Page 145 of 231

Возење и ракување143Сопирачките се отпуштаат
автоматски штом возилото ќе
почне да забрзува.Системи за контрола
на возењето
Систем за контрола на
пролизгувањето
Системот за контрола на
пролизгувањето (TC) е компонента
на Електронската контрола на
стабилноста (ESC) 3 144.
TC ја подобрува стабилноста при возењето кога е потребно, без
оглед на видот на површината на
коловозот или прилепувањето на
гумите, со спречување на
шлајфувањето на погонските
тркала.
Штом погонските тркала почнат да
шлајфуваат, излезната силата на
моторот се намалува и тркалото
кое најмногу шлајфува поединечно се сопира. Тоа значително ја
подобрува стабилноста при
возење на возилото на лизгави
површини на коловозот.
TC функционира по секое палење
на моторот штом ќе се изгасне
контролната сијаличка b.Кога TC работи, b трепка.9 Предупредување
Не дозволувајте ова посебно
безбедносно својство да Ве
наведе да ризикувате за време
на возењето.
Приспособете ја брзината кон
условите на патот.
Контролна сијаличка b 3 77.
Деактивирање
TC може да се исклучи кога е
потребно шлајфување на
погонските тркала:
Page 146 of 231

144Возење и ракувањепритиснете b накусо за да ја
исклучите TC, светнува k.
Деактивирањето се прикажува како статусна порака на
Информативниот центар за
возачот.
TC повторно се активира со
повторно притискање на b.
TC исто така се активира повторно
следниот пат кога ќе се вклучи
палењето.
Електронска контрола на стабилноста
Електронската контрола на
стабилноста (ESC) ја подобрува
стабилноста при возењето кога е
потребно, без оглед на видот на површината на патот или
прилепувањето на гумите.
Спречува и да прошлајфуваат
погонските тркала. ESC работи во
комбинација со системот за
контрола на пролизгувањето (TC)
3 143.
Штом возилото почне да занесува
(недоволно вртење/нагло
свртување), излезната сила намоторот се намалува и тркалата се закочуваат посебно. Тоа
значително ја подобрува
стабилноста при возење на
возилото на лизгави површини на
коловозот.
ESC функционира по секое палење на возилото, штом ќе се изгасне
контролната сијаличка b.
Кога ESC работи, b трепка.9 Предупредување
Не дозволувајте ова посебно
безбедносно својство да Ве
наведе да ризикувате за време
на возењето.
Приспособете ја брзината кон
условите на патот.
Контролна сијаличка b 3 77.
Деактивирање
За поспортско однесување, ESC и
TC можат да се активираат
посебно:
● Притиснете b накусо: само
системот за контрола на
пролизгувањето е неактивен,
ESC останува активна, k
свети.
● Притиснете и задржете b
најмалку пет секунди: TC и ESC
се деактивираат, k и n светат.
Дополнително, избраниот режим е прикажан како статусна порака на
Информативниот центар за
возачот.
Page 147 of 231

Возење и ракување145Ако возилото дојде до прагот со
деактивирано ESP, системот ќе го
активира ESP додека трае прагот
кога педалата на сопирачката ќе се
притисне еднаш.
ESC повторно се активира со
повторно притискање на b. Ако
системот TC беше претходно
исклучен, и TC и ESC се
активирани повторно.
ESC исто така се активира
повторно следниот пат кога ќе се
вклучи палењето.Системи за помош на
возачот9 Предупредување
Системите за помош на возачот
се конструирани да го
поддржуваат возачот, а не да го заменат вниманието на возачот.
Возачот има целосна
одговорност кога го вози
возилото.
Кога се користат системите за
помош за возачот, секогаш
внимавајте на моменталната
сообраќајна ситуација.
Контрола на патувањето
Контролата на патувањето може
да сними и одржува брзини од
околу 30 до 200 км/ч. Може да дојде
до отстапувања од снимените
брзини кога се вози по угорници
или удолнини.
Од безбедносни причини
контролата на патувањето не може да се активира се додека еднаш не
се искористи педалата за
сопирање. Активирањето во прва
брзина не е возможно.
Не ја користите контролата на
патувањето ако не е препорачливо да се одржи постајана брзина.
Со автоматскиот менувач,
контролата на патувањето
активирајте ја само во автоматски
режим.
Контролна сијаличка m 3 79.
Page 148 of 231

