Page 33 of 249
Клучеви, врати и прозорци31Ретровизори со греење
Се активира со притиснување на
копчето Ü.
Греењето функционира кога
работи моторот и се исклучува
автоматски по кратко време.
Ретровизори
Рачна заштита од отсјај
За намалување на отсјајот,
дотерајте ја рачката од долната
страна на куќиштето на
ретровизорот.
Автоматско намалување
на отсјај
Отсјајот од возилата што доаѓаат
одзади ноќе автоматски се
намалува.
Page 34 of 249

32Клучеви, врати и прозорциПрозорциШофершајбна
Шофершајбна што ја одбива
топлината
Шофершајбната што ја одбива
топлината има облога што го
одбива сончевото зрачење. Може
да се одбиваат и податочни
сигнали, на пр., од патарини.
Обележаните подрачја на
шофершајбната зад ретровизорот
не се покриени со премазот.
Уредите за снимање електронски
податоци и плаќање мора да се
стават во овие подрачја. Инаку,
може да се појават дефекти во
снимањето податоци.
Налепници на
шофершајбната Не ставајте налепници, на пр.
вињети за патарина или слично, на шофершајбната во подрачјето на
ретровизорот. Инаку, зоната за
откривање на сензорот и погледот
на камерата во куќиштето на
ретровизорот може да бидат
ограничени.
Механички прозорци Прозорците на вратите може да сеотворат или затворат со рачките на
прозорците.Електрични прозорци9 Предупредување
Внимавајте кога ракувате со
електричните прозорци. Ризик
од повреда, особено за децата.
Ако има деца на задните
седишта, вклучете го системот
за безбедност на децата за
електричните прозорци.
Внимавајте на прозорците кога
ги затворате. Уверете се дека
ништо не приклештат додека се
движат.
Вклучете го палењето за ракување со електричните прозорци.
Page 35 of 249

Клучеви, врати и прозорци33
Управувајте со прекинувачот за
соодветниот прозорец со
притискање за отворање и со
повлекување за затворање.
Нежно притискање или
повлекување до првиот степен: прозорецот се движи нагоре или
надолу се додека се управува со
прекинувачот.
Цврсто притискање или
повлекување до вториот степен и
потоа отпуштање: прозорецот се
движи автоматски нагоре или
надолу при вклучена безбедносна
функција. За да се запре
движењето, ракувајте со
прекинувачот уште еднаш во иста
насока.
Безбедносна функција
Ако стаклото на прозорецот наиде
на отпор во горната половина на
прозорецот за време на
автоматското затворање, веднаш застанува и повторно се отвора.
Безбедносна функција запотиснување
Во случај на тешкотии при
затворањето поради мраз или
слично, вклучете го палењето, па
повлечете го прекинувачот до
првиот степен и држете го.
Прозорецот се движи нагоре без да
биде вклучена безбедносната
функција. За да се запре
движењето, отпуштете го
прекинувачот.Систем за безбедноста на
деца, за задните прозорци
Притиснете го прекинувачот z за
да ги исклучите електричните
прозорци на задните врати.
За активирање, притиснете го z
повторно.
Преоптоварување
Ако со прозорците повеќе пати се
ракуваат со кратки паузи,
работењето со прозорците се
блокира за неколку време.
Page 36 of 249
34Клучеви, врати и прозорци
Иницијализирање на
електричните прозорци
Ако прозорците не може да се
затворат автоматски (на пр. по
откачување на акумулаторот на
возилото), активирајте ја
електрониката на прозорците на
следниов начин:
1. Затворете ги вратите.
2. Вклучете го палењето.
3. Затворете го прозорецот целосно и држете го
прекинувачот повлечен за уште 2 секунди.
4. Повторете го истото за секој прозорец.Греење на задното
стакло
Се активира со притиснување на
копчето Ü.
Греењето работи додека работи
моторот и се исклучува автоматски по кратко време.
Зависно од видот на моторот,
греењето на задното стакло
автоматски се вклучува кога се
чисти филтерот за дизелски
честички.
Штитници за сонце
Штитниците за сонце може да се
преклопат надолу или свртат
настрана да се спречи отсјајот.
Капаците на огледалата на
штитниците за сонце треба да се затворени при возење.
Ако штитниците за сонце имаат
светло за огледалото, тоа ќе се
запали кога ќе го тргнете капакот
на огледалото.
Page 37 of 249

