Page 41 of 231

Седишта, потпирачи39Безбедносни ремени
Безбедносните ремени се
заклучуваат при нагло забрзување или забавување на возилото,
задржувајќи ги патниците во
положбата на седењето. Затоа
ризикот од повреда е значително
намален.
9 Предупредување
Пред секое патување врзете ги
безбедносните ремени.
Во случај на сообраќајка, луѓето кои не се врзани со ремени ги
загрозуваат своите сопатници и
себеси.
Еден безбедносен ремен е
предвиден за употреба само за
едно лице одеднаш. Систем за
врзување на деца 3 46.
Одвреме-навреме проверувајте ги
сите делови од системот на
ремените за оштетувања,
нечистотија и функционалност.
Заменете ги оштетените
компоненти. По сообраќајка, нека
Ви ги замени ремените и
активираните затегнувачи на
ремените автомеханичар.
Забелешка
Уверете се дека ремените не се
оштетени или приклештени со остри предмети. Спречувајте го
влегувањето на нечистотија во
механизмите за вовлекувањ на
ремените.
Потсетник за безбедносниот
ремен
Предните седишта се опремени со
потсетник за безбедносниот
ремен, за возачкото седиште
укажува контролната сијаличка X
во вртежомерот 3 73, а за
совозачкото седиште со
контролните сијалички во
средишната конзола 3 70.
Ограничувачи на силата на
ремените
На предните седишта притисокот
врз телото се намалува со
постепеното ослободување на
ременот при судир.
Затегнувачи на ремените
Во случај на фронтален или судир
со удар одзади од одредена
тежина, предните безбедносни
ремени се затегнуваат.
Page 42 of 231

40Седишта, потпирачи9Предупредување
Неправилното ракување (на пр.
вадење или монтирање на
ремените) може да ги активира затегнувачите на ремени.
Активирањето на затегнувачите на
ремените се означува со постојано
светење на контролната сијаличка
v 3 73.
Активираните затегнувачи на
ремените треба да ги замени
автомеханичар. Затегнувачите на
ремените може само еднаш да се
активираат.
Забелешка
Не закачувајте и не монтирајте
додатоци или други предмети
коишто може да му пречат на
работењето на затегнувачите на
ремените. Не вршете никакви
преиначувања на деловите на
затегнувачите на ремените
бидејќи тоа може да ја поништи
дозвола за работа на возилото.
Безбедносен ремен
прицврстен на три точки
Врзан
Извлечете го ременот од
механизмот за вовлекување,
повлечете го преку телото без да
се преврти, и вметнете го јазичето
во бравата. Затегнувајте го
ременот за скутот редовно за
време на возењето со
повлекување на ременот за
рамото.
Лабавите или кабастите облеки го
спречуваат ременот да се намести
припиени. Не ставајте предмети,
како на пример чантички или
мобилни телефони помеѓу
ременот и Вашето тело.
9 Предупредување
Ременот не смее да лежи врз
тврди или кршливи предмети во џебовите на Вашата облека.
Потсетник за безбедносниот ремен
X 3 73.
Page 43 of 231
Седишта, потпирачи41Местење на височината
1. Извлечете го малку ременот.
2. Поставете го приспособувачот за височина погоре или
притиснете го копчето за да
откажете и притиснете го
приспособувачот надолу.
Наместете ја височината така што
ременот ќе лежи преку рамото. Не
смее да лежи преку грлото или
надлактицата.
Не дотерувајте го додека возите.
Одврзан
За да го ослободите ременот,
притиснете го црвеното копче на
бравата на ременот.
Безбедносни ремени на
задните седишта
Безбедносниот ремен за задното
средишно седиште може да се
извлече од механизмот за
вовлекување само ако потпирачот
за грб е заглавен во исправена
положба.
Page 44 of 231

42Седишта, потпирачиКористење на безбедносните
ремени за време на трудност9 Предупредување
Ременот за скутот треба да се
намести колку е можно пониско
преку карлицата за да се спречи
притисокот врз стомакот.
Систем на воздушни
перничиња
Системот на воздушни перничиња
се состои од бројни поединечни
системи зависно од обемот на
опременоста.
Кога ќе се активираат, воздушните
перничиња се надуваат за
милисекунди. Тие исто така се
издишуваат толку бргу што
честопати не се приметува за
време на судирот.9 Предупредување
Системот на воздушни
перничиња се вклучува на
експлозивен начин, а
поправките мора да ги врши
само обучен автомеханичар.
9 Предупредување
Додавањето додатоци кои ги
променуваат рамката на
возилото, системот на браници,
висината, предните или
страничните метални
конструкции, можат да го
спречат правилното
функционирање на системот на
воздушни перничиња. Врз
функционирањето на системот
на воздушни перничиња може
да влијае и промената на кои
било делови од предните
седишта, безбедносните
ремени, модулот за
чувствителност и дијагностика
на воздушните перничиња,
управувачот, таблата со
инструменти, кедерите на
вратите вклучувајќи ги и
звучниците, сите модули на
воздушните перничиња,
облогата на покривот или
столбовите, предните сензори,
страничните сензори за удар
или електричната инсталација
за воздушните перничиња.
Забелешка
Контролната електроника на
системите на воздушни
перничиња и на затегнувачите на
ремените се наоѓаат во пределот
Page 45 of 231

