Page 137 of 213

Возење и ракување135Систем за деблокирањена сопирачките
Системот за деблокирање на
сопирачките (ABS) ги спречува
тркалата да се блокираат.
ABS почнува да го регулира
притисокот на сопирачките штом
некое тркало покажува тенденција
да се блокира. Возилото останува
управливо, дури при јако
сопирање.
Контролата на ABS станува
очигледна преку пулсирање во
педалот на сопирачките и звукот на
процесот за регулирање.
За оптимално сопирање, држете го педалот за сопирачките целосно
притиснат за време на целиот
процес на сопирањето, иако
педалот ќе пулсира. Не
намалувајте го притисокот врз
педалот.
По палењето, системот врши
самоиспитување што може да биде
бучно.
Контролна сијаличка u 3 89.Дефект9 Предупредување
Ако има дефект во ABS,
тркалата може да бидат склони
да се блокираат поради такво
кочење што е посилно од
обичното. Предностите на ABS
веќе не функционираат. При
силно сопирање, со возилото не може веќе да се управува и
може да скршне.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Сопирачка за паркирање
Рачна сопирачка за паркирање9 Предупредување
Секогаш затегнувајте ја рачната
сопирачка цврсто без да
ракувате со копчето за
Page 138 of 213

136Возење и ракувањеослободување, и на удолнини
или угорнини затегнете ја
истата колку е можно поцврсто.
За да ја отпуштите рачната
сопирачка, малку повлечете ја
рачката нагоре, притиснете го
копчето за ослободување и
спуштете ја рачката целосно.
За да се намалат работните
сили на сопирачка за
паркирање, истовремено
ослободете ја педалата на
сопирачката.
Ќе се огласи предупредувачки тон
ако се надмине одредена брзина
со затегната сопирачка за
паркирање.
Забелешка
Гласноста на предупредувачкиот
тон може да се прилагоди и преку
Информативниот центар за
возачот (DIC) 3 95.
Контролна сијаличка R 3 88.
Серво кочење
Ако педалот за сопирачките се
нагазне брзо и силно,
максималната сила на сопирањето
автоматски се применува (целосно сопирање).
Одржувајте постојан притисок врз
педалот на сопирачката се додека
постои потреба од целосно
сопирање. Максималната сила на
сопирањето автоматски се
намалува кога се отпушта педалот
за сопирачките.
Помош при поаѓање на угорници
Системот помага да се спречи
несакано движење кога се вози по стрмнини.
При отпуштање на педалата за
сопирачката по застанување на
закосена површина, сопирачките
се активирани уште две секунди.
Сопирачките се отпуштаат
автоматски штом возилото ќе
почне да забрзува.Ако контролната сијаличка Z
светне додека се вози, има дефект
на Помошта при поаѓање по
нагорнини 3 89. Побарајте помош
од автомеханичар за да ви го
отстранат дефектот.
Помошта при поаѓање на
нагорнини не е активна за време на
Autostop.
Систем за сопирање-поаѓање
3 125.
Page 139 of 213

Возење и ракување137Системи за контрола
на возењето
Систем за контрола на пролизгувањето
Регулатор против пролизгување
(ASR) е компонента на
Електронска контрола на
стабилноста (ESC).
ASR ја подобрува стабилноста при
возењето кога е потребно, без
оглед на видот на површината на
коловозот или прилепувањето на
гумите, со спречување на
шлајфувањето на погонските
тркала.
Штом погонските тркала почнат да
шлајфуваат, излезната силата на
моторот се намалува и тркалото
кое најмногу шлајфува поединечно
се сопира. Тоа значително ја
подобрува стабилноста при
возење на возилото на лизгави
површини.
ASR работи штом контролната
сијаличка R се изгасне.Кога е активно ASR, трепка
контролната сијаличка R.9 Предупредување
Не дозволувајте ова посебно
безбедносно својство да Ве
наведе да ризикувате за време
на возењето.
Приспособете ја брзината кон
условите на патот.
Деактивирање
АSR може да се исклучи кога е
потребно вртење на погонските
тркала во место: притиснете
ASR OFF накратко.
LED- от во копчето свети и, зависно
од верзијата, може да се појави и
порака во Информативниот центар за возачот (DIC) 3 95.
ASR повторно се активира со
повторно притискање на ASR OFF.
ASR исто така се активира повторно следниот пат кога ќе се
вклучи палењето.
Дефект
ASR се исклучува автоматски во
случај на дефект. Контролната
сијаличка R ќе свети во групата
инструменти. Зависно од
верзијата, може да се прикаже
порака и во DIC 3 95.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Контролна сијаличка R 3 90.
Page 140 of 213

