Page 73 of 249
Складирање71
Употребете го кусиот
дополнителен држач за да го
закачите третиот велосипед.
Држачот треба да биде
фиксиран меѓу рамките на
вториот и третиот велосипед.6. Дополнително, прицврстете ги двете тркала на третиот
велосипед за отворите за
тркала користејќи ги ремените
за држење.
Се препорачува да се закачи
предупредувачки знак на
најзадниот велосипед за да се
зголеми видливоста.
Преклопете го задниот систем за
превезување наназад
Задниот систем за превезување
може да се преклопи наназад за да
се добие пристап до товарниот
простор.
■ Без закачен адаптер.
Притиснете ја рачката ( 1) за да
одглавите и држете.
Повлечете го багажникот ( 2)
наназад за да се склопи задниот
систем за превезување.
■ Со закачен адаптер.
9 Предупредување
Внимавајте кога го одглавувате
задниот систем за превезување бидејќи тој ќе се навали
наназад. Ризик од повреда.
Page 74 of 249
72Складирање
Држете ја рамката (1) на
најзадниот велосипед со една рака и повлечете ја јамката ( 2) за
да одглавите.
Држете го најзадниот велосипед
со двете раце и склопете го
задниот систем за превезување наназад.
За да ја зголемите видливоста,
задните светла на возилото се
активираат кога задниот систем за
превезување ќе се склопи наназад.
9 Предупредување
Кога повторно го преклопувате
задниот систем за превезување
нанапред, внимавајте дали
системот е безбедно заглавен.
Вадење на велосипедите
Разврзете ги каишевите за држење
на двете гуми на велосипедот.
Свртете го тркалцето налево и
извадете ги држачите.
Откачување на адаптерот
Откачете го адаптерот пред да го
извадите последниот велосипед на задниот систем за превезување.
1. Преклопете ги процепите за тркалата навнатре.
2. Откопчајте го ременот.
Page 75 of 249
Складирање73
3.Свртете ја рачката ( 1) нанапред
и држете ја.
4. Кренете го адаптерот ( 2)
одзади и извадете го.
Расклопување на багажникот за
велосипеди
Свртете го држачот настрана ( 1) и
извлечете го осигурувачот.
Извадете го горниот дел од
багажникот ( 2).
Вратете го багажникот ( 1).
Вметнете го осигурувачот на место и свртете го држачот настрана ( 2).
Наредете ги држачите како што е
прикажано на илустрацијата.
Свртете ја рачката ( 1) настрана за
да ја одглавите и кренете го
багажникот ( 2).
Преклопете го багажникот
наназад, па турнете го нанапред
додека не застане ( 1).
Притиснете го багажникот надолу
од задниот дел ( 2).
Преклопете го отворот за тркала
навнатре
Преклопете го отворот за тркала
навнатре. Затегнете го ременот.
Page 76 of 249
74Складирање
Складирајте ги држачите на
ременот прецизно.
Отклучете го задниот систем за
превезување
Свртете ги двата лоста за држење
навнатре до каде што можат да одат. Затегнете го ременот.
Преклопете ги задните ламби
навнатре
Извадете ги двете завртки.
Извлечете ги задните ламби од држачот и завртете ги нанапред.
Притиснете ги задните ламби во
држачот и затегнете ги завртките
за да ги прицврстите ламбите
Преклопете го држачот на
регистарската табличка навнатре
Кренете го држачот на
регистарската табличка и
преклопете го нанапред.
Вовлекување на задниот систем за превозувањеВнимание
Внимавајте сите преклопни
делови, на пр. процепите за
тркалата и држачите, да се
правилно складирани. Инаку, задниот систем за превезување
може да се оштети при
вовлекувањето.
Page 77 of 249
Складирање75
Турнете ја рачката за
ослободување угоре и држете ја.
Кренете го системот малку и
притиснете го во браникот додека
не се закочи.
Лостот за ослободување треба да
се врати во првобитната положба.
9 Предупредување
Ако системот не може да се
заглави правилно, Ве молиме
да побарате помош од
автомеханичар.
Товарен простор
Проширување на товарниот
просторВнимание
Прво спуштете го седалото на
предното седиште пред да го
свиткате потпирачот за грб на
задното седиште.
Доколку не го испочитувате ова
правило, може да дојде до
оштетување на задното
седиште.
1. Турнете ги потпирачите за глава надолу со притиснување
на патент бравата.
Забелешка
За да се обезбеди доволен
простор за ракување со седалото
на задното седиште, лизнете го
предното седиште напред и
поставете го потпирачот за грб на предното седиште во исправена
положба.
2. Повлечете го ременот под седалото и свртете го надолу.
Page 78 of 249

76Складирање
3. Повлечете ја рачката заотпуштање од горната страна
на задниот потпирач за грб.
4. Преклопете го потпирачот напред и надолу.
5. Ставете ги безбедноснитеремени за надворешните
седишта во водилките за
ремени.
За да го вратите потпирачот за грб во првобитната положба,
извлечете го ременот на
седиштето од водилките и кренете
го потпирачот нагоре.
Притиснете го потпирачот за грб
цврсто на место.
9 Предупредување
Кога ги преклопувате,
проверете дали потпирачите за грб се добро заглавени во
положбата пред да возите.
Инаку може да дојде до телесни повреди или оштетувања на
товарот или возилото во случај
на нагло сопирање или судир.
Внимавајте да не се приклештат
ремените на седиштето во
бравата.
Средишниот заден ремен на
седиштето може да се заглави кога
ќе го кренете потпирачот за грб.
Ако се случи тоа, пуштете го
ременот да се врати докрај и
повторете го дејството.
Ако ременот за седиштето е уште
заглавен, свртете го седалото
надолу и обидете се повторно.
За да го вратите седалото на
задното седиште, ставете го
задниот дел на седалото во
првобитната положба внимавајќи
каишите на ременот на седиштето
Page 79 of 249

Складирање77
да не се превртени или фатени под
седалото, па туркајте го предниот
дел на седалото цврсто надолу
додека не се забрави.Внимание
Кога го враќате потпирачот за
грб на задното седиште во
исправената положба, ставете
ги безбедносниот ремен и
патент-бравите на задното
седиште помеѓу потпирачот за
грб на задното седиште и
едното седало. Уверете се дека задните безбедносни ремени и
патент-бравите не се
приклештуваат под седалото на задното седиште.
Уверете се дека безбедносните
ремени не се превртени или
заглавени во потпирачот за грб
и дека се распоредени во
правилната положба.
Капак на товарниот
простор
Не ставајте предмети врз капакот.
Вадење
Откачете ги каишевите за држење
од задната врата.
Подигнете го капакот на задниот дел и притиснете го нагоре на
предниот дел.
Извадете го капакот.
Местење
Заглавете го капакот во
страничните шини и преклопете го
удолу.
Закачете ги каишевите за држење
за задната врата.
Капак на задната
преграда за складирање
под подот
Капак на задниот под
Фатете ја рачката и кренете го
капакот.
Page 80 of 249
78Складирање
Закачете го капакот на куката на
страничниот ѕид.
Алки за врзување Алките за врзување се предвидени
за обезбедување на предметите
против лизгање, на пр. со
користење на каиши за врзување
или мрежа за багаж.
Предупредувачки
триаголник
Чувајте го триаголникот под
капакот на подот во товарниот
простор. Прицврстете го со
ременот.
Прибор за прва помош
Складирајте го приборот за прва
помош во просторот за
складирање во левиот страничен
ѕид на товарниот простор.