Page 65 of 249
Складирање63
За да го користите држачот за чашина задното седиште, повлечете го
ременот во потпирачот за раце на
задното седиште.
Складирање на очилата
за сонце
Преклопете го надолу и отворете
го.
Не го користете за складирање на
тешки предмети.
Складишна преграда под
седиштето
Подигнете ја фиоката што е напреди извлечете ја. За затворање
притиснете ја фиоката навнатре и
заглавете ја.
Page 66 of 249

64СкладирањеСкладирање во
средишната конзола
Притиснете го копчето и лизнете го
капакот наназад.
Заден систем за
превозување
Заден систем за превезување за три велосипеди
Задниот систем за превезување
(систем Flex-Fix) овозможува да се
закачи еден велосипед за носачот
што се извлекува и што е вграден
во подот на возилото. Може да се
закачат уште два велосипеда на
адаптер. Превозувањето на други
предмети не се дозволува.
Максималната оптовареност на
задниот систем за превезување е
60 кг со приклучен адаптер и 30 кг
без адаптер. Тоа овозможува
закачување на електричен
велосипед на носачот на
извлекување. Максималната
оптовареност по велосипед на
адаптерот е 20 кг.
Меѓуоскиното растојание на
велосипедот не треба да биде
поголемо од 1,15 метри. Инаку не е
можно безбедно прицврстување на велосипедот.
Ако не е во употреба, системот за
превезување мора да се лизне
назад во подот на возилото.
Не смее да има никакви предмети
на велосипедите кои може да се
олабават за време на
превозувањето.
Page 67 of 249

Складирање65Внимание
Ако задниот систем за
превезување е извлечен и
возилото е целосно натоварено, висината на шасијата ќе биде
намалена.
Возете внимателно секогаш
кога патот е многу стрм или кога возите преку косина, тумба и сл.
Внимание
Посоветувајте се со својот
продавач на велосипеди пред
да закачите велосипеди со
јаглеродни рамки.
Велосипедите може да се
оштетат.
Извлекување
Отворете ја задната врата.
9 Предупредување
Не смее да има никого во зоната
на проширувањето на задниот
систем за носење, ризик од
повреда.
Повлечете ја рачката за
ослободување нагоре. Задниот
систем за превезување се
ослободува и брзо излегува од
задниот браник.
Целосно извлечете го задниот
систем за превозување додека не
слушнете дека се заглавува.
Уверете се дека не е возможно да
се турне задниот систем за
превозување навнатре без да се
повлече рачката за ослободување
повторно.
9 Предупредување
Дозволено е да се наместат
предмети на задниот систем за
носење само ако системот се
заглавил правилно. Ако задниот
систем за носење не се
Page 68 of 249
66Складирањезаглавува правилно, не местете
предмети на системот и лизнете
го системот назад. Побарајте
помош од автомеханичар.
Расклопете го држачот на
регистарската табличка
Кренете го држачот на
регистарската табличка и склопете
го наназад.
Прицврстете ја регистерската
табличка пред првата употреба на
задниот систем за превезување.
Преклопете ги задните ламби
нанадвор
За да ги наместите задните ламби,
извадете ги двете завртки ( 1).
Извлечете ги задните ламби од држачот напред ( 2) и надолу, па
свртете ги настрана.
Притиснете ги задните ламби во
држачот ( 1) и затегнете ги
завртките ( 2) за да ги прицврстите
ламбите.
Page 69 of 249
Складирање67
Преклопување на отворот за
тркала нанадвор
Извадете го ременот и преклопете
го отворот за тркала нанадвор.
Заклучете го задниот систем за
превозување
Извадете го ременот и свртете ги
двата лоста за држење настрана
до каде што можат да одат.
Инаку не се гарантира безбедното функционирање.
Составување на држачот за
велосипеди
Кренете го држачот одзади ( 1) и
повлечете го наназад.
Преклопете го држачот нагоре ( 2).
Page 70 of 249
68Складирање
Притиснете го држачот (1) и
свртете ја рачката ( 2) наназад за да
се заглави.
Свртете го држачот настрана ( 1) и
извлечете го осигурувачот.
Извадете го левиот дел од
багажникот ( 2).
Вметнете го левиот дел од
багажникот во десниот дел ( 1).
Вметнете го осигурувачот на место и свртете го држачот настрана ( 2).
Закачување велосипед
1. Свртете ги педалите во
положба, како на
илустрацијата, и ставете го
велосипедот на отворот за
тркала.
Внимавајте велосипедот да
стои средишно на процепите за
тркала.
Page 71 of 249
Складирање69
2. Закачете го краткиот држач зарамката на велосипедот.
Свртете го тркалцето надесно
за да го прицврстите.
3. Прицврстете ги двете тркала на
велосипедот за процепите за
тркалата користејќи ги
ремените за држење.
4. Проверете го велосипедот за да се уверите дека е безбедно
прицврстен.Внимание
Внимавајте процепот меѓу
велосипедот и возилото да е
барем 5 см. Ако е потребно,
олабавете го управувачот и
свртете го странично.
Закачување на адаптерот
Кога носите повеќе велосипеди,
треба да се прицврсти адаптерот.
1. Ставете го адаптерот на задниот систем за
превезување, како што е
прикажано на илустрацијата.
Page 72 of 249

70Складирање
2.Свртете ја рачката ( 1) нанапред
и држете, потоа спуштете го
адаптерот ( 2) од задниот дел.
3. Отпуштете ја рачката и проверете дали адаптерот е
заглавен.
4. Протнете го ременот закачен за
адаптерот под рачката при
преклопување на задниот
систем за превезување
наназад. Затегнете го ременот.
Закачување на понатамошни
велосипеди
Закачувањето на понатамошни
велосипеди е слично на
закачувањето на првиот.
Дополнително, треба да се земат предвид неколку работи.
1. Пред да го ставите велосипедот, секогаш
расклопете ги процепите за
тркалата за следниот
велосипед, ако е потребно.
2. Секогаш свртете ги педалите во
соодветна положба пред да го
ставите велосипедот.3. Наместете ги велосипедите на задниот систем за превезување
наизменично налево и надесно.
4. Порамнете го велосипедот со претходно закачениот.
Главчините на тркалата на
велосипедите не смеат да се
допираат.
5. Закачете ги велосипедите со држачите и затегнете ги
ремените како што е опишано
за првиот велосипед. Држачите треба да се фиксирани
паралелно.
Употребете го долгиот држач за
да го закачите вториот
велосипед на багажникот.