Page 177 of 213

Нега на возилото175на гумата и за тоа време нека
работи компресорот.
Ако притисокот во гумата е
поголем од 1,8 бари, поставете
го до правилната вредност.
Повторете ја оваа поставка
додека веќе нема губење на
притисокот.
Ако притисокот во гумата
паднал под 1,8 бари, возилото
не смее да се користи.
Побарајте помош од
автомеханичар.
15. Чувајте го приборот за поправка на гумите во
багажниот простор.
Забелешка
Возните карактеристики на
поправената гума се значително
сменети, затоа заменете ја таа
гума.
Ако се слуша необичен шум или
компресорот се загрева,
исклучете го компресорот и
оставете го да се излади.
Проверете го рокот на траење на
комплетот. По тој датум
способноста за затнување веќе не
се гарантира. Внимавајте на
информациите за чување на
шишето со заптивна смеса.
Заменете го користеното шише со заптивната смеса. Отфрлете го
шишето како што е пропишано од
соодветните закони.
Компресорот и заптивната смеса
може да се користат од околу
-20 °C.Замена на канистерот со
заптивна маса
За да го замените канистерот со
заптивна маса:
1. Одвојте го цревото за воздух на
компресорот.
2. Свртете го канистерот спротивно од правецот на
стрeлките на часовникот за да
го подигнете надвор.
Page 178 of 213

176Нега на возилото3. Ставете го новиот канистер исвртете го во правецот на
стрелките на часовникот.
4. Поврзете го цревото за воздух на компресорот со канистерот ивметнете ја флексибилната
цевка за полнење во просторот
предвиден за неа.
Менување тркала
Некои возила се опремени со
комплет за поправање гуми
наместо резервно тркало 3 173.
Сторете ги следниве подготовки и
запазете ги следните информации:
● Паркирајте го возилото на рамна, цврста и нелизгава
површина. Предните тркала
треба да бидат наместени
право.
● Затегнете ја рачната сопирачка и ставете во прва
брзина или рикверц.
● Извадете го резервното тркало
3 178.
● Не менувајте повеќе од едно тркало одеднаш.●Дигалката користете ја само за
менување на тркала во случај
на продупчување, а не за
сезонски зимски или летни
менувања на гумите.
● Дигалката не бара одржување.
● Ако тлото на коешто стои возилото е меко, треба да сестави тврда штица (дебела
најмногу 1 см) под дигалката.
● Во возилото не смее да има луѓе или животни кога се дига.
● Не пикајте се под возило што е
кренато со дигалка.
● Не го палете возилото кога е кренато со дигалката.
● Исчистете ги навртките за тркалото и навојот со чиста
крпа пред да го монтирате
тркалото.9 Предупредување
Не подмачкувајте ги навртката,
завртката и конусот на
завртката на тркалото.
1. Откачете ги капачињата на навртките на тркалото со
шрафцигер и извадете ги.
Извлечете ја раткапната со
соодветен алат.
2. Цврсто ставете го клучот и олабавете ја секоја навртка на
тркалото вртејќи половина круг.
Page 179 of 213

Нега на возилото177
3. Точките за подигнување навозилото се наоѓаат на
предниот и на задниот дел.
4. Поставете ја дигалката на потребната височина.
Наместете ја непосредно под
точката за дигање, на тој начин што ќе се спречува лизгањето.
Поставете ја дигалката
правилно, вртете ја додека
тркалото не се подигне од
тлото.
5. Отшрафете ги навртките на тркалото.
6. Сменете го тркалото. Резервно тркало 3 178.
7. Зашрафете ги навртките на тркалото.
8. Спуштете го возилото.
9. Ставете го клучот за тркалата уверувајќи се дека е наместен
безбедно и стегнете ја секоја
навртка по вкрстен редослед.
Зацврстувањето на обртниот
момент е 85 Nm (челично
тркало) или 120 Nm (тркало од
легура).
10. Наместете го отворот за вентилот во раткапната до
вентилот на гумата пред да ја
монтирате.
Ставете ги капачињата на
навртките на тркалото.
11. Ставете ги сменетото тркало 3 178 и прирачните алати
3 167 на место.
12. Проверете го притисокот на монтираната гума и
затегнатоста на навртките на
тркалото колку е можно
поскоро.
Нека Ви ја заменат или поправат
неисправната гума колку е можно поскоро.
Page 180 of 213
178Нега на возилотоРезервно тркалоНекои возила се опремени со
комплет за поправање гуми 3 173
наместо резервно тркало.
Кога монтирате резервно тркало
кое се разликува од другите
тркала, тоа може да се смета за привремено тркало за кое важат
соодветните ограничувања на
брзината, иако ова не е наведено
на ниедна етикета. Побарајте
помош во сервис за да проверите
колкаво е ограничувањето на
брзината.Внимание
Употребата на резервно тркало
кое е помало од другите тркала
или во комбинација со зимски
гуми може да повлијае врз
возната состојба. Заменете ја
неисправната гума колку е
можно поскоро.
Зависно од варијантата на
моделот, резервното тркало се
чува под подот или во товарниот
простор.
1. Закачете ја продолжната рачка 2 на клучот за тркала 1.
Прирачен алат 3 167.2. Ставете го клучот за тркала во
отворот во подот на товарниот
простор.
3. Вртете го клучот за тркала да се
спушти резервното тркало до
подот.
Page 181 of 213
Нега на возилото179
4. Повлечете го резервнототркало од под возилото.
5. Отшрафете го копчето 2 и
ослободете го кабелското врзување 1 од резервното
тркало.
6. Сменете го тркалото.
7. Ставете го заменетото тркало во задниот дел на возилото при
што надворешниот дел на тркалото да биде свртен
надолу.8. Провлечето го држачот 1 низ
дупката на бандажот,
вметнувајќи ја спојната навртка
во една од дупките на завртките
и осигурете со копче 2.
9. Ставете го клучот за тркала во отворот во подот на товарниот
простор и вртете го за целосно
да се подигне резервното
тркало.
Нека Ви ја заменат или поправат
неисправната гума колку е можно
поскоро.
CNG возила
Возила со CNG; резервното тркало
е сместено во товарниот простор.
Page 182 of 213
180Нега на возилото
1. Отшрафете две завртки соклучот за тркала и отстранете
го резервното тркало од потпирачот. Прирачен алат3 167.
2. Сменете го тркалото.
3. Ставете го заменетото
резервно тркало на потпирачот
осигурувајќи правилна
поставеност на спојните
навртки.
4. Обезбедете го резервното тркало со зацврстување на две
завртки користејќи го клучот за
тркала.
Нека Ви ја заменат или поправат
неисправната гума колку е можно поскоро.
Еднонасочни гуми
Монтирајте еднонасочни гуми, така што тие ќе се вртат во насоката на
патувањето. Правецот на
тркалањето е означен со симбол
(на пр. стрелка) од страната на
гумата.
Следново се однесува до гумите
монтирани наспроти насоката на
вртењето:
● Возната состојба може да се смени. Нека Ви ја заменат или
поправат неисправната гума
колку е можно поскоро.
● Возете особено претпазливо на влажни и снежни патишта.
Page 183 of 213

