Page 113 of 231

Светла111Активирање
Интелигентниот опсег на светлата
и активирањето на автоматското
долго светло се вклучуваат заедно
со двојно туркање на рачката за
трепкачите. Може да се вклучат
кога е вклучено палењето.
Активирањето на втоматското
долго светло работи при брзини
над 40 км/ч и се исклучува под
20 км/ч. Интелигентниот опсег на
светлата работи над 55 км/ч.
Зелената контролна сијаличка l
свети постојано кога функцијата е
активирана, сината 7 свети кога
долгото светло се вклучува
автоматски.
Деактивирање
Притиснете ја рачката за
трепкачите еднаш. Се исклучува и
кога предните фарови за магла се
вклучени.
Динамично автоматско
нивелирање на височината на
фаровите
За да се спречи заслепувањето на
сообраќајот од спротивната
насока, нивелирањето на предните
фарови автоматски се дотерува
врз основа на информацијата за
наклонетоста мерена од предната
и задната оска, забрзувањето или
забавањето и брзината на
возилото.Дефект во системот на
приспособливото предно
светло
Кога системот пронаоѓа дефект восистемот на приспособливото
предно светло, системот се
префрлува во претходно
поставена положба за да се
избегне заслепувањето на
сообраќајот од спротивната
насока. Ако тоа не е возможно, односниот преден фар автоматски
ќе се исклучи. Во секој случај еден
преден фар ќе остане запален. Во
Информативниот центар за
возачот се прикажува
предупредување.
Page 114 of 231
112СветлаПредупредувачкитрепкачи
Се ракува со притискање на ¨.
Во случај на сообраќајка со
отворање на воздушните
перничиња предупредувачките
трепкачи се активираат
автоматски.
Трепкачирачката угоре:десен трепкачрачката удолу:лев трепкач
Кога рачката се поместува, може
да се почувствува точка на отпор.
Постојаното трепкање се активира
кога рачката ќе се помести по
точката на отпор. Ќе се деактивира кога воланот ќе се сврти во
спротивна насока или кога рачката
рачно ќе се врати во неутрална
положба.
Активирајте го привременото
трепкање така што ќе ја држите рачката веднаш пред точката на
отпор. Трепкачите ќе трепкаат
додека рачката не се отпушти.
За да активирате три трепкања,
малку потурнете ја рачката без да
ја помине точката на отпор.
Предни фарови за магла
Се ракува со притискање на >
.
Прекинувачот за светлата во
положбата AUTO: вклучувањето на
предните фарови за магла ќе ги вклучи предните светла
автоматски.
Page 115 of 231

Светла113Задно светло за магла
Се ракува со притискање на r.
Прекинувачот за светлата во
положбата AUTO: вклучувањето на
задниот фар за магла ќе ги вклучи
предните светла автоматски.
Прекинувачот за светлата во
положбата 8: задниот фар за
магла може да се запали само
заедно со предните фарови за
магла.
Задниот фар за магла се исклучува
при влечење.
Паркирни светла
Кога возилото е паркирано,
паркирните светла од една страна
може да се активираат:
1. Исклучете го палењето.
2. Помрднете ја рачката за трепкачите докрај нагоре(десни паркирни светла) или
надолу (леви паркирни светла).
Се потврдува со сигнал и со
соодветната контролна сијаличка
за трепкачите.
Светло за рикверц
Светлото за рикверц се пали кога
палењето е вклучено и е ставено
во рикверц.
Замаглени капаци на светлата
Внатрешноста на куќиштето на
светлата може накратко да се
замагли при лоши, влажни и
студени временски услови, при
силен дожд или по миење.
Замагленоста исчезнува брзо сама од себе; за потпомагање запалете
ги фаровите.
Page 116 of 231
114СветлаВнатрешно светло
Контрола на осветлувањето натаблата со инструменти
Осветленоста на следниве светла
може да се дотера кога се запалени
надворешните светла:
● осветлување на таблата со инструменти
● Инфо-екран
● осветлени прекинувачи и оперативни елементи
Свртете го малото тркалце A и
држете го додека саканата
осветленост не се постигне.
Кај возилата со сензор за светлина,
осветленоста може да се
приспособува само кога
надворешните светла се вклучени
и сензорот за светлина забележува ноќни услови.
Внатрешни светла
При влегување во возилото и
излегување од него, предните и
задните внатрешни светла
автоматски се вклучуваат и потоа
се исклучуваат по пауза.
Забелешка
Во случај на сообраќајка со
отворање на воздушните
перничиња внатрешните светла
се вклучуваат автоматски.Предни внатрешни светлаw:автоматско
вклучување и
исклучувањепритиснете
го u:вклученопритиснете
го v:исклучување
Page 117 of 231
Светла115Задни внатрешни светла
Се вклучуваат заедно со предните
светла за внатрешноста.
Притиснете s или t за да
вклучите рачно.
Светла за читање
Се ракува со притискање на s и
t на предните и задните светла за
внатрешноста.
Светла во штитниците засонце
Светнува кога капакот ќе се отвори.
Карактеристики на
осветлувањето
Осветлување на средишната конзола
Спот-светлото вградено во
внатрешното осветлување се пали
кога фаровите се вклучуваат.
Осветлување при влегување
Осветлување „добредојдовте“ Следниве светла се вклучуваат
накусо при отклучување на
возилото со далечинскиот
управувач:
● предни фарови
● задни светла
● светла за регистарската табличка
● светло на таблата со инструменти
● внатрешни светла
Page 118 of 231

