Page 193 of 231

Нега на возилото191Враќање на резервното тркало
во дупката откако ќе се замени
оштетеното тркало
1. Отворете го капакот на подот, одвртете ја и извадете ја
навртката со крилца.
2. Ставете ги алатите во кутијата или во вреќичката 3 179.
3. Ставете го резервното тркало свртено нагоре во
вдлабнатината за резервното
тркало и прицврстете го
навртката со крилца.
4. Затворете го капакот на подот.
9 Предупредување
Складирањето на дигалка,
тркало или друга опрема во
товарниот простор може да
предизвика повреда ако тие не се соодветно прицврстени. При
нагло застанување или судир,
неприцврстената опрема може
да удри некого.
Секогаш ставајте ги дигалката и
алатите секогаш во
соодветните складишни
прегради и прицврстувајте ги со фиксирање.
Оштетено тркало ставено во
товарниот простор секогаш
мора да биде прицврстено со
ремен.
Резервно тркало со насочна
гума
Монтирајте еднонасочни гуми, така што тие ќе се вртат во насоката на
патувањето. Правецот на
тркалањето е означен со симбол
(на пр. стрелка) од страната на
гумата.
Следново се однесува до гумите
монтирани наспроти насоката на вртењето:
● Возната состојба може да се смени. Дефектната гума треба
да се обнови или поправи што
е можно побрзо и да се
монтира на местото од
резервното тркало.
● Возете особено претпазливо на влажни и снежни патишта.
Page 194 of 231

192Нега на возилотоПалење со каблиНе палете со полнач за
акумулатори
Возило со испразнет акумулатор
може да се запали со употреба на
кабли за палење и акумулатор од
друго возило.9 Предупредување
Внимавајте многу кога палите
со кабли за палење. Кое било отстапување од следниве
напатствија може да доведе до
повреди или оштета
предизвикана од експлозија на
акумулаторот или оштетување
на електричните системи на
двете возила.
9 Предупредување
Избегнувајте контакт на
акумулаторот со очите, кожата,
ткаенини и обоени површини.
Течноста содржи сулфурна
киселина што може да
предизвика повреди и
оштетувања во случај на
директен допир.
● Не изложувајте го акумулаторот на отворен
пламен или на искри.
● Испразнет акумулатор може да
замрзне при температура од
0 °C . Одмрзнете го смрзнатиот
акумулатор пред да
поврзувате кабли за палење.
● Носете заштитни очила и заштитна облека кога работитесо акумулаторот.
● Користете помошен акумулатор со ист напон
( 12 волти). Неговиот капацитет
(Ah) не смее да биде
значително помал од оној на
испразнетиот акумулатор.
● Користете кабли за палење со изолирани клеми и пресек од
најмалку 16 мм 2
.
● Не откачувајте го испразнетиот
акумулатор од возилото.
● Исклучете ги сите непотребни електрични потрошувачи.
● Не наведнувајте се надакумулаторот за време на
палењето со кабли за палење.
● Не дозволувајте клемите од едниот кабел да ги допрат оние
на другиот кабел.
● Возилата не смеат да дојдат во
контакт еден со друг за време
на процесот на палењето со кабли.
● Затегнете ја рачната сопирачка, ставете го
менувачот во лер,
автоматскиот менувач во P.
● Отворете ги заштитните капаци на позитивната клемана двата акумулатори.
Page 195 of 231

Нега на возилото193
Редослед на спојувањето на
каблите:
1. Спојте го црвениот кабел со позитивната клема на
помошниот акумулатор.
2. Спојте го другиот крај на црвениот кабел со позитивната
клема на испразнетиот
акумулатор.
3. Спојте го црниот кабел со негативната клема на
помошниот акумулатор.
4. Спојте го другиот крај на црниот
кабел со некоја точка за
вземјување на возилото, како
на пример блокот на моторот
или некоја врска со шраф за
монтирање на моторот. Спојте
го колку е можно подалеку од
испразнетиот акумулатор, а
најмалку 60 см.
Спроведете ги каблите така што да не можат да се закачат за
вртливите делови во моторниот простор.
Палење на моторот: 1. Запалете го моторот на возилото што дава струја.
2. По пет минути, запалете го другиот мотор. Обидите за
палење не треба да траат
подолго од 15 секунди во
периоди од една минута.
3. Оставете ги двата мотора да работат в место околу три
минути со поврзани кабли.4. Вклучете ги елктричните поторшувачи (на пр. светла,
греењето на задното стакло) на
возилото кое го прима
палењето со кабли.
5. Кога ги отстранувате каблите, треба да се повтори точно
истото од горе наведенот само
по обратен редослед.
Page 196 of 231

