Page 137 of 231

Возење и ракување135Автоматски менувач
Автоматскиот менувач овозможува автоматско менување на брзини
(автоматски режим) или рачно
менување на брзини (рачен
режим).
Рачното менување е можно во
рачен режим со допирање на
рачката на менувачот 3 137.
Екран на менувачот
На екранот на менувачот е
прикажано во која брзина или
режим е менувачот.
Во автоматскиот режим, на
програмата за возење укажува D во
Информативниот центар за
возачот.
R покажува рикверц.
N покажува лер.
P покажува паркирна положба.
Среден приказ во рачен режим го
прикажува бројот на избраната брзина.
Горен приказ во рачен режим, M и
го прикажува бројот на избраната
брзина.
Рачка на менувачотP:паркирна положба,
притиснете копче за
ослободување, тркалата се
блокирани, ставајте во брзина
само кога возилото е во
мирување и применета е
сопирачка за паркирањеR:брзина во рикверц, притиснете
копче за ослободување, се
вклучува само кога возилото е во мирувањеN:лерD:автоматски режимM:рачен режим: поместете ја
рачката на менувачот од D
налево.
Page 138 of 231

136Возење и ракување<:менување во поголема брзина
со рачен режим: движете ја
рачката на менувачот во
положба М и допрете нагоре]:менување во помала брзина
со рачен режим: движете ја
рачката на менувачот во
положба М и допрете наназад
Рачката на менувачот е закочена
во P и може да се помрдне само
кога палењето е вклучено и
педалот на сопирачките е
нагазнат.
Без нагазнување на педалата на
сопирачките, контролната
сијаличка j свети.
Ако рачката на менувачот не е во
P кога палењето е исклучено,
контролните сијалички j и P
трепкаат.
За да ставите во P или R,
притиснете го копчето за
ослободување.
Моторот може да се запали само кога рачката е во положбата P или
N . Кога е одбрана положбата N,
притиснете го педалот на
сопирачките или применете ја
сопирачката за паркирање пред да запалите.
Не давајте гас додека ставате во брзина. Никогаш не ги нагазнувајте
педалот за гас и педалот за
сопирачките истовремено.
Кога е ставена некоја брзина,
возилото почнува полека да лази
кога се отпушта сопирачката.
Моторно сопирање За да се искористи дејството на
моторното сопирање, одберете
помала брзина навреме кога
возите по удолнини, видете под
„рачен режим“.Нишање на возилото
Нишањето на возилото е
дозволено само ако возилото е
заглавено во песок, кал или снег.
Местете ја рачката на менувачот
помеѓу D и R повеќе пати. Не
турирајте го моторот и
избегнувајте нагли забрзувања.
Паркирање
Затегнете ја рачната сопирачка и ставете во P.
Клучот за палење може да се
извади само кога рачката на
менувачот е во положбата P.
Page 139 of 231

Возење и ракување137Рачен режим
Поместете ја рачката на менувачотод положбата D кон лево за да
изберете рачен режим M.
Потчукнете ја рачката на
менувачот
нанапред <:менување во
поголема брзинананазад ]:менување во помала
брзина
Избраната брзина е покажана во
групата инструменти.
Ако се одбере поголема брзина
кога брзината на возилото е
премала, или помала брзина кога
брзината на возилото е преголема,
не се извршува менувањето на
брзина. Тоа може да предизвика
порака во Информативниот центар за возачот.
Во рачниот режим не се остварува автоматско префрлување во
поголема брзина при поголем број
на вртежи на моторот.
Електронски програми за возење
● По ладно палење, програмата за работна температура ја
зголемува брзината на
моторот за брзо да го доведе
катализаторот до потребната
температура.
● Функцијата за автоматско префрлување во лер
автоматски се префрлува на
работење в место кога
возилото е застанато во некоја
брзина за напред и педалот за
сопирачките е притиснат.● Специјални програми автоматски ги приспособуваат
точките за менување брзини
кога се вози по угорници или
удолнини.
● При стартување на снег или мраз или на други лизгави
површини, електронската
контрола на преносот избира
повисока брзина автоматски.
Збоднување
Ако педалот за гас е притиснат
докрај во автоматскиот режим,
менувачот се префрлува во
помала брзина зависно од
брзината на моторот.
Дефект
Во случај на дефект, се пали
контролната сијаличка g.
Дополнително, се прикажува број на шифра или порака за возилото
на Информативниот центар за
возачот. Пораки за возилото 3 86.
Page 140 of 231

