Page 97 of 213
Инструменти и контроли95Свети кога долгото светло се
запалено и за време на
аблендирањето 3 107.
Светло за магла > свети зелено.
Предните фарови за магла се
запалени 3 109.
Заден фар за магла
r свети жолто.
Задниот фар за магла е запален
3 109.
Контрола на патувањето
m свети зелено.
Системот се вклучува.
Зависно од верзијата, може да се
прикаже истотака и порака во
Информативниот центар за
возачот (DIC) 3 95.
Контрола на патувањето 3 138.
Отворена врата
( cвети црвено.Свети кога отворена е некоја врата,
хаубата или задната врата.
Зависно од верзијата, може да се
прикаже предупредувачка порака и во Информативниот центар за
возачот (DIC) 3 95.
Кога возилото ќе почне да се
движи, се слушаат
предупредувачки мелодии.Информативни екрани
Информативен центар завозачот
Информативниот центар за
возачот (DIC) се наоѓа во групата
инструменти меѓу брзиномерот и
вртежомерот. Две верзии се
достапни; Стандардна верзија
Page 98 of 213

96Инструменти и контроли
и Повеќефункциска верзија со
понатамошни поставки за
прилагодување.
Некои од прикажаните функции се
разликуваат кога возилото се вози
или е во мирување. Некои опции се
достапни само кога возилото се
вози.
Зависно од верзијата, следниве
ставки можат да се појавуваат на
екранот:
● километража, дневна километража 3 79
● часовник 3 75
● надворешна температура 3 75,
3 103
● регулирање на височината на
фаровите 3 107
● екран на менувачот 3 130
● индикатор на системот за сопирање-поаѓање 3 125
● пораките за возилото 3 102
● патен компјутер 3 103
Одбирање изборници и опции Изборниците и опциите може да се
бираат преку копчињата на
таблата со инструменти.Притиснете го SETq:
● еднаш за да дојдете до изборникот за поставки
● притиснете повторно за да дојдете до опцијата на
изборникот и опциите на
подизборникот
● откако ќе извршите промени, кусо притиснете повторно за
да потврдите вредност и
автоматски да се вратите на
претходниот екран
Или, притиснете го и држете
SET q за да се вратите на
претходниот екран без сочувување на промените на моменталната
опција од изборникот.
Забелешка
Од изборникот за поставки се излегува автоматски по некое
време. Се чуваат само промените
што се веќе потврдени со кусо
притискање SETq.
Page 99 of 213

Инструменти и контроли97
Притиснете R за да листате нагоре
по екранот и опциите на
изборникот или за да ја зголемите
прикажаната вредност. Држете
притиснато за брзо зголемување
на вредноста (притиснете
повторно за да сопрете на
бараната вредност).
Притиснете го S за да листате
надолу по екранот и опциите на
изборникот или за да ја намалите
прикажаната вредност. Држете
притиснато за брзо намалување на
вредноста (притиснете повторно за да сопрете на бараната вредност).
Опции на изборникот за
поставки - Стандардна верзија
Изборникот за поставки ги содржи
следниве опции:
● ILLU
● SPEEd
● HOUR
● UNIT
● bUZZ
● BAG P
● DRL
ILLU (Светлина на внатрешните
светла)
Кога возите навечер со пуштено
средно светло, прилагодете ја светлината на внатрешните светла на возилото (на пр. на таблата соинструменти, екранот за контрола
на климатизацијата).
SPEEd (Предупредувачки тон за
ограничување на брзината)
Активирајте го или деактивирајте
го предупредувачкиот тон за
ограничување на брзината илисменете го ограничувањето за
брзината. Може да се зачуваат
брзини меѓу 30 и 200 км/ч.
Кога е активно, возачот се
предупредува со тон кога ќе се
надмине поставеното
ограничување за брзината.
Откако ќе дојдете до оваа опција на
изборникот, активирајте ја или
деактивирајте ја функцијата
(ставете на On (вкл.) или Off (искл.))
и потврдете.
Притиснете SETq кога е
активирано ( On) за да дојдете до
моментално поставената брзина.
Прилагодете по потреба и
потврдете.
Предупредувачки мелодии 3 102.
HOUR (Местење на часовникот) Прилагодете ја поставката за
часовите (вредноста трепка) и
потврдете. Прилагодете ја
поставката за минутите (вредноста
трепка) и потврдете.
Часовник 3 75.
Page 100 of 213