146Возење и ракувањеВклучување на системот
Притиснете го m; контролната
сијаличка m во групата
инструменти свети бело.
Активирање на
функционалноста
Забрзајте до саканата брзина и
свртете го тркалцето на SET/-;
моменталната брзина се зачувува и одржува. Контролната сијаличка m во групата инструменти свети
зелено. Педалот за гас може да се
отпушти.
Брзината на возилото може да се
зголеми со нагазување на
педалата за гас. Кога ќе се отпушти
педалот за гас, се продолжува со
претходно зачуваната брзина.
Контролата на патувањето
останува активирана при промена
на брзината.
Зголемување на брзината
При активна контрола на
патувањето, држете го малото
тркалце свртено на RES/+ или
вртете го накратко на RES/+ повеќе
пати: брзината се зголемува
продолжително или во мали
чекори.
Дополнително, забрзајте до
саканата брзина и снимете ја со
вртење на SET/-.Намалување на брзината
При активна контрола на
патувањето, држете го малото
тркалце свртено на SET/- или
вртете го накратко на SET/- повеќе
пати: брзината се намалува
продолжително или во мали
чекори.
Деактивирање на
функционалноста
Притиснете го y; контролната
сијаличка m во групата
инструменти свети бело.
Контролата на патувањето се
деактивира. Последната зачувана
брзина останува во меморијата за
да може повторно да се активира
подоцна.
Автоматско деактивирање: ● Брзината на возилото е под околу 30 км/ч.
● Брзината на возилото е над околу 200 км/ч.
● Педалата на сопирачките е притисната.
Page 149 of 231

Возење и ракување147● Педалата на куплунгот епритисната неколку секунди.
● Рачката на менувачот е заглавена во N.
● Брзината на моторот е многу мала.
● Системот за контрола на пролизгувањето (TC) или
електронската контрола за стабилност (ESC) работи.
Продолжување со снимената
брзина
Свртете го малото тркалце на
RES/+ при брзини над 30 км/ч.
Снимената брзина ќе се постигне.
Исклучување на системот Притиснете го m; контролната
сијаличка m во групата
инструменти се гаси. Зачуваната
брзина се брише.
Со притискање L за активирање на
ограничувачот на брзината или исклучување на палењето се
исклучува и контролата на
патувањето и се брише зачуваната брзина.Ограничувач на брзината
Ограничувачот на брзината го
спречува возилото да надмине
претходно поставена максимална
брзина.
Максималната брзина може да се
постави при брзини над 25 км/ч.
Возачот може да забрза само до
претходно поставената брзина.
Може да дојде до отстапувања од
ограничената брзина само при
возење надолу.
Претходно поставеното
ограничување за брзината се
прикажува на горниот ред на
Информативниот центар за
возачот кога е активен системот.Активирање на
функционалноста
Притиснете L ако претходно е
активирана контролата на
патувањето, се исклучува кога ќе се активира ограничувачот на
брзината и контролната сијаличка m се гаси.
Page 150 of 231