194Нега на возилотоВлечењеВлечење на возилото
Завиткајте го врвот од рамен
шрафцигер со крпа за да не ја
оштетите бојата. Ставете го
шрафцигерот во отворот во
долниот дел од капачето.
Ослободете го капачето со
внимателно движење на
шрафцигерот удолу.
Алката за влечење се складира
заедно со прирачните алати 3 179.
Зашрафете ја алката за влечење
колку што може додека не застане
во хоризонтална положба.
Закачете сајла за влечење - или,
уште подобро е шипка за влечење
- за алката за влечење.
Алката за влечење треба да се
користи за влечење, а не за
ослобудвање на возилото.
Вклучете го палењето за да го
ослободите закочувањето на
воланот и за да го овозможите
работењето на стоп-светлата,
сирената и бришачот на
шофершајбната.
Ставете ја рачката на менувачот во лер.
Отпуштете ја сопирачката за
паркирање.Внимание
Возете полека. Не возете со нагли движeња. Преголеми
влечни сили може да го оштетат возилото.
Кога моторот не работи, потребнае значително поголема сила за сопирање и за управување.
За да не влегуваат издувни гасови
од влечното возило, вклучете го
кружењето на воздухот и затворете
ги прозорците.
Возила со автоматски менувач: Возилото треба да се влече
свртено нанапред, не побрзо од
80 км/ч, ниту подалеку од 100 км.
Во сите други случаи и кога
менувачот е дефектен, предната оска треба да се крене од земјата.
Побарајте помош од
автомеханичар.
Page 197 of 231
Нега на возилото195По влечењето, отшрафете ја
алката за влечење.
Вметнете го капачето горе и
заглавете го надолу.
Влечење друго возило
Завиткајте го врвот од рамен
шрафцигер со крпа за да не ја
оштетите бојата. Ставете го
шрафцигерот во отворот во
долниот вдлабнат дел од капачето.
Ослободете го капачето со
внимателно движење на
шрафцигерот удолу.
Алката за влечење се складира
заедно со прирачните алати 3 179.
Зашрафете ја алката за влечење
колку што може додека не застане
во хоризонтална положба.
Алката за врзување во задниот дел под возилото никогаш не смее да
се употребува као алка за
влечење.
Закачете сајла за влечење - или,
уште подобро е шипка за влечење
- за алката за влечење.
Алката за влечење треба да се
користи за влечење, а не за
ослобудвање на возилото.
Внимание
Возете полека. Не возете со нагли движeња. Преголеми
влечни сили може да го оштетат возилото.
По влечењето, отшрафете ја
алката за влечење.
Вметнете го капачето горе и
заглавете го надолу.
Page 198 of 231

196Нега на возилотоНега за изгледотНега на надворешноста
Брави
Бравите се подмачкуваат во
фабриката со употребата на
високо квалитетно мазиво за
цилиндрите на бравите. Средство
за одмрзнување употребувајте
само кога е апсолутно неопходно,
бидејќи тоа го вади мазивото и го
влошува функционирањето на
бравите. По употребата на
средство за одмрзнување, нека Ви
ги подмачка бравите повторно
автомеханичар.
Миење Бојата на Вашето возило е
изложена на влијанија од
околината. Мијте го и полирајте го
Вашето возило редовно. Кога
користите автоматски перални за
возила, одберете таква програма
којашто содржи полирање.
Изметот од птиците, мртвите
инсекти, смолата, поленот и
сличното треба веднаш да сеисчистат, бидејќи тие содржат
агресивни состојки кои можат да
предизвикаат оштетување на
бојата.
Ако користите перална за возила,
спроведете ги соодветните
напатствија на производителот на
пералната. Бришачите на
шофершајбната и на задното
стакло мора да бидат исклучени.
Извадете ги антената и
надворешните додатоци, како на
пример багажниците за на покрив,
итн.
Ако го миете возилото рачно,
погрижете се темелно да ја
исплакнете и внатрешната страна на крилата.
Исчистете ги рабовите и
преклопите на отворените врати и
хаубата, како и пределите што ги
покриваат.
Чистете ги светлите метални
украси со раствори за чистење
одобрени за алуминиум за да се
избегне штета.Внимание
Секогаш користете средство за
чистење со pH вредност
четири до девет.
Не користете средства за
чистење на жешки површини.
Нека Ви ги подмачкува шарките на вратите со мазиво автомеханичар.
Не го чистете моторниот простор
со компресорска млазница или
млазни чистачи со голем притисок.
Кај возилата со допирна подлога со
амблем: кога миете со млаз вода
под притисок, внимавајте на
минимално растојание од 30 см
кога работите околу задната врата
за да избегнете несакано
отклучување.
Целосно исушете го и избришете
го возилото. Често плакнете ја
еленската кожа. Употребувајте
посебни кожи за бојата и за
прозорците: остатоците од полир- пастата на прозорците ќе ја влошат
видливоста.
Page 199 of 231