98Инструменти и контролиUNIT (Мерна единица)
Одредете ја мерната единица да
биде km или miles .
bUZZ (Гласност на
предупредувачкиот тон)
Прилагодете ја гласноста на
предупредувачките тонови и
потврдете. Достапни се 8 нивоа н гласноста.
Се огласува сигнал и секогаш кога
ќе се притисне SETq, R или S.
Предупредувачки мелодии 3 102.
BAG P (Активирање и
деактивирање на совозачките
предни и странични воздушни
перничиња)
Активирајте ги предните совозачки воздушни перничиња ако возрасно
лице седи на совозачкото седиште. Деактивирајте ги воздушните
перничиња кога на тоа седиште е
наместен систем за врзување
деца.9 Опасност
Ризик од смртоносна повреда за
дете кое користи систем за
врзување на деца на седиште со
активирано воздушно перниче
за совозачот.
Ризик од смртоносна повреда за возрасно лице на седиште со
деактивирано воздушно
перниче за совозачот.
Откако ќе дојдете до оваа опција на изборникот, активирајте ги или
деактивирајте ги воздушните
перничиња ( BAG P On (вкл.) или
BAG P Off (искл.)) и потврдете. На
екранот се појавува порака за
потврда. Изберете YES (за да ја
потврдите промената) или No (за
да ја откажете промената).
Деактивирање на воздушното
перниче 3 56.
DRL (Светла за дневно возење)
Активирајте ги светлата за дневно
возење за да ја зголемите
видливоста на возилото дење
(поставете на On). Деактивирајте
кога не е потребно (поставете на
Off ).
Светла за дневно возење 3 107.
Опции на изборникот за
поставки - Повеќефункциска
верзија
Изборникот за поставки ги содржи
следниве опции:
● Осветлување
● Сигнал за брзина
● Податоци за Пат B
● Set time (Постави време)
● Местење на датумот
● Радио информации
● Автоматско затворање
● Мерна единица
● Јазик
● Гласност на
предупредувањата
● Гласност на копчињата
● Сигнал за безбедносните
ремени
● Сервис
Page 101 of 213

Инструменти и контроли99●Воздушно перниче за
совозачот
● Светла за дневно возење
● Излези од изборникот
LIGHTING (Светлина на
внатрешните светла)
Кога возите навечер со пуштено
средно светло, прилагодете ја
светлината на внатрешните светла на возилото (на пр. на таблата со
инструменти, екранот за контрола
на климатизацијата).
Светлината може да се
прилагодува и со притискање R
или S без влегување во
изборникот за поставки.
SPEED BEEP (Предупредувачки
тон за ограничување на брзината)
Активирајте го или деактивирајте
го предупредувачкиот тон за
ограничување на брзината или
сменете го ограничувањето за
брзината. Може да се зачуваат
брзини меѓу 30 и 200 км/ч.Кога е активно, возачот се
предупредува со тон кога ќе се
надмине поставеното
ограничување за брзината.
Откако ќе дојдете до оваа опција на
изборникот, активирајте ја или
деактивирајте ја функцијата
(ставете на On (вкл.) или Off (искл.))
и потврдете.
Притиснете SETq кога е
активирано ( On) за да дојдете до
моментално поставената брзина.
Прилагодете по потреба и
потврдете.
Предупредувачки мелодии 3 102.
ПОДАТОЦИ ЗА ПАТ B
Активирајте го или деактивирајте
го вториот патен компјутер
(поставете на On (вкл.) или Off
(искл.)).
Пат B ги снима просечната
потрошувачка, изминатото
растојание, просечната брзина и
времето на патување (време на
возење). Мерењето може да се
почне од почеток во кое било
време. Патен компјутер 3 103.SET TIME (Местење на часовникот
и режимот на часовникот)
Откако ќе дојдете до оваа опција на изборникот, може да се постави
времето или да се смени приказот
на часовникот меѓу 12 и 24 часа.
Изберете Time (време) и
потврдете. Прилагодете ја
поставката за часовите (вредноста трепка) и потврдете. Прилагодете
ја поставката за минутите
(вредноста трепка) и потврдете.
Изберете Mode (режим) и
потврдете. Изберете 12h или 24h и
потврдете.
Часовник 3 75.
МЕСТЕЊЕ НА ДАТУМОТ
Прилагодете ја поставката за
годините (вредноста трепка) и
потврдете. Прилагодете ја
поставката за месецот (вредноста
трепка) и потврдете. Прилагодете
ја поставката за денот (вредноста трепка) и потврдете.
Page 102 of 213

