Page 17 of 231
Накратко15Одмаглување и одмрзнување
на прозорците
Притиснете го V.
Наместете ја контролата на
температурата на највисоко ниво.
Греењето на задното стакло Ü е
вклучено.
Систем за контрола на
климатизацијата 3 118.
Системи за миење и
бришење
Бришач на шофершајбнатаHI:брзоLO:бавноINT:периодично бришење или
автоматско бришење со
сензор за дождOFF:исклучување
За единечно бришење кога
бришачот на шофершајбната е
исклучен, притиснете ја рачката
надолу до положбата 1x.
Бришач на шофершајбната 3 63,
Замена на четкичката на бришачот
3 163.
Page 18 of 231
16НакраткоМиење на шофершајбната и напредните фарови
Повлечете ја рачката.
Систем за миење на
шофершајбната и на предните
фарови 3 63, течност за миење
3 161.
Менувач
Рачен менувач
Рикверц: кога возилото е во
мирување, нагазнете го куплунгот, притиснете го копчето за
ослободување на рачката на
менувачот и ставете во рикверц.
Ако менувачот не влезе во
рикверц, ставете ја рачката во лер, отпуштете го куплунгот и повторно
притиснете го; потоа повторете го
ставањето во рикверц.
Рачен менувач 3 139.
Автоматски менувачP:паркирањеR:рикверцN:лерD:автоматски режимM:рачен режим: поместете ја
рачката на менувачот од D
налево.<:менување во поголема брзина
со рачен режим]:менување во помала брзина
со рачен режим
Рачката на менувачот може да се
извади од P само кога палењето е
вклучено и педалот на сопирачките
Page 19 of 231
Накратко17е нагазнат. За да ставите во P или
R , притиснете го копчето за
ослободување.
Автоматски менувач 3 135.Поаѓање
Проверете ги пред да појдете ● Притисокот во гумите и нивната состојба 3 180,
3 210.
● Нивоата на моторното масло и
на течностите 3 158.
● Сите прозорци, ретровизори, надворешни светла и
регистарски таблички, дали се
чисти, да нема снег и мраз на
нив, и дали функционираат.
● Правилната положба на ретровизорите, седиштата и
безбедносните ремени 3 27,
3 34, 3 40.
● Функционирањето на сопирачките при мала брзина,
особено ако сопирачките се
мокри.Палење на моторот
● Cвртете го клучот во положбата 1.
● Помрднете го воланот малку за
да се ослободи бравата на
воланот.
● Притиснете ги куплунгот и сопирачката.
● Автоматскиот менувач во P
или N.
● Не нагазнувајте го педалот за гас.
● Свртете го клучот во положба 3 и отпуштете го.
Палење на моторот 3 130.
Page 20 of 231

18НакраткоПаркирање9Предупредување
● Не го паркирајте возилото
врз лесно запалива
површина. Високата
температура на издувниот
систем може да ја запали
површината.
● Секогаш затегнувајте ја рачната сопирачка.
Затегнувајте ја рачната
сопирачка без да го
притиснете копчето за
ослободување. Затегнувајте
ја колку е можно поцврсто на
удолници или угорници.
Притиснете ја педалата за кочење истовремено за да се
намалат работните сили.
Кај возилата со електрична
сопирачка за паркирање,
повлечете го прекинувачот
m околу една секунда.
Електричната сопирачка за
паркирање се активира кога
ќе светне контролната
сијаличка m 3 75.
● Изгаснете го моторот.
● Ако возилото е на рамна површина или на нагорнина,
ставете во прва брзина или
ставете ја рачката на
менувачот во положба P
пред да го извадите клучот за палење. Ако возилото е на
угорница, свртете ги
предните тркала од работ на
тротоарот.
Ако возилото е на надолнина,
ставете во рикверц или
ставете ја рачката на
менувачот во положба P
пред да го извадите клучот за палење. Свртете ги предните
тркала кон работ на
тротоарот.
● Затворете ги прозорците.
● Извадете го клучот за палење од бравата за
палење. Завртете го воланот додека не се почувствувадека бравата на воланот се
заглавила.
Кај возилата со автоматски
менувач, клучот може да се
извади само кога рачката на менувачот е во положба P.
● Заклучете го возилото со
притискање на e на
далечинскиот управувач за радиото.
● Вентилаторите на ладилникот може да работат и по
гаснењето на моторот 3 157.
Внимание
По возење со голема брзина на
моторот или при големо
оптоварување на моторот,
оставете го моторот да работи
кусо време со мало
оптоварување или во лер околу
Page 21 of 231
Накратко1930 секунди пред да го изгаснете
за да го заштитите
турбополначот.
Клучеви, брави 3 20, Оставање
на возилото да стои подолго време
3 156.
Page 22 of 231