138Возење и ракувањеМенувачот веќе не менува брзини
автоматски. Непрекинато
патување е возможно со рачно
менување.
Може да се избере само
најголемата брзина. Зависно од
дефектот, и втората брзина може
да се користи во рачниот режим.
Менувајте брзини само кога
возилото е во мирување.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Прекин на напојувањето Во случај на прекин на
напојувањето рачката на
менувачот не може да се извади од положбата P. Клучот за палење не
може да се извади од бравата за
палење.
Ако е акумулаторот испразнет,
запалете го возилото користејќи
кабли за палење 3 192.
Ако акумулаторот не е причина за
дефектот, отпуштете ја рачката на менувачот.
1. Затегнете ја рачната сопирачка.
2. Ослободете ја облогата нарачката на менувачот од
средишната конзола напред,
преклопете ја угоре и завртете
ја влево.
3. Вметнете шрафцигер во отворот колку што може
подлабоко и извадете ја
рачката на менувачот од P или
N . Ако P или N е одбрано
повторно, рачката на
менувачот ќе биде закочена во
положбата повторно. Нека Ви ја
елиминира причината на
прекинот на напојувањето
автомеханичар.
4. Монтирајте ја облогата на рачката на менувачот врз
средишната конзола и
наместете ја повторно.
Page 141 of 231

Возење и ракување139Рачен менувач
За да ставите во рикверц: кога
возилото е во мирување, нагазнете го куплунгот, притиснете го копчето за ослободување на рачката на
менувачот и ставете во рикверц.
Ако менувачот не влезе во
рикверц, ставете ја рачката во лер,
отпуштете го куплунгот и повторно
притиснете го; потоа повторете го
ставањето во рикверц.
Не нагазнувајте го куплунгот
непотребно.
Кога ракувате со него, притиснете го куплунгот целосно. Не одморајте
ја ногата на педалот.Внимание
Не е препорачливо да се вози со раката легната на рачката наменувачот.
Показател за менување во
поголема брзина 3 76.
Сопирачки
Системот на сопирачките се состои
од две независни кола за
сопирање.
Ако откаже едно коло за сопирање, возилото се уште може да се сопре
со употреба на другото коло за
сопирање. Меѓутоа, дејството на
сопирањето се постигнува само
кога педалот на сопирачките е
притиснат цврсто. Значително
повеќе сила треба за тоа.
Растојанието за сопирање се
зголемува. Побарајте помош од автомеханичар пред да
продолжите со патувањето.
Кога моторот не работи,
поддршката на серво уредот за
сопирачките ја снемува штом
педалот за сопирачките ќе се
притисне еднаш или двапати.
Дејството на сопирањето не е
намалено, но за сопирање е
потребна значајно поголема сила.
Тоа е особено важно да се има на
ум кога се влече.
Контролна сијаличка R 3 75.
Page 142 of 231

140Возење и ракувањеСистем за деблокирањена сопирачките
Системот за деблокирање на
сопирачките (ABS) ги спречува
тркалата да се блокираат.
ABS почнува да го регулира
притисокот на сопирачките штом
некое тркало покажува тенденција
да се блокира. Возилото останува
управливо, дури при јако
сопирање.
Контролата на ABS станува очигледна преку пулсирање во
педалот на сопирачките и звукот на процесот за регулирање.
За оптимално сопирање, држете го
педалот за сопирачките целосно
притиснат за време на целиот
процес на сопирањето, иако
педалот ќе пулсира. Не
намалувајте го притисокот врз
педалот.
По палењето, системот врши
самоиспитување што може да биде
бучно.
Контролна сијаличка u 3 76.Приспособливо стоп-светло
При целосно сопирање, сите три
стоп-светла трепкаат за време на
примената на ABS контролата.
Дефект9 Предупредување
Ако има дефект во ABS,
тркалата може да бидат склони
да се блокираат поради такво
кочење што е посилно од
обичното. Предностите на ABS
веќе не функционираат. При
силно сопирање, со возилото не може веќе да се управува и
може да скршне.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Сопирачка за паркирање
Рачна сопрачка за паркирање9 Предупредување
Секогаш затегнувајте ја рачната
сопирачка цврсто без да
ракувате со копчето за
Page 143 of 231