Седишта, потпирачи43на средишната конзола. Не
ставајте никакви магнетни
предмети во тој предел.
Не прицврстувајте никакви
предмети на капаците на
воздушните перничиња и не
прекривајте ги со други
материјали. Оштетените капаци
треба да се заменат од страна на
автомеханичар.
Секое воздушно перниче се
активира само еднаш.
Активираните воздушни
перничиња нека Ви ги замени
автомеханичар. Освен тоа, може
да биде неопходно да се заменат
воланот, таблата со инструменти,
делови на облогата, кедерите на
вратите, кваките и седиштата.
Не вршете никакви преиначувања на системот на воздушни
перничиња бидејќи тоа ќе ја
поништи дозвола за работа на
возилото.
Сијаличка v за системите на
воздушни перничиња 3 73.Систем на предни
воздушни перничиња
Системот на предните воздушни
перичиња се состои од едно
воздушно перниче во воланот и
едно во таблата со инструменти на страната на совозачот. Може да се
препознаат по зборот AIRBAG.
Покрај тоа, има предупредувачка
етикета и од страната на таблата
со инструменти што се гледа кога е отворена совозачката врата или на
штитникот за сонце на совозачот.
Системот на предни воздушни
перничиња се активира во случај
на удар напред од извесна тежина. Палењето треба да биде вклучено.
Надуените воздушни перничиња го
придушуваат ударот, притоа
намалувајќи го ризикот од повреда на горното тело и главата на
патниците на предните седишта
значително.
Page 46 of 231
44Седишта, потпирачи9Предупредување
Оптимална заштита се дава
само кога седиштето е во
правилната положба.
Положба на седиштата 3 34.
Чувајте го пределот во којшто се
надува воздушното перниче
слободен од препреки.
Наместете го безбедносниот
ремен правилно и заглавете го
безбедно. Дури тогаш може
воздушното перниче да Ве
заштити.
Систем на странични
воздушни перничиња
Системот на страничните
воздушни перничиња се состои од воздушно перниче во потпирачот
за грб на секое предно седиште.
Тоа може да се препознае по
зборот AIRBAG .
Системот на странични воздушни
перничиња се активира во случај
на страничен удар од извесна
тежина. Палењето треба да биде
вклучено.
Надуените воздушни перничиња го
придушуваат ударот, притоа
намалувајќи го ризикот од повреда на горното тело и на карлицата во
случај на судир отстрана
значително.
9 Предупредување
Чувајте го пределот во којшто се
надува воздушното перниче
слободен од препреки.
Page 47 of 231

Седишта, потпирачи45Забелешка
Уупотребувајте само такви
заштитни навлаки за седишта кои
биле одобрени за возилото.
Внимавајте да не ги прекриете
воздушните перничиња.
Деактивирање на воздушното перниче
Системот на воздушни перничиња
за совозачот мора да се
деактивира ако се монтира систем
за врзување на деца на тоа
седиште. Системите на
страничните и завесните воздушни
перничиња, затегнувачите на
ремените и сите системи на
воздушни перничиња за возачот ќе
останат активни.
Системот на воздушните
перничиња за совозачот може да
се деактивира преку прекинувач со кој се работи со клуч од
совозачката страна на таблата со
инструменти.
Користете го клучот за палање за
да ја изберете положбата:* OFF:воздушното перниче за
совозачот е деактивирано и нема да се надуе во
случај на судир.
Контролната сијаличка
* OFF свети постојано во
централната конзола.
Може да се инсталира
систем за врзување на
деца во согласност со
табелата Места за
инсталирање на системи
за врзување на деца
3 49. Совозачкото
седиште не смее да го
зафати возрасно лицеV ON:воздушното перниче за
совазочот е активно. Не
смее да се инсталира
систем за врзување на
деца
Page 48 of 231

46Седишта, потпирачи9Опасност
Ризик од смртоносна повреда за
дете кое користи систем за
врзување на деца на седиште со
активирано воздушно перниче
за совозачот.
Ризик од смртоносна повреда за возрасно лице на седиште со
деактивирано воздушно
перниче за совозачот.
Ако контролната сијаличка V
свети околу 60 секунди откако ќе се вклучи палењето, системот на
воздушни перничиња за совозачот
ќе се надуе во случај на судар.
Ако и двете контролни сијалички се
запалени истовремено, има
системски дефект. Состојбата на
системот не е видлива, затоа никој не смее да го зафати совозачкото
седиште. Контактирајте со
автомеханичар веднаш.
Состојбата менувајте ја само кога
возилото застана и палењето е
исклучено.
Состојбата останува до следната
промена.
Контролна сијаличка за
деактивирање на воздушните
перничиња 3 74.Системи за врзување
на деца
Го препорачуваме системот за
врзување на деца на Опел кој е
прилагоден специфично за
возилото.
Кога се користи систем за
врзување на деца, обрнете
внимание на следните упатства за
употреба и инсталација, и на оние кои се приложени со системот за
врзување на деца.
Секогаш исполнувајте ги
локалните или државните прописи. Во некои држави, употребата на
системите за врзување на деца е
забранета на некои седишта.9 Предупредување
Кога се користи систем за
врзување на деца на
совозачкото седиште,
системите на воздушните
перничиња за совозачкото
седиште треба да бидат
деактивирани; ако не се,