Page 185 of 249

Нега на возилото183
Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
Паркирањето на возилото подолго од 4 недели може да доведе до
празнење на акумулаторот.
Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Уверете се дека палењето е
исклучено пред да го поврзете или
откачите акумулаторот на
возилото.
Заштита на акумулаторот од
празнење 3 130.
Замена на акумулаторот
Забелешка
Непочитувањето на упатствата дадени во ова поглавје може да
доведе до привремено
исклучување на системот за
сопирање-поаѓање.
Кога се заменува акумулаторот,
проверете да нема отворени дупки за проветрување во близина на
позитивната клема. Ако некоја
дупка за проветрување е отворена
во тој предел, треба да се затвори
со нешто што личи на капаче, а
проветрувањето во близина на
негативната клема треба да се
отвори.
Користете само акумулатори за
возила над коишто може да се
монтира кутија со осигурувачи.
Кај возилата со систем за
сопирање-поаѓање, внимавајте да
го замените акумулаторот AGM (Absorptive Glass Mat - Впивлива
стаклена подлошка) со друг
акумулатор AGM.
Акумулаторот AGM може да се
препознае по етикетата на
акумулаторот. Препорачуваме
користење на оригинален
акумулатор за возилата на Opel.
Забелешка
Користење акумулатор AGM
различен од оригиналниот
акумулатор Opel може да
предизвика послаби
перформанси на системот за
сопирање-поаѓање.
Препорачуваме акумулаторот да
Ви го замени автомеханичар.
Page 186 of 249

184Нега на возилото
Систем за сопирање-поаѓање
3 142.
Полнење на акумулаторот9 Предупредување
Кај возилата со систем за
сопирање-поаѓање, внимавајте потенцијалот за полнење да не
надмине 14,6 волти кога
користите полнач на
акумулатори. Инаку,
акумулаторот може да се
оштети.
Палење со кабли 3 213.
Етикета со предупредување
Значење на симболите:
■ Забранети се искри, отворен пламен и пушење.
■ Секогаш штитете ги очите. Експлозивните гасови може да
предизвикаат слепило или
повреди.
■ Чувајте го акумулаторот вон дофат на деца.
■ Акумулаторот содржи сулфурна киселина што може да
предизвика слепило или тешки
изгореници.
■ Видете во сопственичкиот прирачник за повеќе
информации.
■ Може да има експлозивен гас во близина на акумулаторот.
Цедење на системот со
дизел гориво
Ако резервоарот се остави целосно да се испразни, системот за дизел
гориво треба да се исцеди.
Вклучете го палењето трипати по
15 секунди. Потоа верглајте го
моторот најмногу 40 секунди.
Повторете го овој процес по не помалку од 5 секунди. Ако моторот
не се пали, побарајте помош од
автомеханичар.
Page 187 of 249
Нега на возилото185Замена на четкичките на
бришачите
Подигнете ја рачката на бришачот,
притиснете го копчето за да се
откачи четкичката на бришачот и
извадете ја.
Прицврстете ја четкичката на
бришачот под мал агол во однос на рачката на бришачот и притиснете
ја се додека не се заглави.
Спуштете ја рачката на бришачот
внимателно.
Четкичка на бришачот на
задното стакло
1. Извадете го капакот на бришачот од комплетот на
бришачот.
2. Кренете ја четкичката на бришачот.
3. Притиснете го осигурувачот што го држи лизгачот.
4. Извлечете ја четкичката.
Page 188 of 249
186Нега на возилотоЗамена на сијалицитеИсклучете го палењето и исклучетего соодветниот прекинувач или
затворете ги вратите.
Држете ги новите сијалици само кај
базата. Не допирајте го стаклото на сијалицата со голи раце.
Користет само само исти вид на
сијаличка за замена.
Заменете ги сијалиците на
фаровите од внатрешноста на
моторниот простор.Халогенски предни
фарови
Средно светло и долго светло
Извадете го заштитниот капак.
Средно светло
1. Откачете го приклучокот на фасонката за фарот.
Page 189 of 249
Нега на возилото187
2. Притиснете ја спојката сопружина и откачете ја.
3. Извадете ја ламбата одфасонката и заменете ја.
4. Кога местите нова ламба, заглавете ги дршките во
вдлабнатинките на фарот.
5. Вратете го комплетот на фаровите.
6. Заглавете ја спојката со пружина.
7. Поврзете го приклучокот нафасонката.
8. Наместете го заштитниот капак на предниот фар во положбата
и затворете го.
Долги светла
1. Извадете ја фасонката со влечење.
2. Извадете ја ламбата од фасонката и заменете ја.
3. Кога местите нова сијалица, заглавете ги дршките во
вдлабнатинките на фарот.
4. Вратете го комплетот на фаровите.
5. Наместете го заштитниот капак на предниот фар во положбата
и затворете го.
Странични светла
1. Извадете ја фасонката од комплетот вртејќи ја налево.
2. Извадете ја фасонката од фарот.
3. Одвојте го кабел штекерот од сијалицата.
Page 190 of 249
188Нега на возилото
4. Извадете ја сијалицата одфасонката.
5. Вметнете ја новата сијалица.
6. Приклучете го штекерот врз сијалицата.
7. Ставете ја фасонката во фарот.
8. Вратете го комплетот.
Ксенонски предни
фарови9 Опасност
Ксенонските фарови работат
под крајно висок електричен
напон. Не допирајте ги.
Сијалиците нека Ви ги менува
автомеханичар.
Светла за свиоци
1. Извадете го заштитниот капак.
2. Извадете ја фасонката со влечење.
3. Извадете ја ламбата одфасонката и заменете ја.
Page 191 of 249
Нега на возилото189
4. Кога местите нова сијалица,заглавете ги дршките во
вдлабнатинките на фарот.
5. Вратете го комплетот на фаровите.
6. Наместете го заштитниот капак на предниот фар во положбата
и затворете го.
Фарови за магла
Сијалиците нека Ви ги менува
автомеханичар.
Предни трепкачи1. Завртете го држачот на ламбата налево и ослободете
го.
2. Притиснете ја ламбата во фасонката нежно, завртете ја
налево, извадете ја и ставете
нова ламба.
3. Монтирајте го држачот на сијаличката во фарот, вртете го
десно да се заглави.
Задни светла
Лева страна
1. Извадете ги двата капаци и одвртете ги завртките.
Извадете ја плочата.
Page 192 of 249
190Нега на возилото
2. Извадете го капакот.
Десна страна
1. Извадете ги вратата на преградата и комплетот за
поправање гуми.
2. Извадете го капакот.
3. Задно/стоп-светло (1)
Трепкач (2)
Ламба за наназад (3)
4. Извадете го држачот на сијалицата. Извадете ја
ламбата и ставете нова.
5. Вметнете го држачот на ламбата во комплетот на
задното светло. Монтирајте го
комплетот на задното светло во