Page 169 of 249
Возење и ракување167
Сообраќајните знаци коишто ќе се
приметат се:
Знаци за ограничување и за
забрането поминување ■ ограничување на брзина
■ поминувањето е забрането
■ крај на ограничувањето на брзината
■ крај на забраната на поминувањетоЗнаци на пат
Почеток и крај на:
■ автопати
■ главни патишта
■ улици за играњеДополнителни знаци ■ дополнителни сообраќајни знаци
■ ограничувања за влечење приколки
■ предупредување за влажен пат
■ предупредување за мраз
■ стрелки за насока
Знаците за ограничување на
брзината се прикажуваат на
Информативниот центар за
возачот додека не се препознае
следниот знак за ограничување
или за крај на ограничување на
брзината или до одредено време за истекување на знакот.
Возможни се комбинации на
повеќе знаци на екранот.
Page 170 of 249

168Возење и ракување
Извичник во рамка укажува дека е
откриен дополнителен знак што системот не го препознава.
Системот е активен до брзина од
200 km/h во зависност од
осветленоста. Ноќе системот е
активен до брзина од 160 км/ч.
Штом брзината ќе стане помала од
55 км/ч, екранот ќе се препостави и содржината на страницата со
сообраќајни знаци ќе се избрише.
Ќе се прикаже означувањето за
следната препознаена брзина.
Индикации на екранотСообраќајните знаци се
прикажуваат на страницата Traffic
sign detection (Откривање на
сообраќајни знаци) на
Информативниот центар за
возачот, одбрана преку тркалцето
за местење на рачката за
трепкачите 3 100.
Кога е избрана друга функција на
изборникот на Информативниот
центар за возачот и потоа повторно ќе се одбере страницата
Забележување сообраќајни знаци ,
ќе се прикаже последниот
препознаен сообраќаен знак.
Откако системот ќе ја избрише
страницата со сообраќајни знаци,
ќе се прикаже следниот симбол:
Содржината на страницата за
сообраќајни знаци се брише и за
време на возењето со притискање
на копчето SET/CLR на рачката за
трепкачите подолго време.
Page 171 of 249
Возење и ракување169
Функција за појавувачкииндикации
Знаците за ограничување на
брзината и за забрането
претекнување се прикажуваат како појавни информации на секоја
страница од Информативниот
центар за возачот.Функцијата за појавувачки
индикации може да се деактивира
на страницата за сообраќајни
знаци со притискање на копчето
SET/CLR на рачката за трепкачот.Откако ќе се појави страницата со
поставки, изберете Off
(исклучување) за деактивирање на
функцијата за појавувачки
индикации. Се активира повторно
со избирање на On (Вкл.). Кога се
вклучува палењето, појавната
функција се исклучува.
Појавувачката индикација се
прикажува околу 8 секунди во
Информативниот центар за
возачот.
Page 172 of 249

170Возење и ракување
Дефект
Системот за помош со сообраќајни знаци може да не работи правилно
кога:
■ пределот на шофершајбната каде што се наоѓа предната
камера не е чист
■ сообраќајните знаци се целосно или делумно прекриени или
тешко се распознаваат
■ има неповолни услови од околината, на пр. силен дожд,
снег, директна сончева светлина
или сенки. Во таков случај No
Traffic Sign Detection due to
Weather (нема приметување на
сообраќајните знаци поради
времето) се означува на екранот
■ сообраќајните знаци се неправилно монтирани или се
оштетени
■ сообраќајните знаци не се сообразени со Виенската
конвенција за сообраќајни знаци
(Wiener Übereinkommen über
Straßenverkehrszeichen)Внимание
Системот е наменет да му
помага на возачот во опсегот на одреден обем на брзини за дапрепознава извесни
сообраќајни знаци. Не ги
игнорирајте тие сообраќајни
знаци кои не ги прикажува
системот.
Системот не препознава други
сообраќајни знаци, освен
вообичаените, кои можат да
пропишат или ослободат од
ограничување на брзината.
Не дозволувајте оваа посебна
функција да Ве наведе да
ризикувате кога возите.
Секогаш приспособувајте ја
брзината кон условите на патот.
Системите за помош на возачот не го ослободуваат возачот од
целосната одговорност за
работење со возилото.
Предупредување за
напуштање лента
Системот за предупредување за
напуштање на лента ги набљудува обележувањата на лентите помеѓу
коишто возилото се вози преку
една предна камера. Системот ги
детектира менувања на лентата и
го предупредува возачот во случај
на ненамерно менување на
лентата со визуелни и звучни
сигнали.
Критериуми за приметувањето на ненамерно менување на лента се:
■ неработењето со трепкачите
■ неработењето со педалот на сопирачките
■ немање активно работење со педалот за гас или забрзување
■ немање активното управување со воланот
Ако возачот е активен, нема да се
издаде никакво предупредување.
Page 173 of 249
Возење и ракување171
Активирање
Системот за предупредување за
напуштање лента се активира со
притиснување на копчето ).
Запалената сијаличка во копчето означува дека системот е вклучен.
Кога контролната сијаличка ) во
групата инструменти ќе се запали
зелена, системот е готов да
работи.
Со системот може да се работи
само при брзини на возилото над
56 км/ч и ако има хоризонтална
сигнализација на коловозот.
Кога системот ќе препознае
ненамерно менување на лентата,
контролната сијаличка ) се
сменува во жолта и трепка.
Истовремено се активира
мелодичен звук.
Деактивирање
Системот се деактивира со
притискање на копчето ); LED-
светилката во копчето се гаси.
При брзини под 56 км/ч не може да
се работи со системот.
Дефект
Системот за предупредување за
напуштање на лента може да не работи правилно кога:
■ шофершајбната не е чиста
■ има неповолни услови од околината како јак дожд, снег,
директна сончева светлина или
сенки
Системот не може да работи кога
нема ознаки за лентите.
Page 174 of 249

