Page 137 of 249

Контрола на климатизацијата135
Рачни поставки
Поставките на системот за
контрола на климатизацијата може
да се изменат со активирање на
копчињата и вртливите копчиња
според следново. Менувањето на
една поставка ќе го деактивира
автоматскиот режим.
Брзина на вентилаторот Z
Одбраната брзина на
вентилаторот се означува со x и
бројка на екранот. Ако
вентилаторот е исклучен,
климатизацијата исто така се
деактивира.
За да се вратите на автоматскиот
режим: Притиснете го копчето
AUTO .
Распределба на
воздухот l, M , K
Притиснете го соодветното копче
за саканото прилагодување.
Активирањето се означува со
сијаличката во копчето.l=кон шофершајбната и
прозорците на предните
врати.M=кон пределот на главата.K=кон пределот на нозете.
Може да се комбинираат
поставките.
Враќање на автоматската
распределба на воздухот:
Деактивирајте ја соодветната
поставка или притиснете го
копчето AUTO.
Ладење n
Се активира или деактивира со
копчето n.
Системот за климатизација лади и
суши кога надворешната
температура е над определено
ниво. Затоа може да се формира
кондензација и да капе од под
возилото.
Ако веќе не е потребно ладење или
сушење, исклучете го системот за
ладење за да заштедите гориво.
Активирано ладење може да ги
спречи автоматските запирања.
На екранот ќе се прикаже Eco кога
е деактивирано ладењето.
Режим за кружење на воздухот 4
Притиснете го копчето 4 еднаш
за да се активира рачниот режим за
кружење на воздухот.9 Предупредување
Менувањето на свежиот воздух
е намалено во режимот за
кружење на воздухот. При
работа без ладење, влажноста
на воздухот се зголемува, па
прозорците може одвнатре да
се замаглат. Квалитетот на
воздухот во патничката кабина
се влошува, што може да
предизвика дремливост кај
патниците.
Page 138 of 249
136Контрола на климатизацијата
Климатизација кога моторот
не работи
Кога палењето е исклучено,
преостанатата топлина или
ладење во системот може да се
употреби за контрола на климата
во патничкиот простор.
Дополнително греење Грејач на воздухот
Брзото греење е дополнителен
електричен грејач кој автоматски го
загрева патничкиот простор
побргу.Отвори за
проветрување
Приспособливи отвори
за проветрување
Барем еден отвор за
проветрување треба да биде
отворен додека е вклучено
ладењето.
За да се отвори отворот, свртете го
тркалцето за местење надесно.
Дотерајте го количеството на
воздухот кај отворот со вртење на
тркалцето за местење.
Насочете го протокот на воздухот
со навалување и вртење на
решетките.
За да се затвори отворот, свртете
го тркалцето за местење налево.
9 Предупредување
Не закачувајте предмети за
решетките на отворите за
проветрување. Ризик од
оштетување и повреда во случај
на сообраќајка.
Page 139 of 249
Контрола на климатизацијата137Фиксни отвори за
проветрување Дополнителни отвори за
проветрување се наоѓаат под
шофершајбната и прозорците на вратите и во пределите на нозете.Одржување
Довод на воздухот
Доводот за воздух пред
шофершајбната во моторниот
простор мора да се чува чист за да
се овозможи доводот на воздухот.
Извадете ги лисјата, нечистотијата
или снегот.
Филтер за полен
Филтерот за полен ги отстранува
правта, саѓите, поленот и спорите
од воздухот што влегува во
возилото преку доводот за воздух.
Обично работење на
климатизацијата
За да се обезбедат постојано
ефикасни перформанси, ладењето мора да се вклучува неколку
минути еднаш месечно, без оглед
на времето и годишната доба. Не е
возможно ракувањето со ладењето кога надворешната температура е
прениска.
Сервис За оптимални перформанси на
ладењето, се препорачува ситемот
за контрола на климатизацијата да
се проверува годишно, почнувајќи
три години по првата регистрација
на возилото, вклучувајќи ги
следните:
Page 140 of 249
138Контрола на климатизацијата
■ Тестирање на функционирањетои притисокот
■ Функционирање на греењето
■ Проверка да не капе
■ Проверка на погонските ремени
■ Чистење на одводот на кондензаторот и испарувачот
■ Проверка на перформансите
Page 141 of 249

Возење и ракување139Возење и ракувањеПрактични совети за возење..139
Поаѓање и ракување ................ 140
Издувни гасови од моторот .....145
Автоматски менувач ................147
Рачен менувач ......................... 150
Системи за возење ..................151
Сопирачки ................................. 152
Системи за контрола на
возењето ................................... 154
Системи за помош на возачот 156
Гориво ....................................... 172
Кука за приколки ......................175Практични совети за
возење
Контрола над возилото
Не возете со изгаснат мотор
(освен за време на Autostop) Многу уреди нема да
функционираат во таква ситуација
(на пр. серво уредот на
сопирачките, електронското
управување). Таквото возење е
опасно за Вас и за други. Сите
системи функционираат за време
на Autostop, но силата на серво
управувањето ќе биде
контролирано намалена, како и
брзината на возилото.
Систем за сопирање-поаѓање
3 142.
Педали За да се обезбеди непречен од на
педалите, не смее да има
подлошки во пределот на
педалите.Управување
Доколку се исклучи помошта за
серво управување заради
запирање на моторот или грешка во системот, возилото може да се
управува, но можеби ќе биде
потребен поголем напор.
Контролна сијаличка c 3 96.Внимание
За возилата опремени со
хидраулично управување:
Ако се сврти воланот додека
дојде до крајот на кругот и се
држи во таа положба подолго од 15 секнди може да дојде до
оштетување на системот за
хидраулично управување и
може да нема помош за
хидраулично управување.
Page 142 of 249