Нега на возилото197Не користете тврди предмети за
вадење на флеки од катран.
Користете спреј за вадење на
катран на обоените површини.
Надворешни светла
Капаците на предните фарови и на другите светла се направени од
пластика. Не користете
нагризувачки средства или
киселини, не користете гребач за мраз и не сушете ги.
Полирање и нанесување восок Редовно полирајте го возилото со
полир-паста (најдоцна кога веќе не
се формираат капки од водата).
Инаку бојата ќе се исуши.
Полирањето со средство за
полирање е неопходно само ако бојата го изгубила сјајот или ако на неа се нафатиле цврсти наслојки.
Полирањето на бојата со силикон
обликува заштитен слој, правејќи
го полирањето со восок
непотребно.Пластичните делови на
каросеријата не смеат да се
намачкаат со восок или средства
за полирање.
Прозорци и четкички на
бришачите
Исклучете ги бришачите пред да
пристапите до нивните области.
Употребувајте мека крпа без
влакненца или еленска кожа
заедно со средство за чистење прозорци и средство за вадење
инсекти.
Кога го чистите задниот прозорец
однатре, секогаш бришете
паралелно со грејачот за да
спречите оштетување.
За механичко вадење на мраз,
употребувајте гребло на мраз со
остар раб. Притиснете го гребачот
цврсто на стаклото за да не
влегуваат нечистотии под него и
гребете го стаклото.
Отстранете ги наслагите
нечистотија од замачкувачките
бришачи со мека крпа и средствоза чистење прозорци. Внимавајте и
да отстраните остатоци од восок,
инсекти и слично од стаклото.
Остатоци од мраз, загадување и
постојано бришење на суви стакла
ќе ги оштети, па и уништи
бришачите.
Стаклена плоча Никогаш не чистете го со раствори или нагризувачки средства, горива,
агресивни средства (на пр.
растворувачи на бои, раствори што
содржат ацетон итн.) киселини илимногу алкални средства или
абразивни сунѓери. Не нанесувајте
восок или средства за полирање на
стаклената плоча.
Тркала и гуми Не користете компресорски
млазници за чистење.
Чистете ги бандажите со pH
неутрално средство за чистење на
тркалата.
Бандажите се бојосани и може да
се чистат со истите средства како и шасијата.
Page 200 of 231

198Нега на возилотоОштетување на бојатаПоправете ги помалите оштети на
бојата со апликатор пред да се
формира ‘рѓа. Поголемите оштети
или предели со ’рѓа нека Ви ги
поправи автомеханичар.
Подвозје
Некои предели на подвозјето на возилото имаат премаз од PVC
додека другите критични предели
имаат траен слој од заштитен
восок.
Откако подвозјето ќе се измие,
проверете го истото и нанесете
восок ако е потребно.
Битуменски/гумени материјали
може да го оштетат премазот од
PVC. Нека Ви ја изведе работата на
подвозјето автомеханичар.
Пред и после зимата, измијте го
подвозјето и нека Ви го проверат
слојот на заштитниот восок.
Опрема за влечење
Не ја чистете влечната кука со
компресорска млазница или
млазни чистачи со голем притисок.Капак за воздухот
Исчистете го системот отвори за
воздух на предниот браник за да се
одржи правилно функционирање.
Нега на внатрешноста
Внатрешност и тапацир Чистете ја внатрешноста на
возилото, вклучувајќи ја и маската
и облогите на таблата со
инструменти, само со сува крпа или
средство за чистење на
внатрешноста.
Чистете го кожниот тапацир со
чиста вода и мека крпа. Во случај
на тешка валканост користете
средство за нега на кожата.
Групата инструменти и екраните
треба да се чистат само со мека,
влажна крпа. Ако е потребно,
користете слаб раствор на
сапуница.
Текстилниот тапацир чистете го со
правосмукалка и четка. Флеките
вадете ги со средство за чистење на тапацирот.Ткаенината на преслеките може да не е со трајни бои. Тоа може да
предизвика видливо
избледнување на бојата, особено
на тапацир со светли бои. Дамки и
избледена боја треба да се
исчистат што е можно поскоро.
Чистете ги безбедносните ремени
со млака вода или средство за
чистење на внатрешноста.Внимание
Затворајте ги Велкро патентите
бидејќи отворените Велкро
патенти на облеката може да го
оштетат тапацирот на
седиштата.
Истото се однесува и до облеки
со предмети со остри рабови,
како патенти или каишеви или
фармерки со нитни.