172Возење и ракувањеГориво
Гориво за бензински
мотори
Користете само безоловно гориво усогласено со европскиот
стандард EN 228 или
E DIN 51626-1 или сличен.
Вашиот мотор може да работи со
гориво E10 што ги исполнува овие
стандарди. Горивото E10 содржи
до 10 % биоетанол.
Користете гориво со
препорачаниот октански број
3 230. Употребата на горива со
пренизок октански број може да ја
намали моќноста на моторот и
вртливиот момент и малку ја
зголемува потрошувачката на
гориво.Внимание
Не користете гориво или адитиви за гориво што содржат
метални состојки како адитиви
врз основа на манган. Тоа може
да предизвика оштетување на
моторот.Внимание
Користењето гориво што не е во
согласност со EN 228 или E DIN
51626-1 или слично може да
доведе до таложења или
оштетување на моторот и да
влијае врз гаранцијата.
Внимание
Употребата на горива со
пренизок октански број може да
доведе до неконтролирано
согорување и оштета на
моторот.
Гориво за мотори на
дизел
Користете само дизел гориво што е
во согласност со EN 590.
Во земјите надвор од Европската
унија, користете дизел гориво со
концентрација на сулфур под 50
ppm.Внимание
Користењето гориво што не е во
согласност со EN 590 или
слично може да доведе до
губење на моќноста на
возилото, зголемено абење или
оштетување на моторот и
загуба на гаранцијата.
Не користете бродски дизел
горива, горива за греење, Аквазол
и слични мешавини на дизел и
вода. Дизел горивата не смеат да
се разредат со горива за бензински мотори.
Page 175 of 249
Возење и ракување173Полнење гориво9Опасност
Пред да полните гориво,
исклучете ги моторот и сите
надворешни грејачи со комори за согорување. Исклучете ги
сите мобилни телефони.
Следете ги упатствата за
ракување и безбедноста на
бензинската пумпа кога полните
гориво.
9 Опасност
Горивото е запаливо и
експлозивно. Пушењето е
забрането! Забранети се гол
пламен и искри.
Ако намирисате гориво во Вашето возило, нека Ви ја
отстрани причината на тоа
автомеханичар веднаш.
Внимание
Во случај на погрешно ставено
гориво, не вклучувајте го
палењето.
Вратичката на резервоарот за
гориво се наоѓа на задната десна
страна од возилото.
Вратичката на резервоарот за
гориво може да се отвори само ако возилото е отклучено. Притиснете
ја вратичката и отворете.
Page 176 of 249

174Возење и ракување
За да го отворите, свртете го
капачето полека налево.
Капачето за полнење гориво може
да се задржи во рамката на
вратичката на резервоарот.
За полнење гориво, целосно
вметнете ја цевката на пумпата и
вклучете ја.
По автоматското исклучување,
може да се дополни со најмногу
две дози гориво.Внимание
Веднаш избришете го горивото
што претекло.
За да го затворите, свртете го
капачето на резервоарот надесно
додека да кликне.
Затворете ја вратичката и оставете
да се заглави.
Капаче за полнење гориво
Користете само оригинални
капачиња за полнење гориво.
Возилата со мотори на дизел
имаат специјални капачиња за
полнење гориво.
Потрошувачка на
гориво - CO 2-испуштање
Вредностите за потрошувачката на гориво (комбинирана) на моделот
Opel Mokka е во опсегот од 7,9 до
4,5 л/100 км.
Вредностите за испуштањето CO 2
(комбинирано) е во опсег од 189 до
120 г/км.
За вредностите за вашето возило,
видете го Сертификатот за
сообразност на ЕК доставен со
вашето возило или другите
национални документи за
регистрација.Општи информации
Официјалната потрошувачка на
гориво и дадените специфични
бројки за емисиите на СО 2 се
однесуваат на основниот модел за
ЕУ со стандардна опрема.
Податоците за потрошувачката на
гориво и испуштањето CO 2 се
одредуваат според прописот
R (EC) бр. 715/2007 (во најновата
важечка верзија), со земање
предвид на тежината на возилото
кога работи, како што е одредено
со прописот.
Бројките се дадени само заради
споредба меѓу различните
варијанти на возила и не смеат да
се земаат како гаранција за
вистинската потрошувачка на
гориво на одредено возило.
Дополнителната опрема може да
резултира со малку повисоки
резултати од наведената
потрошувачка и од бројките за
СО 2. Понатаму потрошувачката на
гориво зависи од личниот стил на
возењето, како и од условите на
коловозот и сообраќајот.