Клучеви, врати и прозорци35Покрив
Подвижен покрив9 Предупредување
Внимавајте кога ракувате со
подвижниот покрив. Ризик од
повреда, особено за децата.
Внимавајте многу на
подвижните делови кога
работите со нив. Уверете се
дека ништо не приклештат
додека се движат.
Вклучете го палењето за ракување со подвижниот покрив.
Отворање или затворање
Притиснете го прекинувачот 1 или
2 нежно до првиот степен:
подвижниот покрив се отвора или
затвора се додека се работи со
прекинувачот.
Притиснете го прекинувачот 1 или
2 цврсто до вториот степен и потоа
отпуштете го: подвижниот покрив
се отвора или затвора автоматски
при вклучена безбедносна
функција. За да се запре
движењето, уште еднаш ракувајте
со прекинувачот.
Кревање или затворање
Притиснете го прекинувачот 3 или
4 : подвижниот покрив се крева или
затвора автоматски при вклучена
безбедносна функција.
Ако подвижниот покрив е кренат,
може да се отвори во еден чекор со притискање на прекинувачот 1.
Ролетна Со ролетната се работи рачно.
Затворете или отворете ја
ролетната со лизгање.
Кога подвижниот покрив е отворен, ролетната е секогаш отворена.
Нечистотија и отпадоци може да се
насоберат на кедерот на
подвижниот покрив или на шината,
што може да предизвика проблеми со ракувањето со покривот, бучаваили затнување на системот за
цедење на водата. Повремено
отворајте го подвижниот покрив и
извадете ги пречките или
отпадоците. Избришете ги кедерот на подвижниот покрив и подрачјето
на покривот со чиста крпа, благ
Page 38 of 249
36Клучеви, врати и прозорци
раствор на сапуница и вода. Не
отстранувајте маснотии од
подвижниот покрив.
Општи практични совети
Безбедносна функција
Ако при автоматско затворање подвижниот покрив наиде на отпор, тој веднаш се запира и се отвора
повторно.
Безбедносна функција за
потиснување
Во случај на тешкотии при
затворањето поради мраз или
слично, притиснете го и држете го
прекинувачот 2. Подвижниот
покрив се затвора без вклучена
безбедносна функција. За да се
запре движењето, отпуштете го
прекинувачот.
Стартување по прекин на
напојувањето
По прекин на напојувањето,
можеби ќе може да работи само
подвижниот покрив до одреден
степен. Нека го стартуваат
системот во вашиот сервис.
Page 39 of 249
Седишта, потпирачи37Седишта, потпирачиПотпирачи за глава .................... 37
Предни седишта ......................... 39
Безбедносни ремени .................42
Систем на воздушни
перничиња .................................. 46
Системи за врзување на деца ..53Потпирачи за глава
Положба9 Предупредување
Возете само кога потпирачот за
глава е наместен во правилната
положба.
Горниот раб од потпирачот за
глава треба да биде на нивото на
горниот дел од главата. Ако тоа не
е возможно за особено високи луѓе, наместете го во највисоката
положба, а за пониски луѓе
наместете го во најниската
положба.
Местење Потпирачи за глава на предните
седишта
Местење на височината
Повлечете го потпирачот за глава угоре.
За да се помести надолу,
притиснете го резето (1) и турнете
го потпирачот за главата надолу
Page 40 of 249
38Седишта, потпирачи
Вадење
Кренете го потпирачот за главата
до полната височина.
Притиснете ги спојките (1) и (2)
истовремено.
Извлечете го потпирачот за глава
нагоре.
Хоризонтално местење
За хоризонтално местење,
повлечете го потпирачот за
главата нанапред. Се заглавува во
три положби.
За да се врати во својата најзадна положба, повлечете го целосно
нанапред и отпуштете го.
Потпирачи за глава на задните
седишта
Местење на височината
Повлечете го потпирачот за глава угоре.
За да се помести надолу,
притиснете го резето (1) и турнете
го потпирачот за главата надолу.
Вадење
Кренете го потпирачот за главата
до полната височина.
Притиснете ги спојките (1) и (2)
истовремено.
Извлечете го потпирачот за глава
нагоре.