140Возење и ракувањеПоаѓање и ракувањеРазработување на
новото возило Не сопирајте непотребно силно
при првите неколку патувања.
За време на првото возење може
да се јави чад поради
испарувањето на восокот и
маслото од системот за издувни
гасови. Паркирајте го возилото на отворено место за некое време по
првото возење и не ги вдишувајте
пареите.
За време на периодот на
разработувањето потрошувачката
на гориво и на моторно масло може
да биде поголема и процесот на
чистењето на филтерот за
дизелски честички може да се
одвива почесто. Autostop може да
биде попречено за да се овозможи
полнење на акумулаторот.
Филтер за дизелски честички
3 145.Положби на
прекинувачот за палење0=Исклучено палење1=Бравата на воланот е
ослободена, исклучено
палење2=Вклучено палење, за мотор на
дизел: предзагревање3=ПалењеПалење на моторот
Рачен менувач: ракувајте со
куплунгот.
Автоматски менувач: нагазнете ја
сопирачката и ставете ја рачката
на менувачот во P или N.
Не нагазнувајте го педалот за гас.
Мотори на дизел: свртете го клучот во положбата 2 за предзагревање
додека да се изгасне контролната
сијаличка !.
Свртете го клучот накратко во
положбата 3 и отпуштете го:
анласерот се пушта со автоматска
Page 143 of 249

Возење и ракување141
постапка со кратко доцнење дури
моторот работи, видете под
„Автоматска контрола на
анласерот“.
Пред да го запалите повторно или за да го изгаснете моторот, вратете го клучот во положба 0.
За време на Autostop, моторот
може да се запали со притискање
на педалата на куплунгот.
Копче за заклучување на
клучот Некои возила со автоматски
пренос се опремени со
електронски систем за
заклучување на клучот. Копчето за
заклучување на клучот има за цел
да спречи отстранување на клучот
за палење освен ако рачката на
менувачот не е во P.Палење на моторот при ниски
температури
Палењето на моторот без
дополнителни грејачи е можно до
-25 °C за мотори на дизел и до
-30 °C за бензински мотори.
Потребно е моторно масло со
правилна вискозност, правилно
гориво, редовно извршени сервиси
и доволно полн акумулатор. При
температури под -30 °C, на
автоматскиот менувач му треба
загревање од околу 5 минути.
Рачката на менувачот мора да
биде во положбата P.
Автоматска контрола на
анласерот Функцијава ја контролира
постапката за палење на моторот.
Возачот не мора да го држи клучот во положбата 3. Штом се
применува, системот ќе продолжи да запали автоматски додека не
проработи моторот. Поради
постапката за проверување
моторот проработува по кратка
пауза.Возможни причини за непалење на
моторот:
■ Куплунгот не е притиснат (рачен менувач)
■ Педалот на сопирачките не е притиснат или рачката на
менувачот не е во P или N
(автоматски менувач)
■ Дојде до надминување на времето
Турбо-загревање на моторот По палењето, достапниот вртлив
момент на моторот може да е
ограничен некое време, особено
кога моторот е студен.
Ограничувањето постои за да му
овозможи на системот за
подмачкување целосна заштита на моторот.
Page 144 of 249

142Возење и ракувањеИсклучување на
пребрзувањето
Доводот на гориво се затвора
автоматски за време на
пребрзувањето, т. е. кога возилото
се вози во некоја брзина но
педалот за гас е отпуштен.
Систем за сопирање-
поаѓање
Системот за сопирање-поаѓање
помага да се заштеди гориво и да
се намали испуштањето издувни
гасови. Кога дозволуваат условите, го исклучува моторот штом
возилото е во мала брзина или
стои, на пр. на семафор или во
сообраќаен метеж. Го пали
моторот автоматски штом ќе се
отпушти куплунгот. Сензорот за
акумулаторот обезбедува Autostop
да се врши само ако акумулаторот
е доволно полн за повторно
палење.Активирање
Системот за сопирање-поаѓање е достапен штом ќе се запали
моторот, возилото ќе појде и
условите како што се опишани
подолу во овој дел се исполнети.
Деактивирање
Исклучете го системот за
сопирање-поаѓање со притискање
на копчето eco. Деактивирањето се
означува со гасење на сијаличката во копчето.
Autostop
Ако возилото оди со мала брзина
или е сопрено, вклучете го Autostop на следниов начин:
■ Притиснете ја педалата за куплунг
■ поставете го менувачот во лер
■ отпуштете ја педалата за куплунг
Моторот ќе се изгасне, а палењето останува вклучено.
Autostop е покажано на
вртежометарот со иглата во
положба AUTOSTOP .