100Инструменти и контролиRADIO INFO (Прикажување на
аудио и радио информации)
Активирајте го радио инфо
(поставете на On) за да се
прикажат аудио и радио
информации (на пр. фреквенцијата
на станицата, пораки RDS, број на
песна). Деактивирајте кога не е
потребно (поставете на Off).
AUTOCLOSE (Автоматско
централно заклучување при
возење)
Активирајте ја функцијата за
автоматско затворање (поставете
на On) за автоматско заклучување
на вратите кога возилото ќе
надмине 20 км/ч. Деактивирајте
кога не е потребно (поставете на
Off ).
UNIT OF MEASUREMENT (За
далечина, потрошувачка на гориво и температура)
Откако ќе дојдете до оваа опција на
изборникот, може да се постават
мерните единици за далечина,
потрошувачка на гориво и
температура.Изберете Distance (далечина) и
потврдете. Поставете ја мерната
единица на km или mi (miles) и
потврдете.
Изберете Consumption
(потрошувачка) и потврдете. Кога
мерната единица за Distance е
поставена на km, мерната единица
за потрошувачка на гориво може да се постави на l/100km или km/l. Кога
мерната единица за Distance е
поставена на mi (miles),
потрошувачката на горивото се
прикажува во mpg.
Изберете Temperature
(температура) и потврдете.
Поставете ја мерната единица на
°C или °F и потврдете.
ЈАЗИК
Може да се изберат следниве
јазици: англиски, германски,
француски, италијански,
португалски, шпански, холандски,
полски и турски. Изберете го
саканиот јазик и потврдете.WARNING VOLUME (Гласност на
предупредувачкиот тон)
Прилагодете ја гласноста на
предупредувачките тонови и
потврдете. Достапни се 8 нивоа н
гласноста.
Предупредувачки мелодии 3 102.
ГЛАСНОСТ НА КОПЧИЊАТА
Се огласува сигнал секогаш кога ќе
се притисне SETq, R или S.
Прилагодете ја гласноста на овие тонови и потврдете. Достапни се
8 нивоа н гласноста.
Предупредувачки мелодии 3 102.
SEAT BELT BUZZER
(Преактивирање на
предупредувачкиот тон за
потсетникот за безбедносниот
ремен на возачот и/или совозачот)
Оваа опција на изборникот е
достапна само кога потсетникот за
безбедносниот ремен бил
деактивиран на сервис.
Кога ќе се преактивира, возачот
и/или совозачот се известуваат со
тон кога соодветниот безбедносен
ремен не е врзан.