Page 5 of 213

Вовед3Податоци што сеспецифични за возилото
Ве молиме да ги внесете
податоците на Вашето возило на
претходната страница за да се
чуваат лесно достапни. Тие
информации се наоѓаат во
поглавјата „Сервис и одржување“ и
„Технички податоци“, како и на
идентификациската табличка.
Вовед Вашето возило е планирана
комбинација на напредната
технологија, безбедноста,
екологијата и економичноста.
Овој Сопственички прирачник Ви ги
дава сите потребни информации
за да можете да го возите Вашето
возило безбедно и ефикасно.
Уверувајте се дека Вашите
патници се свесни за можните
ризици од несреќи и повреди што
може да произлезат од
неправилната употреба на
возилото.Секогаш морате да ги исполнувате
специфичните закони и прописи на земјата во којашто се наоѓате.
Закониве може да бидат поинакви
од информациите во овој
Сопственички прирачник.
Кога овој Сопственички прирачник
споменува посета на
автомеханичар, го препорачуваме
Вашиот Партнер на Opel Service.
За возилата на гас, препорачуваме сервисер на Opel овластен за
сервисирање возила на гас.
Сите Партнери на Opel Service
пружаат првокласни услуги по
пристапни цени. Искусните
механичари обучени од Opel
работат според посебни Opel
упатства.
Пакетот со литературата за
купувачот секогаш треба да се чува
при рака во возилото.
Користење наприрачников
● Овој прирачник ги опишува сите опции и својства достапниза овој модел. Извесни описи,вклучувајќи ги оние за
функциите на екранот и
изборниците, може да не важат
за Вашето возило поради
верзијата на моделот,
спецификациите на земјата,
специјалните опреми или
додатоци.
● Во поглавјето „Накратко“ ќе најдете првичен преглед.
● Содржината на почетокот на прирачников и во секое
поглавје покажува каде се
наоѓа информацијата.
● Индексот ќе Ви овозможи да пребарувате специфични
информации.
● Овој Сопственички прирачник прикажува возила со воланот
од левата страна. Ракувањето
со возилата со воланот од
десната страна е слично.
● Сопственичкиот прирачник ги користи фабричните ознаки на
моторот. Соодветните
комерцијални ознаки се
наоѓаат во поглавјето
„Технички податоци“.
Page 84 of 213

82Инструменти и контролиприкажува и во Информативниот
центар за возачот (DIC) 3 95.
Побарајте помош од
автомеханичар.Внимание
Ако температурата на течноста
за ладење на моторот е
превисока, запрете го возилото, изгаснете го моторот. Опасност
за моторот. Проверете го
новито на течноста за ладење.
Екран за сервисирање
Екранот за сервисирање е
достапен кај возилата со
повеќефункционална верзија на
Информативниот центар за
возачот (DIC) 3 95.
Кога е вклучено палењето,
преостанатото растојание до
следниот сервис се покажува
накусо. Врз основа на условите за
возење, периодот при којшто ќе се
укаже на сервисирање може да
варира во голема мера.
Кога растојанието кое преостанува
до следниот сервис е помало од
2,000 км, Serv. се појавува во DIC.
Потсетувањето за сервис се
повторува на секои додатни
200 км и станува почесто кога
преостанатото растојание е
помало од 200 км.
На возилото му треба
сервисирање. Побарајте помош од автомеханичар.
Преостанатото растојание до
следниот сервис може да се види
на DIC со избирање на SERVICE
(Сервис) од опциите на изборникот за поставки 3 95.Препоставување на екранот за
сервисирање
По сервисирање, екранот за
сервисирање треба да се ресетира
во сервисот.
Информации за сервисирањето
3 188.
Екран на менувачот
Режимот и моменталната брзина
на автоматизираниот рачен
менувач се покажува на екранот на менувачот.
Автоматизиран рачен менувач
3 130.
Page 103 of 213

Инструменти и контроли101Потсетник за безбедносниот ремен
3 86.
SERVICE (Оддалеченост до
следниот сервис)
Пристапете до оваа опција на
изборникот за да го видите
преостанатото растојание до
следниот сервис.
Растојанието до следниот сервис
се прикажува автоматски и кога
растојанието ќе достигне 2000 км и
се повторува по секои следни
200 км.
Екран за сервисирање 3 82.
PASSENGER AIRBAG
(Активирање и деактивирање на
совозачките предни и странични
воздушни перничиња)
Активирајте ги предните совозачки воздушни перничиња ако возрасно
лице седи на совозачкото седиште.
Деактивирајте ги воздушните
перничиња кога на тоа седиште е
наместен систем за врзување
деца.9 Опасност
Ризик од смртоносна повреда за
дете кое користи систем за
врзување на деца на седиште со
активирано воздушно перниче
за совозачот.
Ризик од смртоносна повреда за возрасно лице на седиште со
деактивирано воздушно
перниче за совозачот.
Откако ќе дојдете до оваа опција на изборникот, активирајте ги или
деактивирајте ги воздушните
перничиња ( Bag Pass On (вкл.) или
Bag Pass Off (искл.)) и потврдете.
На екранот се појавува порака за
потврда. Изберете YES (за да ја
потврдите промената) или No (за
да ја откажете промената).
Деактивирање на воздушното
перниче 3 56.
СВЕТЛА ЗА ДНЕВНО ВОЗЕЊЕ
Активирајте ги светлата за дневно возење за да ја зголемите
видливоста на возилото дење
(поставете на On). Деактивирајте
кога не е потребно (поставете на
Off ).
Светла за дневно возење 3 107.
ИЗЛЕЗИ ОД ИЗБОРНИКОТ
Изберете ја оваа опција за да
излезете од изборникот за
поставки.