148Возење и ракувањеПоставување на ограничување
на брзината
Со активен ограничувач на
брзината, држете го тркалцето
свртено на RES/+ или кратко
вртете го на RES/+ неколкупати
додека не се прикаже саканата максимална брзина на
Информативниот центар за
возачот.
Или, забрзајте до саканата брзина
и свртете го тркалцето накратко на
SET/- , моменталната брзина се
зачувува како максимална брзина.
Ограничувањето на брзината се
прикажува во Информативниот
центар за возачот.
Менување на ограничувањето
на брзината
Со активен ограничувач за
брзината, свртете го тркалцето на
RES/+ за да ја зголемите или на
SET/- за да ја намалите саканата
максимална брзина.
Надминување на
ограничувањето на брзината
Во случај на итна потреба,
возможно е да се пречекори
ограничувањето на брзината со
цврсто притиснување на педалата
за гас преку отпорната точка.
Ограничувањето за брзината ќе
трепка на Информативниот центар
за возачот и (во зависност од
возилото), дополнително се
огласува мелодија за овој период.
Отпуштете го педалот за гас и
функцијата за ограничување на
брзината одново се активира штом се постигне брзина помала од
ограничувањето.
Деактивирање на
функционалноста
Притиснете y: ограничувачот на
брзината се деактивира и возилото може да се вози без ограничување
на брзината.
Ограничената брзина се зачувува и
на Информативниот центар за
возачот се појавува соодветна
порака.
Page 151 of 231

Возење и ракување149Продолжување на
ограничената брзина
Свртете го тркалцето на RES/+. Ќе
се постигне зачуваното
ограничување на брзината.
Исклучување на системотПритиснете L, показателот за
ограничувањето на брзината во
Информативниот центар за
возачот се гаси. Зачуваната
брзина се брише.
Со притискање m за да се активира
контролата на патувањето или со
исклучување на палењето, се
деактивира и ограничувачот на
брзината и зачуваната брзина се
брише.Помош за паркирање
Задна помош за паркирање9 Предупредување
Возачот носи целосна
одговорност за маневрот за
паркирање.
Секогаш проверувајте наоколу кога одите наназад и користетего системот за задна помош за
паркирање.
Задната помош за паркирање го
олеснува паркирањето со мерење
на растојанието помеѓу возилото и
пречките назад. Го известува и
предупредува возачот давајќи
акустични сигнали.
Системот има четири
ултрасонични сензори за
паркирање во задниот браник.
Активирање
Кога се става во рикверц, системот
е подготвен за работа автоматски.
Запалена сијаличка во копчето на
помош за паркирање r означува
дека системот е подготвен да
работи.
Показател
Системот го предупредува возачот
со акустични сигнали за
потенцијално опасни пречки зад
возилото. Периодот помеѓу
Page 152 of 231

150Возење и ракувањезвуците се скусува додека
возилото наближува до пречката.
Кога е оддалеченоста помала од
околу 30 см, звукот е постојан.
Освен тоа, оддалеченоста до
пречките може да се прикажува на
Информативниот центар за
возачот.
Деактивирање
Системот се исклучува автоматски
кога ќе се извади од рикверц.
За повторно да го вклучите
системот ставете во рикверц.
Можно е рачно деактивирање со
притискање на r.
Кога ќе се исклучи системот,
сијаличката во копчето се гасне.
Дополнително, кога системот се
деактивира рачно, во
Информативниот центар за
возачот се појавува скок-порака.
Дефект
Во случај на дефект на системот или ако системот не работи поради
привремени услови, на пр. сензори прекриени со мраз, светнува
контролната сијаличка r или се
прикажува порака на
Информативниот центар за
возачот.
Пораки за возилото 3 86.
Контролна сијаличка r 3 76.
Дефект
Во случај на дефект на системот или ако системот не работи поради
привремени услови, на пр. сензори прекриени со мраз, светнува
контролната сијаличка r или се
прикажува порака на
Информативниот центар за
возачот.Пораки за возилото 3 86.
Контролна сијаличка r 3 76.
Основни белешки за системите за помош за паркирање9 Предупредување
Во одредени услови, сјајните
површини на разни предмети
или на облека, како и
надворешните извори на
бучава, може да предизвикаат
системот да не ги открие
пречките.
Треба да се обрне посебно
внимание на ниските пречки
што може да го оштетат долниот дел на браникот.