Седишта, потпирачи43на средишната конзола. Не
ставајте никакви магнетни
предмети во тој предел.
Не прицврстувајте никакви
предмети на капаците на
воздушните перничиња и не
прекривајте ги со други
материјали. Оштетените капаци
треба да се заменат од страна на
автомеханичар.
Секое воздушно перниче се
активира само еднаш.
Активираните воздушни
перничиња нека Ви ги замени
автомеханичар. Освен тоа, може
да биде неопходно да се заменат
воланот, таблата со инструменти,
делови на облогата, кедерите на
вратите, кваките и седиштата.
Не вршете никакви преиначувања на системот на воздушни
перничиња бидејќи тоа ќе ја
поништи дозвола за работа на
возилото.
Сијаличка v за системите на
воздушни перничиња 3 73.Систем на предни
воздушни перничиња
Системот на предните воздушни
перичиња се состои од едно
воздушно перниче во воланот и
едно во таблата со инструменти на страната на совозачот. Може да се
препознаат по зборот AIRBAG.
Покрај тоа, има предупредувачка
етикета и од страната на таблата
со инструменти што се гледа кога е отворена совозачката врата или на
штитникот за сонце на совозачот.
Системот на предни воздушни
перничиња се активира во случај
на удар напред од извесна тежина. Палењето треба да биде вклучено.
Надуените воздушни перничиња го
придушуваат ударот, притоа
намалувајќи го ризикот од повреда на горното тело и главата на
патниците на предните седишта
значително.
44Седишта, потпирачи9Предупредување
Оптимална заштита се дава
само кога седиштето е во
правилната положба.
Положба на седиштата 3 34.
Чувајте го пределот во којшто се
надува воздушното перниче
слободен од препреки.
Наместете го безбедносниот
ремен правилно и заглавете го
безбедно. Дури тогаш може
воздушното перниче да Ве
заштити.
Систем на странични
воздушни перничиња
Системот на страничните
воздушни перничиња се состои од воздушно перниче во потпирачот
за грб на секое предно седиште.
Тоа може да се препознае по
зборот AIRBAG .
Системот на странични воздушни
перничиња се активира во случај
на страничен удар од извесна
тежина. Палењето треба да биде
вклучено.
Надуените воздушни перничиња го
придушуваат ударот, притоа
намалувајќи го ризикот од повреда на горното тело и на карлицата во
случај на судир отстрана
значително.
9 Предупредување
Чувајте го пределот во којшто се
надува воздушното перниче
слободен од препреки.