116Светла● светла за вратите и конзолите● светла на табличките
Некои функции работат само ако е
темно и го олеснуваат лоцирањето
на возилото.
Осветлувањето веднаш се
исклучува кога клучот за палење ќе
се сврти во положбата 1 3 130.
Активирањето или
деактивирањето на оваа функција
може да се смени во изборникот
Поставки на Инфо-екранот.
Приспособување кон
индивидуалните потреби 3 92.
Поставките може да се снимат за
клучот кој се употребува 3 22.
Следниве светла дополнително ќе се запалат кога возачката врата ќесе отвори:
● осветлување на некои прекинувачи
● Информативен центар за возачот
● светла во џебовите на вратите ● светла во конзолитеОсветлување при
излегување
Следниве светла се палат ако
клучот се извади од бравата за
палење:
● внатрешни светла
● светло за таблата со инструменти (само кога е
темно)
● светла на вратите
● светла на табличките
Ќе се исклучат автоматски по
одредено време и повторно ќе се
вклучат ако се отвори возачката
врата.
Осветлување на патека
Фаровите, задните светла и
светлата за регистарските
таблички го осветлуваат околниот
предел по напуштањето на
возилото, за толку време како што
ќе го приспособите.Вклучување
1. Исклучете го палењето.
2. Извадете го клучот за палење. 3. Отворете ја возачката врата.4. Повлечете ја рачката на трепкачите.
5. Затворете ја возачката врата.
Ако возачката врата не е
затворена, светлата се гаснат по две минути.
Осветлувањето за излегување
веднаш се исклучува ако рачката
за трепкачите се повлече додека е
отворена возачката врата.
Page 119 of 231

Светла117Активирањето, деактивирањето и
траењето на оваа функција може
да се менува во изборникот
Поставки на Инфо-екранот во
Приспособување на возилото кон индивидуалните потреби 3 92.
Поставките може да се снимат за клучот кој се употребува 3 22.
Заштита од празнење на акумулаторот
Функција за состојбата на
наполнетост на акумулаторот
Функцијата гарантира најдолг
работен век на акумулаторот преку генератор што има контролирана
излезна сила и оптимизирана
распределба на струјата.
За да се спречи празнење на
акумулаторот при возење,
следниве системи се редуцираат
автоматски во две фази и конечно
се исклучуваат:● Греење на задните прозорци и ретровизорите
● Греење на седиштата
● Вентилатор
Во втората фаза ќе се прикаже
порака во Информативниот центар за возачот што го потврдува
активирањето на заштитата на
акумулаторот од празнење.
Исклучување на електричните
светла
За да се спречи празнење на
акумулаторот кога палењето е
исклучено, некои внатрешни
светла се исклучуваат автоматски
за некое време.
Page 120 of 231

118Контрола на климатизацијатаКонтрола на
климатизацијатаСистеми за контрола на
климатизацијата .......................118
Систем за греење и проветрување .......................118
Систем за климатизација ......119
Електронски систем за контрола на
климатизацијата ...................121
Отвори за проветрување .........126
Приспособливи отвори за проветрување .......................126
Фиксни отвори за проветрување .......................126
Одржување ............................... 127
Довод на воздухот .................127
Обично работење на климатизацијата ...................127
Сервис .................................... 127Системи за контрола
на климатизацијата
Систем за греење и проветрување
Контроли за: ● температурата
● распределбата на воздухот
● брзината на вентилаторот
● одмаглување и одмрзнување
Греење на задното стакло Ü 3 32.
Температуратацрвена:топлосина:студено
Греењето нема да биде целосно
ефективно додека не ја достигне нормалната работна температура
моторот.
Распределба на воздухот
s:кон шофершајбната и
прозорците на предните вратиM:кон пределот на главата преку подвижните отвори за
проветрувањеK:кон пределот на нозете и
шофершајбната
Сите комбинации се возможни.
Брзината на вентилаторот Дотерајте го протокот на воздухот
со префрлување на вентлаторот
на саканата брзина.