100Инструменти и контролиRADIO INFO (Прикажување на
аудио и радио информации)
Активирајте го радио инфо
(поставете на On) за да се
прикажат аудио и радио
информации (на пр. фреквенцијата
на станицата, пораки RDS, број на
песна). Деактивирајте кога не е
потребно (поставете на Off).
AUTOCLOSE (Автоматско
централно заклучување при
возење)
Активирајте ја функцијата за
автоматско затворање (поставете
на On) за автоматско заклучување
на вратите кога возилото ќе
надмине 20 км/ч. Деактивирајте
кога не е потребно (поставете на
Off ).
UNIT OF MEASUREMENT (За
далечина, потрошувачка на гориво и температура)
Откако ќе дојдете до оваа опција на
изборникот, може да се постават
мерните единици за далечина,
потрошувачка на гориво и
температура.Изберете Distance (далечина) и
потврдете. Поставете ја мерната
единица на km или mi (miles) и
потврдете.
Изберете Consumption
(потрошувачка) и потврдете. Кога
мерната единица за Distance е
поставена на km, мерната единица
за потрошувачка на гориво може да се постави на l/100km или km/l. Кога
мерната единица за Distance е
поставена на mi (miles),
потрошувачката на горивото се
прикажува во mpg.
Изберете Temperature
(температура) и потврдете.
Поставете ја мерната единица на
°C или °F и потврдете.
ЈАЗИК
Може да се изберат следниве
јазици: англиски, германски,
француски, италијански,
португалски, шпански, холандски,
полски и турски. Изберете го
саканиот јазик и потврдете.WARNING VOLUME (Гласност на
предупредувачкиот тон)
Прилагодете ја гласноста на
предупредувачките тонови и
потврдете. Достапни се 8 нивоа н
гласноста.
Предупредувачки мелодии 3 102.
ГЛАСНОСТ НА КОПЧИЊАТА
Се огласува сигнал секогаш кога ќе
се притисне SETq, R или S.
Прилагодете ја гласноста на овие тонови и потврдете. Достапни се
8 нивоа н гласноста.
Предупредувачки мелодии 3 102.
SEAT BELT BUZZER
(Преактивирање на
предупредувачкиот тон за
потсетникот за безбедносниот
ремен на возачот и/или совозачот)
Оваа опција на изборникот е
достапна само кога потсетникот за
безбедносниот ремен бил
деактивиран на сервис.
Кога ќе се преактивира, возачот
и/или совозачот се известуваат со
тон кога соодветниот безбедносен
ремен не е врзан.
Page 103 of 213

Инструменти и контроли101Потсетник за безбедносниот ремен
3 86.
SERVICE (Оддалеченост до
следниот сервис)
Пристапете до оваа опција на
изборникот за да го видите
преостанатото растојание до
следниот сервис.
Растојанието до следниот сервис
се прикажува автоматски и кога
растојанието ќе достигне 2000 км и
се повторува по секои следни
200 км.
Екран за сервисирање 3 82.
PASSENGER AIRBAG
(Активирање и деактивирање на
совозачките предни и странични
воздушни перничиња)
Активирајте ги предните совозачки воздушни перничиња ако возрасно
лице седи на совозачкото седиште.
Деактивирајте ги воздушните
перничиња кога на тоа седиште е
наместен систем за врзување
деца.9 Опасност
Ризик од смртоносна повреда за
дете кое користи систем за
врзување на деца на седиште со
активирано воздушно перниче
за совозачот.
Ризик од смртоносна повреда за возрасно лице на седиште со
деактивирано воздушно
перниче за совозачот.
Откако ќе дојдете до оваа опција на изборникот, активирајте ги или
деактивирајте ги воздушните
перничиња ( Bag Pass On (вкл.) или
Bag Pass Off (искл.)) и потврдете.
На екранот се појавува порака за
потврда. Изберете YES (за да ја
потврдите промената) или No (за
да ја откажете промената).
Деактивирање на воздушното
перниче 3 56.
СВЕТЛА ЗА ДНЕВНО ВОЗЕЊЕ
Активирајте ги светлата за дневно возење за да ја зголемите
видливоста на возилото дење
(поставете на On). Деактивирајте
кога не е потребно (поставете на
Off ).
Светла за дневно возење 3 107.
ИЗЛЕЗИ ОД ИЗБОРНИКОТ
Изберете ја оваа опција за да
излезете од изборникот за
поставки.
Page 104 of 213

102Инструменти и контролиПораки за возилото
Предупредувачки мелодии
Се огласува само една
предупредувачка мелодија
одеднаш.
Предупредувачката мелодија за неврзан безбедносен ремен има
приоритет врз другите.
Кога се пали моторот или
додека се вози
● Ако безбедносниот ремен не е врзан.
● Ако извесна брзина е надмината при активирана
рачна сопирачка.
● Ако помошта при паркирање примети пречка.
● Ако се открие дефект во помошта за паркирање.
● Ако некоја врата, хауба или задната врата не е целосно
затворена кога се поаѓа.● Ако брзината на возилото накратко надминува
определено ограничување.
● Ако системот за сопирање- поаѓање не може повторно да
го запали моторот автоматски.
● Возила со автоматизиран рачен менувач; педалата за
сопирачките не е притисната при палење на моторот.
● Возила со автоматизиран рачен менувач; неточна
брзина е избрана при поаѓање или при возење.
● Возила со автоматизиран рачен менувач; кога возилото
стои, ако моторот е вклучен и
брзината е вклучена; во
одредени ситуации менувачот
автоматски се променува во N.
● Ако температурата на куплунгот е превисока во
возилата со автоматизиран
рачен менувач.● Ако се открие дефект на преносот кај возилата со
автоматски рачен менувач.
● Ако се појави предупредувачка
порака, на пр. за низок
притисок на гума, во
Информативниот центар за
возачот (DIC).
Кога возилото е паркирано
и/или возачката врата е
отворена
● Кога клучот е во бравата за палење.
Пораки за горивниот систем
Систем за прекин на дотокот на гориво
Во случај на судар со одредена
тежина, се прекинува дотокот на
горивото и моторот се исклучува
автоматски, поради безбедносни
причини.
Контролната сијаличка 9 3 86
свети ако прекинувачот за прекин
на горивото е вклучен и, во