безбедносниот ремен на возачот
е одврзан и е отворена возачката врата
■ температурата на моторот е прениска
■ наполнетоста на акумулаторот е под одредено ниво
■ вакуумот на сопирачката не е доволен
■ возилото било возено барем со брзина на одење
Page 142 of 247

140Возење и ракување
■ функцијата за одмрзнување евклучена
■ системот за контрола на климатизацијата бара палење на
моторот
■ климатизацијата е вклучена рачно
Ако некој електричен уред, на пр.
пренослив ЦД-плеер, е поврзан со
штекер, може да се забележи кусо опаѓање на напонот за време на
повторното палење.
Паркирање ■ Не паркирајте го возилото на лесно запалива површина.
Високата температура на
системот на ауспухот може да ја
запали површината.
■ Секогаш вклучувајте ја електричната паркирна
сопирачка.
Повлечете го прекинувачот m.
За максимална сила, на пр.
паркирање со приколка или настрмнини, повлечете го
прекинувачот m двапати.
■ Запалете го моторот и свртете го
клучот за палење во положба
LOCK , притиснете го клучот во
бравата за палење и извадете го.
Завртете го воланот додека не се почувствува дека бравата на
воланот се заглавила.
Кај возилата со автоматски
менувач, притиснете ја педалата на сопирачката и ставете во P
пред да го притиснете клучот во бравата за палење и да го
извадите.
■ Ако возилото е на рамна површина или на нагорнина,
ставете во прва брзина или
поместете ја рачката на
менувачот во P пред да го
исклучите палењето. Ако
возилото е на угорница, свртете
ги предните тркала од работ на тротоарот.
Ако возилото е на надолнина,
ставете во рикверц или
поместете ја рачката на
менувачот во P пред да гоисклучите палењето. Свртете ги
предните тркала кон работ на
тротоарот.
■ Заклучете го возилото со копчето
p на далечинскиот управувач
3 23 и активирајте го системот за
тревожење при кражба 3 27.
Page 143 of 247

Возење и ракување141Издувни гасови од
моторот9 Опасност
Издувните гасови од моторот
содржат отровен јаглерод
моноксид, којшто е безбоен,
нема мирис и може да биде
смртоносен ако се вдишува.
Ако издувни гасови навлегуваат во внатрешноста на возилото,
отворете ги прозорците. Нека Ви ја елиминира причината на
дефектот автомеханичар.
Избегнувајте да возите со
отворен товарен простор, инаку
издувните гасови можат да
навлезат во возилото.
Контролно светло за
неисправности 3 94.
Филтер за дизелски
честички
Системот на филтерот за дизлски
честички ги филтрира штетните
честички од саѓи од издувните
гасови. Системот содржи функција
на самочистење која работи
автоматски за време на возењето
без известување.
Филтерот се чисти со изгорување
на честичките од саѓи периодично на висока температура. Овој
процес се одвива автоматски при определени услови за возење и
може да потрае повеќе од
15 минути. Autostop не е достапно
и потрошувачката на гориво може
да биде поголема за тоа време.
Испуштањето на миризби и чад за
време на овој процес е нормално.
Во извесни услови за возење,
на пр. кратки растојанија, системот
не може сам да се исчисти
автоматски.
Ако постои потреба од чистење на
филтерот и ако претходните
услови на возењето не овозможиле автоматско чистење, на тоа ќе
укаже контролната сијаличка %
3 98.
Кога филтерот за дизелски
честички е полн, свети %,
придружувана од предупредувачка мелодија. Почнете го процесот на
чистење колку е можно поскоро.
Page 144 of 247

142Возење и ракување
% трепка кога филтерот за
дизелски честички го достигнал максималното ниво за полнење.
Почнете го процесот на чистење
веднаш за да се избегне
оштетување на моторот. Се додека не заврши процесот на чистење,
секои 3 минути се огласува
предупредувачка мелодија.
Процес на чистење
За да се активира процесот на
чистење, продолжете со возењето,
држејќи ја брзината на моторот над 2000 вртежи во минута. Сменете во
помала брзина ако е потребно.
Тогаш почнува чистењето на
филтерот за дизелски четички.
Ако контролната сијаличка Z
свети дополнително во групата
инструменти кога работи моторот,
може да има дефект на филтерот
за дизел честички 3 94 . Чистење не
е возможно, веднаш побарајте
помош од сервис.Внимание
Ако процесот на чистењето е
прекинат, има ризик од
предизвикување на тешко
оштетување на моторот.
Чистењето е побрзо при големи
брзини и оптовареност на моторот.
Не го гаснете моторот додека не
заврши процесот на чистењето.
Тоа се означува со гаснење на
контролната сијаличка %.
Катализатор
Катализаторот го намалува
количеството на штетните
материјали во издувните гасови.
Внимание
Класи на гориво пионакви од
оние наброени на страниците
3 160, 3 228 може да го
оштетат катализаторот или
електронските компоненти.
Бензинот кој не се игорил ќе се
прегрее и ќе го оштети
катализаторот. Затоа
избегнувајте ги прекумерното
работење со стартерот,
испразнувањето на
резервоарот за гориво и
палењето на возилото со
туркање или влечење.
Во случај моторот да не пали,
нерамномерно да работи, има
очигледен пад во перформансите
на моторот или има други
невообичајни проблеми, нека Ви ја
елиминира причината на дефектот
автомеханичар колку е можно
поскоро. Во хаварии, со возењето
може да се продолжи за кратко