138Возење и ракувањеЕлектронска контрола настабилноста
Електронската контрола на
стабилноста (ESC) ја подобрува
стабилноста при возењето кога е
потребно, без оглед на видот на
површината на патот или
прилепувањето на гумите. Го
спречува и превртувањето на
погонските тркала.
Штом возилото почне да занесува
(недоволно вртење/нагло
свртување), излезната сила на
моторот се намалува и тркалата се сопираат посебно. Тоа значително
ја подобрува стабилноста при
возење на возилото на лизгави
површини.
ESC функционира штом
контролната сијаличка R ќе се
изгасне.
Кога ќе се активира ESC, трепка
контролната сијаличка R.
Системот ESC автоматски се
активира кога возилото ќе се
запали и не може да се деактивира.9 Предупредување
Не дозволувајте ова посебно
безбедносно својство да Ве
наведе да ризикувате за време
на возењето.
Приспособете ја брзината кон
условите на патот.
Дефект
Во случај на дефект,ESC ќе се
исклучи автоматски и контролната сијаличка R ќе свети во групата
инструменти. Зависно од
верзијата, пораката може да се
прикаже и во Информативниот
центар за возачот (DIC) 3 95.
Сијаличката на копчето ASR OFF
исто така свети.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Контролна сијаличка R 3 90.
Системи за помош на
возачот9 Предупредување
Системите за помош на возачот
се конструирани да го
поддржуваат возачот, а не да го заменат вниманието на возачот.
Возачот има целосна
одговорност кога го вози
возилото.
Кога се користат системите за
помош за возачот, секогаш
внимавајте на моменталната
сообраќајна ситуација.
Контрола на патувањето
Контролата на патувањето може
да сними и одржува брзини
приближно над 30 км/ч. Може да
дојде до отстапувања од
снимените брзини кога се вози по
нагорнини или надолнини.
Page 141 of 213

Возење и ракување139
Не ја користите контролата на
патувањето ако не е препорачливо да се одржи постајана брзина.
Контролна сијаличка m 3 95.
Вклучување Свртете го крајот на рачката во
положба ON; контролната
сијаличка m свети во групата
инструменти. Зависно од
верзијата, пораката може да се
прикаже и во Информативниот
центар за возачот (DIC) 3 95.
Активирање
Забрзајте до саканата брзина и
притиснете ја рачката нагоре ( +),
моменталната брзина се зачувува
и одржува. Педалот за гас може да се отпушти.
Брзината на возилото може да се зголеми со нагазување на
педалата за гас. Кога ќе се отпушти
педалот за гас, се продолжува со
претходно зачуваната брзина.
Контролата на патувањето
останува активирана при промена
на брзината.
Зголемување на брзината
Со активна контрола на
патувањето, притиснете ја рачката
нагоре ( +) или кратко притискајте ја
рачката нагоре ( +) повеќепати:
брзината се зголемува постојано или во мали чекори.
Или, забрзајте до саканата брзина
и зачувајте ја со притискање на
рачката нагоре ( +).Намалување на брзината
Со активна контрола на
патувањето, притиснете ја рачката
надолу ( -) или кратко притискајте ја
рачката надолу - повеќепати,
брзината се намалува постојано или во мали чекори.
Деактивирање
Автоматско деактивирање: ● брзината на возилото е под околу 30 км/ч
● педалата за сопирачките е притисната
● куплунгот е притиснат
● системот за контрола на пролизгувањето/регулаторот
против пролизгување (ASR)
или Електронска контрола на стабилноста (ESC) работи
Продолжување со снимената
брзина
Притиснете = при брзини над
30 км/ч. Снимената брзина ќе се
постигне.
Page 142 of 213