Возење и ракување141ослободување, и на удолниниили угорнини затегнете ја
истата колку е можно поцврсто.
За да ја отпуштите рачната
сопирачка, малку повлечете ја
рачката нагоре, притиснете го
копчето за ослободување и
спуштете ја рачката целосно.
За да се намалат работните
сили на сопирачка за
паркирање, истовремено
ослободете ја педалата на
сопирачката.
Контролна сијаличка R 3 75.
Електрична сопирачка за
паркирање
Се применува кога возилото е во
мирување
9 Предупредување
Повлечете го прекинувачот m
околу една секунда,
електричната сопирачка за
паркирање се вклучува
автоматски со соодветна сила.
За максимална сила, на пр.
паркирање со приколка или на
стрмнини, повлечете го
прекинувачот m двапати.
Електричната сопирачка за
паркирање се активира кога ќе светне контролната сијаличка
m 3 75.
Електричната сопирачка за
паркирање може да се активира
секогаш, дури ако палењето е
исклучено.
Не ракувајте со системот на
електричната сопирачка за
паркирање пречесто без да работи
моторот, тоа ќе го испразни
акумулаторот.
Пред да го напуштите возилото,
проверете ја состојбата на
електричната сопирачка за
паркирање. Контролна сијаличка
m 3 75.
Ослободување
Вклучете го палењето. Држете ја педалата на сопирачката
притисната и потоа притиснете го
прекинувачот m.
Page 144 of 231

142Возење и ракувањеФункција за поаѓање
Возила со рачен менувач:
Притискање на куплунгот, па мало
отпуштање на куплунгот и мало
притискање на гаста автоматски ја
ослободува електричната
сопирачка за паркирање. Тоа не е
возможно кога прекинувачот m се
повлекува истовремено.
Возила со автоматски менувач:
Активирање на D, па притискање
на гаста автоматски ја ослободува електричната сопирачка за
паркирање. Тоа не е возможно кога
прекинувачот m се повлекува
истовремено.
Динамично сопирање кога
возилото се движи
Кога возилото се движи и
прекинувачот m се држи повлечен,
системот на електричната
сопирачка за паркирање ќе го
забави возилото, но нема да се
активира статично.
Штом прекинувачот m ќе се
ослободи, динамичното сопирање ќе престане.Дефект
На дефектниот режим на
електричната сопирачка за
паркирање укажува контролната
сијаличка j и број на шифра или
порака за возилото што е
прикажана во Информативниот
центар за возачот. Пораки за
возилото 3 86.
Активирање нa електричната
сопирачка за паркирање:
повлечете го и држете го
прекинувачот m подолго од пет
секунди. Ако контролната
сијаличка m светне, електричната
сопирачка за паркирање е
активирана.
Отпуштете ја електричната
сопирачка за паркирање:
притиснете го и држете го
прекинувачот m подолго од две
секунди. Ако контролната
сијаличка m се изгасне,
електричната сопирачка за
паркирање е отпуштена.
Контролната сијаличка m трепка:
електричната сопирачка за
паркирање не е целосно
активирана или отпуштена. Когатрепка постојано, отпуштете ја
електричната сопирачка за
паркирање и обидете се да ја
активирате повторно.
Серво кочење Ако педалот за сопирачките се
нагазне брзо и силно,
максималната сила на сопирањето
автоматски се применува (целосно сопирање).
Одржувајте постојан притисок врз
педалот на сопирачката се додека
постои потреба од целосно
сопирање. Максималната сила на
сопирањето автоматски се
намалува кога се отпушта педалот
за сопирачките.
Помош при поаѓање на угорници
Системот помага да се спречи
несакано движење кога се вози по
косини.
При отпуштање на педалата за
сопирачката по застанување на
закосена површина, сопирачките
се активирани уште две секунди.