20Клучеви, врати и прозорциКлучеви, врати и
прозорциКлучеви, заклучување ...............20
Клучеви ..................................... 20
Далечински управувач ............21
Меморизирани поставки .........22
Систем на централната брава ....................................... 23
Автоматско заклучување ........24
Детски брави ............................ 25
Врати ........................................... 25
Товарен простор ......................25
Безбедност на возилото ............26
Систем за заштита од кражба ..................................... 26
Имобилизатор .......................... 27
Странични ретровизори ............27
Конвексен облик ......................27
Електрично местење ...............27
Преклопни прозорци ................ 28
Ретровизори со греење ...........28
Ретровизори ............................... 29
Рачна заштита од отсјај ..........29
Автоматско намалување на отсјај ........................................ 29Прозорци.................................... 29
Шофершајбна .......................... 29
Механички прозорци ...............30
Електрични прозорци ..............30
Греење на задното стакло ......32
Штитници за сонце ..................32Клучеви, заклучување
КлучевиВнимание
Не закачувајте тешки или
обемни елементи на клучот за
палење.
Резервни клучеви
Бројот на клучот е даден на етикета
која се вади.
Бројот на клучот треба да се
наведе кога се нарачуваат
резервни клучеви бидејќи тој е
компонента на системот на
имобилизаторот.
Брави 3 196.
Бројот на шифрата за адаптерот за
завртките за заклучување на
тркалата е наведен на картичка.
Треба да се наведе кога се
нарачува резервен адаптер.
Менување на тркалата 3 186.
Page 23 of 231

Клучеви, врати и прозорци21Клуч со дел што се преклопува
Притиснете го копчето за да се
извлече. За да се преклопи клучот,
прво притиснете го копчето.
Далечински управувач
Се користи за ракување со:
● централната брава
● системот за заштита од кражба
● електричните прозорци
Далечинскиот управувач има опсег
од околу 20 метри. Него може да го ограничат надворешни влијанија.
Предупредувачките трепкачи го
потврдуваат работењето.
Ракувајте со него внимателно,
штитете го од влага и високи
температури и избегнувајте
непотребно ангажирање.
Дефект
Ако со централната брава не може
да се работи со далечинскиот
управувач, причината може да
биде следното:
● Надминат опсег.
● Слаб напон на акумулаторот. ● Често, повеќекратно работење
со далечинскиот управувач
додека не е во опсегот, што ќе
побара повтроно
синхронизирање.
● Преоптоварување на системот на централната брава поради
често ангажирање, тогаш
напојувањето се прекинува
накратко.
● Пречки од посилни радио бранови од други извори.
Отклучување 3 23.
Основни поставки Некои поставки може да се сменат
во изборникот Settings (Поставки)
на Инфо-екранот.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 92.
Page 24 of 231

22Клучеви, врати и прозорциЗамена на батеријата на
далечинскиот управувач
Заменете ја батеријата штом се
намалува опсегот.
Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
Клуч со дел што се преклопува
Извлечете го клучот и отворете го
уредот. Заменете ја батеријата
(вид на батеријата CR 2032),
обрнувајќи внимание на положбата
на инсталирањето. Затворете го
уредот и синхронизирајте го.
Меморизирани поставки
Секогаш кога ќе се исклучи
палењето, некои функции од
следниве поставки може
автоматски да се меморираат во
далечинскиот управувач:
● светла
● Инфозабавен систем
● централната брава
● поставки за удобност
Зачуваните поставки автоматски
се користат следниот пат кога
меморираниот клуч ќе се вметне во
бравата за палење и ќе се сврти во положбата 1 3 130.
Предуслов е Personalization by
driver (приспособување кон
индивидуалните потреби на
возачот) да е активиран во личните
поставки на Сликовниот
инфо-екран. Тоа мора да се
постави за секој клуч што се
користи. Кај возилата со
Информативен екран во боја,
приспособувањето на возилото кон
индивидуалните потреби е
постојано активирано.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 92.