140Возење и ракувањеИсклучување
Свртете го крајот на рачката во
положбата OFF; контролната
сијаличка m се гаси. Зачуваната
брзина се брише. Исклучувањето
на палењето ја брише и зачуваната брзина.
Помош за паркирање
Помошта за паркирање го
олеснува паркирањето со мерење
на растојанието помеѓу возилото и
пречките, и со давање звучни
сигнали. Меѓутоа, возачот носи
целосна одговорност за маневрата
за паркирање.
Системот се состои од четири
ултрасонични сензори за
паркирање во задниот браник.
Контролна сијаличка r 3 90.
Работа на системот Помошта за паркирање се
вклучува автоматски кога ќе се
стави во рикверц.
Периодите помеѓу сигналите се
скратува додека возилото стигнува поблизу до пречката. Кога
растојанието е поблиску од 30 см,
сигналот станува постојан тон што
сопира веднаш штом ќе се зголеми оддалеченоста.
Дефект Во случај на дефект во системот,
r се пали и се прикажува порака
на Информативниот центар за
возачот (DIC) 3 95.Следните услови може да влијаат
врз перформансите на системот:
● Ултрасоничните сензори не се чисти. Одржувајте го браникот
без кал, прав, снег, мраз и
кашавица.
● Сензорите се прекриени со иње или мраз.
● Задните врати / задната врата е отворена.
● Предмет висел надвор од задните врати / задната врата
при последното возење. Штом
ќе се отстрани предметот,
помошта за паркирање ќе се
врати на нормална работа.
● Предмет или покривка е закачена од задниот дел на
возилото.
● Браникот е оштетен. Однесете го возилото на сервис за да се
поправи системот.
● Други услови, како вибрации од хилта, влијаат врз
перформансите на системот.
Ако системот сепак не работи
правилно, побарајте помош од
сервисер.
Page 143 of 213

Возење и ракување141Предупредувачки тон се огласува и
ако има дефект кога ќе се стави во
рикверц 3 102.
Забелешка
Гласноста на предупредувачкиот
тон може да се прилагоди и преку Информативниот центар за
возачот (DIC) 3 95.
Важни практични совети за
користење на системите за
помош при паркирање9 Предупредување
При одредени околности,
разните сјајни површини на
предмети или облеки, како и
надворешните извори на бучава
може да предизвикаат системот
да не ги открие пречките.
Треба да се обрне посебно
внимание на ниските пречки кои може да го оштетат долниот дел на браникот. Ако такви пречки ја напуштаат зоната за
приметување на сензорите за
време на приближувањето со
возилото, ќе се огласи
непрекинат предупредувачки
тон.Внимание
Перформансите на сензорот може да бидат намалени кога
сензорите се прекриени, на пр.
со мраз или снег.
Перформансите на системите
за помош при паркирање може
да се намалат поради тешкото
товарење.
Важат посебни услови ако се
работи за повисоки возила (на
пр. возила за неасфалтирани
патишта, комбиња, камионети).
Идентификацијата на предмети
во горните делови од такви
возила не може да се гарантира.
Предмети со многу мал пресекза одбивање светлост, како и
тесните предмети или меките
материјали, не може да ги
открие системот.
Помошта за паркирање нема да
избегнува судири со предмети
кои се надвор од опсегот за
приметување на сензорите.
Забелешка
Системот за помош при
паркирање автоматски ја
приметува фабрично
монтираната опрема за влечење.
Се деактивира кога е приклучен
штекерот.
Сензорот може да открие непостоечки предмети (ехо
пречење), што е предизвикано од
надворешни звучни или
механички пречки.
Page 144 of 213

142Возење и ракувањеГоривоГориво за бензинскимотори
Користете само безоловно гориво
усогласено со европскиот
стандард EN 228 или
E DIN 51626-1 или сличен.
Вашиот мотор може да работи со
гориво E10 што ги задоволува овие
стандарди. Горивото E10 содржи
до 10 % биоетанол.
Користете гориво со
препорачаниот октански број
3 195. Употребата на горива со
пренизок октански број може да ја
намали моќноста на моторот и
вртливиот момент и малку ја
зголемува потрошувачката на
гориво.Внимание
Не користете гориво или адитиви за гориво што содржат
метални состојки како адитиви
врз основа на манган. Тоа може
да предизвика оштетување на
моторот.Внимание
Користењето гориво што не е во
согласност со EN 228 или E DIN
51626-1 или слично може да
доведе до таложења или
оштетување на моторот и да
влијае врз гаранцијата.
Внимание
Употребата на горива со
пренизок октански број може да
доведе до неконтролирано
согорување и оштета на
моторот.
Гориво за мотори на дизел
Користете само дизел гориво што е во согласност со EN 590.
Во земјите надвор од Европската
унија, користете дизел гориво со
концентрација на сулфур под 50
ppm.Внимание
Користењето гориво што не е во
согласност со EN 590 или
слично може да доведе до
губење на моќноста на
возилото, зголемено абење или
оштетување на моторот и може
да влијае врз гаранцијата.
Не користете бродски дизел
горива, горива за греење, Аквазол
и слични мешавини на дизел и
вода. Дизел горивата не смеат да
се разредат со горива за бензински мотори.
Гориво за работење со природен гас
Употребувајте природен гас со
содржина на метан од околу
78 - 99 %. L-gas (low) (низок) има
околу 78 - 87 %, а H-gas (high)
(висок) има околу 87- 99 %.