Нега на возилото181Палење со кабли
Не палете со полнач за
акумулатори.
Возило со испразнет акумулатор
може да се запали со употреба на
кабли за палење и акумулторот од
друго возило.9 Предупредување
Внимавајте многу кога палите
со кабли за палење. Кое било отстапување од следниве
напатствија може да доведе до
повреди или оштета
предизвикана од експлозија на
акумулаторот или оштетување
на електричните системи на
двете возила.
9 Предупредување
Избегнувајте контакт на
акумулаторот со очите, кожата,
ткаенини и обоени површини.
Течноста содржи сулфурна
киселина што може да
предизвика повреди и
оштетувања во случај на
директен допир.
● Не изложувајте го акумулаторот на гол пламенили на искри.
● Испразнетиот акумулатор може да замрзне при
температура од 0 °C.
Одмрзнете го смрзнатиот
акумулатор пред
поврзувањето на каблите за
палење.
● Носете заштитни очила и заштитна облека кога работитесо акумулатор.
● Користете помошен акумулатор со ист напон
( 12 волти). Неговиот капацитет
(Ач) не смее да биде
значително помал од оној на испразнетиот акумулатор.
● Употребувајте кабли за палење со изолирани клеми и
пресек од најмалку 16 мм 2
(25
мм 2
за мотори на дизел).
● Не откачувајте го испразнетиот
акумулатор од возилото.
● Исклучете ги сите непотребни електрични потрошувачи.
● Не се наведнувајте над акумулаторот за време на
палењето со кабли за палење.
● Не дозволувајте клемите од едниот кабел да ги допрат оние
на другиот кабел.
● Возилата не смеат да дојдат во
контакт еден со друг за време
на процесот на палењето со кабли.
● Применете ја сопирачката за паркирање, менувачот во лер.
Page 184 of 213

182Нега на возилотоРедослед на спојувањето на
каблите:
1. Спојте го црвениот кабел со позитивната клема на
помошниот акумулатор.
2. Спојте го другиот црвен кабел со позитивната клема на
испразнетиот акумулатор.
3. Спојте го црниот кабел со негативната клема на
помошниот акумулатор.
4. Спојте го другиот крај на црниот
кабел со некоја точка за
вземјување на возилото, како
на пример блокот на моторот
или некоја врска со шраф за
монтирање на моторот. Спојте
го колку е можно подалеку, а
најмалку 60 см од испразнетиот акумулатор.
Спроведете ги каблите така што да не можат да се закачат за
вртливите делови во моторниот
простор.Палење на моторот:
1. Запалете го моторот на возилото што дава струја.
2. По 5 минути, запалете го другиот мотор. Обидите за
палење не треба да траат
подолго од 15 секунди во
периоди од 1 минута.
3. Оставете ги двата мотора да работат в место околу
3 минути со поврзани кабли.
4. Вклучете ги електричните потрошувачи (на пр. светла,
греењето на задното стакло) на
возилото што го прима
палењето со кабли.
5. Кога ги отстранувате каблите, треба да се повтори точно
истото од горе наведенот само
по обратен редослед.Влечење
Влечење на возилото
Отпуштете го капакот преку
внимателно подигнување со
шрафцигер. За да се спречи
оштетување, се препорачува да се стави крпа меѓу одвртката и
рамката.
Алката за влечење се наоѓа заедно
со прирачните алати 3 167.
Навртете ја алката за влечење
налево колку што може додека не
сопре во хоризонтална положба.